Не зборев за несакање. Туку да ми го остават да го гледам како мое цели два месеци и животот да си го конструирам според желбите на золвата. Ништо не ми фали, си го почитувам сопственото време и желби.
2 месеци, упорно потенцирам 2 месеци. За една недела и од комшиите децата ќе ги земам, ич не размислувам за внуци, ко моето дете (ќе) ги гледам. Ама 2 месеци, јас лично не, освен ако е неопходно, ама ептен неопходно.
Што е бе злобно, Форумче? Што е во право? Сега сите се правите светци дека никој не ви пречи. Арно членката пиша погоре, во темата Свекрви и снаи се пишува дека бабата и дедото немаат обврска за чување, но тука вујната се жали и одма е лоша. Ха
Во одделен стан живееш? Тогаш можеш. Кога ќе живееш во куќа каде што брат/сестра на мажот ти е родена, дала изим да градите спрат што значи се откажала од она што законски и припаѓа е тогаш ќе си се адаптираш. Сака слобода? Во заедница нема.
Јас уште неќна ја посоветував членката д аму каже дирекно на детето да си оди доле и дека сака да одмара. Злобно е тоа што овде некои зборуваат за некоја си крв. Злобно е и толку. Оти да беше дете од сестра немаше да се спомнува крв
Мислам дека мислењево на членката е повеќе за во :снаи и свекрви". Секогаш тргувам од тоа како би се чувствувало моето дете така и постапувам. Најдобро е да се договори со свекрвата кое време"не смее да се качува горе"..дали време за спиење,бањање,јадење,одмор. Дете како дете,нормално си бара друштво. Не сватив нејзиното колкавно е? Како растат така си бараат друштво.Спомените заедно со ништо не се заменуваат.
Значи ако живееш во заедница, немаш право на никаков збор? Немаш право на мир? Детето е оставено на баба му. Да била консултирана членката, нема ни што да се дискутира. Затоа што живеат во заедница, мора да биде нејзина дадилка? Нешто како плаќање кредит што живее таму.
Леле леле драми. Да, мм вчера им кажа и на сестра му и на мајка му. Свеки се навреди, сестра му не. Сестра му си кажа дека воопшто незнаела дека е до толку работава. Золва ми сама кажа дека знае дека детето е тешко за чување и дека е инаетчија и пред мене на Вибер му објасни дека неможе било кога ќе му текне да се ксчува кај нас, дека не е културно. Да имаше и золва ми испад, со тоа "незнаеш да ги анимираш", ама излезе дека незнаела дека тоа било едно од 10те други работи што ми сметаат. И погоди што? И објасни на свеки дека ако и е толку тешко да го чува, ќе мора да го однесе кај др баба и дедо како што се договараа порано, чим толкав товар и е детето. Многу многу драмење жено без потреба. Мене детето не ми смета, ама нонстоп да седи со мене дете и ја да морам да го носам сегде е премногу. Дури и мајка му го рече тоа. Ајде сега и мајка му осуди ја дека можда не си го сака детето и смета чим го пуштила овде итн. И не, спратов не е место каде што пораснала мајка му.
Ај сега темава отиде. Прочитај го постот на членката Нена. Сакањето и несакањето отпосле се додаде. Искрено? Мене ми е нонсенс да анимирам дете со месеци. Но еве сега почна да се пишува и за спратовите. Нема што да се коментира повеќе.
Е супер кога се решило. Вашиот спрат можи не е ама кај некпја друга ќе бидр. Сфатете, живот под ист кров подниста чатија не е лесен.
Мене воопшто не би ми сметало да седи 9-годишно дете 2 месеци кај мене. Ова дете е на летен распуст, мајку му. И кај баба и кај вујко и вујна нека седи. Ниту би ми било трошок да му купувам пуканки (кои се 20 ден), сладолед (исто 20-30/50 ден) или пица и тост повремено. Напротив, ќе ми биде задоволство. И утре, јас би отишла на гости кај золвата во Германија 5-6 дена, зошто да не. Мајки, опуштено малку. За дете се работи. Колку поопуштено, толку подобро за сите во тоа семејство. Животот е краток за да се крева узбуна за едно дете кое ќе седи два месеци на гости. И не велете дека е трошок, најнебитно е тоа.
Значи јас нена не ја ни цитирав. Членката што ја цитирав уште од вчера зборуваше како детето не било во роднинска врска со вујната. Сега пак зборува не биле иста крв. Што е битно тоа? Јас се согласувам дека не е во ред тоа што го праве свекрвата и дека нема што детето да праве горе цело време, дека треба нему да му се каже да се симне кога веќе на свекрвата не ѝ текнува. Еве се решило веќе сѐ со разговор
Ај молим те, што се се изнспиша, очобол. Ја цел месец ќутам, барам начин како да си прднам без устручавање кај мене дома, ти ми спомнуваш ќе сум пуштала дете кај неа за образование, ја уште сега знам дека нема. Со овие измислени ситуации што би било, кога би било, претерувате. А башка да би била обратна ситуација, сигурно мајка ми нема да му ги тропне децата од брат ми, на мм. И да ги остави почесто и подолго од неколку саати, мм гарант ќе реагира да ги земе. Верувај, зборено е. Последици ќе сум трпела ако сум се пожалела на мм. Леле леле
Најискрено да! Озбилно зборам. Еве ова лето нема да дојдат цело лето па ми фалат. Не филмувам не глумам сериозна сум. Деца не ми сметаат. И шетање и играње и јадење. На другарка ми малото го исчував бебе беше зашто е самохрана мајка за да заврши факс. Ама ваљда ми е до карактерот. Внук ми најголемиот доаѓа скопје на концерт, има клуч од кај мене ако сака да си преспие кај мене ако не оди кај другари зашто е веќе над 18 години.. Таква сум. Немам проблем да излезам на никому во пресрет. Фала богу па и партнерот што го имам е таков. Пред корона на пат бев, братучетка ми со мажот и требаа да летаат од Скопје. Да не стануваат во црни зори, земаа клуч да си преспијат кај мене. Празен беше станот. Золва ми е како моја..
Нема врска дали ми е детето крв или не.Ја имам чувано внуката 4-5 дена,и моите две.Не е тешко да го избањаш да му зготвиш,ама си треба постојан надзор.Се скарале,си замавнале.Туѓото и повеќе го пазиш,страв ти е нешто да не му се случи,после цел живот ќе те јаде јанза.Еве моето дете се повреди тешко,до него бев ама секунда,окапав 6 саати на ургентен,а да беше туѓо или моето да беше некаде а ова да му се случи?! И не е ден два три 60 дена се.За неколку саати секогаш сум се наоѓала а за повеќе ептен ако се нема избор и си кажувам неможам.
Како бе најнебитен трошокот? Плус на оваа скапотија .Може за некој што има многу висока плата, ама двајца што земаат по 18.000 денари и те како е битно колку се троши. И два месеца не се два дена. Плус одговорноста.
Не сум знаела дека децата само пуканки и сладолед јадат. Инаку кај има сладолед за 20 ден? Искрено те прашувам. И зборуваш за 5-6 дена. Членката зборува за 60 дена. Тоа се 54-55 дена плус. Прво издржи 60 дена со туѓо дете, кое патем не те ни прашале дали ќе може да го чуваш, рани го, анимирај го, носи го секаде со тебе, после збори.
Извини, но јас не реков дека тоа јадат, туку друга членка спомна, а јас се надоврзав. Дочитај. Има сладолед за 20 ден, без грижи, и купувам повремено на ќерка ми. И да, ќе ти повторам, ќе ми биде задоволство 60 дена.