Епа незнам како да ти кажам, детево не јаде било какви бисквити морам Плазма, "вујче јас тост без кашкавал не јадам", ајде 1 кг кашкавал 500 ден, што ние се стискаме не јадеме толку, за него се купи, ај дете е. Рио Маре туна да била, во живот не сме си купиле Рио Маре туна,ајде му купивме. Бонус други работи. Месецов околу 3000 ден сме дале плус ради него, мм сам ми рече претерано е ова и вчера и кажа на свеки да почне да му купува, ние тенки сме со пари. Мм го обожава детето, мајка му има пуштено пари за него, ама баба му нејќе да му ги чепка. Туни, плазми бла бла жената ги има скриено, за она да немора да купува за него, ја да морам. Претерано е. За помен на татко ми се стискам, незнам дали ќе одам зошто многу пари ќе ми се фати за гориво, ама 3000 ваму ги дадов за негови ќејфови. На страна пари за работи и играчки од мерак што сме му ги купиле периодов дур е тука. Не сме себични, на себе кратам, за да имаме. Како јас ќе соберам пари за да си отидам од овде (планираме, цела година) ако исполнувам нонстоп туѓи желби кои не ни беа воопшто планирани?
А зошто ти се правдаш на жени со илузии? Гледаш, они спремаат пат за "услуга за услуга". Отиде детето кај другите баба и дедо?
Сакало рио маре? Извини ама немам таква риба,скапа ми е и не можам да ја купам, баба ти нека ти купе. Нема да го прашувам него, туку тоа што има ќе понудам, а ако нејќе повели кај баба ти. Колку е детето криво толку сте и вие што му одете по газот
Ќе помине мајка, издржи. Тоа ти го пишав и погоре. Немам лоша намера со ова што ти го пишувам, верувај. 3000 ден за мене не се многу, но за вас изгледа се. Секако дека ќе имаш плус трошок, нов привремен член е. Но, ете за вас е трошок и разбирам, верувај. И погоре ти пишав, бабата е проблемот. Детето воопшто не е виновно за ситуацијава. Знаев дека мајката пратила пари. Ете, тука ти е проблемот. Бабата место да ги чува парите, нека ги даде на вас или нека му купи тоа што јаде детето. Ќе се реши ситуацијава штом сте разговарале. Ти посакувам пријатно лето со семејството.
Бабата и золвата имаат кривица. Никој друг @Mnik абе можело ама да не биде ден два работава, па после пак по старо
Па кажи и на золвата нека префрли пари на сметка кај мажот ти, објасни и како е и готово. И убаво ти рекоа, нема кај нас Рио Маре нека купи баба ти.
Јас мислам дека @Mnik и маж ѝ многу му допуштаат на детето и му ги исполнуваат желбите затоа сака кај нив. Бабата сигурно не го титре толку и затоа не седе со неа. Абе паметни се децата
Абе ниту јас не сакам со баби да седам не пак дете Ама во целава ситуација бабата ми е најкрива.... таа ем парите ги скрила ( или да искористи или да и ги зачува на ќерката), ем грижата ја префрлила на други. Бабата е за пеење..... Слушаш @Mnik ?
Дел допуштање, дел мерак што не го имаме видено од лани, дел жал демек одделен од неговите, ама и тоа се злоупотреби, не од страна на детето, туку од свеки. Тоа така се храни затоа мајка му има пари пуштено.
Лесно е да кажеш дека е дете кога не го чуваш ти. И јас до утре ке попувам дека ручек лесно се прави.
Повремено? Јас не можам да замислам во 2 месеци моето дете повремено да го шетам и да му дозволувам активности/јадење шо ги сака сред лето, оти обврзана сум недоговорено друго дете да носам секаде со мене. Или ќе му речеш 'ааа не, денес пица за тебе не може, денес братучед ти ќе јаде пица, а ти по 3 дена ќе се вртиш на рингишпил'? 2. Секако дека ќе појдам, добредојдени се и тие да дојдат. Ама нема да им појдам ненајавено кога мене ми одговара 2 месеци да поседам и при тоа да имаат обврска да ме хранат, да ме шетаат и да ми ги задоволуваат сите желби и каприци. Секако дека трошокот е најнебитен во целата ситуација, ама за некои семејства претставува терет бре луѓе. Не се понашајте ко да не знаеме која е големата слика од финансиски аспект за семејствата во мкд. На крајот на денот, ти можеби со задоволство ќе се скратиш себеси и детето за да пречекаш и нагостиш друго дете, некоја друга можеби не сака да крати време, финансии, спокој, ред на семејството. Во ред е, сите сме различни, сите различно функционираме и сметам дека не е во ред некому да набиваме грижа на совест оти ние не би постапиле така или ние сме биле повредени кога некој трет постапил така.
Да да,ќе му рече баба ти нека ти купи и одма пак таа ќе е крива и детето ќе мисли дека не го сака,како вујната од Нена што не ја "сакала".