Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Џабе се дискутира на темава, повеќе од очигледно е дека проблемот е со свекрвата. Значи можело со смирен разговор да се средат работите со золвата. Сега на ред е на свекрвата да и се објасни, исто како што му се објаснило и на детето.
     
    На Mnik, mal.ecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    @nena2010 уште ова сакам да те прашам,како тоа родителиве го оставиле 2 месеци детево на чување кај свекрвава,во случајов кај снаата,нели по другите теми треба да сме самостални и сами способни да си ги чуваме децата,дека нели никој не ни е должен...
     
    На Anyshka, Mic18, Oneo и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.903
    Допаѓања:
    13.527
    Ич не се замарам да ме сакаат вујната, стрината. И да, не очекувам да ме сакаат, почит во ред, но немале никаква одговорност кон мене додека сум била мала. Кај баба ми сум одела, живеела во посебна куќа во ист двор со вујко ми, но кај нив не сум седела со месеци. И вујна ми беше потерсене како помлада, но еве ден денес сме во добри односи.
     
    На Mnik, Alexandrite и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    8.973
    Пол:
    Женски
    Епа штом и золва ти се слагам дека е премногу, супер! Значи испаѓа дека немаш никаков проблем со нив. Жената имала некој осет. Уствари не знаела како стојат работите реално и што се случува кај вас. Мило ми е што ќе се среди.

    Свекрва ти се обидува нешто ама ништо не прави. Сакала да испадне дарежлива ама немала да даде. Детето си има скапи навики очигледно.
    Го разбирам и срамот кога немаш да признаеш дека немаш.
    Ама ако не сакала внукот да ги троши парите негови тогаш требала или да му купи од свој џеб или да му објасни дека во нивното домаќинство се живее поскромно.

    Уствари, уште пред патот требало да му објаснат на детето родителите од дома како стојат работите таму кај што оди.
    Без разлика што му дале пари за по потреба. Во најмала рака ќе се однесувал попристојно за да не ве става во незгодно. Скромноста и осетот за другите е одлика на убаво воспитување.

    Јас имав одприлика исто толку години кога мене ми ги кажувале тие нешта. Од дома ќе ми објасниле уште пред одење. И не сум била мала да разберам.
    Кај тетка ми на пр. сум знаела дека лошо стојат со финансии и сум јадела само ако ме понудат и она што ќе ми понудат.

    Еднаш кај неа јадев со сила омлет со листови од млад кромид, иако се гадев од млад кромид, зашто претпоставував дека само тоа имаа да ми понудат.
    И не само што го изедов целото (зошто знаев дека кај нив не се фрла храна и се јаде се до последен залак), туку и го пофалив вкусниот ручек на крајот.
    После цел ден гости жената дома гладна не ме врати важно.

    3000 денари за наша просечна плата е многу зашто ни се ниски примањата, а како пари немаат голема вредност зошто се е у ПМ отидено.
    Искрено јас се пресмеав кога слушнав како велите што се грицки и сладолед по 20 денари биле..јас еве не сум сретнала толку ефтино. Се извинувам, не знам каде живеат членките, ама во Скопје веќе нема ништо за тие пари. Ни пуканки. И сладоледите од кам и јас сум ги пробала и тие се поскапени, а се со послаб квалитет. Кашкавал, млечен на пр. ајдамер за тост до 500 денари за килограм тука има само во Стокомак и Кам.
     
    На Belgin1, Anyshka, Серотин и 14 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.725
    Допаѓања:
    116.556
    Пол:
    Женски
    Детето е пуштено кај мајката на мајката затоа што живее во друга држава и нема друг избор. Не ми извртувај теми. Еве детето ќе си оди кај другите баба и дедо каде што нема да пречи. И оно среќно и вујната среќна. Вујна ми мене ме сака може ама јас лично се осеќав како терет иако никој не ме праша дали сакам да одам кај што ме пратиле. Така да иако според тебе не смеам да зборувам на вакви теми зашто нели не сум мажена и немам дете, многу повеќе знам од некои мажени. Мојот приватен живот тебе и било кој друг на форумов не треба да те занима. Форум е, тема е, ќе пишувам сакам и како сакам. А на членката и посакувам мирен дел од летото и да не си брои денови.
     
    На Anie93 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Мене не ме интересира твојот живот ама ич,ама ти па ич не можешда кажеш дека би трпела туѓо дете дома 2 месеци покрај твоето дете и уште да ти е финансиски терет,едноставно НЕ МОЖЕШ. И јас кажував многу работи пред да имам дете ама сега гледам колку не било така. И што ако е во друга држава,што менува тоа? Нека си платат жена,нели треба убаво да го испланираме животот?
     
    На Anyshka, Oneo, Emy867 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.725
    Допаѓања:
    116.556
    Пол:
    Женски
    А бе ако и е терет има уста да и каже на мајка му ако не она мажот и : Сестро вака и вака е ситуацијата детето си бара, мило ни е си го сакаме, ама те молам пушти пари не стига. Не е срамота аман. Драми безпотребни. Морало да му купат, а бе ќе јади тоа што има кај што е. Тоа е тоа. Ете сега ќе си оди кај другите баба и дедо и ќе си помине и таму дел од летото. Непотребно расправање а детето е доволно големо за да памти и разбира.
     
    На haruki, mal.ecka и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  8. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    4.332
    Пол:
    Женски
    Ама мајка, не би си скратила ниту себеси ниту на моето дете во тие 2 месеци. Што ќе купам на моето дете, тоа и на гостинчето.
    Секако, не набивај грижа на совест никому. Кој би сакал тоа.
    Очигледно е дека секој си кажува од свој аспект, и финансиски и социјален и било каков. И добро е што е така, фирум е.
     
    На Mnik и IRBBB им се допаѓа ова.
  9. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Така е. Ама ај сега врати се и прочитај си ги претходните мислења.
    Едит: и не се само парите,и мирот е во прашање,психичкиот терет.
     
    На Oneo, lovely91, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.725
    Допаѓања:
    116.556
    Пол:
    Женски
    Не не се си кажав како мислев. Може не се одбесуваше секој збор конктетно на неа ама инспирирана бев од слични ситуации и од форумов и од животот.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.739
    Допаѓања:
    18.441
    Пол:
    Женски
    Да, ама мене свекрва ми ми готви. Секој ден. Месечно дали 5 пати јас. И така овие што не чуваат деца наметнато велат не е тешко.
     
    На BezglasnaBukva и Mnik им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Па нека рече мажот ѝ. Или нека ѝ рече на мајка му да му купува, штом ќерка ѝ пратила пари. Јас така би постапила.
    100 стапа на туѓ грб не болат
     
    На Stressed Out, BezglasnaBukva, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Проблемот е шо они не се согласиле дека ке го чуваат детето но затоа постои разговор. Седуваш и кажуваш на родителите како стојат работите ама очигледно не се блиски штом се кројат стратегии како да се каже и шо да се каже.
    Ако возрасните имаат отворена комуникација ниту едно дете нема да се осети отфрлено.
    Не може рандом ликови на форум да даваат совети за проблем шо се решава со отворен разговор помеѓу брат и сестра.
    Ту мач драма.
     
    На Cosmic Girl, forumce и Mnik им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    Дете од друг не чувам ни 1 саат ако не сум се нафатила, а не пак со денови да е тука и да трошам пари и нерви што ги немам.
    Од кохо сака да е, и од брат ми и од сестра ми, ако експлицитно не кажам дека сакам да го чувам, нема да го чувам буквално ни еден саат.
    Ако бабата не се замара, се јавуваш на мајката на детето.
    Проблемиве некогаш не ги сфаќам, со денови развлекување, дискутирање, должење, од секој агол ситуацијата се разгледува за нешто што се решава за 3 минути.
    И на крајот на краиштата, не знам јас зошто ко снаа да се замарам со золвата и нејзиното дете.
    Кај е мажот на членкава, брат на золвата?
    Ние ко народ си патиме од лице оставање, ќе ги дадеш последните пари за рио маре туна, ќе ги пцуеш роднините потајно, ќе се нервираш, ама пред нив све најубаво, нема никаков проблем, газете преку нас колку сакате, нека седи детето и цела зима не само лето.
    Се јавува мажот и кажува дека бабата не се замара, а вие имате работа и пари ви летаат дупло повеќе.
    Ако нив не им е гајле, мене па ич.
    Во краен случај ќе го слезам кај бабата и ќе заклучам кај нас врата.
    Многу тегнење непотребно за премал проблем.
     
    На Калатеа, Anyshka, Oneo и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    2.975
    Пол:
    Женски
    Мојата золва од крајот на мај ги остави трите на поседок до птви септември кај баба која ѓи тепа навредува и свашта...ама ете золвичка да си одмори малку...жал ми е за дечињата ама тоа е не секое семејство би го нарекла семејство
     
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Пријави ја во социјално, штом има насилство, не е во ред.
     
  17. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    2.975
    Пол:
    Женски
    Моќни се не им можам ништо (не ги фаќа закон во оваа држава) и плус тоа не сум единствена што знае целото семејство седи и ќути освен јас и маж ми прекинуваме инциденти (долга и широка е приказната)
     
  18. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Е па нека ги тепат тогаш.

    П. С. Силни се колку што им дозволувате. А може сама за себе да вика дека не ја фаќа закон. Ако пријавиш 2-3 пати анонимно, па и со доказ, ќе се замисли работник дали работата ќе си ја чува или некоја си испуфана психопатка.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    2.975
    Пол:
    Женски
    И мене ми е жал ама во мал град анонимно нема.. тоа е македонското ќотекот, ќе треба социјално да ги лиша и од мајка и од баба
     
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не е дека ќе ги лиша од мајка или баба, доволно е да ги предупреди.