Читав наназад за проблемот на членката со безобразното дете. Кај баба ми израснав,знаев дека немаат пари, и никогаш не пребирав. Буквално пржените рибанки, леб со маргарин и патлиџан ми зараснаа во стомакот,ама мнолгу се радував кога престорував со месеци кај неа.
Здраво, јас сум нова во групава читам за снаи и золви исто така имам проблеми со золвата, постојано доаѓаше кај нас ние порано живеевме во заедница и готвев за 8 души, за нас, свекор, свекрва, и за неа, маж и и децата, на крај се јас миев золвата и свекрвата си лежеа на кревет, сега се одвоивме пак се мешаат, сега отидоа во странство доаѓаат 4 пати годишно и сакаат се кај нас да доаѓаат јас да готвам на неа тешко и било да вика гости.И кога беа тука никогаш не не викнале.
И мојата золва и свекрва се однесуваат како мм да не е женет, кажуваат како да слави роденден и именден, што да ставам на трпеза, а золвата мажена, и што да им кажам ?
Вие идете на одмор тогаш, или кажи дека не ти е добро нешто, корона, ова она, не смееш да примаш гости во изолација
Јас порано по цел ден седев со золвата, зетот, децата, со свекрва ми, а мм ќе излезе, кога видов дека они не не викаат а они по цел ден тука си направивме само една соба, ама заедничка кујна, и кога ќе дојдат се поздравував и во соба одев, па почна да урла како сум бегала во соба, исто и свекор ми ми префрли, а они живеат блиску и секој ден седеа по цел ден, јас и кажав ти доаѓаш кај твоите ако сакам ќе пиеме кафе ако не одам во соба, па не можам секој ден со нив да седам.
Хаха, ме изнасмеа, они не се плашат од корона, инаку планиравме на одмор со мм и го преврте свекрва ми, роденден му е на мм за некој ден морало роденден со сестра да слави, и свекрва ми сака дома се буни зошто и реков во ресторан ко она да плаќа.
Значи, само ги известувате како гости за време и место и готово. Грешите кога се објаснувате за сенешто што е само ваша работа. Ако се буни некој за било што само пресекуваш со " така одлучивме" и си стоиш на зборот, не навлегуваш во полемики и расправии.
Мислев си нашла начин да не се нервираш, ова стварно вака пишано е човек да се оболи. Ова треба да си ненормален вака на сопствено дете да му растураш фамилија. Што народ ќе беа...
Истото и на мене свекрвата ми кажа ќе дала пари за преглед, само разликата е во тоа што само на збор е не ни дала за ништо никој не и ни бара, реновираме не ни дале а имаат, во ред но најмногу ме нервира што збореле они ни помогнале, се сами сме си направиле мајка ми колку толку ни помага што нема многу, а овие имаат ништо не ни дале.Сега мајка ми ни даде за санитарија за купатилото, свекрва ми кажа ќе ми дала за преглед, со тоа многу ме навреди, ама само збори за било што ќе даде а не дава, нека си ќути ние не и бараме.
Ама воопшто не треба да дозволите да се меша во таа работа. Не да дава пари за преглед. Не е тоа нејзина работа. Сечи од корен, оти ако и преќутиш на глава ќе ти се качи. И она што сами ќе си го спечалите е најслатко, верувај. Утре никој нема да ти пререче јас ти дадов, јас ти купив.
Џабе граници, и золва ми доаѓаше ненајавена кога ќе и текне ама тогаш живеевме во заедница со свекор и свекрва и неможев да заклучам, сепак си доаѓа кај мајка и, откако се одвоивме почнав да заклучувам и пред тоа им кажав дека ми смета што доаѓаат ненајавено почна да урла, да се дере .
Свекрвите ги прават сите проблеми, и мојава само му кажува на мм дека требало да се види со дада му, да сме ги викнале, па кога ќе дојдат ми кажува месо повеќе да испечам биле по месото.
Тешко на таа снаа со ваква свекрва, ако имате син најдобро да не се жени воопшто, а детето од ќерката може да доаѓа кај бабата но таа треба да го чува не е должна вујната.
Истото го поминав и јас додека беа помали децата на золва ми, свекрва ми тогаш не работеше ќе отидеше во комшии и ми наредуваше кога ќе станат што да им направам појадок, значи ако живеат во заедница вујната треба да биде дадилка ?Воопшто не ми пречеше што секој ден беа кај нас и спиеа а блиску живееа, ама бабата треба да ги чува и да им готви .
Па золвата ако доаѓа кај мајка она нека и вари кафе и да и зготви ручек, што има снаата да готви за сите и после се снаата да раскрева и да мие садови ?Мешате баби и жаби, никој неможе да и забрани на золвата да доаѓа кај мајка, но неможе золвата да се лути зошто снаата не седела со неа како во мојот случај што се лутеше, 2 год седев по цел ден золвата кога доаѓаше со мажот и децата ама блиску живееа секој ден беа по цел ден и за доручек и за ручек и вечера, а јас готвев за сите и миев садови, ај еднаш во неделата ама секој ден по цел ден и ми пукна филмот се одвоивме на посебен спрат и свекрвата кога ќе дојдат пак мене ме прашува што да им спремаме ручек, па она е мајка и на мм треба она да зготви и да не викне сите, а не јас за сите да готвам. И јас истото го мислам, золвата може секој ден да доаѓа кај мајка, ама неможе да ја тераат и снаата да седи со нив.Може не и е до муабет дојдено, золвата секој ден доаѓаше по цел ден и откако се одвоивме свекрвата нас не замара дека дошла а она блиску живееше не е гостинка.Ако сака да пие со мене кафе можела да ми се јави, штом со мајка се договара нека си пијат кафе не мене и мм да не замараат дури и кога се спремаме да одиме негде свекрвата му викала на мм каде ќе одите дада ти дојде, па она нас не ни се јавила и секој ден е кај мајка не е гостинка . Ние сме живееле во 2 соби па золвата немаше осет секој ден кај мајка а живееше на 5 мин и децата ги праќаше да спијат она да си излегува со другарките и мажот и на пат и имаат огромна куќа на 2 спрата а ние се стискавме во мало кујниче и дневна ни беше заедничка имавме уште 1 соба за спиење, децата нејзини спиеа во кујничето со свекрва ми и свекор ми и јас бев таа што неможев кафе да сварам додека спиеа децата да не им тропам да не ги разбудам, а золвата до 3 сабајле во диско со другарките како тинејџерка тоа е нејзин проблем ама никој не е должен да и чува деца додека шета и спие до пладне, и откако ќе стане ајде кај мајка на ручек што снаата го зготвила и секој ден така се стискавме во 1 собче а куќата нејзина празна не ни седеа таму се кај мајка.Е сега се одвоивме и ние мора да ги викаме за ручек они никогаш не не викнале .Ни за слава на свекрва ми не се понудила да измие садови или нешто да помогне, па ако помогне на мајка помага нејзина слава е не е моја.А од друга страна некои пишувале тоа е куќа на золвата, е како за некои работи таа куќа е нејзина а кога треба да се помогне золвата е гостинка ? А на снаата нејзините ако и помогнале да го реновира спратот кај свекорот и свекрвата, што правиме тогаш? Штом неможе да се одели од сукњата на мама нека не се мажат, золвата има 40 год 2 големи деца и се кај мама, кога живеевме во заедница јас готвев за сите, сега свекрвата оди таму им готви зошто на золвата и било мачно, па сакаат и кај нас на ручек, а ние сме хаос дома реновираме се ни е расфрлано, свекрва ми ни еднаш не рече дојдете на ручек доле, туку на мм му вика викнете ја дада ти, има ли памет во сиот хаос јас да готвам за сите, 2-3 год готвев живеевме во заедница сега се одвоивме и уште да готвам, па золвата треба да не викне нас дома ни е растурено, дел по дел реновираме, сега купатилото и седиме кај мајка ми за бањање и перење, ниеднаш не ни рекле дојдете кај нас. Истото и во мојот случај, на зетот му се тресат а на мене снаата се можат да ме брецнат.
Тогаш требало снаата да мисли на време дека пари не се вложуваат во нешто што не е нејзино зошто тоа се вика сам себе убио. Ќе го вложувам наследството од мама и тато кај свекор и свекрва, нема грешка. Наследството ми е само за децата. Снаата нека си бара кај нејзините. А лично да имам снаа и да дојде да живее во куќата кај што пораснала ќерка ми, и да и смета што ќерка ми си доаѓа кога сака, следниот ден ќе ја испратам под кирија снаата. А дека не треба да очекуваат од тебе да им правиш ручеци и да им раскреваш, во право си, не треба.
Точно е ова не е виц, зетот на золвата и готви чисти и ништо не рекле, а синот кафе ако свари сам свекор ми бреца му викаше при жена сам вариш кафе, зетот на золвата и машина и пушта, усисува, а она цел ден или кај мајка или со другарките по кафичи и кафеани како тинејџерка .Кога бил на пат зетот свекрвата одела да и направи ручек, сега дека ние сме одвоени и си готвам само за нас, инаку јас кога готвев право од шетање кај нас на ручек. Секогаш синот ги дочувува родителите, золвата доаѓа само за дел.
Затоа најчесто синот ја зема куќата и снаата ужива во наследството додека золвата живее некаде мажена без ништо на нејзино име. Не може и синот и золвата подеднакво да ги гледаат родителите, ама кога ќе дојде за делење снаата да вели - што бара да му зема на братот или што бара кај мајка и ко тинејџерка секој ден, нека си оди кај сопругот.