А тоа на мажот и не е и нејзина куќа?Штом некој е во брак тоа е заедничко, а што ако и помогнале родителите на снаата? Еве во мојов случај реновираме и мајка ми се уште ни помага а свекрвата ништо, и треба золвата утре да ми се пречи во тоа што ние сме го направиле, може кај мајка и да седи колку сака, значи и она е снаа и треба золва и нејзина да доаѓа секој ден и да се меша?Туку си кажува дека не збореле неколку години а со деверот се уште не зборот и на маж и му забрани со брат да не збори, значи она смее да досаѓа на брат и снаа, а золва и нејзина и деверот не смеат ? Точно, и снаата вложила во тој дом не вложила во домот на родителите.
За ова што ме имаш цитирано, не сум го напишала јас, нешто се имаат измешано коментарите. Но да ти одговорам. Снаата, не може НИКОГАШ да биде дома кај свекрвата исто толку колку што може золвата. Золвата е ќерка на свекорот и свекрвата, тука се родила, а тоа што снаата е мажена, апсолутно ништо не значи. Можеш 40 години да си во брак и да живееш тука, и ако се разведеш ништо не ти следува по закон зошто наследство не се дели меѓу сопружници. Така да, не, не е нејзина куќа. Тоа што мајка ти ви помага, а свекрвата не, е добра воља од мајка ти. Ако сака свекрвата ќе помага, ако не, никому ништо. Вие сте возрасни луѓе, во брак и не чекајте на никого. Ако некој ви помогне, супер, ако не, нема лутење.
Абе женска, ќерка ми 0 денари да има вложено во домот пак тоа е нејзин дом и секогаш ќе биде. Јас за нејзе сум работела и сум изградила, не сум изградила за да ми дојде снаа и да ми рече Еј го реновирав паркетов, од денес мој е станов и золвата ми смета. Не знам како реновирате куќи и станови што не се на ваше име. Утре ќе се разведеш, ни една вазна нема да можеш да си земеш со тебе, а цела заштеда од кај твоите си ја потрошила
Епа и на золвата не и е местото кај мажот значи, нека се врати кај мајка .А снаата ако е гостинка треба да не готви, да не пере, на крајот кога старите ќе неможат снаата и синот ги дочувуваат не зетот и ќерката.Штом е така воопшто нека не се женат зошто за снаите нема место, само золвите да се шират.
Епа не го жени синот воопшто штом нема место за снаата, а замисли ќерка ти е снаа и золвата така да се однесува со неа и свекрвата, а вие сте и помогнале да реновира ?
Свекрвите може прават, ама и вие сте си криви. Како може некој друг да ви кажува кого да викнете на гости и на ручеци? Ова само кај нас го има. Твој дом е и ти одлучуваш што ќе правиш, не може свекрва ти да ти наредува и да ја слушате. Т.е. може, ако зависиш од нејзе, ама ако не зависиш зошто тогаш жалење?
Не дека нема ич место за снаата туку збориме дека снаата не го поседува домот. Може да те сметаат за "нивна" у смисла да си им мила ама у случај на развод, ти нема ништо да добиеш, без разлика колку си вложила. Јас у иднина би била нечија золва, а нема јас да имам золва (ако бидне работава со сегашниот дечко) и ако некоја дојдена од вчера ми рече да си барам од свекрвата, има да ја види вратата од другата страна.
Значи џабе сме се мажеле ние снаите немаме пристап од золвите, ако си снаа и золвата треба да се шири.Само не ја нервирате со тоа снаата, туку братот.
Никој не може да те натера на сила да правиш нешто, како што е готвење, чистење и слично за луѓе кои не се дел од твојата фамилија. А кога ќе имаш сопствен стан/куќа тогаш па никој не може да ти седе и да го служиш без покана од твоја страна. Дали за нешто од ова што го пишуваш имаш разговарано со мажот ти и другите засегнати страни? Ми стои како само да се луфтираш овде а молчиш и трпиш во себе дома.
Идете под кирија. А иначе гајле ми е ако го нервирам брат ми, ако не му чини нека си ја земе и исто нека иде под кирија. Или домазет нека иде со неа.
Леле жено волку енергија да потрошеше на тие што ти се дома колку што потроши тука многу работи ќе беа подобри.Што вложуваат твоите во куќа која не се знае ни чиво е нит чиво ќе биде?Поарно да ти ги дадеа парите за учество и да си отидеше од таму,ама ти немаш поддршка од мажот.Џабе ти е се џабе сите ги кривиш кога со мажот не сте си расчистиле одредени работи и пред брак и во брак.До утре може да се жалиш никој неможе да ти помогне,освен да ти олесни да се испразниш со пишување.
Па ете читам дека домот бил на золвите повеќе право имале од снаите, ние снаите џабе се мачиме да реновираме, голтаме прашина, со мајстори нон стоп и на крај золвата имала повеќе право, па свекрва ми двоела од мм пред да се ожени да и направи куќа на золвата
Золвата не се шири, како да ти кажам, ти си таа што е дојдена кај золвата, а не золвата кај тебе. Нема што да и помагам јас на ќерка ми да реновира кај свекор и свекрва зошто како што реков погоре тоа се нарекува САМ СЕБЕ УБИО. Не знам како може да имате толку нереални очекувања дека снаата исто има право на станот колку золвата или пак повеќе. Золвата е тука родена, израсната, тоа е нејзиниот дом и ќе доаѓа колку сака. Зошто да го нервирам братот? Не е негов станот за јас да го нервирам. Свекрва ми што има 70 години го прави овој муабет - леле на братот му земаш. Ама ај таа е 70 годишна жена, кога го слушам истото од млади е страшно. Колку што му следува на маж ти толку и следува и на золвата. И золвата може да си го земе мажот и да си го тупне тука соси деца.
Јас мои пари или од моите ќе вложам некаде само ако имам некакво законско право на тоа место. Иначе јок. Оти утре ќе ѝ текне на свекрвата да ја продава куќата и со мои пари цената ќе ѝ биде повисока, ќе ја продаде и парите во нејзин џеб, јас со прстот во уста.
Па золвата оди кај родителите на гости. Братот и снаата ако толку сакаат да се прават газди и да не им доаѓа да им го ремети некој мирот нека си купат свој сопствен дом или под кирија некаде сами да се, а не тоа да го прават во куќата на родителите и да мрчат за золвата.
Очигледно немате золва. Па не побарав помош од никој, ама ете вака ми олеснува, и да, знам дека ќе беше подобро тие пари за стан да ги вложевме. Јас не реков золвата дека не треба да доаѓа на гости, ама дека снаата не е должна да готви за сите, ете снаата била гостинка .А да готви и мие садови не е гостинка, како тоа на золвата и е дом а доаѓа како гостинка, или како и одговара така прави.
Раат ќе си беше со стан на страна,вака само нервози до недоглед.Она си ги наредила работите,шета, ужива,кај мама на готово спремно.Земи си следен пат кога ќе треба да спремаш ручек отиди си кај мајка ти,или шетај си.Од кај тоа дека си должна да ги гоштеваш цело време?Еден ти е животот прави исто како нив,ќе видат дека не си на дугме.
Епа некоја снаа од старт уште ќе ги вложи своите пари во стан и нема да бара преку леб погача. Јас ко золва да не можам кај мама да си појдам зошто снаата го реновирала станот. Божеее. Јас еве да ти кажам, да имам таква снаа што ќе каже такво нешто за ќерка ми, би била толку пренавредена што навистина ќе ја спакувам и иселам истиот момент. Наместо да е благодарна што сум дозволила да живее во мојот дом и да не плаќа кирија. Зошто не си го зеде ти мажот домазет и да одевте кај твоите да живеете и таму да реновирате?