Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Абе целиот проблем е што пред брак станбените прашања не се решени и вака се живее во заедница и после сестрата сметала, снаата сметала, свекрвата сметала итн... Само на Балкан уште го има ова, никако од дома да не се одвои синчето, па живот во заедница и вакви проблеми. Најдобро е да си свој на своето. Таму нема такви проблеми.
     
    На Clear, Кена Рис, Glowy и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.074
    Пол:
    Женски
    Јас имав брат и беше верен само ама набрзо почина, ниту еднаш не сум помислила да му земам дел од куќата, ете да знаев дека така ќе испадне ќе си реновиравме кај мајка ми .
     
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.074
    Пол:
    Женски
    Јас видов каква е работата дека нон стоп идеа золвата со мажот и децата, и не сакав воопшто да се мажам, свекрвата и свекорот кога му запнаа на мм да се женел што чекал, он уста не отвори, јас кога реков дека не сакам свекорот ми рече тебе кој те прашува, и за што со сила не тераа за да ни се мешаат?Свадба си правеа они како што си сакаат а не јас, за ништо не се прашував, кој век сме да живееме сите на куп?А на золва ми золвата оди само за роденени на децата, значи нејзината золва смета а она не смета ?
     
  4. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Ова ми падна во очи. Како тоа да му земеш дел од куќата? Зошто тебе не ти даваат дел? Зошто само машките деца да земаат се? Истото важи и за кај твојот маж, за сестра му. Уште и некоја дојдена снаа ќе збори како сметала. Греота, колку жените и во 2022 се уште обесправени.

    И зошто не се осамосталите, па мора некаде да се прави куќа, дали снаа, дали домазет, подеднакво е глупаво.
    Еве млада се омажив, 22 и двајцата, единци сме, па не отидовме да живееме ни кај мои, ни кај негови. Со станбен кредит двособен стан си земавме и раат сме си. Зошто да си немаме мир, да се гужваме по дома?
     
    На Glowy, IRBBB, Inna♡ и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.074
    Пол:
    Женски
    Па на золвата и направија куќа свекорот и свекрвата
     
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не му земаш на брат ти, сфаќаш?
    Куќата е на родителите, а родителите двете деца ги сакаат подеднакво.
    Кога ќе си заработи братот сам со сопствена пот куќа, тогаш може да речеме дека му земаш.
    А вака е 50:50.
    Ама ти ако си така научена од твоите - Ти ќерко ќе се мажиш, а куќава на брат ти, треба да сфатиш дека твоите погрешно те воспитале, а не дека золвата нешто ти греши.
    Твоите ти згрешиле, ама ајде, постарите генерации така размислуваат сите.
    Ти како млада жена, треба да ги отфрлиш тие патријархални размислувања, а не да продолжиш да ги негуваш.
    Зошто ете, ќе се соочиш со свекрва што исто си ја сака ќерката како што си го сака синот и ќе ти е чудно.
    Сама себе се понижуваш со тоа што велиш - не му земам на брат ми.
    Братот на готово ќе си седи во направена куќа, а ќерката нека се мисли кај да оди, нека се тутка со милион луѓе, битно не му зема на братот па уште горда и послушна.
    Золвата е ќерка на свекорот и свекрвата.
    Знаеш што е ќерка?
    Не станот, туку животот и душата ќе ја дадат за ќерката. Дете нивно им е и секогаш ќе биде.
    Секое дете треба да си бара кај родителите, а не кај некои луѓе што немаат никаква обврска кон него.
    И затоа се реновира и се вложуваат пари таму кај што на имотен лист стои твоето име.
    Тоа што сте вложиле во нивниот стан, е ваша грешка.
     
    На Askopje, bittersweet, Glowy и 25 други им се допаѓа ова.
  7. Ekvador

    Ekvador Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2022
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Машки
    Komentar na mesto
     
    На Aschenputtel, Anie93, Inna♡ и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Amen to that. Да размислуваа сите вака 80% од брачните проблеми што ги читаме на форумов немаше ни да постојат. :handshake:
     
    На Glowy, nena2010, Inna♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.074
    Пол:
    Женски
    Значи свекор ми и свекрва ми и направија куќа на золвата, и свекорот на золвата зошто не сакаа да седи во село, и свекор и на золва ми им купи плац и заедно со свекрва ми и свекор ми цела куќа им ја направија, тоа значи треба и на мм да му направи куќа нели деца не се двојат како за синот така и за ќерката, епа во случајов и направија куќа на ќерката треба и на синот, како може ем куќа да и направат ем дел да и дадат, а на синот само дел од заедничката куќа?

    Епа некој може и ќерката да ја спакува, ќерките се безгрешни, а снаите грешни, секој си знае како му е дома така да секој си има право на свое мислење, ќерките имаат право да шетаат и до 3 сабајле иако мажени со деца ама снаите такво нешто да направат срамота било што ќе кажат комшиите, секој си го брани своето, снаата е туѓа .
     
    Последна измена од модератор: 9 август 2022
    На Мамичка му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ама ти што се секираш за тоа не ми е јасно?
    Што ти е гајле како свекорот и свекрвата ќе поделат меѓу децата?
    Маж ти и сестра му нека се договораат, нека се расправаат, тоа не е твоја работа.
    Значи при развод наследството не се дели меѓу сопружниците и има причина зошто е тоа така, а тоа е затоа што сопружниците немаат врска со семејното наследство на партнерот.
    Ти гледај твоите да ти дадат онолку колку што ти следува.
    Не можеш за твоите да велиш - на брат ми не му земам, а ваму математики им направи кој колку бил оштетен.
    Ако маж ти се осеќа оштетен нека си го бара својот дел.
    Но на крајот од денот пак тој треба да побара.
    Не можеш ти ко снаа да пристапиш и да речеш Маж ми е оштетен.
    Ти можеш само математики кај твоите родители да правиш, не во туѓи куќи.
     
    На Glowy, Cosmic Girl, nena2010 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Па не е, зошто им готвиш тогаш?

    После ова очигледно си се потпишала. Како да ти кажам дека денес во 21 век никој со сила не може да те натера да се мажиш. Освен ако спаѓаш во некои радикални религиозни заедници каде жените ги третираат како стоки и мислиш дека е нормално тоа.

    Овие прашања треба мажот ти да ги постави на неговите родители, што очекуваш овде ние да ти кажеме?
    На крај, може одлучиле сѐ да остават на ќерка им, нивен имот, нивно право.
     
    На Glowy, Skorpija25, Noemi и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.074
    Пол:
    Женски
    Сум му кажала на мм он не се замара, зошто кога доаѓаа золвата и децата он ќе си излезеше до кај другар, па ако он не седи со сестра му што има па јас да седам?
     
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А бе срц, затоа имаш проблеми верувај ми.
    Зошто размислувањата ти се - Види ја како шета до 3 сабајле, а мажена со деца и Не му земам на брат ми.
    Мажот може да се пијанчи до сабајле со другари, за него никој не вели 3 деца има дома.
    Жими се, свекрва ми истите реченици скрос ги користи, од збор до збор, а има 70 години.
    Биди си паметна и гледај да си што понезависна.
    Зошто кога ќе бараш таму кај што не ти следува - ќе ти бараат и ручеци и да раскреваш маси.
    Кога ќе си живееш на место заработено со сопствена пот, е тогаш ќе им речеш - Ручек денеска нема, ме мрзи да правам, цел ден во пижами ќе седам.
    И никој ништо нема да може да ти рече.
     
    На Glowy, dunika, Skorpija25 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Па не си должна, зошто седиш?

    И ти си таму однесена за припомош, тоа досега треба да ти е јасно. Не очекувај милост од луѓе кои не ти се родители. Они си ги средиле нивните деца, нив да им е убаво. Ти си таа што треба за твојот живот да се секираш а не да очекуваш од луѓе кои живеат во 19 век.
    Не ми одговори, после тоа што ти го кажале дека не се прашуваш за свадба, а ти сепак си се мажела, што очекуваш друго од живот во заедница со вакви луѓе.
     
    На Noemi, IRBBB, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Ти имаш проблем со мажот пред се што не те ни слуша за проблемите, а друго со твојот менталитет. Млади луѓе, а вакви застарени муабети како баби на чешма.
     
    На Glowy, Inna♡, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.074
    Пол:
    Женски
    А ние снаите за што сме?

    Сега се одвоивме ама исто се мешаат, и нон стоп викаат не сме биле делени.Мм ми викаше после свадба нема да се мешале посебно ќе си живееме, и спратот со го направивме ама џабе.Јас сакав тие пари од свадба што ни беа да ги дадеме за учество за стан ама пак се мешаа свекрва ми и свекор ми како стан ете имате спрат во стан е тесно ни викаа, ама мм е највеќе виновен зошто ги послуша .
     
    Последна измена од модератор: 9 август 2022
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    За да си побарате кај мајка ви и татко ви пошто никој друг нема обврска да ве згрижува.
     
    На bittersweet, Glowy, nena2010 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.074
    Пол:
    Женски
    Тие што сакаат да живеат во заедница сите на куп имаат заостанат менталитет, ова го има само кај нас сите на куп да живеат.
     
  19. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.074
    Пол:
    Женски
    Значи и ќерка ви да си побара кај вас не кај мажот ?За жал татко ми е починат .
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека кај мене ќе побара.
    Јас ќе ја научам да биде независна 200 насто, за да не прави ручеци кога нема да и се прави.
    Мажот ти заработил нешто свое за да бараш кај него?
    Не.
    Значи не бараш од него туку од мајка му и татко му.
    Исти ко што кај твоите, не бараш од брат ти туку од мајка ти и татко ти.
     
    На Askopje, bittersweet, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.