Живеење во иста куќа и на друг спрат не е одвоено. Пак е заедница. Одвоено е да сте под кирија или да имате куќа/стан на друго место. Золвата си доаѓа кај нејзините и има право да доаѓа и да седи колку сака.Родителите се единствените кои можат да ѝ постават ограничувања доколку треба. Маж ти е тој кој треба да одлучи дали да си бара уште од неговите. Ти нема што да кажуваш.Ти можеш да кажуваш само кај твоите кој колку може да доаѓа и да седи и кој колку треба да добие. За готвење не си должна.Речи им дека не ти се готви за нив и готово. Не можеш да ги трпиш? Земи ташна и излези некаде.Прошетај.
Па што не бараше и ти од твоите родители да ти направат куќа? Не ти се свекорот и свекрвата родители па од нив да бараш било што. Нормално дека ќерката ќе си бара кај нејзините, не кај мажот, не ја посвоиле таму. И зошто не одите кај мајка ти која како што разбрав е сама, наместо тоа ти се расправаш со свекрви и золви и внуци и ручеци и вложуваш пари во туѓ имот, наместо да си средите дел кај мајка ти? Не ми е јасно стварно.
Со ваков менталитет далеку ќе стигнеме. Со ваков менталитет далеку ќе стигнеме.На золва ми и смета золва и не сака да доаѓа а она не смета.Сакав да кажам одвоено, си плаќаме ние сметки, за јадење посебно си купуваме, посебно готвиме, посебна кујна, фрижидер, тоа сакав да кажам со одвоено.
Значи треба да им поставиш граници. Некогаш мораш да бидеш малку и дрска. Ден два ќе бидат лути третиот ден пак кафе ќе пиете. Играј малку тактички пушти водичка. Некогаш ако дадеш прст рака може да ти вратат. И не си ги троши нервите на вакви работи чувај си ги ќе ти требаат за деца понатаму во животот. Здравје.
Затоа што сите пари ги вложивме таму, сега уште купатилото го реновираме, значи се другото ни е направено .И тогаш мајка ми не беше сама .
Твојот менталитет треба да си го смениш. Кажано ти е, не бери гајле за родителите на маж ти и и нивните одлуки.Ти глеј кај мајка ти да си средиш да имаш ако не ти е средено. Уште еднаш, не си должна да им готвиш.Не готви, излези и прошетај кај сакаш. За секој е подобро да излегува на воздух.
Па и да не била сама со тие пари што сте направиле спрат кај свекрвата, ќе креневте спрат кај твоите и ем ќе беше раат од золва свекрва и внуци, ем ќе си имаше нешто твое, да не останеш на улица во случај на развод.
Се продаваат и спратови од куќи. Ако спратот не постоел и е изграден од страна на снаата и мажот, золвата нема право да бара дел од тој спрат. Нека си бара дел од оној на нејзините родители. Ако вие сте имале можност да се одделите и да живеете самостојно, некој нема. Ете имале пари од свадба, но не секој сака да крене кредит. Зарем некој ако живее 30-40 години на некое место, нема ли право тоа да го нарекува свој дом? Сите знаеме што е најдобро и најубаво. Но, не го знаете џебот, можностите и размислувањата на другиот. Да требаше да живеам во заедница, со мои пари да се крене спрат и реновира и свекрва и свекор и золва ќе пољубат врата.
Така е, ама џабе е ако на имотниот лист не го пишува твоето или името на сопругот. Секакви луѓе има. Што ако им текне да го препишат и тој дел на ќерката?
Ако мене не ми се родители свекорот и свекрвата на мм му се, ако направат за синот, како што направија за ќерката, за да не живее во село ќерката свекор и нејзин им купи плац и заедно со свеква ми и свекор ми и направија куќа, ако била нејзина куќата требало уште тогаш се да и препишат. Точно, секој знае да збори а никој не знае колку е длабок џебот на другите, зарем ако бевме во можност да купиме стан ќе живеев во иста куќа со свекор и свекрва, секој сака сам ама толку ни се можностите, не ни знаев дека толку ќе потрошиме за спратот да го направиме, значи ние што имаме золви немаме никакво право ?Епа ајде сите да направиме спрат за золвата да се шири и кај мажот и кај мајка.
Свој дом е дом што ќе го наследиш од твоите родители или што ќе го изградиш од темели до кров или купиш.Не дом на друг, ни спрат не ако те нема во имотниот лист. Овде золвата не бара.Ѝ обезбедиле нејзините. Општо се збори за идење на золвата во куќата на родителите.Членката ѝ мери на золвата колку иде и колку шета. А, за спратот чиј е зависи кој дал пари, ама и на кого гласи имотниот лист од куќата.Ако членката ја нема во имотниот лист, џабе дала пари за спратот. Според нејзините мислења можеле да се снајдат за стан, ама маж ѝ ги послушал неговите. Она си има проблем со маж ѝ и сама со себе. Со маж ѝ оти го послушала да седат таму наместо да си обебедат на друго место, а со себе оти мери кој кај иде и што прави. Кажано ѝ е да не им готви и да си шета.Друго нема.
Пак истото па истото. Девер еднаш дели зошто меѓу машките деца се дели правилно ко што треба да се подели зошто мажи. Жените се тие што шетаат де наваму де натаму, во брак се селат, во развод пак се селат. Од една страна ти смета што треба ручеци да правиш и раскреваш, од друга страна бараш да имаш исто право на куќата колку и золвата. Кога се дели патријархално - се оди на име на синот. Ама ако сакаш така да играш, треба да ја играш улогата до крај - местото на снаата во патријархално домаќинство е во кујна. Затоа ти реков - ќе си купиш сама стан и ќе си правиш ручеци колку што ти сакаш. И двете не може да ги имаш, ем куќа кај што золвата не смее да се шири, ем ручеци нека си прават сами. Мислам...кај го има тоа.
Омажи се, па и ти ќе мериш за оние на маж ти, живеела со нив или не. Многу тоа изгледа убаво скоцкано и напишано на форум, всушност некој можеби некогаш го практикувал. Единствена грешка на членката е што не го средиле имотниот статус, претпоставувам, може и го средиле. Но, не може никој да ме убеди дека утре золвата има право на тој дел. Јас само совет би и дала на членката, кој те тера да се замараш и устручаваш? Седи си на спрат, не мораш на никој ни ручек, ни секунда од времето да даваш.
Што се изначитав @Mantub ич не се чуди. Ваков муабет скоро од другари чув што имаат по 30г. Демек сестрава ако кренела спрат братов немало да и збори, пошо како ќе живееле 3 фам..ми се повраќа од луѓево.
Дај одлучете се како снаи дали сте домаќини или гости таму. Ако сте домаќини ќе помагате у обврски и ќе плаќате сметки. Ако сте гости, нема да се мешате кој им доаѓа у куќа. Ама некако сакате и двете да сте - ем да немате обврски никакви, ем да им водите ред по дома.