Никој не и мери на золвата колку шета ако сака и 1 недела нека не се прибере дома си има маж ама никој не е должен да и чува деца, штом ги остава кај мајка нека си ги чува, баба им е, не е должна вујната да ги чува.
Многу замав зимаш за дом кој не е твој. Купи си стан и биди си Queen никој и онака нема да ти стапне.
Мене не ми е јасно ако имаш посебно спрат, зашто ти е гајле колку време золвата седи кај нејзините со децата, па не ти е дома, посебно си ти, можеш ич да не искочиш да ја поздравиш ако сакаш..
А кај го има тоа снаата да готви и за золвата и за мажот нејзин ?Па и она си има золва нека и готви на золвата ама не смее золвата и деверот да доаѓаат, сегде направила караници, деверот и маж и не зборат ги скара, а тука ќе ми кажува закони, и она е снаа нека им готви а не да чека на готово да дојде кај нас и како во хотел, да не го наполнила она фрижидерот, едно е на гости друго секој ден на ручек.Ние сега реновираме уште тоа ни треба. Па тоа е проблемот, иако сум на посебен спрат свекрвата одма вика на мм ајде дада ти дојде а ние пр се спремаме негде да одиме. Моите ми дале заспратот да го направам и што собравме пари за свадба, имав заштеда уште како девојче се вчожив и ќе земам замав ДА. Моите ми дале за спратот да го направам и што собравме од свадба, имав заштеда уште од девојче се вложив и ДА, ќе зимам замав .
Сите што имате мажени золви треба да сте среќни. Ете јас имам золва 35+ си држи соба што е и нормално. Јас знам дека таму нема место за мене затоа и не уложувам таму. Живеам во странство таму одам на 2 недели и тоа е тоа. Кога ќе имаме доволно пари ќе си купаме стан.
Епа ете глупа сум била, мене тоа не ми сметаше ама секој ден да готвам за 8 души, па она си има свој дом ама никогаш не не викнала ни на кафе а не на ручек, за да ти дојде некој треба и да те викне . Па што ако е мажена кога нон стоп е тука, блиску живее и секој ден.
Пак ќе речам, не треба да ти е гајле кој што рекол, кој што прави, и слично.. Нека дојде кој сака, нека оди кој сака, не мораш да ти тинтраш, само за да испаднеш добрата на крај..
А зошто толку се правдаш на форумов? Им готвиш им правиш ? Некој со сила те тера ? Никој не е крив освен маж ти Ти со него чим не можиш да се договориш со никој не ќе можиш
Тоа ти е грешката девојче. Не се вложува денар во куќа кај што те нема на папир. И душата да ја оставиш пак тоа ќе се смета дека е на неговите, а не ваше. Не сакам да критикувам, секој си знае како му е дома, но ова е огромна грешка. Подобро парите да сте ги дале по кирии барем би купиле мир. Вака ни пари, ни мир имате. Јас сум на посебен спрат, што сами го направивме и е на наше име. И секако клуч на врата и важат мои правила. Нејзините гости се нејзини, нашите наши и тоа е тоа.
Џабе се нервираш и објаснуваш, ова е проблем што треба маж ти да го реши. Твое е само ако не ти се готви да кажеш дека си изморена и ќе јадеш нешто набрзина, малку по малку да ги одбиваш, ама не можеш да кажуваш кој кога да доаѓа во својата куќа. Како што разбрав не зборуваш за вашиот спрат, туку жената си доаѓа кај родителите, значи ти си го имаш својот мир дома.
Па зошто ги чуваш? Кажи им не сакам и готово. И не, немаш право да се лутиш дали и колку доаѓала кај мајка и', ти можеш само да не им готвиш, чуваш деца итн. А искрено, многу лошо размислување да не "му земеш на брат ти". Машкиве се деца, а ние измеќарки ли? Ти со твоите дели си се и барај си. Маж ти и сестра му како се делат не е твое право за мешање. @Alexandrite ќе се занимаваш ако од семеен буџет финансира околу. Нивен имот не може да е твој проблем.
Тоа го има во патријархални семејства кај што на снаата и се дава дом за живеење, соба, бела техника, без да се секира за кирии и станбени кредити, повели снао живеј во куќава. За возврат - ручек, чистење, слушање свекрва. Ти не знаеше на што се нафаќаш кога се мажеше? Свекрвата крива, золвата да не доаѓа, мажот не се замара, ама ти кај си, што е со тебе и твојата контрола врз твојот живот? Не го гледаше маж ти каков е кога ти беше дечко? Не си помисли дека можеби многу се патријархални кога свекорот ти рекол дека тебе никој не те прашува за твојата, сопствена свадба? Не му рече на маж ти за парите од мајка ти и татко ти да ги вложите во стан настрана? Маж ти на сила ти ги зеде парите? Се некако друг ти греши, друг ти прави нешто, разбирам дека не е лесно сам да си го средуваш животот, ама па не можеш за све другите да ги обвинуваш. Свекорот и свекрвата и золвата можат да се најзлобните луѓе на светот, нивно право е какви ќе се. Мажот исто така. Да ги смениш не можеш. Твоја одговорност е да гледаш каков маж земаш за маж. Ако ти маните на маж ти ги игнорираш и се мажиш и свесно се ставаш во ситуација која знаеш 100 % каква ќе биде, што треба другите да прават? Да си ги сменат карактерите за 2 недели? Нема да се случи. Само ќе се нервираш. За да не се нервираш знаеш и сама што треба да направиш - тргање настрана и пазење со каков се стапува во брак. Е сега ако не пазиш па што да ти кажам
Погрешно ме разбравте, јас не и забранува да доаѓа кај мајка нека спие ако сака, ако сме дома и ако сакаме да пиеме кафе со золвата ќе пиеме, ама свекрвата не напнува кога и да дојде золвата Погрешно ме разбравте, никој не и забранува на золвата да доаѓа кај мајка ако сака и нека спие, ако ни се пие кафе со золвата ќе пиеме, ама свекрвата не напнува кога и да дојде золвата му вика на мм ајде дада ти дојде ќе се качиме горе кафе да пиеме, може не ми е добро или не ми е до муабет, ако сака золвата мене ќе ми се јавила она блиску живее секој ден е кај мајка некогаш пијам кафе со неа некогаш неможам имам работа.Значи не е гостинка. Сум и кажала на зафрканција, се она имала договорено.
Па кога ќе нема ручек на маса ќе видат дека не си се зафркавала. И никој не те тера на сила ништо да правиш, што ако не се симнеш за кафе? Имаш ли уста, жено?
Не ми е јасно што ја нападнавте @Anyshka Тоа што золвата има право на дел од имотот каде пораснала не значи дека има право да нарушува приватност на семејството на брат и,а свекрвата помалку треба да напнува за дружби на син и со дада му. Тоа е некултура. Што е снаава крпа па не вреди пет пари нејзината приватност? Само затоа што не е нејзин имотот не треба да се цени? Па тоа е примитивно. Не бара дел,бара да и дадат приватност,како не ја разбравте.