Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    35.883
    Пол:
    Женски
    Никој не ме разбра, никој не бара дел убаво вие ме разбравте, ако сакаат се нека и дадат на золвата, ама тоа што сум го купила со мои пари на пример спална, кујна, гарнитура, маси, столици, комоди, клима, е тоа е мое и да дојде до нешто си ги зимам, а куќата можат да ја дадат на кого сакаат не ми е потребна, ама и снаата е нечија ќерка не паднала од небо, мајка ми имаше 2 золви и живееа со татко ми во куќата од дедо ми, никогаш тетките не се однесувале тука како дома туку како гостинки, баба ми во тоа време не ја напнувала мајка ми да седи со нив, некогаш кога доаѓаа мајка ми не била дома, дошле да ја видат баба ми не морала мајка ми да седела со нив, кога сакале да дојдат кај мајка ми и се јавуваа на неа .
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ја разбравме убаво и не знам колку пати ја прашав зошто ги слуша и упорно им служи, не одговори.

    Не бара решение, сака само да ги оговара овде, за утре сигурно има и испланирано каков ручек ќе им направи. Да сакаше приватност ќе си се избореше за неа, она сака да ја тапкаме по рамо дури се жали зошто золвата идела на диско со другарки. Јас да сум нареден пат ќе ѝ се закачам за сукња и заедно ќе идеме на диско, па кој што знае нека руча наредниот ден.
     
    На Glowy, CareTee, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    35.883
    Пол:
    Женски
    Затоа што имав брат кој за жал почина и не сакав сите на куп во еден двор, едноставно не сакав да сметам.Уште на почетокот му викав на маж ми за стан, свекрвата рече при куќа ќе одите во стан нас што ќе ни се ова нема да го носиме под глава, се ќе биде ваше и на крај за се се мешаат.

    Па нека оди во диско золва ми кој и брани, ама децата ги оставаше кај мајка а она на работа и јас ги чував кога беа помали .Е сега веќе престанав да готвам за нив и свекорот ме бреца .И кажува било срамота за жената да оди сама во кафана без маж а не си ја гледа ќерката ...
     
    Последна измена од модератор: 10 август 2022
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    Ама кај е маж ти во сите овие ситуации?
    Јас имам доживување ко со свекор, свекрва и золва да живееш само.
    Зошто не седнеш и кажеш - нејќам да готвам за 8 души и нејќам да пијам кафиња кога сум уморна и нејќам да и ги чувам децата?
     
    На Glowy, IRBBB, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.307
    Допаѓања:
    182.023
    А кој треба да им каже или даде на знаење на свекрвата и золвата? Ми треба приватност, одмор, што и да е. Или имаш уста да кажеш или не знам.
    Не е овде проблем ни золва ни јатрва, друго е проблем. Сите многу фини, никој со никого лош збор, сите со мерак пијат и јадат заедно и никој никого не може да смисли. Мислам лош филм, јбг. Турска серија ваљда, ко што рече некој...
     
    На Glowy, IRBBB, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    35.883
    Пол:
    Женски
    Па исто како со нив да се омажив, манипулираат со него.
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.307
    Допаѓања:
    182.023
    Како манипулираат и знаеш ли ти да кажеш ако нешто ти пречи?
     
    На cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    35.883
    Пол:
    Женски
    Им кажав џабе си тераат по нивно, и на золвата и кажав кај мајка никој не и брани да доаѓа,ама ако не сакам да седам со нив нема да седам, најмногу е виновна свекрвата она му кажува на мм дека имал една сестра и јас и реков епа нека го викне брат и на ручек некогаш не само она да доаѓа треба и да викне.Мм кај золвата кречел јас сум и помагала во чистење а ние сега реновираме еднаш не прашала дали треба помош.И затоа се ми е собрано и кога доаѓала порано по цел ден седев со неа секој ден, сега зошто не сум седела немам време одма почна да се лути.
     
    На Мамичка му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.307
    Допаѓања:
    182.023
    Нека се лути, чудо големо.
    Жено, ако си имаш свој живот и обврски, си ги тераш нив, никому не си на располагање нон стоп освен на своите деца, ако ги имаш. Дури не се поставиш здраво, и накривиш капата, да не ти е гајле за нивно лутење, стално ќе биде исто, и никој не ти е крив.
    И ако не прашала дали треба помош, или ќе побараш или утре нема да помагаш, и така, се по ред.
     
    На CameliaMiller и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.899
    Допаѓања:
    11.446
    Пол:
    Женски
    И јас имам женет брат, кој моментално живее со моите додека неговото се среди.
    Моите уште во старт кажаа дека домот е на двајцата. Ама во никој случај не ми текнува да им реметам мир кога знам дека се во заедница а јас живеам во куќа на 3 спрата сами без заедница.
    Колку сакате некои работи оспорувајте ама луѓе овде и за осет се работи. Брат ми сеуште немаат деца ама да го пуштам син ми така па и јас ми текнало на јадење на пиење кога сакам, затоа што нели и тоа ми е дома мислам треба ептен да сум без осет. Плус па и снаа ми да ринта за сите дома, да видам дека така моите ја омаловажуваат првин со нив ќе разговарам и брат ми дека не оди така.
    Мајка ми кога се разболе, бидејки беа во странство, снаа ми таа недела се работеше и помагаше, за тоа ќе сум и вечно благодарна и јас и мајка ми. Ете можеше да рече не можам, не сум должна јас а и реално не е должна.
    Поради тоа што многу ја помогна тие денови мајка ми сакаше да ја почести иако често ни купува поклони, и кажа дека тоа е за тоа што многу и помогна кога не и беше добро.
    И аман доста со тоа дека ние како золви можеме што сакаме и кога сакаме да правиме во домот на родителите, кој заправо не е ни наш туку на родителите.
    И што ако сум ќерка, ајде сега да се тупнувам, а гледам им е тесно или некој сака да одмара ама не јас кај мама ќе правам што сакам, па нека ме служи снаа ми со јадење, нека ми чува деца, а јас како во хотел таму ќе одам.
    Или има случаеви снаата трча по свекор и свекрва ги помага до крај, во болести и се, ќерка не се појавува еднаш во година ама не таа е ќерка и ќе кажува правила во домот на мама и тато.
    Точно е дека наследство се дели на два дела ама и осет да се има нема да е лошо.
     
    На tanjita, Clear, Кена Рис и 31 други им се допаѓа ова.
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Апсолутно треба да се има осет, ама некои луѓе го немаат. Еве золвата ја вика мајка ѝ цело време, може и не знае дека ѝ пречи на снаата. На некои луѓе треба да им се каже а не лице да им се прави.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    А, зошто се само примери за браќава неспособни да си основаат нешто свое, па се тупнуваат да живеат со мајка и татко и на 30 и кусур години? На родителите ако е домот тогаш зошто и братот со жена му да им смета, сестрата осет да имала?

    Не знам дали е до средината и опкружување нешто ама ниеден млад човек што го познавам веќе не живее во вакви заедници, а да е под 30 години.
    Братучеди, пријатели, постојано сме по свадби, таков е периодот, кој и да се омажи/ожени или се под кирија или под кредит, битно веќе не живее никој во заедница. Мислев изумрел трендов пред да дојдам на форумов и да читам дека уште живееле луѓе вака.

    Изговори како не ни се плаќа кирија и станбен кредит е за неспособни. Стан ќе ни е мал, спратот и веќе готовата куќа е поголема, подобро ќе ни е се исто изговори за неспособни и извор за плачки и кавги.

    "Браво" и за патријархалноста, како мозокот го истренирале на жениве да се гордее што оставиле се на братот и да се тешат осет дека имале што не оделе кај родителите и не пречеле на снаата.
    Освестете се жени, не дозволувајте да сте погазени од свекрви, браќа, снаи.

    Пишував на форумот како на мојот сопруг дојде тетка му да ни помагала за бебето. Поседи неколку дена, веднаш ја транспортирав. Зошто е МОЈ стан, имам право да кажам и правам што сакам. Да живеев кај свекорот, ќе немав право.
    Во тоа е разликата. И да ти смета нешто, во свој дом одма го решаваш. Во заедница немаш право само ти да одлучуваш, плус кога на готово си добил голема квадратна површина, а немаш ни имотен лист за доказ ќе ќутиш и ќе трпиш, ќе плачеш вака на форуми и ќе се караш со луѓе. И ќе им кажуваш селски муабет дека золвата е непримерна сопруга која шета до 3 навечер, се ширела кај родителите.
     
    На buba4e89, Glowy, An-na и 8 други им се допаѓа ова.
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.899
    Допаѓања:
    11.446
    Пол:
    Женски
    Не знам, еве јас кај мајка ми кога одам и брат ми кога не беше женет прво прашував да не имат работа, обврски па тогаш одам, имам секако клуч од кај нив дома ама никогаш нема да ми текне да се однесувам како што јас сакам, без да мислам како другите се чувствуваат.

    Ах да и еве имате вие голема куќа која е ваша сопствена не од свекор и свекрва или мама и тато, а брат ви живее со родители нема можност за повеќе а ако се подели имот вие ќе добиете две соби. Кажете ми толку егото ќе ви порасне ако ги добиете тие две соби а вашиот брат ќе се тесни, а вие комоција во голема куќа ама не колку на брат толку и на мене.
    Разбирам и вие да немате па да барате соба, има многу што немаат кров, или има големи куќи па на секој по еден спрат ама да се фатите буквално за една квака оти нели и вие сте дете а вашиот џеб е многу пополн од на брат ви, е извинете ама себични сте до срж.
    Да се работи за имот голем разбирам и јас ќе се навредам ама имајки вие имот а вие да делите еден спрат е не можам да сфатам и крај.
     
    Последна измена: 9 август 2022
    На BezglasnaBukva, Skorpija25, Мамичка и 6 други им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.475
    Допаѓања:
    127.117
    Пол:
    Женски
    Ако е за осет, сите треба да го имаат.
     
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    35.883
    Пол:
    Женски
    На некои џабе и да им кажеш, сум им кажала, или вечерта сме биле на свадба сме заглавиле, и сабајлето ќе дојде золвата кај мајка и свекрвата одма на мм ако спиеме му врти и вика дада ти дојде, и не само золвата кога ќе дојде туку и други нејзини гости кога ќе дојдат ни кажува, и сме и кажале кога ќе и дојдат гости да не не вика џабе незнам дали треба да и нацртам за да разбере.И на золвата сум и кажала ако се договорила со мајка нека си пијат кафе со неа што има мене да ме замараат .
     
    На Мамичка му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    15.514
    @Anyshka не се труди да им докажуваш. Овде на форумов снаата која живее во куќата на свекрвата вреди една голема нула, нема право на ништо, мора да трпи се и сешто. Иако повеќето се прават многу современи, најголем дел од нив се' уште се заглавени во турско време со сфаќањата.
     
    На BezglasnaBukva, Skorpija25, LaTama и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.097
    Пол:
    Женски
    Еднаш те викаат, не одиш. Два пати, не одиш, три, четири, 18...
    Не готвиш. Не переш садови.
    Научете да се изборите за нешто што сакате, не се потчинувајте.
    Ќе сфатат.

    Ама, со маж ти ќе си имаш проблеми.

    Ама ти имаш толку застарени мислења, што сама себе си си шкодиш.
    Не се почитуваш сама себе, ни како особа, ни како жена, ни како ќерка...
    Си запнала снаите за што се?
    Снаите не се за ништо.
    Се мажиш за човекот, не за мајка му и сестра му.
    Ама и се бориш за свое, а не да чекаш да му препишат зошто е роден со ку*е, па не треба да мрднете со прст.
    И во туѓа куќа се вложуваат ли пари бе луѓе?
     
    На BezglasnaBukva, Glowy, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Inna♡

    Inna♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2022
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Ме чуди како вложувате пари во нешто што не е ни ваше? Никој не ви е крив сега. Што ќе дробиш, тоа ќе сркаш.
    На твое место ќе му речам на мажот, еднособен стан под кирија да земеме, мир да си имаме. Тебе изгледа ти одговарало на почетокот цел спрат да си добиете без со прст да мрднете, но не било така лесно во животот. Се си има цена, а цената е мирот во животот зошто треба да трпиш живот со многу луѓе по дома.

    Да ми рече сега дечкото да живеам со неговите, да вложам цела заштеда за мебел и реновирање таму, никогаш не би прифатила. Живот во 21век со свекор, свекрва, золва, не доаѓа во предвид.
    Мајка ми во 90ти не живеела така, не па јас сега да прифаќам така. Подобро цел живот немажена ќе си останам, наместо да трпам вакво нешто.

    Тешко, со ваков менталитет многу години треба да се опаметиме. Затоа се сели младината, вакви родители што на машките деца спратови им дигаат и уште живеат заглавени во 1920та, подобро да си избега човек некаде.

    Имам и јас снаа, брат ми е постар и оженет е неколку години, немаме никаков проблем зошто си живеат сами. Се гледаме периодично, се е одлично меѓу нас. Си живеам јас со родителите во посебен стан, доаѓаат неколку пати месечно на ручек, прекрасни односи имаме фамилијарно.
    Брат ми и снаата си купија стан, 10 години врска имаа пред бракот, си собираа пари и мислеа на време на се ова. Фала ти господе немаме сега вакви проблеми зошто за среќа имам разумен брат што како нормален човек си обезбеди свое живеалиште и се ожени кога беше способен да живее сам и подалеку од суќната на мајка му. И моите се разумни и никогаш не би прифатиле да живеат со снаа, ниту им се мешале за нешто.

    Гледајте на време каква фамилија има мажот и каков е, после е касно. Од таква застарена фамилија се бега.
     
    Последна измена: 9 август 2022
    На buba4e89, Glowy, Skorpija25 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.209
    Допаѓања:
    88.978
    Пол:
    Женски
    Друг е тој муабет.
    Маж и треба да ги подбере тоа е јасно.
    Ама женава не заслужува напад.
    Да,има помалку смаодоверба, им удоволува ама ова што и го прават е безобразлук и простаклук.
    Снаа била немала право да зуцне не бил нејзин имот.
    Па ај на глава ќе и се качуваат.
     
    На BezglasnaBukva, andromedae, Skorpija25 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    35.883
    Пол:
    Женски
    Кој сака да живее со свекрва, ама ете такви ни биле можностите, секој знае да попопува само, да сме имале за стан ќе сме купеле ние дел по дел сме правеле и уште правиме, зарем мислите дека некој би живеел со свекрва ако има стан да купи? А требало да ни кажат уште кога почнавме да правиме дека тоа е на золвата ама заедно со свекор и на золвата и направија куќа, и што сега свекор и на золвата дека им направил куќа треба секој ден да оди кај нив и да им кажува он им ја направил куќата ќе доаѓа кога сака, туку не смее да дојде кај золвата се гледа со внуците негде во парк исто и деверот не смее да дојде ги скара двајца браќа золвата а ваму ќе ми кажува закони.Читам зошто не ми купиле моите, па да имале зарем би дозволиле 4-5 години уште да правиме, да се мачиме, со мајстори, куп прашина зошто од старо ново правиме, се изрушивме од почеток направивме ново и тоа дел по дел и уште не сме средени, уште правиме, да имале ќе ми купеле стан, мајка ми е сама татко ми е починат колку толку ни помага, ни даде пари за цело купатило да го опремиме, спална ни купи и многу други работи што нема толку ама пак ни помага.