Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Glory.glory

    Glory.glory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Драги феминки,

    ме интересира ваше мислење, дали е во ред, дали е нормално, сестра на брат да му испрати смс со следнава содржина на крајот од пораката ...не заборавај те сакам најмногу.....во -проштална- порака....мене некако не ми е баш нормална ваква појава....

    Фала ви однапред и поздрав!
     
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.471
    Нормално е сестра да му пише на брат дека си го сака.Може биле нешто скарани па затоа му напишала така :?:
    А инаку не те сфаќам-како проштална порака?
     
  3. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Па и јас на моето братче му кажувам дека го сакам и имам еден братучет бетер од брат што ми е и на него во секоја порака му пишам дека го сакам ,а и тој на мене па мужето не ми е љубоморно и нема на што па јас сум изрснала со нив и си ги сакам највеќе на свет ,се надевам дека и кога ќе се жени братучет ми нема ништо да се смени зошто кај брат ми не се смени снашка не е љубоморна па и повеќе нејзе и се јавувам отколку на брат ми,па секаде се шеткам со неа и верувам дека нема проблем
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Еден однос е маж-жена, а друг е брат-сестра. Јас имам брат, си го сакам и знам да му кажам дека го сакам, а тоа и го покажувам. Сепак во иста утроба сме биле, сме пораснале заедно. Не може да не го сакам.
    Но, сепак не се мешам во неговиот живот и стојам на дистанца кога покрај него е женската. Сепак недолично ми е пред неа јас да го гушкам или да му се лигавам. Сепак, таа му е жената на место број 1. :lol: А, мене ми е мило кога е среќен со неа.
    И снаата (уште неофицијална) си има двајца браќа и со нив си е преблиска, па знае како е да се има брат. :)
     
    На Glory.glory и Eleonorastrumica им се допаѓа ова.
  5. Glory.glory

    Glory.glory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Фала ви многу за одвоеното време и за споделенте мислења со мене......

    Инаку под -проштална- мислев на тоа кога се испраќаат, живеат во два различни града и на испраќање го има тоа пишано, човек да помисли дека ќе бидат разделени кој знае колку време, а во прашање се само неколку дена ;) .....а не беа скарани....

    Друго што сакам да кажам е дека и јас имам брат и нормално е дека го сакам како и тој мене, ама кај нас двајца никогаш немало испади на љубомора, како кај оваа моја золвица, може да прочитате од претходните мои псотови, зашто таа е ептен посесивна кон брат и.....на почеток од врска имав еден куп проблеми ради неа.....таа едноставно е заљубена во него, со дечко и не се замара толку колку со брат и, па затоа не ми се нормални вакви изливи на љубов, сака нон-стоп да прикаже колу таа е блиска со брат и, колу тој и помага, што се прави за неа, пати од тоа да биде центар пажња, да се докажува поготово пред мене, гледа некоја конкуренција изгледа во мене, ептен е љубоморна,а да имаа некоја кој-знае колкава блискост со брат и, не, таа посакува тој да и посветен 100% и таа да е бр.1, па нејзе затоа многу ја погоди нашата врска, оти дотогаш не беше научена да го -дели- братот......а инаку не викам дека не е нормално да се сака брат....

    Поздрав феминки и уште еднаш фала што размислувањата ги споделуваме заедно! :*
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Добро е што има некој да сфати баш конечно јас што сакам да кажам. Значи таа е онаа која има проблем со мене. Најдува рачки како да ме зафаќа само. Има високо образование ама верувај во некои ситуации како да го нема. Не знам значи не ми пречи како член, не се работи за трошоците, туку сакам да сфатите дека карактерно се работи за чуден човек. Таа е онаа која не не прифаќа. И за среќа да речам моја за 2 месеци ќе станат се реновира куќата. Мислам дека конечно сфати оти е време за тоа. Толку луѓе во еден простор не го бива. Денес значи не знам јас дека има млади кои сакаат да седат во заедница освен ако не се вработени и платите им се мали па неможат да се издржуваат. Многу исто така е лошо кога на човек се трудиш да му угодиш но не сака да го цени тоа. Ете ти да речам паметна снаа си ја видела вистинската ситуација и за уште од почеток да нема замерки си го направила вистинскиот чекор и сега можи си во предобри односи со сите. Еве не ме верува никој кога учам не знаете како ме гледа наопаку. На тие работи јас не останувам рамнодушна вистина не сакам да биди така јас сум свесна кога можам и кога не да помагам. Значи подобар дел ме сфатиле што сакам да кажам и нема да се повторувам на истите нешта. Си стојам на мојот став и тоа. Можеби изгледам и како свекрва ама сега сфатив како е дека секогаш проблемот не е во свекрвите и золвите има и во снаите нешто не викам за сите значи.
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.471
    Баш сум на мака :(
    Викендот бевме на матура,сите фамилијарно.Да не расправам на долго и широко,слушнав расправија меѓу золва ми и маж и.Они не знаат дека сум ги чула,а јас не знам што да правам.
    Разбрав дека золва ми таму била малтретирана,сега за сега психички.Овој не ја подржува,си има некој приватен бизнис,и по цел ден не е дома.Она работела буквално се,и се било како што они ќе кажеле-неговите родители.Му се јавувале телефонски и ја окривувале неа за секакви глупости,а он ги подржувал нив.Ја напаѓал неа и не сакал ни да ја сослуша нејзината приказна.
    Друго,слушнав дека не сака многу да комуницира со нас,со мајка и татко и,и не сакал да им идеме на гости.Она му пререче за сестра му а он рече -она ќе доаѓа кога сака и ќе спие каде сака :|
    Она плачеше и му велеше дека е психички уништена уште од сега пие апчиња за депресија,дека се чувствува како бездомник,дека нема волја за живот,си го колнеше животот итн........
    Овој ладно и одговараше само и ја вреѓаше......
    Е сега се каам што ги слушнав,зошто мн ми е тешко,ми падна многу жал за неа.
    Гледам дека повеќето работи што таа ми ги има префрлено се всушност негови зборови,и зборови на неговите родители.
    Да кажам на свекор ми и свекрва ми,свекор ми знам дека ќе отиде и ќе ја донесе дома,на големо ќе ја направат.Да кажам на вереникот исто би постапил и он.
    Се прашувам дали имам право да се вмешам,кога она ништо нема кажано дома.
    Никогаш се нема пожалено од никој,пред нас они се нај- нај.До вчера мислев дека живее во прекрасна хармонија.
    Од вчера сум во мисла,и се нервирам зошто го трпи? Кое лице го правел пред нас значи,мислев дека он е подобар од неа и дека не гази на мравка.Ова накратко,слушнав еден куп гнасни работи,не ми се веруваше :puke:
     
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    ели верувам дека си во тешка ситуација али мислам дека е правилно да му кажеш на вереникот и он да разговара со сестраму.

    не ги мешајте старите одма да не се нервираат луѓето. жално е девојчето само да страда, мислам дека треба да и се помогне бидејќи во такви моменти безусловната подршка е најважана.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ели мене најдобро ми изгледа да пораговараш со вереникот, и да му кажеш се што си чула.
    И нејзе сигурно не и е лесно, но не сите ја имаат блискоста и храброста да кажат дека нивниот брак не штима. Можеби сето тоа го трпи само зашто знае дека родителите би ја притиснале да се врати, а таа не сака да биде нивни товар.
    Ми се чини дека те читав дека скоро правеа свадба, па уште една причина да молчи, можеби се теши дека тој ќе се смени, а можеби и е непријатно неколку месеци после свадба да каже дека бракот е осуден на пропаст.
    Разговарај со вереникот, сепак тој е сигурно поблизок со неа, нека тој потоа разговара и нека ја притисне да каже се што ја мачи. Ако е дотолку лошо потоа вереникот нека им каже и на неговите родители, па потоа да го решите сите заедно проблемот.

    Доколку не сакаш да разговараш со вереникот, а со золва ти имаш добар однос, не кажувај никому, туку прво со неа разговарај, кажи и дека си ги слушнала и дека нема потреба повеќе да глуми. Пробај убеди ја самата да им каже на нејзните, за да после ти не испаднеш прислушкувач и сплеткарош.
     
    На AIT и eli25 им се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Ели се наоѓаш баш во незавидна положба, ако не кажеш ништо и не дај боже нешто и се случи цел живот ќе се каеш, ако кажеш и се остави ти ќе бидеш виновникот.
    Јас да сум би му кажала на вереникот ама тој да разговара со сестра му и да биде работата како он да ја слушнал кавгата, тебе да не те умешуваат во тоа.
    Прво тој нека разговара со сестра му, бидејќи можда и е срам да им признае на родителите дека направила грешка, можда мисли дека е срамота да се остава, брат и нека и даде до знаење дека ако до толку се лоши работите дека ја има нивната подршка.
    Ако се ослободи и му каже на братот дека ја малтретираат нека му сржат малку и на зетот, да си знае и тој дека има подршка од дома, не е најдена на улица па да ја малтретира некој.
    Како и да е иако си член на тоа семејство остави ги сами да си ја решаат оваа работа, кажи му на вереникот и понатаму што сакаат нека праваат, да не биде после ти дежурен виновник.
     
    На AIT и eli25 им се допаѓа ова.
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Мислам дека е најдобро да разговараш најпрвин со неа, а не дирекно да се ставиш во средина. Фино лепо ќе и кажеш што случајно и неизбежно си слушнала и разговарајте за нејзиниот проблем. Што ако кажеш на нејзините или на вереникот и таа на тоа каже дека не си убаво слушнала или пак измислуваш? Сгурно постои добра причина штом тоа го крие од нејзините родители. Мој совет ти е не се изложувај на тој ризик да се ставиш во средина и да се замериш со сите, зошто луѓето не секогаш сметаат дека нештата што ги правиме всушност ги правиме за нивно добро.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    eli25 и јас мислам како SOVRSENSTVO да зборуваш прво со неа,па потоа ќе одлучиш што понатаму,бидејќи може да те разбере погрешно золвата колку и да и мислиш ти добро,она да го разбере тоа што го кажуваш нејзиниот проблем без нејзино знаење на вереникот или нејзините родители како мешање..
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.471
    Баш така,околу мене еден куп прашања главата незнам кај ми е.Значи може да испадне дека јас измислувам,па јас кривата на крај,една опција,ако кажам на мојот-друга опција, он е избувлив и знам дека нема да седне да разговара со неа или ќе каже на неговите,или ќе отиде таму,а да молчам ми е страв нешто да се деси,па да го носам тоа на совест и да се каам цел живот.
    Слушнав многу гнасни работи како што кажав,и цело време ја мислам како е таму :doh: Ќе му кажам на него,најверојатно,а јас да разговарам со неа,знам дека гордоста нема да и дозволи да признае.
    Единствена опција ми е да испадне дека мојот ги слушнал,само да го убедам да седне со убаво со неа,не да избувне.Тој не е многу близок со неа,ама знам дека ќе го заболи кога ќе чуе вакви работи :doh: Затоа се плашам дека смирено нема да изреагира,туку може и ќе појде таму ,кај нив!
    Точно дека од скоро се земани,и се плаши да каже најверојатно.Сега ми с ејасни многу работи,а не се на арно.Како и да е многу ви фала на помошта.Навистина ми е тешко,многу :doh: :doh:
     
  14. Marna

    Marna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Ели,
    сите овде со најдобра намера ќе ти дадеме совет, имај едно на ум било која од нас кога ти дава совет тргнува од себе и од искуствата што ги има со својата околина. Ти најдобро ги познаваш тие околу тебе: вереникот, золва ти, свекорот, свекрвата а и тој вол од маж што го зела золва ти. По постот претпоставувам дека си приметила и порано дека нешто не штима, пошто сама кажуваш дека сега многу работи ти се јасни. Разгледај ги сите опции, направи си во главата неколку сценарија бидејќи ти имаш најдобар увид во релациите и односи. И не е страшно и малку политика да удриш. Кога ќе одлучиш која опција е најприфатлива гледај да е и Волкот сит и овците на број...
    Ти стискам палци... ;)
     
    На slavica999 и eli25 им се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Едно е јасно, дека ти тој човек веќе нема да го гледаш со исти очи. Кога тогаш се ќе излезе на површина и дознае ако е толку страшна работа.
    Јас не би се мешала воопшто за да не излезе после работата дека се мешаш кај што не ти е место и ти испаднеш крива (непишано правило али секогаш излегува така. И јас го имам лично осетено на моја кожа). Каде и да е ќе ја примети мајка и дека нешто не е во ред или пак таа самата ќе се пожали и тогаш ќе се отвори проблемот на маса.
    Таа си знае најубаво, можеби е мала криза (како што прочитав од др. дека тазе биле земени) и ти неможеш да донесеш сигурен заклучок од начуен еден муабет.
    Мажена е и возрасна, проблеми се решаваат, ако е измеѓу нив нека си ги решат ако бива, ако не бива секој на своја страна и молим лепо а ова мешање мајки, татковци, браќа, снаи не ми се допаѓа воопшто.
    Незнам колку сте поврзани како фамилија ама ова е мое мислење...
     
    На Bozica1980, eli25, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.782
    Потполно се согласувам со тебе Славица,најдобро е да не се ставаат прсти меѓу врата.
    Чула,не дочула,измислува муабети,таа им го поттикнала разводот и ред други муабети можат да и наметнат и ни крива ни должна да си ги растури односите со сите во семејството.
    Затоа заборави Ели што си слушнала,што си видела.Проблемите во брак треба да си ги решаваат сопрузите а не фамилијарно-конзуларно...
    Молчењето е злато.Ако вереникот твој ја почувствува ситуацијата (а можеби сите они знаат,ама молчат)и почне да дискутира со тебе,тогаш би можела од околу да му спомнеш што си слушнала,а вака сега....не знам....јас би молчела на твое место.
     
    На Li0ness, slavica999 и eli25 им се допаѓа ова.
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Во сите бракови има кавги, и земи во предвид дека на нив може да им е таква кавгата, да се направат лом, па да се смируваат после, да им е така најнормално а тебе да ти се чини како ужас. Замисли золвата може само била превише емоционална и тоа се што рекла можно да е големо преувеличување на работите, само за да го повреди маж и во тој момент, оти она се осеќа повредена или слабичка, или му е толку лута за било што, или хормонална, па зашто и он да не се осеќа тешко во тоа време, па ајде еден фрла камења другиот враќа со иста мера. А тие мислиле и дека сами си се расправаат и дека никој не им бере гајле, така да ако се вмешаш баш ќе излезеш како преслушкувач, а уште полошо па ако дојде до кавги меѓу двете фамилии, или па и тепачки од избувливи брат и татко.

    Како што рече Славица999, не е мала золва ти па ти гајлето да и береш. Ако стварно и е тешко таму, или и треба помош од нејзините, има на кого да си каже.
     
    На Li0ness, slavica999 и eli25 им се допаѓа ова.
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ни јас не би се мешала. Кога тогаш ако толку и е лоша ситуацијата ќе си каже она на нејзините.
    Плус во никој случај таа нема да сака ти да и ги знаеш сочните детаљи во нејзиниот брак. Се ежам од помислата золва ми да ме слуша кога се карам со маж ми. А плус и ние кога се караме што се не си кажуваме и после ќе се смириме и како да не било. Ти гледај си го својот брак да не испаднеш крива, зошто во такви ситуации секогаш некој друг ќе биде кривецот.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ели, не можеш туку-така да се вмешаш, а утре ти да бидеш виновна ако се раскараат или разделат.
    Ама, бидејќи мора да си искрена кон вереникот, можеш нему да му кажеш, ама да му потенцираш да не избрзува со акции, туку мудро да ја посматрате ситуацијата и да видите кога и како би делувале.
    Секако дека нејзе и е потребна вашата подршка.
    Се чудам како досега ништо не се пожалила. :?:
    Иако, ова нејзиново ми е типична ситуација во нашиве заостанати семејства.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    На женава и се откачила некоја жичка
    1.или и ти како неа почни
    2.или пат за на психиатар некој од домашните нека и каже на убав начин