Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Им имам кажано џабе и на свекрва ми, и на золва ми и на маж ми, золвата уште почна да урла, и децата кога ги чував не беа многу мали, имаа 10 год ама мораше некој со нив да седи да им направи за јадење тука спиеа, и свекрва ми ќе излезеше до негде ќе ми кажеше што да им направам за јадење, а золвата не идеше на работа живее блиску, не живеат во друг град па ајде ги оставила на гости кај баба им да поднесат, па и да е така штом се нафатила баба им да ги чува нека ги чува .
     
  2. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Е колку кошта реновирање? Колку кошта стан? Ај направи ја математиката. Куќа на три спрата кренаа мои роднини за 50.000 евра. Станов мој колку еден тоалет нивни кошта повеќе.
    За золвата, таа куќа е и нејзина, но не и спратот.
    Имаш основа да се лутиш, затоа што не те зеле за секс и домаќинство, туку си човек пред се.
    И ако инвестираш во нешто, имаш право тоа да го нарекуваш дом.
    Иде, и те како иде тоа така.
     
    На MarijaMi90 и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Тогаш каков совет бараш ? И јас би била навредена да би била золва.
    На маж ти мува не го лази. Отвараш карти на маса, отселување или развод. Ако не ќути и трпи, на маж ти не му пречи и нема ништо да смени. Друга опција немаш очигледно.
     
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Па ние не го направивме наеднаш, еве уште го правиме, сме немале за наеднаш .

    Проблемот е тоа што мм ќе каже ајде ќе пиеме кафе и он 5 мин и толку ќе си избега, и он не седел многу со нив повеќе јас сум седела отколку мм, ќе ми каже поседи ти јас ќе одам горе.И свекрвата ако не била дома золвата на мм му вртела ќе дојде ќе направам кафе за сите и мм 5 мин и ќе отиде негде, па он ако не седи со сестра му што сум должна јас, на него му се јавува не на мене, и ќе ме остави сама со золвата.

    Па ако сака да се дружи треба да не викне некогаш, не само она да доаѓа, поорано кога бевме во заедница готвев за сите и полесно и беше да дојдат да се најадат и да си одат, дома чисто ќе и биде само за спиење одеа дома некогаш спиеа и тука а блиску живеат, сега готвам само за мене и мм, некогаш ги викаме на ручек по наредба на свекрвица и ми кажува повеќе месо да испечам биле по месото, они никогаш не не викнале, почнав и јас да не ги викаме, сега свекрвица готви за нив и дома на золвата чисто.Јас кога ќе исчистев си влегуваше обучена, епа после зборам лошо за неа па се ми е собрано.
     
    Последна измена од модератор: 10 август 2022
    На Alexandrite му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.448
    Пол:
    Женски
    Па во заедница живееле тогаш.
    Тоа е нарушување приватност.
    Треба да се има осет.
    Брат ми да живее во заедница со моите и да им се тупнувам секој ден со деца на доручек,ручек и вечера ,да ми прави ручек снаа ми, да мие садови и д ами прави друштво.
    Тоа е безосетност и простотилук.

    Не треба да ги отера во три лепе,тоа не е начин.
    Нејзиниот маж треба да им стави геаници на мајка му и сестра му.
    Греота е .
    Ако е снаа па и во заедница не е измеќарка .
    Многу напредно и независно размислување.
    Снаи вие сте никој и ништо може само кај мајка и татко да барате да ве згрижуваат.
    Ако сте згрижени во заедничка куќа бидете измеќарки.
    Глупости од 18 век.

    Ниту на золвава е нејзина куќата.
    На нејзините е.
    Утре може и да не и остават дел .Се може да се случи.
    Каде сметале дека треба да живеат реновирале.
    Многу независна золвава секој ден кај мамичка на готов ручек и измиени садови кај снаава.
    Ако иде дома нека прави ручек таа некогаш,тоа би било фер и почитување на снаата. А не хотел систем.
    @Anyshka
    Ај да ти дадам еден совет од искуство со живеење во заедничка куќа на посебни спратови 20 год.
    Кај мене свекрва ми е исклучително внимателна жена која никогаш не ни нарушувала приватност да ни влезе без најава,чукање на врата и слично.
    Не те разбрав дали вие готов спратот само.
    Значи не си земај грижа на совест што сте инвестирале тука.

    Ќе си го направите ваш дом ако имате договор со маж.
    Бидејќи овие твоиве свекрва и золва немаат осет ќе треба да им се постават граници.
    Кујна,ручек оброци само кај вас на спрат.
    Одвоено ќе ручате.Кај свекрва ти не влегувај во кујна,золва ти нека ти прави кафе.
    Врата со внатрешна брава,однадвор ставете од тие што се закачуваат за тропање,па ќе чукнат ако сакаат да влезат.
    Човек си,снаа, и треба да те почитуваат,а не да те злоупотребуваат, да ги гоштеваш зошто одела “дома “золвата.
    Направете спратот и биди полоша малку.
    И прекини да се правдаш тука.
    Ништо лошо не си направила освен што си ги тинтрала премногу.
     
    На Clear, andromedae, mKdevojce и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Епа и золвата на готово свекор и нејзин и направи куќа а не смее да отиде таму .Никој не сака од туѓо да направи свое, значи јас не ги присилувам ништо да ми дадат, они запнуваа за свадба знаејќи дека неможеме да си дозволиме за стан.Знаете ли што е на готово? Да ни купеле стан и ние со прст да не сме мрднале, ете тоа е на готово, ама никој не им бара ништо.Ајде сега золвата да ви доаѓа секој ден а на вас не ви е добро, кажав никој не и брани кај мајка нека спие, ама нека не ме замараат да пијам и јас кафе до нив.
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.050
    Допаѓања:
    268.683
    Ај стави се во поинаква ситуација.
    Едното дете живее со тебе и маж и', другото не.

    Мажот ќе поставува правила или ти?

    Напредна или назадна, во мој дом не може друг да кажува како ќе биде.

    И сите и' рекоа исто, дека треба да не им прави ништо, да си гледа за себе.
    Ама не може, оти не е проблемот во нив две, туку во мажот. А него го амнестираме, ај, маж е.

    Па кој може да те натера?
    Не пиј. Нека се лутат, тоа НЕ Е твој проблем.

    Ни дали ручале, ни деца кој чува, абе седи си кај тебе ни врата не им отварај и не се замарај.
    Кај свекрва ти ако сака таа нека се пресели, ти во вашиот дел седи си и не ги фермај. Ако тебе ти се пие кафе симни се, како на гости.

    Ни да свариш, ни да измиеш.

    Никој нема ред да ти направи ако сама не си направиш.

    Ти на него заржи му, како може мајка му да му кажува што да прави?!
     
    Последна измена од модератор: 10 август 2022
    На An-na, cresa-jagoda и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Глупост од 18ти век е - на брат ми не му земам, а золвата да не доаѓа.

    Сите и кажаа дека нема обврска да готви и да мие садови.
    Уште у прв пост тоа и го пишав јас, а по мене уште 10 души.
    Но
    Ако ти смета патријархалното очекување - снаата ќе готви и ќе мие садови, не можеш да коментираш колку пати се ширела золвата кај мајка и.
    Просто не може да очекуваш да ти ја споделат куќата и да бидат феминисти и да си као шокирана дека очекувале снаата да готви и мие, а од друга страна да ти пречи золвата, таа си се мажила, што бара сега да му зема на братот.
    Двонасочна улица е, како да кажам поинаку.
    Или ќе ја прифатиш улогата на патријархална снаа и ќе си земеш за право нивната куќа да ја осеќаш ко своја и ќе кажеш дека золвата ти пречи што доаѓа пречесто, но под услов да си скрос прилагодена на заедницата, миење садови и ручеци ко што доликува на патријархална снаа, или ќе се помириш дека си таму дојдена и ќе правиш јадење само за тебе, за друг нема да те интересира дали е јаден, но под услов да не кажуваш колку пати ќе доаѓа ќерката што израснала дома.
    Ако не те интересираат ручеци, не те интересира ни золвата.
     
    Последна измена: 10 август 2022
    На CameliaMiller, An-na и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Спратот скоро ни е готов, сега ни се прави купатилото и ходникот, мајка ми ни даде пари за купатилото, золвата мажена си е.Ако било така дека тоа било куќа на золвата не требало да ме примаат во таа куќа, јас не им ставив нож под грло не им се тупнав, они запнаа да се зимаме.
     
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.448
    Пол:
    Женски
    Па не поставува правила снаава,туку свекрвата.

    Таа наметнува тинтрање на ќерка и како гостинка принцеза само затоа што снаата е дојдена тука,немала дел.
    Не е во ред тоа.
    На снаава само и смета ко што би ни сметало на сите нас да не третираат така.
    Маж и никој не го амнестира тоа веќе го утврдивме.
     
    На Alexandrite и Anyshka им се допаѓа ова.
  11. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.468
    Допаѓања:
    17.114
    Пол:
    Женски
    Онаму во темата за еднаква поделба на имотот ќе се потепате ама тука кога членката кажува дека на ќерката и направиле куќа а они добиле спрат кои сами требале да си го реновираат ќутите.Кога веќе неа ја обезбедиле со куќа ред е на синот да му ја остават куќата и да им пружат барем мир ако ништо друго.Од некоја причина ете членката им одела по кејф,готвела,чувала деца,нејзина грешка.И се согласувам дека најголем проблем е маж и.Ама и таа што сестра безосетна беше,да живее на пет чекори од тука и по цел ден да ја гоштеваат.
    И сто пати и рековте што не си му земала на брат ти,а девојчето потенцираше дека починал млад.И таткото и е починат.Налет и имот и се кога него го немаат.
    Девојче пробај последен пат објасни се со маж ти,не со тие неговите.Ако не те слуша несака да го реши проблемот собери се и оди си кај мајка ти и онака е сама.Налет животот полн со нервози,не ти треба ништо кога живееш таков живот со маж ти кој е се освен маж.
     
    На Clear, andromedae, LuckyCharm и 10 други им се допаѓа ова.
  12. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.468
    Допаѓања:
    17.114
    Пол:
    Женски
    Ок така нека биде
     
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Конечно некој да ме разбере, сите се тепаат за имот, за парче земја, а ништо не е повредно од тоа братот и сестрата да се живи и здрави, сите ме нападнаа како сум имала заостанат менталитет што сум размислувала дека не сакам од брат да зимам, и да точно е дека не би земала, што ми вреди сега кога го немам? А золвата ако го сака брат и нема да ни се меша, кај мајка нека спие што сака, а она ги скара мажот и нејзин и брат му, значи она се смее да прави и кај мајка и кај свекор.
     
    На Vil му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    126.204
    Пол:
    Женски
    Де, бре, не ја извади золвата од уста. :D
    Не мислиш дека мериш, ама мериш кој кај е и колку седи.А, не треба.
    Ти кога отвараш уста треба да му кажеш на маж ти дека не ти се готви и не ти се седи со нив.И на нив да им ставиш до знаење.
    И потоа излези некаде.Таман ќе имаш саат или повеќе раат.
     
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Епа откако се оделивме со јадење морам да потенцирам зошто ме нападнаа оделување било ако сме живееле во различни куќи не и на различни спратови, ќе отидеме доле кај свекрвица и ако става нешто за мезе свекор ми викал седи ти имаш снаа, па јас во нејзина кујна не и влегувам, сега си имаме двете нови кујни јас во моја она во нејзина, кога ќе ги викнеме горе јас си ставам јас раскревам и мијам.Тоа е нормално .А за сите оние кои викаат дека тоа не е дом на снаите кажете како треба да викаме кај сме очигледно неможеме да кажеме дека сме дома, треба да кажеме во куќата на мажот сме така испаѓа.
     
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Па темата е снаи и золви .
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Добро искрено да те прашам, золвата и свекрвата го манипулираат мажот ти, тебе те натерале да правиш свадба иако ич не си сакала, золвата го скарала мажот и со деверот, како може сите да сте изманипулирани, ти, маж ти, деверот на золвата, сопругот на золвата за да се скара со брат му, сите сте од золвата изманипулирани, не сте вие возрасни да знаете што сакате?
    Ти си вложила пари од твоите родители во спрат кај свекорите, си направила свадба пошто се запнале да се земате - сосила ве однесоа во матично иако ти сметаше дека е погрешна одлука во моментот?
    Напишаново звучи ко золвата буквално да ги манипулира сите околу нејзе, и кај вас дома и кај неа дома, што човек е таа па вие сите возрасни не можете да излезете на крај со една жена, све изманипулирано.
    Можеби си огорчена и погрешна слика имаш за золвата.
    Од нејзина страна приказната сигурно изгледа поинаку.
    Никој не може да скара брат со брат ако браќата не сакаат да се скараат.
    Никој не може да ме натера да ги вложам парите од мама и тато кај свекор и свекрва.
    Ниту пак може да ме натера да се мажам ако сметам дека не треба да се мажам.
    Мој совет најдобронамерен, е да почнеш да размислуваш во насока дека секој си е одговорен за сопствените избори.
    И сите ги трпиме последиците на сопствените избори.
    Да, некогаш некои луѓе ни грешат и ништо не можеме да направиме, кај што има сила нема правда.
    Ама некогаш сами си грешиме и не сакаме да признаеме и полесно е да обвиниме друг или да кажеме дека не изманипулирал.
    За во иднина да немаш вакви главоболки со свекрвата и золвата, направете си го спратот и научи се да кажуваш НЕ.
    Не слегувам за кафе, не чувам внуци, не правам ручеци за 8 души.
    И не се замарај колку пати дошла золвата кај мајка и.
    Ова ти го кажувам дека сега викаш дека проблемот е само што те тормозат за кафе, ама прееска друг беше муабетот, прееска беше муабетот - се мажила, а се шири кај мајка и, не беше само кафето проблем.
    Значи кога ќе си го средите спратчето, нека се шири колку сака кај мајка и.
    Нека се пресели назад ако сака.
    Зошто доколку сакате ти и маж ти, Господ нека ви даде дечиња, кога ќе си ја земеш ќеркичката во раце, ќе сфатиш зошто свекрвата е навредена кога велиш дека золвата ти смета.
    Ќе се осетиш толку заштитнички настроена кон детето и на секој што би ја навредил или кажал дека му смета ќерка ти на твојот спрат, ќе сакаш да му ја покажеш вратата.
    Зошто никој, ама баш никој не може да се сака на светов ко што се сака своето дете, безразлика дали детето има 3 години или 30.
    Некој паметен рекол - чиста сметка долга љубов.
    Тие поговорки немаше да се толку популарни со генерации и генерации ако не беа точни.
     
    На Glowy, Ambitious, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    @Anyshka преубави совети ти дадоа. Не ги сфаќај злонамерно, туку размисли малце.
    Од оваа гледна точна, не знам што ти е паметно да направиш освен да седнеп здраво и да разговараш со маж ти. По тоа што го напиша, ми изгледа на традиционално семејство, така да пробај најблаго да му го доловиш. Кажи му дека ја сакаш и почитуваш сестра му, ама не можеш секој ден да седиш со неа, затоа што имаш други обврски. Кажи му дека не знаеш како тоа да го кажеш на мајка му и сестра му, зошто се плашиш дека ќе те сфатат погрешно, па да ти помогне тој и да разговара. Ова во однос на готвењето и служењето, а за тоа колку често доаѓа кај мајка и-мислам дека решивме дека немаш право да коментираш.
    А за другото, касно е веќе се, така да моли се да ви го препишат барем спратот, да не ти пропаднат парите.
    Мене друго ми падна во очи, како да и завидуваш на золвата според твоите коментари: живее во голема куќа, излегува до 3 сабајле како тинејџерка, чисто и е дома, се шири кај мајка и….Олабави се од вакви мисли, не ти е непријател ако ти е золва. Гледај што е можно полесно и понестресно да го изгураш ова додека не се средат имотните односи, тогаш ќе ти е полесно, зошто моментално буквално си бездомник.
     
    На Glowy и Mikha4 им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.448
    Пол:
    Женски
    Концентрирај се што читаш и пишуваш.Ниеднаш не спомна некакво земање женава ни спомна делби на куќава ниту дали му зема золвата на братот.
    Само се пожали на нешто кој ретко кој би издржал.
    Не е виновна за ништо.
    А золвата без разлика дали пораснала во тој дом нема 10 год. полнолетна личност е,тоа е дом на нејзините родители,и треба да има осет кога доаѓа ако во тој нејзин поранешен дом сега се изменети условите,па и да не се, не се тупнувам кај мајка ми секој ден ,нека си го испланира денот,не мора да и го окупирам денот.
    Тој осет значи и почитување на приватноста на брат и и снаа и.кога веќе привремено живеат во заедница.
    А реалноста е дека тоа и не е повеќе нејзин дом.
    Создала свој дом,свое примарно семејство,своја куќа.
    Нема право со семејство да им се тупнува ниту на мајка и ниту на брат и секој ден да ја служат.
    А читам и нејзините и направиле куќа,тоа во патријахалните семејства значи дека куќата ќе ја остават на синот.
    Ама старите,не снаава дека има амбиции.
    Да знам брат ми привремено живее кај моите и да се тупнувам секој ден или втор ден да ме слугува снаа ми.Бог да чува.


    Е така.
    Ти во твоја кујна,таа во нејзина.Посебно за јадење и уживај.
    Многу филозофии што ти ги кажуваат на темава се далеку од реалност.
    Секако дека си одделена на посебен спрат,ко во зграда.
    Струја,вода посебни мерачи.
    Се посебно.
    Свекор ти и свекрва ти ви се комшии.
    Драматолетки.
    Секој треба да има право на приватност и простор,нема врска тоа со безусловна љубов.
    И кај мајка кога одиш и кај брат и кај сестра..
     
    На Clear, H.VAGA, snegulkata и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.952
    Пол:
    Женски
    Се додека се замараш со нивниот однос мајка-ќерка ќе мислиш дека ти се мешаат сегде и не си гледаат своја работа него твојата, уствари ти треба сама да созрееш и да си поставиш граници. Никој ама никој не ти е должен да ти гради куќа да ти дава дел или спрат или соба ни твои ни негови, а на кого ќе дадат ич да не ти е гајле. Не треба да чекаш од родител не ,не ти е должен кров над глава.
    А веќе кога ти дале во овој случај неговите цени и биди благодарна и не си должна да изиграваш чистачка, готвачка или кафеџика...А треба да ти текне сама да се заблагодариш колку можеш и колку сакаш
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.