Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Corika

    Corika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2022
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    2.521
    Пол:
    Женски
    Vo nivniot slucaj da gi isfrli,deka ona e prvna snaska imala pravo na ova na ona nesoglasuvanje so jatrvata ( koja patem em obrazovana em sama na majka i tato) pa nemozese da i gi trpa glupostite na zolvata....plus mojata zolva si zazema cel sprat a na jatrva i so malo dete ja smesti vo dnevna ( i na ova maz i bese sam pusten na pecalba) i nastana haos i ovoj se vrati si zema familija i otide kaj babamu i dedo mu koa vide deka i majka mu si vleze nakaj mojta zolva ( inace ini dvete svekrva i snaa se kako majka i kerka non stop zaedno i plus mojta svekrvica so nih )

    Jas niti sum izbacena od doma niti nekoj izbacuvam prociti mi ubavo mojot post i ke vides deka jas nemam nikakvo nedorazbiranje so nea,ednostavno na cisto sme nemame zad grb muabeti i imame edno normalno postovanje
     
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Епа како на золвата заедно со свекорот нејзин и направија куќа?
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    И твојата золва да дојде да се пожали овде дека татко и вложил пари во куќа што не е на нејзино име, и нејзе ќе и кажеме дека било грешка :D
     
    На cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.952
    Пол:
    Женски
    Тебе и мене и на никој друг не треба да ни е гајле
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Не само татко и, и свекор и вложил, а не смее да оди таму внуците ги гледа надвор.Она си живее посебно .
     
  6. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.215
    Допаѓања:
    2.523
    Пол:
    Женски
    Мајка ми знаеш што вели? Не ми треба спрат, ми треба брат. Ако го имам него ќе имам и спрат, имам каде да преспијам ако отидам. А во различни градови се. Ова не може секој да го разбере и не секој размислува вака. Јас за ова те поддржувам. Ама ај погледни и од страна на золвата. Можеби и она го мисли истото? Дека и треба брат, да се блиски? Да си се најдат утре во тешки моменти?

    Проблемот го гледам прво во тебе, кога ти рекле кој те прашува тебе за брак. Маж ти можеби? Уште тогаш требало да размислиш дали воопшто сакаш да влезеш во таков брак. А потоа и кај маж ти. Како да немате меѓусебно разбирање, како да не сте си најважни еден на друг.

    Од друга страна, клуч на врата жено. Никој не може да те натера да седиш со неа ако не сакаш. Маж ти станал после 5 минути? Стани си и ти и оди си со него. Излези. Прошетај. Фати си некоја работа. Или полежи си. Што сакаш тоа прави. И научи прво себеси да си се ставаш на прво место, а потоа и маж ти. Ако ти сама не мислиш за себе, кој ќе мисли? Покажи заби, избори се за своето место, избори се прво да те почитуваат како човек, а потоа како снаа. И почни од маж ти. На него треба да му објасниш како стојат работите, а он да те поддржи.

    Откако почнав да мислам прво за мене, а потоа и за маж ми, и за никој друг, многу ми е подобро. Сега плескам се директно во фаца и ич не ми е гајле дали тој некој ќе се навреди или налути, кој и да е. Знаеш зошто? Оти повеќе не се нервирам, не собирам во себе. И убаво ми е. Ама треба ти самата да го сфатиш ова.
     
    На Glowy, Luna91, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ама нели живее странство золвата?
    Што се замараш толку за некој што доаѓа два пати годишно...
     
  8. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Па што не ти направат твоите куќа де?
    Си направиле на свое дете, нека ти направат и твоите, не да очекуваш ојлевци дојлевци да ти направат, а твоите родители не ги спомнуваш.
     
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.448
    Пол:
    Женски
    Ја читаше темава или онака филозофирате.
    Никаде не побара дел.
    Неа ја нападнаа бидејки нема дел,а золва и има( што не мора да е точно)
    Е тоа е вистина ако ми треба брат,нема да му се обесам на врат.,
    Нема да му се мешам.
    Нема да му правам сплетки.
    Нема да му го гушам просторот и времето со неговото семејство.
    И тогаш ќе има и брат и спрат.
    Ако го тероризираш повикувајќи се на некакви имотни права нема ништо од тоа.(важи обострано)
     
    На Clear, Annath и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Не сум бездомник, имам куќа од мајка ми ама ние реновиравме кај мм.И не и завидувам на золвата, дека шета до 3 сабајле, тоа го кажав дека јас и чував деца додека одела по дискотеки ги оставала кај свекрва ми ама јас им готвев, во ред е да ги причувам ако има работа ама она да шета друг да и чува деца, затоа кажав така, и свекор ми мене ми кажува не и личи на жена сама во кафана, па јас со мм одам и тоа на ручек не одиме по дискотеки, што има мене да ми кажува, нека и каже на ќерка му.А за куќата не и завидувам, муабетот ми беше дека свекор ми и свекор и на золвата и направија голема куќа дека има каде да седи, не е без куќа
     
  11. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.215
    Допаѓања:
    2.523
    Пол:
    Женски
    Ама не ја знаеме приказната од другата страна. А според ова што прочитав свекрвата ги прави сите сплетки. Јас не прочитав дека золвата рекла братче јас еве пак дојдов ајде да пиеме кафе. Золвата можеби и не знае дека снаата вака се чувствува и дека сето ова и смета.

    @Anyshka нареден пат кога ќе ти рече дека жена не е за сама во кафана, само речи му да си го гледа неговото пред да искоментира за туѓото.
     
    На cresa-jagoda и Mantub им се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    И јас сега почнав се во лице да им кажувам, aма некои не сфаќаат.
     
  13. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Ама што потточно е твојот проблем? Не можеш да и забраниш да доаѓа кај мајка и. Единствено што можеш во овој случај е да разговараш со маж ти и да кажеш дека ти смета.
    И се согласуваш ти со свекорот дека не личи на жена сама да оди во кафана?
    Мислам дека твојот проблем е со самата себе. Не можеш да се помириш дека додека золвата си го живее животот на макс, ти изиграваш измеќарка дома. Опмети се побрзо, зошто никој нема фала да ти каже што не идеш по кафани и ти.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Читајте убаво, си имам куќа од мајка ми, татко ми е починат ама таму вложивме и мајка ми ни помогна, како бе така викате да ми направат куќа моите може немале, ако направиле на свое дете т.е. на золвата мм што им е на нив, не е нивно дете ?
     
  15. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.031
    Допаѓања:
    14.434
    Пол:
    Женски
    Жената на брат ми во иднина, така ли иде:rofl:
     
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Очигледно не сте прочитале дека мајка ми ја спомнав дека ни помогнала, татко ми е починат.
     
  17. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Маж ти е нивно дете, ама ти не си и не сфаќам што бараш од нив, ако веќе мајка ти е сама, одете кај неа и нема да се замараш ни со ручеци, ни со золва ти ни со внуци, а спратот таму ќе ве чека како и да е (нормално ако е на име на маж ти)
     
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Еве колку сум му рекла.
     
  19. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Кој рече дека барам дел од нив?
     
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.964
    Допаѓања:
    35.071
    Пол:
    Женски
    Се нека си земат ако сакаат .