Душо, се е тоа убаво, ама во некој друг свет што е фер, а овој не е. И од корен мајка ти да ви ја направила куќата, ако се води на име на свекорот- тие пари се во воздух. Додека немаш црно на бело дека ти си (ко)сопственик на куќата, таа куќа не е твоја. Утре може да и текне на свекрва ти да ти каже: не ме слушаш, ај оди си од тука. А и да не е свекрва ти, со маж ти може се да се деси. Затоа ти зборуваат за сигурност. Тоа што имаш куќа од мајка ти е среќа во несреќа. Да не се случило тоа со брат ти(жал ми е, нека почива во мир), ти и тоа ќе си го немала, зошто како што пиша ќе си го отстапела( па некоја снаа и тебе ќе те брка). Јасно е дека золва ти е без осет. Ама ништо не можеш, врзани ти се рацете, тоа сакаат да ти го кажат сите.
И јас мислам свекрвата ги прави. Може и ја вика ќерка и секој ден за да ги служи снаава. Ма немој со такви работи од праисторија. Па што ако не е нивно дете. Жена е на син им. Ќе ја почитуваат. Како бе вака размислувате,? Утре моите идни зетови да ги множам со 0, зошто не ми се деца. Тука одлучиле да живеат или сега поради принцезата золва која не може да се оддели од сукњата на мамичка не треба да живеат тука? За што и се врзани рацетеаман оставете го девојчево.Каков воздух ,синот ќе си има дел особено ако го правел спратот. Ако се во брак и имаат вложено во спратот објектот и тоа се докажува на суд,ако би ја избркале од кај го вадите само муабетов. Не знам зошто проектирате сопствена несигурност во советиве. Ќе си го средат спратот,ако имаат љубов и брак ке си живеат среќно. Свекрвата и золвата можат да се сликаат.
Тоа е точно дека ќе му отстапев ама он ми кажал уште пред да се мажам дека да дојде до било што нема да ме остсвел на улица, дури сакаше куќата на мое име да биде, ама тоа не значи дека ќе сум се мешала, плус имам од татко ми што му беше работилница 2 соби со ходниче и купатилце, во секој случај немало да останам на улица ако дошло до нешто.Имаме голем двор ако ништо друго едно собче ќе си направев .
Спратот не е ни на има на маж и. Туку на неговите родители, и прашање е на кого ќе биде препишан. Врзани и се, затоа што вложила куп пари и цела заштеда во нешто што не е нејзино, и никогаш нема да биде. И најголемата љубов на светот бледее без мир и разбирање. Моментално не смее да отвори уста, затоа што на сите “им се може” колку и да е нефер и нечовечки.
Мене ништо не ми треба освен мир, погрешно ме разбраа дека јас барам дел не ми треба, и тие што пишуваа како размислувам на брат да не зимам, ете така што ќе ми мене дел кога него го нема, сега се е на мене ама брат немам, што ми вреди тоа, и затоа не вложуваме кај мајка ми кога се земавме беше жив како јас кај мајка ми да правам а он тогаш беше тазе верен, толку души во ист двор не иде.Ета затоа се вложивме кај мм инаку кај мајка ми местоположбата е подобра за живеење сите дуќани ни се блиску, а кај мм далеку ни се и мора со кола .
Самото размислување е проблемот. Се задоволуваш со незадоволително. Зошто пак во собче би живеела при цела куќа на твоите? Прво, научи да се почитуваш. Најважно. Проблемот не ти е толку со золвата, туку повеќе со маж ти што не знае да си ја заштити жената и да постави граница со неговите. Затоа, разговарај со него. Потоа, притисни што побрзо да го средите имотните прашања. Спратот на маж ти( ако веќе не може и на тебе) да му се препише. Тогаш ќе имаш поголема слобода. Ќе бидеш поткрепена. За золвата, не си губи нерви и не си зимај при срце. Играј паметно и итро. На фин начин одјебувај ги. На смеа, на шала. Не знам што да ти кажам, на крај ако не можеш да издржиш, отидете кај мајка ти, и пак од почеток.
Па се нека земат ако тоа го усреќува, ние ќе си почнеме од почеток ќе си направиме, ама кога ќе легнат болни нека ги гледа золвата .
Да де, зошто во собче при цела куќа? Зошто брат ти доколку би бил жив да живее во куќа, а ти со собче во двор?
Ама зошто така размислуваш за себе си? Зошто во собче во работилница? Тоа е целата дискусија денеска, зошто сестрите да се воспитувани и во едно собче да седат и да не бараат повеќе од тоа. Така и золвата исто. Зошто да е погрешно ако доаѓа кај мајка и само затоа што се мажила. Па мајка и е. За двете вас истото важи. Ни таа не треба да осеќа чувства на вина што доаѓа во куќата на родителите, ни ти не треба да осеќаш вина ако "бараш" од куќата на твоите родители. А не собче од работилница во дворот.
Како кај твоите толку души не идело, ама кај свекорите идело? Прими сочувство за брат ти и одете кај мајка ти, само така ќе имаш мир, маж ти и онака не се замара како што пишуваш, си искача и те остава во небрано без да мисли како се чувствуваш.
Кога би дошло до развод Кога би дошло до развод, епа не иде толку души во 1 куќа да се стискаме .Работилница ама сега е соба и има плус кујна посебно колку 1 соба, ходниче и мало купатилце, тоа е посебно од куќата.Тоа би било доколку брат ми би бил жив да не му сметам .А сега се е на мене ама џабе кога него го нема.
Ама таа куќа колку би била негова, толку и твоја е. На кого да сметаш во своја куќа? Ај сама би била сега. Ама замисли со деца? Во собчето океј би било со две деца да живееш, пример? Викаш дека кај мајка ти е и добра локација. Па што чекате не знам.. јас би земала се што може да се земе, што е вложено. Ем мајка ти ќе си ја гледаш, сама е. Ем мир и раат ќе си имаш.
Тоа и мм го кажа ако дојде до нешто и да се иселиме од таму се ќе си земеме освен ѕидови и плочки ама и плочките ќе ги извадиме, нема да им оставиме нови плочки сега само што ни ги залепија во купатилото, ние сме вложиле и нема да им оставиме ново купатило.Спратот нека си го чуваат за ќерката .
Па едно паметно рекол. Дали спратот е на негово име? Ако не е, инсистирај да си го заведе така. А ти стварно почни за себе да гледаш. Дозволуваш да те искористуваат, научи се да кажеш не. Ти гледај си твоја работа, тие цел ден нека дремат ако сакаат.