Знае дека ми смета, едно вика трето прави, пример за неговиот роденден му беше пред некој ден и кажа сами ќе седнеме негде ние секогаш така сме правеле на ручек ило вечера, не сме славеле, ама свекрвица и дада замрсија конци и сите заедно си славевме, а золвата иако мажена со големи деца не не вика ни за роденден нејзин ни онака на гости си слави до другарки, да не има недоразбирање дека не сум љубоморна што слави со другарки, ама треба да размисли дека и мм нејзиниот брат сака да слави со жена и друштво.
Не, маж ти треба да размисли дека треба да слави со жена му. Леле дури не ми се верува колку малку го наоѓаш маж ти крив во сите ситуации
Сега почнав и јас така да правам, а ми каже свекрвица ајде кафе да пиеме и кажувам имам работа или ќе одам негде.Во ред е некогаш да пиеме кафе ама не секој ден, а зошто не каже ајде ќе одиме кај ќерка ми на кафе.Ама баш никогаш не не викнала золвата, знам дека не е за верување ама така е.И некогаш ако не викне свекрвица доле, не вика само кога золвата и зетот се тука, сами никогаш, ке ми нареди салата да правам, ќерка и кога бевме во заедница ништо не помагаше, ако помага на мајка помага, ама зетот и кажа слушнав си имаат снаа она ќе си средува, а на кого средува на нив што немаа осет по цел ден седеа, е сега кога си живееме посебно на спратови золвата ако стане да земе нешто свекрвица и викала седи сине не се мачи, аууу па мене мајка нели ме родила, и помага на мајка и, не се качила горе мене да ми помогне не ни сакам . Он е мумија, безгласна буква, повеќе глас има зет му отколку мм. Им кажувам неможам, мм е тој што не им кажува, што и да му кажат вика добро.Треба он да пресече, пример мајка ми ако го навреди со нешто јас ќе и кажам, така и он треба на неговите.
Тогаш на твое место јас би преземила во свои раце проблемот. Чим решите да излезите ако ве бара свекрвати и золвати ти излегви, маж ти ако не сака нека си седи со ними. Деца имате ?
Па, и тебе ти е слаб гласот. Повиши му тон малце. Викај им на сите не сакам, не можам, не сум должна. Имаш ли другарки? Излези со нив.
Е па размисли си со време дали вреди цел живот со мумија да го поминиш. Не е крива ни свекрва ти, ни золва ти крив е мажот ти што не знае да пресече и да каже кој му е приоритет во животот.
На золвица свекор и и направи куќа, зошто и сметале свекор, свекрва и девер, и сега не збори она со никој, а ваму кажува закони.Свелор и ако им направил куќа, дали треба да дреме таму?Туку пишав со внуците се гледа негде надвор не ни има клуч, свекрвица има клуч од кај ќерка сегде е главна.
Јас би се запрашала дали би раѓала во таа средина. Или чека тате да му каже кога да направи бебе на твојон?
Па и не напнуваат ајде, можеби имам проблеми, дури свекрвица кажа кај да одам на гинеколог заедно да сме оделе, а бе работава е чувај боже .
А мажот ти каде е во оваа приказна? Ти очигледно не можеш да му спискаш па крива ти е свекрва ти, золва ти, зетот.. Не душо, крив е мажот ти!!!
Сум му спискала, најчудно ми е што пред да се земеме им се спротиставуваал, не зборам во врска со нас, и кога не сум била таму не ги ни слушал неговите, си правел се по негово, ама сега како наеднаш почна повеќе да ги слуша неговите отколку мене, и кога ќе се симне доле кај свекрвица она му шепка нешто и како налутен се нешто му смета, ќе го прашам што му е он ништо, и после неколку дена ќе му се испушти како свекрвица му рекла сум седела внатре не сум се симнувала да седам со нив .
Бог да чува од самобендисани, себични луѓе , кои мислат дека светот мора околу нив да се врти. Такви се свекрвата и золвата во приказнава....очигледно успеале да ги убедат во тоа машките членови од семејството....едниот им се восхитува,другиот побегнал, третиов заќутел. Снајкава се обидуваат да ја скршат и од нормална и емпатична особа да ја спуштат на свое ниво. @Anyshka само дистанца од нив, бидејќи никогаш нема да се разбереш, ниту ќе ги промениш. Научи дека кога нешто не можеш и не сакаш,смирено тоа да го кажеш. Не се впуштај во доверливи муабети, во моменти кога ќе почувствуваш блискост со нив,бидејќи ќе ги искористат. Живеј си во она што со свој труд и пари си го создала со мажот ти и не се потресувај кој како рекол. Доволно ти е што секогаш имаш опција да не останеш на улица,а се што си вложила во таа куќа со чисто срце , ќе ти се врати на овој или оној начин. Не се трошат нерви на безобразни луѓе,чувај си се себе си, да не те претопат.
@Anyshka , како што сфатив золва ти во странство живеат? Колку време се останати тука? Ако живеат во странство, тогаш издржи, ќе си оди и тоа е тоа. Можеби сега зошто е дојдена, свекрва ти сака да помине многу време со неа.
Страници наназад кажува дека им готвела, ги слушала што ќе кажат, сега кажува дека не ги слуша. Едно исто го повторува како папагал, свекорот и сверквата и направиле куќа на золвата. Ок, и што те засега тебе тоа? Што она има свое а ти немаш. Јас мислам дека е време да си го седнеш мажето и да си направите муабет што понатака. Ама судејќи по муабетиве и нему му е убаво во присуство на дада.
Па не поставува правила, и сметало, а богами и има право да и смета. Да живее едната ќерка привремено во заедница со мене ,а другата која би била со свој дом и семејство да доаѓа секој ден и зетот да ја служи тоа ќе значи дека дебело сум промашила во воспитување. И брат ми живееше привремено во заедница со моите (им се реновираше станот)па не одев секој ден кај мамичка знаејки дека во заедница се,имаат право на приватност,а не па уште и да ме служи снаа ми. Па криви се.Безосетни искористувачки. Мажот и не е единствен кривец. А очигледно е дека човекот има ниска самодоверба ,што не е ни чудно со доминантнава мајка и сестра. И што треба сега да се разведат? А бракот им е добар. Не ,ќе си најдат начин да се справат. @Anyshka Што било досега,било, кога ќе завршите спратот кај вас,малку поитро оти со прости луѓе имаш работа,а маж ти го држи свекрва ти во шака. Само внимавај.Со маж ти не се карајте ради нив. Познавам пар кој ни беше близок и кој поради наметнувања на свекрвата и две золви кои истово го правеа што го кажуваш,се разведоа. Тие ликуваа. Се ожени пак но тогаш се свесна,ги откачи сите три топтан,рече еден брак ми уништија ,вториот нема. Првата снаа 5 деца им чуваше од сестриве. Ручеци ко тебе им правеше зошто нели принцезите золви имаат право да реметат сечиј мир поради тоа што пораснале тука.
Јас сум се обидела да бидам на дистанца си нив, не сум се карала, едноставно кога мм не бил во мк сум си седела на спратот не сум излегувала во двор да седам, и одма се жалела на мм зошто сум седела внатре, зошто не сум се симнувала доле, па јас не се омажив за нив.Толку заостанати сфаќања имаат дека снаата мора да седи со нив. Точно е дека го држи во шака, иначе на спратот сме 2 год сами, си направивме само кујна и дневна и седевме така, потоа спална, сега еве купатилото ни е при крај и ходникот, а ако не е мое зошто свекрва ми запнала да вложиме во фасада ? Порано кога живеевме во заедница им готвев, сега не.
Според мене се дури не му препишат на маж ти на името спратот да не вложувате во фасада. И според мене ти не треба да се мешаш во поделба на имотот, како ќе си го поделат тие така. Само на маж ти ќе кажеш дека не ти се вложуваат пари во нешто што не знаеш дали ќе биде ваше. Друго е гарнитура ќе земеш ќе ја пренесеш на друго место, а фасада да правиш тоа е скапа инвестиција за нешто што не знаеш дали ќе биде ваше.