Тоа што тие мислат е нивни проблем. Нека се жалат, а ти како ти одговара во моментот,така постапи.....само немој да се инатиш...на маж ти кажи му дека ти е здосадено да губиш време со кафиња...најди си некоја работа што те исполнува и нека ти биде вентил. Полека, без нервози ,ќе се навикнат ако си доследна.
Ве напнува да ставите фасада на вашиот стан/спрат? Кажете и кога ќе имате пари ке ставите,сега имате други приоритети. Браво штом сте успеале постепено да направите живеалиште. Ти работиш?
Свекорот им дал дозвола да градат. Кој ке им оспори дека е нивни?Кога имаат доказ дека сами го граделе?
Зашто така и одговара. И тој е послушно мајмунче. Наместо да вложите во сопствен дом овде те тапшаат дека си правела свое живеалиште. Работите се твои да, ама каде со нив ако останеш на улица?
Усна дозвола им дал? Може свекорот “го градел”? Каков доказ имаат? Може да им дозволи свекорот и замок да изградат на негов имот, ама ако не се води на нив, џабе е.
Плочките ќе си ги земеш? Фасадата? Ѕидовите рушени и трудот вложен од корен да се изреновира? Ќе пасува ли кујната во другата куќа? Не е така. И друго не ми кажа, золва ти во странство живее или не?
Дааа бе што ќе кажат комшиите ако се врати кај мајка или за тој ако е домазет. Болни ќе легнат сите Пред да пишете нешто мислете
Мирот нема цена. Сигурноста нема цена. Имала и куќа од мајка и, сама живее жената. Ем ќе си ја гледа мајка си, ем ќе вложи во непто што знае дека е нејзино. И подобра локација било, и мир, и сигурност.
Па не можеш да градиш на туѓ имот ако немаш дозвола.Очигледно им дале. Дали имаат дозвола за спрат и на кого гласи,незнам. Ако немаат ќе си го префрлат и средат се кога ќе го завршат. Не сфаќам зошто ја напнувате со ова. Вложиле во свое живеалиште ,живеат тука и што сега ја советувате да земе кредит и да побегне. Па возрасни луѓе решаваат проблеми не бегаат од нив. Нека си живеат раат сами ,овие на игнор и толку.
Што изводиш? Каде реков “што ќе кажат комшиите”? За нејзино добро кажав. Место спратот можеле таму да средат и мир ќе имаат. Пред да ме нападнеш размисли два пати.
Немаат никаков доказ дека гласи на нивно име спратот. Моментално се е на свекорот. Ќе реновира нешто и ќе вложува на жими мајка? Може ќе му текне утре на золвата да го препише спратот, и ќе остане со прстот во уста. А и да го препише на синот во најдобар случај, пак она лично нема право на него, туку маж и, затоа што се води како наследство.
Така лесно ќе го дадат спратот ко лижавче на дете мало. Мирот и здравјето немаат цена. Се ова се одразува.