Значи она седеше уште кога не беше во странство отидена нон стоп кај мајка, маж и беше сам, ги повлече неа и децата за неполна година 4псти дојде во мк таму неможела сама и еве сега нема да одела ќе си седи во мк епа тука мајка ќе и готви, само мажот и ќе одел .И за тие 4псти што дојдоа ние според нив си го организиравме времето они кога ќе можеле доаѓаа, ние кога сме биле слободни о Епа и јас за тоа се нервирав не дека ми сметала, децата кај мајка јас ги чував, а она блиску живее си идеше на нокти, кафиња итн.Некогаш може да и ги причувам ама она нон стоп ги оставаше по неколку дена да можат со маж и да одморат.
Не те нападна, кажа жената иронично. Членката со проблемот кажа дека тие кога за стан спомнале, старциве се кренале во стилот каде ќе одите на волкава куќа, а за домазет сигурно вени ќе исечат. И ова е многу реално овде и не е за неверување, оти и јас си имав со исти такви работа во минатото.
Епа еве исто, ама мајка и ќе ги чувала нека ги чува не ми смета нема зошто да се нервирам јас само од љубов и си гледам моја работа ако видам и гужви чаоо излегувам си шетам.
Да имаше добар брак ќе се напишеа милион страни? Каков е тој добар брак со маж што не може да се натера да и каже на мајка му дека жена му не може да прави ручеци за 8 души? Таквиот драматично ќе корне плочки од купатило ако треба да си одат? Цело време ги зборуваме свекрвата и золвата. Мажов во 2 и пол коментари се спомна. Во животов ќе излезеш надвор и ќе сретнеш милион луѓе што ти се понашаат. Не можеш да очекуваш од сите да се прекрасни само за тебе да не ти се ремети мирот. Некогаш треба да научиш сама да си го земеш мирот. Вложување пари во куќа што не е твоја е огромна грешка па сакате вртете го од сите страни, романтизирајте го, погрешен потег е. Ќе докажувале на суд, нема грешка. Ако умрат старите, само молете се да не и текне на золвата да побара од спратот. За докажување на суд треба луѓе што не се плашат што ќе кажат комшии и што се борат, а не што одма стануваат да прават кафе ако некој им побара. Реков не коментирам веќе, ама не можам да поверувам во какви услови живеат премногу жени. Спратот е на твое име? Не. Нема вложување пари. Препиши го на мое име и ќе вложиме. Нејќеш да се мажиш во заедница? Ама запнале да се земиме. До утре нека запнуваат, ако ти уште пред свадбата си свесна дека свадбата е грешка во моментот. Манипулирање, не знам што, сите изманипулирани, сите раскарани од страна на золвата. Како може золвата да ги скарува сите? Јас стварно сакам да ја слушнам и страната на золвата. Ставаш трн во здрава нога и трнот е крив. Сите правиме грешки, ама упорно и упорно да не прифаќаш дека ти самиот си направил грешка и дека мажот има најголема вина, а не свекрвица и золвица, се подложуваш сам себе си на живот со нервирање. Ќе ти олесне на 10 минути ако ги накривиш нив, ама пак животот ти е ист. Жени со истиот мајндсет ги пишат темиве цело време - золвата била мажена што бара да доаѓа, а живеење како домазет е срамно. Ај ќе се праиме дека не живееме во држава со такво воспитување, не е тоа проблемот, проблемот се золвиците. Во ситуацијава го средуваш спратот пошто веќе е почнат и се учиш да одбиваш ручеци, садови миење, седенки по 5 саати, чување внуци. За жал нема магично решение, мораш да научиш да одбиваш дури и по цена да се лутат, мораш да издржиш, за утре твоето НЕ да го почитуваат. А друг пат, ако сметаш дека е мажењето е грешка, во 99 посто ќе ти се докаже дека стварно било грешка. Ако веќе се мажиш, не вложувај ни денар на место што не е твое. Не знам дали сте свесни колку често се дешава ова, мислам дека некои имате доживување ко да е 1 случај во милион. Пречесто се случува жената да вложи се што имала, да се разведе и со децата да оди под кирија зошто вложеното останало на мажот, а куќата на родителите ја користи братот со неговата жена и децата. Дааа, со братот многу се сакате и љубите, јасно ми е. Ама на братот ќе го боли да му ја растури детската соба на детето само за да се врати сестрата. Па кога ќе му се наруши бракот со жената и тоа уште повеќе ќе го здоболи. Па кога ќе се врати сестрата со нејзините деца, па гужви, па фрустрации, па кој го испи млекото. Охо колку браќа го прават истото. Јас најмалку 5 случаи знам. Ако се сакале со мажот љубовта ќе била доволна. Бајки. Ко жена свесна си дека утре кога ќе забремениш може работодавецот да те избрка од на работа и ништо не можеш да направиш пошто си во Македонија. Треба да се држиш цврсто за парите што ги имаш заштедено или наследено од твоите. Не да и поклониш спрат на свекрвата. Ама ајде се десило. Нема поента да се нервираш за минати грешки. Сега и овде што можеш да направиш? За старт - почни повеќе да се нервираш со индиферентноста и послушноста на маж ти, а помалку со свекрва и золва. Смени го правецот на обвинување, па ако тој сфати дека бракот му страда заради НЕГО, може и ќе превземе нешто.
Јас така ја сфатив и никаде не кажав дека е нереално. Сите сме имале искуство некое,горе- долу слично. И добро знам што им е намерата на старите на Анушка. Ама она што долго го криеше е дека сестрата живее во странство и тоа ја менува целата приказна. Кога е таква работата треба да се има разбирање. Сака да седи со мајка и и брат и. И ја би и сите би. Ама тоа нема да и го реши проблемот со мажот напротив ќе и се трупа. Треба да го седне и да му постави граници. Ако не сака да пие кафе со золвата - не мора. Ама толку страни се испишаа што не верувам дека нешто примени.
Дали за се се спротиставувате на вашите родители, браќа и сестри кога доаѓа до разрешување на кавги меѓу нив и вашиот сопруг? Не мора кавги, критики, било што. Јас, само колку пати сум застанувала во нивна одбрана. Би сакала да кажам дека сум пристрасна, но не сум. Од друга страна, и обратно, секогаш сум го штитела сопругот. Само запрашајте се како вие би постапиле во таа ситуација, ако се работи за ваша фамилија. Единствена грешка ја гледам во ситуацијава, е што снаата премногу се ориентира што ќе каже свекрвата. Тука сме многу различни. Јас сум фина, додека некој е фин со мене. Во моментот ако почуствувам дека нешто не е во ред, прво кажувам на мажот, ако и тоа не успее, ќе се обратам лично, само се уште не дошло до тоа. Не е толку крив мажот колку што е меѓу два огна. Зарем вие заборавате од каде ви е потеклото, кога ќе се омажите? Сите си ги штитиме сопствените фамилии, сакале да признаете или не. Снаата е таа што треба да пресече до кај и лимитот на стапнување во нејзината комфорт зона. Ако маж и бега по 5 минути кафе, ќе бега и она. За ручек, намерно би ја рчкала свекрвата да части кафана, бидејќи ноктите ми се тазе направени. Колку повеќе неспособна би ме гледале, по раат живот би имала.
После ова мислам дека стварно нема што да се искоментира. Ако сака да сфати- ќе сфати. Ако сака да прифати најобјективен и најдобронамерен совет-ќе прифати. Ако не сака, ќе си тера ко до сега и ќе се нервира и ќе си бара оправдувања. Толку.
Потеклото нема ич врска. Треба да си праведен во животот, се друго е оправдувања, немање храброст, вртење ко киша око крагујевац. Маж ми ако ги навреди моите ќе му се спротиставам. Моите ако го навредат маж ми ќе им се спротиставам нив. Ако свекрвата и свекорот ме навредат, очекувам маж ми да не преќутува. Ако јас ги навредам нив, ох да, нема да ми е пријатно маж ми да ме соочи со мојата сопствена глупост, ама треба, пошто ако очекувам праведен однос од сите, треба и јас да си излезам од главата и да се понашам праведно кон сите. Зарем мали деца да сме, па ајде да бидеме нежни, да преќутуваме и да пикаме проблеми под тепих. Никогаш, ама баш ни еднаш не сум оставила да не реагирам ако моите го навредиле маж ми. Го очекувам истото од него ако неговите ме навредат. Баш ми е криво што мислите дека сите живеат со ќутење, само не признаваат. Реакцијата ми е соодветна на тежината на навредата. На маж ми исто кон неговите. Резултат - ни еднаш немам пишано по темиве за совет. Свекрвата ми е една таква жена, ако и дадеш зелено светло, не знам до кај ќе оди со навредување и контролирање. Јас сум со нејзе на формален однос, и тоа тој формален однос таа си го доби од мене после една навреда што според работиве што ги читам по темиве, е пи*кин дим. Ако моите го навредат маж ми на ист начин и тој одлучи да се дистанцира од нив - никогаш нема да му замерам. Убаво кажа некој поназад - што си дробиш тоа си сркаш. И за нашите родители важи истото, па колку и да ги сакаме. Ако навредат, мора да ги сносат последиците. Ако не сум јас праведна кон маж ми, со кое лице ќе барам од него утре да и постави граници на свекрвата?
Заборавив дека некои функционираат совршено и по книга. Но, не секогаш постапуваме како што мислиме, како што ситуацијата налага и како што очекуваме. Истото важи и за другата страна, реалност спроти очекувања. Нема врска што немаш пишано во темите за совет. Што може некој непознат да ми каже, ако јас не сум спремна да променам нешто или пак веќе не сум го воочила. А и како би побарала совет ако имаш такво размислување, после ќе испадне, па нели Mantub ти вака размислуваше
Кај мене свекрвата не вреѓа толку, ама знае да префрли од околу, дипломатски, ама свекор ми не гледа ни мајка ни шајка ме понижувал пред луѓе, и како јас да ги почитувам? Да, тоа што си дробиош тоа и ќе сркаш.Мајка ми ниту еднаш не го навредила мм и не го понижила ниту татко ми додека беше жив ама убаво пиша ако го навредиле јас сум таа што ќе им се спротистави ако ми се родители, јас сум им ќерка нема да ми се налутат, истото и мм треба кога ме навредувале он им е син јас снаа мене ќе ми се налутат .
Ти ко во некој паралелен свет да живееш. Или си исфрустрирана золва. Да сумираме. Мажената золва со свој дом нема право да кисне секојдневно на ручек во куќа на нејзините родители ако брат и и снаата живеат во заедница таму и придонесуваат во таа заедница и секако имаат право да бараат мир. А ако веќе доаѓа секој ден. Ќе се најави,па ке оди. Не оди дома. Таа има свој дом. Дали ќе добие дел во таа куќа,или ке се смета за дел тоа што нејзините и направиле куќа,а оваа ќе му ја остават на синот е исто нивна семејна работа,а не правило. Исто така Кој и каде вложил е негово.Ко за се во животот некои влогови се исплаќаат, некои не. Во случајов Анушка ништо не губи. Има и кај да се врати.
Ќерката нема право да оди кај мајка си дома, повикана?????? Се слушаш што зборуваш? Тука единствено што нема право е да се лути ако снаата не седи со нив. Не е правило ни дека спратот ќе биде препишан на име на маж и, а не на золвата. Фер би било, ама правило не е. Што сакаат можат да прават, а да вложувам во нешто што не е мое, е ништо друго освен една голема глупост. Ајде да се молиме дека ќе искочат фер стариве и дека се ќе биде во ред. Ама цеч живот ќе живее во грч. Сега зависи од свекорот, утре ќе зависи од мажот(во најдобар случај).
Секое второ мислење и е "сите погрешно сте ме разбрале", а всушност ова и е маката од старт, џабе тупи на 60 стр
Што и е маката? Старите инвестирале во куќа на золвата. Како што некоја членка кажа погоре, во другата тема ќе се по тепате за еднаква поделба ма имотот небитно ќерка/син, а овде што???