Значи не беше некоја караница па да си кажат било што,тоа би го разбрала.Бевме на матура,сите собрани откај нас да појдеме,свекорот и свекрва ми беа по цвеќе и вино,а јас и мојот тркнавме до продавница,јас се вратив порано,а они не ме слушнаа кога влегов.Слушнав прво како она го молеше да го ислуша,и плус други работи кои се дешавале а на кои не им ја знаев позадината. Ми се гади од се што чув,и од тоа како може да трпи само за да докаже на нас дека и е се во ред! Точно дека не е мое да се мешам,затоа си молчев.За него сликата ми се смени,поготово кога слушнав што зборува за нас а што за сестра му.Мислев дека ме почитува,дека она е лошата а не он,ама он добро глуми изгледа.Со него имав супер однос,попрво се слушав со него на телефон ,него со неа. И мислам дека таа нема да каже дома.Мислам дека ќе трпи.Она е таква гордоста нема да и дозволи. И да,во право сте,да си седам мирна и да не се мешам,оти јас ќе испаднам крива-тоа е непишано правило Иако навистина ме загрижува сето ова
Мене ми е ,,бљак,, да појдам на гости и да го молам да ме ислуша што имам да кажам т.е да се караме па уште во туѓа куќа . Проблеми се решаваат на маса дома а не по туѓи куќи и онака успат. Дефинитивно си имаат некој проблем. Па и нормално е бидејќи се тазе во брак па малтене се учат на заеднички живот. Сите очекуваме во брак 100% посветеност од страна на партнерот а ги забораваме другите обврски кои си го чинат своето....а тоа не можеш таму да одиш е чиста љубомора и себичност. Гордоста и инатот кога тогаш ќе ја коштаат во животот, ќе се свести некогаш. Ели, гледај си ја твојата куќа
Добар совет. Иако многу тешко би било тоа, сепак не мешај се. Освен ако тоа од тебе не го побара золва ти. Како што велат старите, седи мадро да не биде модро
И од мое мислење е да не се мешаш во проблемот на золвата,и со најдобра намера пак ти ке испадниш крива кога ке се расплети проблемот навелико и нашироко...Најчесто луѓето бараат кривец а не решение на проблемот па најлесно им е да го посочат туѓиот...Подобро седи си настрана и мирувај а ако ескалира проблемот твојата золва сигурно ке се пожали...
И мојот совет е да не се мешаш во нејзините проблеми. Едно да е слушнеш нешто а друго е да знаеш како е навистина и што точно се случува во нивната куќа. Кога таа не се пожалила ти што можеш тогаш. Ќе мисли дека сакаш да и го растуреш бракот, дека и си љубоморна а ако твојата намера е најчиста и најдобра. Нема да те сфати онака како што ќе очекуваш да бидеш сфатена. Проблемите ќе ја натераат да мисли на се и сешто. Ти онака пред вереникот си чиста, тој не знае дека ти знаеш нешто. Терај си како ништо да не си чула. Ако дојде до некаков проблем ти сигурно нема да кажеш дека си знаела и си молчела. Прв пат да сретнам на форумов загрижена снаа за золва.
Јас не знам како ќе ме сфатите ама од мојата т.н. идна золва ми се гади. Отсекогаш била размазена, разгалена и сега е мажена и сеуште се однесува така. Сите нејзе мора да и удоволуваат што сакаа таа. Колку и да ја игнорираш понекогаш може многу да те изваде од такт.
Нема потреба да те загрижува ниту да размислуваш за тој разговор,прависе дека никогаш не си го ни чула ilent: ,бидејќи ако се обидеш со неа да разговараш,таа ќе те замрази кога кај нив ќе се среди ти ќе бидеш онаа која е за се виновна .Само кути си и гледај да ти е добар животот тебе,нормално разговор и со нив меѓутоа се во граници,над граница тогаш следат проблеми...Поздрав
Имам золва ама немам некој посебен однос со неа.Искрено многу ми е далечна.Ретко одиме едни кај други,иако таа почесто навраќа.А никогаш не вика да возвратиме посета.Кога ќе се видиме обично кај свекрвата,почнува со нејзините жалопојки како многу работи, нема пари..а мене само ми се провлекуваат нејзините муабети низ уши.Сосема нормално е за неа да не си го намести креветот,да не помогне во ручекот,или не дај боже да измие садови.А најмногу ми е криво што ми е должна поголема сума пари веќе со години,и не ги ни спомнува.А си купува скутер.кола и си праќа децата на одмор .Навистина не знам како да се однесувам,кога ми е некако непријателски расположена.Се омажила млада и нејзините деца се многу поголеми од моите,и тие некако не можат меѓу себе да најдат заеднички јазик.А баш ми е криво ,сепак се најблизок род,од моја страна немам никого.
Јас и золвата сме си генерација Она и мм никогаш немале близок однос, затоа сега јас сум и сестрата што ја немала, а јас си најдов утеха за мојата сестра што се омажи во странство
За мојата золва не ми се верува дека на тие години некој може да биде толку големо дете. Значи се што прави го прави без малку да размисли што ќе каже што ќе направи дали ќе навреди некој, и јас секако не смеам да и замерам за ништо, нели таа е таква и јас морам да ја прифатам. И еве ја прифаќам се трудам ги игнорирам сите нејзини глупости, ама ако направиш нешто што таа не го замислила така или и кажеш нешто со најдобра намера се лути се бега се трескаат врати. Љубоморна е за се и сешто не се ни труди да го сокрие тоа. Супер е додека и го правиш кефот. И најчесто сме супер бидејќи знам како треба со мали деца Буквално дете од 4-5 години. А има години во кои веќе и таа може да има свои деца на оваа возраст.
Ваквите луѓе порано ме нервираа, ама сега научив како треба со нив. Терај им го ќеифот, дели им комплименти, фали ги, и супер ќе си поминуваш. Кога ќе се лутат, удри на мајтап, уште повеќе ќе ги изнервираш. Можеби звучи малку грубо, ама нема друг начин со нив. Убаво си кажа, исто како со дете. Иако со дете повеќе ќе се разбереш.
Не дека нешто ми е гајле,ама чисто онака да ви кажам Золва ми е трудна,со стомак до заби,а не ми кажала до сега Никој ни да спомне.Сигурно е 4,5 месец,значи месец и нешто се немаме воопшто видено,и апла ептен се познава. Типична малограѓанштина бе,и повеќе не коментирам,само ќе се почудам уште малку
Можеби имало на вести на Сител,а ти не си видела? Се шегувам,будалче,тоа ли ќе се нервираш,не ти кажале,ти е гајле,не ја ни прашувај.Кога ќе ја видиш не и спомнувај ништо околу бременоста,прави се на Тошо,а кога ќе ти спомнат ,само направи наивна фаца и прашај-како,трудна е, ,јас пак мислев се здебелила
Да пукнеш ме пресмеа Си замислувам фаца ,,лелеее стврнооо, па со среќа нека е, несум знаела,, Ќе здоболи дека знае и е очигледно видливо а се прави будала- на Тошо
Така,ами како.Се се тоа учи со тек на години.И јас се нервирав во почетокот,вака како сега младите снашчиња,ама....Се пожалив еднаш на моите и знаеш што ми рекоа:Абре ќерко,за тоа ли те чувавме,школувавме,не си од планина дојдена па да не знаеш како да се поставиш,а притоа да не ги навредиш?И бидна. Каква брада ,таков и брич.
Хелоу лејдис. Ај еден совет како да постапам понатаму. Имено, золва ми на мојот роденден не ми дојде со следниов изговор: е што ќе доаѓаме, стари сме ние веќе, седете си вие уживајте. Следните родендени (на мм, на свекрва ми, свекор ми) на сите беа присутни со подароци. Денес неа и е роденден. На мм јасно му кажав дека не сакам да одам поради таа причина, нели стари сме? Е сега, кога им рековме дека не одиме, ете ти ги они дојдоа кај нас, со чипсови, сокови, пива и слично.И салата од дома донесоа . И едно влегување низ врата, одма рече: ти не сакаш да дојдеш оти ние не дојдовме на твојот роденден, ама ете ние ви дојдовме со се јадење. Јас само се насмевнав и се направив како да не слушнав. Вреди понатаму да разговарам на таа тема? Зошто врти сучи, излегов јас виновна Таква сум, се си ставам на срце... Ама што да правам, сеуште сум навредена од неа за мојот роденден.
И јас да сум на товое место исто би постапила, исто би се чувствувала... Ама ич не се замарај гледај и ти во наредна прилика изиграј опасно и мудро. Кога може таа можеш и ти. Дури и би се налутила, според мене не сакала да дојде на твојот роденден или намерно го направила тоа. Значи стари сте биле за родендени, а кај свектва ти и свекор ти, сопругот трча со подароци Не знам како не и било срам така да ти рече, па уште и мезе си зеле Си требала да им речеш не требало да се трошите, ние ќе купевме се, ако сме стари за родендени и подароци -за јадење не сме.
Блонд,од авион се гледа дека е намерно. На таквите како неа,само спуштање ниско или игнор. Јас би ти рекла игнор.Со тек на време ќе биде.Гледам по мене.На секој нејзин коментар се трудев и јас да вратам слично,а сега не ни перцепирам.Очигледно е болна по внимание,а нека не го има вашето,е тоа ќе ја спушти ептен.
Не знаев каде да прашам, па ајде овде. Како би го сфатиле да ви го каже ова мажот на золва ви, при првата прилика да сте на само неколку секунди: "Те сонувам последниве 3 вечери,псссст не кажувај на никој." ???