Не инвестирале они, туку свекор и. Едит. И да инвестирале, она пак нема право да и бара на золвата дел. Тоа што инвестирала е нејзин проблем
Жени, девојкава не бара ништо, аман. Ете со тек на време соба по соба си средуваат и крај. Барала та барала. Маж и е муле, она е лошо воспитана што досега ги трпи. Толку е проблемот.
Дечки да не се лажеме,нееднаквата поделба боли многу.Точно е дека родителот има право да препише на било кој,дури и да го поклони на некој од улица.Ама нели е фер кога веќе гледаш дека инвестираат се мачат да им речеш дечки тука бидете додека тргнете некој денар на страна ама куќава не се знае кој ќе ја добие.Исто така и голем проблем е кога некој живее во таа куќа и инвестира а после препишување на куќата некој си доаѓа на готово и му се дава пола.Тука најголема вина имаат родителите што не кажуваат од старт кој што добива,и да си на чисто,и со папири и со се. Ама Македончето е навикнато така,демек ќе ги држам децата тука да има кој да ме чува а после смрт не ми е битно.А битно е и те како.
@Mantub Ако не треба да дава снаата ниту денар од своите пари за реновирање на спрат кој некој и го дал да живее бесплатно, оти утре нели може да се разведат и да треба да се докажува на суд...дали тоа значи дека свекорот и свекрвата треба да и наплаќаат ќирија? Ако снаата си го цени својот денар и не го дава дури нема црно на бело, зошто и свекорот да не и наплаќа ќирија пошто утре може да и текне да си замине, а им го реметела мирот неколку години и го користела спратот во кој тие пример можеле да го користат ко теретана? Не велам ни дека треба ни дека не треба да се даваат пари за реновирање. Секој треба да си ја знае ситуацијата, колку коже, колку не може, кои опции ги има, колку браќа и сестри се во игра, како и кога ќе се дели да се праша... Инаку и сами да купувате стан пак можеш да заглавиш и да изгубиш пари ако земете кредит и се разведете за брзо.
Па НЕ САКА да и го земе спратот кој што го средува. Логично е, нели? Или за инает, не е логично. Старците рекле при оваква куќа, каде стан да купувате. Тоа дали е за послушување стари или не, е друга работа. Ама битно они ги потегнале конците. Еве, @simona_baby кажала погоре што би кажала и јас. На крајот, секогаш збирките меѓу децата се од старите. Секогаш.
Како може да и земе на золвата спрат кој она и маж и го градат и опремуваат. Золвата, орев може да добие од тој спрат. И има право снаата да си бара дел. Золвата може да си бара од родителите што инвестирале и купиле. Освен ако нелегално кренале спрат, се плаќаат комуналии. Кога золвата ќе ги плати и кога ќе збрца шајка, ќе се понаша како шериф. До тогаш има право кај родителите да си оди и да им бара на нив кафе и ручек, не на снаата, која ја нашле наивна и на глава и се качуваат.
Цццццц , па мене немало да ми наплаќаат кирија, туку на синот и он живее во таа куќа, знаете ли што кажувате ?Јас си имам кај мајка ми, цел спрат го реновиравме од корен и уште кирија да плаќам ???На крај краева на нив ќе им остане на готово зошто да плаќам кирија и мајка ми што ни помогнала ќе вложела кај неа барем мир ќе имав, ама ете судбина .
Друга е ситуацијата. Сакале они во посебен стан, ама свекорот-глава на куќата, ги спречил, со изговор кај ќе идете при толкава куќа, треба некој да не чува кога ќе остариме. Значи, и они имаат и очекуваат корист-нега од страна на снаата. Така да муабетот со киријата тука се израмнува со негата и лекувањето кога ќе остарат. А за влогот, и те како треба да си е правно изрегулиран, ама кај нас тоа срамота е.
Спратот не е твој. Си се запнала ко стап за гз, твои се стварите. И страшно те боли што золвата има своја куќа на свое име,а ти немаш. Не се криви луѓето ништо,до тебе е. Очекувања до плафон.
Што уште чека ручек од мајка и децата и ги исчува, се омажила а не била способна за ручек и деца гледање.
Сама си крива што си прифатила децата да и ги чуваш, затоа те играат како сакаат. Наместо да ја гледаш таа што прави,погледни се себе… преиспитај се,промени нешто.
Не ми се верува колку сте наопачки настроени кога сакате да поентирате. Додека вие сте многу 'либерте' и сметате дека секој може да си доаѓа кога сака, колку сака, еве јас сум реална и кажувам и овде и во реалноста - сестра да ми е, НЕ САКАМ ДА МИ ДРЕМИ КОГА ЌЕ И ПРДНЕ И КОЛКУ ЌЕ И ПРДНЕ. Ама јас од лошите сум. Вие сте ферчини
Ја кажувам вистината .Не е навреда.А снаата ако не прави ручек срамота било, а за золвата мајка што и прави се уште, не е срамота, и золвата е снаа, а снаата е ќерка некому. Па свекрвата има клуч од туѓа куќа кој не стапнува таму?