По мислењава добивам впечаток дека има многу невоспитани и жени без култура. Родителите ми живеат сами во куќата кај што израснав, па никогаш не сум им се тупнала ненајавена. Може си имаат нешто испланирано, обврски и сл која сум јас да им реметам мир? Плус тоа никад не сум се тупнала со денови мајка ми да ми мисли за јадење и чистење. Таму сум израснала, но тоа е сега нивни дом, таму си наоѓаат мир. Исто како јас во мојот. На што личи тоа секој втор ден клепни се без најава и давај им обврска да ти мислат ко за мало дете? Ги оправдувате золвививе и не сте ми јасни. Без разлика дали имаат брат, снаа во таа куќа или не, треба осет да се има зошто веќе тоа не е нејзин дом. Имала право, па имала право ко навиени. Има право ама нема осет и култура!
Јас мислам и на мајка ми би и била досадна секој ден по цел ден да и седам. А недај боже па мене некој да ми седи.
Очигледно се и они золви без осет, имала право па имала запнале па нека земе се цела куќа ако ја усреќувса тоа .
Е убаво… ко што се скарани, и не му даваат на човекот да си ги гледа внуците, ќе се заинати и нема да им ја препише куќата, па ќе ти тропне золвата на врата да живее со тебе, во “твојот” стан во кој што си вложувала. Да не ќе ја избрка мама? Ај гледај среди си ги имотните состојби, нека му го препишат спратот на маж ти, за друго спас ти нема..
Едно решение имаш... Ќе го седниш тој лиглото шо ти се нарекува 'маж' и ќе му кажиш што се' ти смета, што сакаш, што не сакаш и ако не смени нешто за брзо, замини си. Па нека му најди после мајка му жена, или уште поарно, таа нека му биди! Колку шо разбрав, немате дечиња. Немој да те лажел умот да забременуваш, дури не си ги средиш овие прашања. Со дете, ова сега што го живееш, ќе биде х1000
Секој ден му зборам џабе, свекрвата е нај крива, нон стоп трубии една ти е сестра, па нека не се женел и крај, со мене треба фамилија да створи не до сестра.
Не е крива свекрва ти. Тој е лигло. Шо се женел ко не е способен да створи организирана заедница со сопругата? Нека си седел беќар. Замини си чоек. Не се заебавам Нека одбери шо му е помило говнарот!
Ок се чудам како не ти се здосади цел ден да се правдаш на форум И сега според тебе кое решение е најдобро ? Што мислиш да правиш?
Ако е маж ти е созреан и дораснат никој не може да му труби! Целиот проблем ти е со него. Седни со отворени карти и реши. Џа или бу, друго чаре немаш.
Па тебе тогаш ти е проблем зошто кажала. Нека си збори, нејзина работа, чим ти и маж ти не ја слушате, ич не се замарај. Глеј си животот, таа нека си кажува колку сака.
Не се правда. Не знај шо да прај. Се осеќа ко во затвор. На сите овие муабети, мислиш дека е човек кој лесно би се одлучил за развод? Па и да си најсамостоен и најјак, ќе се мислиш дали да си отидеш. За нејзе најдобро би било да си го среди бракот. Тоа сака. Ама овој нејзиниот, ко шо е пластелинче во на мајка му рацете... тешко...
Делот кој не го разбираш. Да ,мажена е,има семејство и своја куќа. Мајка и/свекрвата не живее сама,па ќеркава /золва има неприкосновено право да се тупнува секој ден на ручек. Живеела во заедница во која придонесувале син и и снаата,оваа наивна жена што ја малтретирале да им прави ручеци. Штом живееле во заедница ,треба осет да се има. И култура. Во најмала рака да се најави. Глумат лудило. Не би трпеле никого.
Ама ако ќути полошо ќе станува мора малку да отвори уста да кажува што сака а што не Мислам не е живот она ним се да им токми а таа нервози и болести да си става во неа
Абе нас јасно ни е, нејзе доправа и' се разјаснува. Проблемот и' е со мажот. Ако тој не знае да постави граници и да формира примарна фамилија, таа и да вреска и да црка, тој пак ќе прај ко шо ќе му речат и ете ти пак кавги. То е оти ги учат женските деца дека 'ќе си одат', а машките 'ќе донесат' Практично ко да сме стока.
Ама ти имаш таков однос со твоите родители. Мене мајка ми секогаш ќе ми е мајка, а јас секогаш ќе сум и дете. Без разлика кај живеам. Очигледно мајкава ја вика, мерак и е, среќна е со ќерка си да биде, да си ги гледа внуците?!