Работи. @Annath ако золвата и маж и' се среќни како им функционира бракот, не знам зошто би се замарал некој трет. Мажот од золвата очигледно мака нема, и тој тука доаѓал.
Тешко и било на децата што им спремала појадок за на училиште, а мене како ми беше за 8 души секојдневно и појадок и ручек и вечера и да мијам садови по цел ден, па нејзини деца се кој треба да им спрема, кога доаѓале во мк кога отидоа прв пат и нареди на свекрва ми да оди кај нив појадок да им спрема она ќе заглавела, сега пак ќе ме нападнат што ми било гајле што прави золва ми, па истото го правеше кога живеевме во заедница само што тогаш децата ги оставаше кај мајка и јас им спремав .
Мамина маза. Како и ќеркава. Ама ако ја наречеме золвава мамина маза, проблемот на членкава нема да се реши. Ако е за утеха, еве мамина маза е. Таква си е.
Да ми извиниш, ама не се сложувам со твоето мислење. И самата сум золва, имам и золва, и она што ми е битно е осетот. Животот во заедница не е едноставен, и кога има повеќе луѓе во една куќа, не може туку така да се шлапнуваш без осет кај мајка кога ќе ти текне. Оти и мајка има право на своја приватност, мир и планови, кога веќе има мажени/женети деца. Не е должна мајка да ве прибира кога ви е досадно дома.
Ок, тоа ти е грешка, свесна си. Ама поминало. Безобразно од страна на свекрва ти, а ти зошто си прифатила не знам. Ама биднало. Денес кој е проблемот?
Осетот нема дефиниција, што е за еден, за друг не е. Нека сум најлоша, ама односот со моите апсолутно не ми зависи од трети лица.
Јас нешто не разбирам. Ако јас и мајка ми сме ок секој ден да се гледаме, и маж ми е ок, треба некој трет да прашам? Не зезајте Мислам, по мислењава, среќа па сестра имам, не брат. Надежно само женски ќе раѓам, иначе ќе треба може од синот жената да ја прашам кога ќеркава да ми дојде
Мене ми се чини дека си ги немате разрешено проблемите од тогаш, туку турнато под тепих и сега ќе се зафаќате и за глупости и лесно решливи несогласувања. За повеќето од работите кои ги кажа може да се каже не и да се заврши работа, ама вие си влечете конфликти од порано и само си префрлате сега и за ситници. Ова баш и не е океј. Осет треба да се има кога се вклучени други луѓе. Не сме секогаш центар на вселената и не мора баш секогаш нас да ни е најудобно кога гледаме дека има и други околности околу нас.
Ама мајка ти не живее во исто домаќинство со братучед ти,нели? Работата е ако живее во исто треба да имаш осет,зошто мајката не живее сама. Таа некоја утре може да си и ти. Како снаа. Па да имаш золва која секој ден се тупнува кај брат и на ручек,зошто не? Ќе ти смета?
За жал, осет и граници се потребни во меѓусебни комуникации, не може по секоја цена да биде како што ти одговара, дури и кога се во прашање најблиските. Можеби не ти зависи односот од трети лица, ама ако тие лица се дел од твојата поширока фамилија, каде е тука почитта?
Која е дефиниција за осет? Пример за мене е многу безосетно, во куќа кај што има син и ќерка, синов да се ожени и со жена му тука да остане, ја прашал некој сестрава дали и' одговара? Не. Оти на мајка му и татко му е домот, тие кажуваат дали тој со снаата може да живее или не. Осетот е повеќенасочна улица, и е различен за секоја ситуација и луѓе. Порасната сум со многу народ, одделени во куќа, ама вакви драми немало никогаш, од две причини: 1. Секој си гледа свое домаќинство и не се меша во другото 2. Толеранција
Ти викам, не ми е гајле. Некогашната снаа ќе треба да се навикне како сите ние функционираме, ако и' се живее во таа куќа. Па и сестра да ми е, тоа е. Можеби е себично, јас мислам дека не е. Ниту сум прашала вујна кога може да одам кај баба ми (на различни катови се, катот на баба ми е технички мој), ниту па некогаш во сите овие години имало проблем. Ако и' се доаѓа со нас да руча/пие кафе доаѓа, ако не - не. Ниту сум отишла горе непоканета, ниту па сум замарала да се симне. Ама дефинитивно не сум се ни замарала да ја прашам или мислам дали сметам.
Не може да сум јас таа некоја, биди сигурна. Одамна ги поминав годините на романтизирање, немажена ќе останам, ок е Баш затоа што не мислам дека во ничие, освен мое, можам да поставувам правила. Иначе куќата на моите како вашата слично, може децата мои во дворот на моите (и тој има физичка поделба) ќе и' сметаат. Пак. Не е мој проблем. Знаела кај се мажи и дека цело село сме, така функционираме, така на сите ни одговара.
Тебе те прашав кој е денес твојот проблем? Си погрешила, си им одела по газот, ама биднало, сега си посебно, што сакаат нека прават доле, ти свој кат си имаш. Што мака имаш сега? Што маж ти нема абер да сфати дека примарно семејство си му ти?
Е сега, скоро секој убаво знае што е осет и што значи да направиш простор и за другите. Освен ако не правиш само како тебе ти одговара без размислување за друг и тогаш се вадиш на тоа дека е релативно. Јасно е дека цел проблем е заедницата и целото тоа патријархално воспитување, да не се лажеме ама 90% од случаите на живот во заедница се постојано со конфликт. Ама кога е веќе таква ситуацијата, за да има толеранција треба да се приспособиш, и ти и другите, а не сите да се приспособат на еден. Тоа е осет. Еве и јас испаѓам золва и иако не сме семејството што пропагира живот во заедница, да речам хипотетички ако се случи, никогаш не би ѝ правела нешти на снаата онака за инат само зашто дошла кај нас и мора да трпи.