Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Кај и да е и золвата ќе се уклучи. Ако не се познала сама, сигурно некој ја позна досега :lol:, па ќе ѝ се реши проблемот на членката.
    [​IMG]
     
    На Glowy, IRBBB, Oneo и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    На муабетот за ОСЕТ,ние со свекор и свекрва сме во иста куќа на посебен спрат ама делиме ходници,куќата не е добро изолирана и реално многу се слуша меѓу спратовите. Нашата спална е над нивната дневна. Ќерка ми се роди во мај,золва ми се породи во јуни со второ а првото и беше 2 и пол години,уште пред да направи 40 дена малото нејзино си дојде кај нас со бебето и детето (од друг град е) за да и помагале стариве,наместо децата со маж и да ги расте,таа дојде кај нас,седеше 2 И ПОЛ месеци. Во куќава беше ужас,нон стоп галама,се урлаше од 7 сабајле,мм ги опомена 100 пати,секој ден и велеше на сестра му да бидат потивки дека ние спиевме и до кај 9,10....џабе,се џабе.
    Золва ми после ова не ја гледам со исти очи,таа имаше 0 респект спрема нас дека сме дома со бебе,0 респект спрема мене како мајка,да тоа е куќа на нејзините родители но тука треба да работи ОСЕТОТ,затоа Господ ни дал ум,за убаво да размислуваме за постапките и да не сме себични.
     
    На IRBBB, snegulkata, Мамичка и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    И оставија нејзините куќа/имот? Ако да, тогаш релативно не е во право. Ако не, тогаш ти не си во право. Можеби и твоето дете кога плачело им сметало ним. Животот во заедница е таков, мораш да трпиш и да правиш компромиси. Нејзина куќа е, на нејзините родители..
     
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    35.064
    Пол:
    Женски
    Немој така лошо за золвата, ќе не испотепаат.Тоа е нивна куќа може да прави што сака, ние снаите сме туѓи од небо паднати и немаме право на глас.Не е убаво да ги оговараме золвите .Сите вие што викате дека не ви сметала золвата да седи по цели денови само се лажете.Секој сака приватност.
     
    На Мамичка му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Ќе и купат стан,а куќата ќе остане за нас.
    Извини ама таа е овде гостинка,јас кога се омажив не прифатив дете да растам во "заедница". Моето дете не може нив да им смета бидејќи ние сме дома,неа домот и е кај мажот,јас разбирам да дојде на поседок недела,две,три ама не да се пресели тука за да има помош бидејќи не можела сама со две деца да издржи 7 часа во денот.
    Овде веќе не е ни проблем имотот,и да имаше стан немаше да оди таму,таа дојде тука заради старите да и помагаат.
     
    На Мамичка, Annath и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Кога ќе и купат стан, а куќата ќе биде препишана на вас, тогаш ќе биде она гостинка а ти дома. Те сфаќам, ама сфати ја и неа. Сигурно и тебе ти помагала, или мајка ти сеедно. Е само што според мене требала да ја викне кај нејзе. Ама не е дека нема право да дојде.
     
  7. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Anyshka, овие овде и те разведоа,маж не ти чинел божем стваено знаат каков ти е сопругот.Не ВЕРУВАЈ дека сите други живеат во бајки,како и сликите на инста и Ф,Б,
     
    На Мамичка, elimkd и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Ама стварно не е проблем имотниот лист во случајов,туку немањето осет,не ја викна мајка и бидејќи овде и беше поубаво,како во хотел,се на готово.
    Јас воопшто немав помош,беа ангажирани околу нив цело време,ама не се замарав за тоа,не ми ни требаат,само што немавме мир и раат. Ич не е проблем што дојде,едноставно како што реков 2 и пол месеци е премногу време да сме искрени,мажот и си уживаше дома,овде збрлавевме сите,и на стариве не им беше сеедно ама тоа е,затоа велам осетот е многу битна работа.
     
    На IRBBB, Luna91, Мамичка и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А зошто не и кажавте да си оди дома, во другиот град?
     
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    35.064
    Пол:
    Женски
    Според нив снаите се гостинки во куќата на мм, ми олеснија, сега кога ќе одам таму буквално и ќе се однесувам како гостинка, ќе седнам на маса нека ме служат штом сум гостинка, за некои работи што им одговара золвата била дома снаата гостинка, па ако е дома нека свари кафе, ручек нека направи а јас ќе си бидам на гости .
     
  11. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Гостинка во сопствената куќа каде пораснала, домот и е кај мажот... Колку ве имало со исто размислување.
    Дом секогаш ќе биде и местото каде што си пораснал. :) Каде ти се родителите, таму секогаш имаш дом. Кој ја прашува сестрата што може и неа и смета снаа што донел братот во куќата каде растела и од вас нема раат и она да дојде кај родителите да си ги посети. Не мислите на овој начин?

    Читајќи, си викам среќа што немаме снаа, ни сум нечива золва. Ова било цели филозофии, секој на некого му смета, страшно.
     
    На bittersweet, Glowy, lovely91 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Те разбирам, ама тоа се маките на животот во заедница. Различни луѓе, различни карактери, различна граничење на “осет”. Мораш да се прилагодуваш и трпиш. И да се одвоиш ќе трпиш, само тоа финансиски. Секој си бира што му е приоритет. Што ако си била сега во право, и со право ти сметала, кога немаш моќ да направиш ништо?
     
    На Мамичка, elimkd и Stressed Out им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    35.064
    Пол:
    Женски
    Па снаите да одат кај родителите ли?
     
  14. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Па затоа не можеш да сфатиш :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Секогаш снаите кај родителите може да си одат на гости и треба да се чувствуваат пријатно и како дома. Нешто е погрешно ако не се чувствуваш така и пожелно кај своите родители.

    Ниедна снаа ни зет го нема тоа право на светот, да направи да се чувствува непожелно детето да ти дојде.
     
    На Inna♡, CameliaMiller, TheTruth* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    35.064
    Пол:
    Женски
    Зошто менуваат снаите презиме? Со тоа стануваат дел од фамилијата на мм.
     
  17. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Кој да и каже да си оди дома?
    Рекоа ќе дојде и ќе седи 2 и пол месеци тука бидејќи и требало помош околу децата.
    Кај ви е сега ставот сега дека секој сам да си ги гледа децата? :)
     
    На Luna91, snegulkata, Мамичка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    35.064
    Пол:
    Женски
    Едно е пожелност, друго е имање осет .
     
    На Мамичка му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.112
    Допаѓања:
    180.742
    Ама не дошла кај вас. Нели на посебен спрат живеете?
    Ај замисли, да живеете во зграда, и на комшиите им се раѓа бебе истовремено. А изолацијата крш. И?

    Скроз е небитно золва, јатрва, и дале, не и дале. Верувам не ги будела децата намерно во 7 да ви пречи вас.
    Сум живеела во куќа, знам како е. Само со родители и брат сум живеела, па требало да се оди на прсти кога некој спие, па да не одиш во вц ноќе, пошто некој имал лесен сон. А направена куќа за две фамилии(facepalm). Среќа не живеат две фамилии таму, инаку и на двете многу тешко ќе им беше.
    Или се живее со компромиси или се работи на менување на менталитетот. Една куќа за едно семејство, кој ќе си направи семејство, си оди во башка дом.
    А да им забраниш на баба и дедо да си гледаат внуци кога сакаат, ако сакаат, не можеш.
     
    На bittersweet, Glowy, Oneo и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Вие со маж ти зошто не и кажавте да си оди во другиот град?

    Мене ставот дека секој сам треба да си ги гледа децата ми е кога бабите и дедовците нејќат, ама родителите им наметнуваат како да мора.
    Ако и бабите и дедовците сакаат, немам став.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.