Не би рекла. Ете имам ќерка, во иднина може и син, дај боже сакам 2 деца, па и 3. Никогаш нема да дозволам некој од нив да има чувство дека смета и дека си е непожелен кај мене, кај својата мајка. Ќе ги учам од мали на независност, не прифаќам живот со снаа или зет најискрено. И јас не сакам мене дома снаа да ми смета 24/7, сакам старост на раат да живеам. На гости секој ќе си биде добредојден. Секогаш кај мене ќе може да се чувствуваат безбедно и пожелно. Глупости.
Не сите менуваат. Преглупаво е тоа до презимињата според мене, ама ај традиција. Приватност ќе имаш само и исклучиво во СВОЈ дом. Ни кај мајка ти, ни кај свекрва ти. Со тоа што не си го стекнала, ќе трпиш други луѓе, како што и тие тебе те трпат. Ќерката во никој случај не е гостинка во куќата на нејзините родители.
Јас го сменив за да не знаат дека сум ќерка на татко ми. И пак не може да избегам од таа фамилија, секогаш ќе сме фамилија. Со него имам проблем, но со мајка ми и различно презиме да имам, секогаш ќе ми е блиска и мајка, секогаш кај неа имам свое место, соба, ништо нема да се смени никогаш. Родителите се најскапоценото нешто што си го имам, за нив исто и ние децата сме тоа. Иако се омажив, не сум сопственост на мажот.
Не е исто како во зграда,низ исти ходник сме,се слуша многу повеќе,не ги будеше децата намерно фала Богу ама си хо знаеше детето какво и е,јас на пример никогаш не би направила такво нешто,да се тапосам кај моите ако знам и сум свесна дека ќе сметаме,тука е разликата. Како да и кажеме директно,глупаво е,доволно беше што и се жалевме секој ден за галамата ама неа баш ја заболе,таа си го истера нејзиното.
Лелеее, џабе се изначитав 20 страни, џабе совети, џабе све, мислам не сме 1823 жено Ова све објаснува.
Па уствари и на стариве им беше тешко и напорно дома со нив 2 и пол месеци ама што ќе и речат,оди си? Сите бевме свесни дека постапката и беше многу себична и несовесна.
Зони узми пуцке. Како да сум пуштила некој стар традиционален филм се чувствувам додека читам. Џабе се мачите, нема помош тука.
Ќерката не е гостинка, а нејзината золва е гостинка во куќа од свекор и, бог да чува, и кога пишав и помогнале нејзините, ми кажавте дете им била, а од друга страна ми кажувате ни мои ни неговите на мм не се должни да ни прават, сами треба да стекнеме нешто, е стварно не ве разбирам.Ќе се потепате за золвите дека имаат право кај мајка, а снаите треба сами да си стекнат, браво.
Па глупаво е, тоа велам. Да се качела на ваш спрат со децата, маж ти ќе и речел сигурно. Зошто не е глупаво, ваша дома е и ви смета и не се мислиш дали да речеш или не, знаеш дека имаш право да побараш. А вака кај мајка си е, и била потребна помош и тоа е тоа. Кај мајка и не може никогаш да е гостинка. На вашиот спрат горе да, но долу кај родителите може и 2 години да седи ако сака. Може утре да се разведе и со децата да се досели тука. Како што братот (маж ти) има право на таа куќа, така исто и сестрата.
Значи да резимираме: Снаа доаѓа дома, ако има немажена сестра мажот, она се бриши, по можност пошто зашто да се исели од дома, и да се најавува кај сопствени родители кога да дојде и колку да седи за раатот на снаата да не се наруши. Госпде боже мили..
Пак им е ќерка и ништо не рекле. Секогаш ќе биде дете за нив и ќе се тука за неа. Со родител и да се караш, пак ќе се смириш, свои сте си. Со свекор и свекрва е друга песна.
Имаше некоја напишано имате среќа што ви се мажени золвите барем, мојава 35+ немажена цело време е тука. Никој не изреагира, па не се вмешав. Незгодно личеше само што прочитав. Тешко на сестрите со вакви снаи. Замисли да е немажена сестрата, ќе ја исфрлат и од дома, тие и вака еден саат на кафе што си дошла кај родители не може да ја трпат, не па таму да живеела. Практично и тие се во туѓа куќа ама им пречат членови на тој дом што таму пораснале. Логика нула.
Ама и вас ви помогнале, ви дале спрат нели. Куќата кај што живее золвата твојот или нејзиниот свекор ја изгради?
Ама збориш како нешто за инат да направила. Да, се тупнала да речеме, и се тупнала на мајка и. Може и мајка и не била најсреќна, веројатно и јас не би била на нејзино место. Ама, попрво би го нарекла себичност, во крајна рака можеби и слабост, можеби навистина не се чувствувала способна да го совлада тој период сама. Разбирам дека имаш маж кој е на твоја страна, така и треба да биде, оти вие сте му сега примарно семејство. Само посочувам дека можеби претерано реагираш, ич не ми е убаво да се расипуваат односи меѓу најблиските, кога треба да е обратно. Зборот ми беше, на комшии во зграда не можеш да бидеш гневен, ниту лично да го сфаќаш, оти немаш со нив на ти го, дај ми го. Пречат колку што пречат, ако не се трпи, продаваш станот и се селиш.
А бе саат време читам и вчера и денес, како да сум седнала сред село на чешма да пукам сеир, е така се осеќам. Па и со мм развивме дискусија еве, како би го решиле ова ние. Ама џабе бре, све едно исто у круг се врти со муабетиве
Океј. Не знам што уште сакаш да ти кажеме. Така е. Золвата е најголем олош, а ти си најпримерна и најпослушна снаа. Ти немаш своја фамилија и корени, туку припаѓаш само во фамилијата на маж ти. А таа золвата зошто се мажела, сменила презиме, и сега не е дел од вашата фамилија, е гостинка кај мајка и. Замиј му ги нозете на свекорот, и кажи му како ќерка му по кафани шета. Непримерна, што има она во лично твојот дом да доаѓа кога не е дел од фамилијата веќе? Мислам свашта. Океј е вака?
Двајцата, ама поголемиот дел нејзиниот, па за спратот ме испокараа не бил мој немам право иако сум реновирала, е добро де нека земат се, да сум жива и здрава.