Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. bik-skorpija

    bik-skorpija Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Девојки не заборавајте дека постојат и себични родители кои немаат сопствен живот и не ги пуштаат децата да се осамосталат.Вака покрај себе имаат постојано друство за било што.Можеби мајка и и татко и се тие што ја држат до нив односно до вас.Мене тоа ми го прават со сопругот од нив јас неможам да дојдам на ред за муабет а камо ли за нешто друго :puke: .Во ситуацијава сметам дека треба да седнат да разговараат и тие со нејзе.Кој и да сака да и укаже од вас ке биде контра ефектот,а вака друго е родителите секогаш мислат најдобро за своите деца :!: .На крајот на краиштата ако се нема можнос да се одели нека си има некое свое катче во куќата ама нека не пречи и нека не се меша во животот на другите.Мора да се разгледа ситуациата од повеќе агли зошто сепак сите сме луѓе да не се најде некој повреден.Да си сам без емотивна врска барем во денешново време(да имаш каде да се празниш :rofl: ) е страшно!!!!!!!!! ;(
     
    На Anyshka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Тоцка мила а зошто не седнеш и да разговараш со золвата. Можеби има некоја причина зошто така се однесува.Најди начин и допри до нејзе. И двете сте жени, не знам како да се изразам. Пристапи на некој друг начин, кој парфем ти се допаѓа, како помина на работа, сакаш ли кафенце да сварам, сакаш ли да одиме да се прошетаме, заедно да купуваме. Сигурно чим е адвокатка не е толку ограничена и проста. И си се запрашала ли зошто брат и ја подржува? Сигурно има некое логично објаснување. Мила, пробај го ова и ако дел од ова не допре до нејзе, не знам што да ти кажам. Барај план Б. Пиши што си направила?!ОК
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    ^Аууу тоа е меч со две сечила...постојат големи шанси оваа на неа лично да и се настрви. Моето искуство вели само на дистанца, тоа е единствениот начин да не си има лично проблеми со неа (јас така се спасив од мојата - беше мажена и не живееше со нас, ама исто како да живееше, севезден памет ни делеше на мене и маж ми, демек вие како ќе се земете ова она. На крајот со помош на нејзината неизмерна злоба, самата си киксна и потфрли пред ммаж ми и се ослободивме од неа :whew: ). Кој ќе ги трпи сите тие главоболки...туку како што рекоа погоре, тие се сега ново семејство, па ако имаат можности, нека се одделат тие. Нема друго.
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.325
    Допаѓања:
    113.977
    Пол:
    Женски
    Прво не гледам зашто да си оди од дома золвата?? Дојде снаата и ја избрка золвата?? Ајде бе не си правите бајрам со умот. Туку невестичево на 23 години нека си се свести, нека си разговара со мажот и да си се оделат они. Ако сакале брак, нека си створат услови за тоа. А не да ја бркаат золвата од дома. А можи и неа и смета нешто од снаата!!! Не сте фер со коментарите дека золвата е по дефаулт лоша. Она си е каква што си била и претходно, а ако на снаата не и одговара, нека иде под кирија со мажот и средена работа.
     
    На Tanjamm, bibiiii, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Mое мислење е дека ете една опција може снаата и мажот да се преместат,ке си имаат слобода,никој не се меша,ке има можеби повеке почитување,зашто поретко се гледаш со свекорот и свекрвата,секако дека ке има недоразбирања со другите членови ако живееме сите заедно,зашто сите прво се караме со нашите дома,не се поднесуваме, па со други?! :^) затоа секој убаво е да си е одделен,свој живот,своја зависност :!: втора опција золвата може да се пресели,зошто? па не е мажена,а ако има свој дом,може повеке да биде ослободена,нели слободна е?,вака собира притисок од своите,па и од снаата,па така можеби ке запознае некој,и нема никој да и се меша,па не е мала да седи со своите,многу ме нервира така и тетка ми 40 год.има и седеше со нејзините и се и забрануваа,па сега се пресели и посмирена и си најде некој,и секој е задоволен така?
     
  6. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    И друго, јас како што разбрав невестичево е 23 години. не знам дали работи ама за да се оддели им требаат финансии. Не спомна ни дали сопругот и работи. И што е тоа 5 месеци мажена и и сметала золвата. А дали она си ставила прст на чело и си се преиспитала како она се однесува. Можеби грешката лежи токму во нејзе, сигурно има причина зошто не ја сака. Што мислите дека се случува без причина. 23 години, па ако не била спремна за брак, да трпи однесувања, зошто потрчала да се мажи, ни трудна ни ништо. прво нека ги видела семејните односи дома, па после нека донесе одлука. Друго и смета зошто ги навредува свекор и свекрва и? Леле, леле. Секој има право како сака да си однесува, тоа го ставам на лична култура на золвата, не можеме некого да натераме со сила биди КУЛТУРЕН. А, ако смета дека толку неможе да ја трпи па нека го земе маж и дома, не знам дали има сестра или брат па да видиме во обратната ситуација како тој ќе биде третиран.
     
    На Tanjamm и machorka им се допаѓа ова.
  7. tocka

    tocka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Имам 23 год. не работам последна год на факултет студирам.Инаку оваа мојава золва да ви кажам се смири не се развикува веке.Разговарав со маж ми,иако разговарав со него тој ја бранеше сепак му е сестра,ама веке му снемаа изговори и виде дека сум во право, но не разговараше со неа(било кој човек воопшто не може да разговара со неа на мирен начин освен ако тоа не е несто поврзано со судење или нешто слично).таа може ме слушнала се што зборев (нејзината соба е веднаш до нашата)па се смири.инаку имам пробано скоро се.Пред да се земеме таа не беше таква.Откако се змавме почна да се однесува така.Ама добро е сега за сега не слушам такви викотници помирна ми е главава.Сватив само дека се однесувала така затоа што беше љубоморна дека млада сум се омажила,факултетот ми е при крај па ке се вработам веднаш,што знам скоро се да сработам од домашните работи(не знае ни да чисти, ни да пере ни едно јајце да спржи)ама се научи :D
     
  8. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Најдобро решение според мене е собирајте средства и по брза постапка одвојте се. Сега за вас двајца нема никаков пробел, ама утре многу лошо ќе се одрази врз бебенце. Викотници и такви ствари. Млади сте уште, заедничкиот живот само што започнал за вас, а некогаш па морате во име на нешто и да толерирате. Ајде ќе не известиш сигурно ако има нешто ново. Позз и секое добро. Ти посакувам успех на секое поле, на факултетот да си го довршиш, да си средите и здравје па бебенце. Да не викнеш на мекици. И смири ги страстите, со нервози бебенце не се прави.
     
  9. machorka

    machorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    58


    Дефинитивно и јас мислам дека треба што поскоро да се одвоите,и сама кажуваш дека ќе се вработиш веднаш, па не гледам причина да останете во заедница,а потоа золвата нека си ги решава проблемите со нејзините.Само,во овој болдираниот дел насетувам некоја препотентност и арогантност,не знам,можеби се лажам,мислам дека сама си правиш филм дека ти е љубоморна, а впрочем не знам зошто би ти љубоморела дека си се омажила млада и што знаеш да чистиш и переш??Па не е баш дека си нашла лек за ракот или пак некој нов хемиски елемент...Лесно е да се омажиш,тешко е да ја зачуваш хармонијата во бракот....
     
    На Tanjamm, artemidis и bittersweet им се допаѓа ова.
  10. moja10

    moja10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Е јас тука негледам никаков проблем.Ако сакам дома да викам, ќе викам и кој може да ми забрани.Дома сум.Плус золвата не ја навредува,е викала де,ама не по неа.И каква е таа култура, дошла 5 месеци и одма да отвора уста или да поставува ред.Па таа сеуште не е навикната на перницата на која спие.И на крај каква врска има готвењето,никаква.
     
    На Tanjamm, bibiiii, zalosna и 4 други им се допаѓа ова.
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Е како пред два месеци ништо незнаеше да сработи а сега се научи :^)
    Тоа сигурно ти си ја научила,бидејќи мајка и не ја научила чекала снаа на која и е љубоморна да ја научи |(
     
    На Tanjamm, RedWine, zalosna и 3 други им се допаѓа ова.
  12. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски

    Според мене не е домаќинка таа што знае да готви, таа е готвачка, домаќинка е таа што знае да го организира домот. За тоцка само ќе кажам дека е едно разгалено девојченце ( жена ), пардон која што само што излегла од дома и мисли дека е секаде исто како мама дома. Не е. На улица и дома не е ништо исто. Кога веќе си го превземала чекорот да бидеш тоа што си избрала да бидеш тогаш ќе си се адаптираш на средината. А кога ќе си бидеш на страна, завршен факултет, работа, паричето во џепче, тогаш можеш комплетно да си ставиш клуч на врата и да примаш гости тогаш ти кога сакаш. Се додека си под ист покрив со некого, ќе го трпиш со сите свои мани и доблести, ова :) МАМИЧКА дома не ти е.
     
    На Tanjamm, bibiiii, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Абре жени ве читам и мене ми дојде да проговорам на темава снаа и золва :)
    Јас сум за жалење , немам ни золва ни јатрва а ни свекрва неколку месеци во годината иде и си оди не жвее тука :) Абе некогаш ми иде на душава да си извадам нешто од неа па мајку му и да се искарам :D ама немам со кого , ако не е сестра ми и сопругот ќе заборавам како изгледа и тоа. Несум светица ми иде некогаш да му спискам на некого :D Ете јас немам золва овој мојов ни брат ни сестра единец на мама , но јас сум золва на сопругата на мојот брат и до ден денес фала му на бога не сме си кажале лош збор една на друга. Добра ми е снаата но добра сум и јас :D еде не сум совршена но баба ми биг да ја прости знаеше да каже ...девојчево ќе си живи со сите си знае и со млади и со стари :)
    Навистина не згреши , добра сум си јас и не се мешам во ничив живот , а и што би се мешала ако можам да помогнам тука сум ако не никому ништо не сметам .Ете понекогаш се случува да отидам кај моите и татко ми онака пред сите ќе каже .Ќерко да ти кажам брати и снаати не го ценат денарот .. трошат за што треба и не треба. Е во тој миг настапувам јас. Де бе татко не сум ви јас судија ,а и ќеркати троши и не е ништо поарна од нив, па нели парите се за трошење ... фала богу си работат не ти бараат а и ако им дадеш нешто голема работа што ќе им правите со мајка ми на парите , и двајцата земате пензии .Ете тогаш мајка ми ќе каже ми влезе ангел во куќа арно му го плесна :D Е откако ќе му го плеснам потоа ќе го загрнам и ќе го изгушкам и мир у куќи ...ми вели така нека биде како што кажуваш ти :) Снаата ми е добра уште првиот пат брат ми кога ја донесе кај мене како девојка успеа истата да ме освои , ја засакав јас неа а и таа мене како што кажува .Доволно ми е кога одам ме пречекува со насмеана уста и зборовите каде си што те нема. Ако подолго време не сум ги посетила знае да ме побара на телефон и да ми каже те чекам и немој да кажеш не идам имам работа . Понекогаш знам да му го земам сопругот тоест брат ми и да забегаме некаде насамо на по една чашка и да се заборавиме со муабетите наши , ете тогаш ќе не побара и ќе каже пак нешто матите :D Го сакам братот многу исти погледи на животот и заедничкиот јазик ни оди па мислам поради него и да ми каже нешто лошо снаата никогаш не би и вратила но ете до такво нешто до ден денес не дошло се надевам нема ни да дојде затоа што добро се познавам самата себе .Ајде забегав јас толку од женава што нема ни золва ни јатрва и нема со кого да се искара :D
     
    На Ygritte, SV1911, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Ozbilna секој би посакал снаа/ золва како тебе, и живот каков што вие си имате.
    Баш ми е мило што сите си имате меѓу себе таква комуникација. Денес е тоа реткост.
    Бравос!!! :)
     
    На irence88 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    baby. 90 ти благодарам на убавите зборови :) Јас го напишав тоа што ми лежеше на душата онака како што е .Е не дека јас сум совршена и јас сум човек и јас знам да згрешам во животот... но никогаш не би сакала да бидам таа на некого да му наштетам или некој да се почувствува несреќен поради мене .Ако не можам да помогнам не одмогнувам ... Едноставно не го правам тоа што не сакам ни мене да ми го прават.
    Поздрав до тебе :)
     
  16. sabatini

    sabatini Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски



    хахахахаах леле закон одговор.... :) се насмеав после толку време се извинувам за оф топик ама сигурно дека ке и помогне еден лексилиум или мозе да си ги зима и 3 пати на ден :)
    ке си се среди золвати сама немој да се секираш....сите сме луге сите гресиме :D инаку и јас имам золва и тоа во ист стан живеме ..јас мојот сопруг и золвата и нејзиното мало галволче :^) досега сум немала проблеми да не се урочам ама секоја жена ко жена си има денови кога и таа самата неможе да се разбереме па можеме да влеземе во некоја подлабока дискусија и некоја помала кавгичка но на крај заврсува се со едно кафе.....јас 5 дена во неделата ги поминувам со мојата золва отколку со мажот ми така да мора да се наога решение зошто 2 жени затворени во едно место можи да биди многу лошо хаххахахааа поззз
     
  17. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    Здраво и од мене,
    Некаде на форумов имам пишувано за мојата золва и не би сакала да се повторувам. Промашена приказна е тоа.
    Колку за потсетување...прво мислев дека прави од што е разгалена , после мислев дека прави од инает, сетне од глупост ,а сега на се само си велам ..пу,пу,пу.................
    Како и да е ...
    Се воодушевувам на хармоничните односи во овие заедници.Но...
    Никако не се сложувам со Пирамида или другите истомисленици .
    Сметам дека ако некој сака да се мажи на 23,20,18 години ,а при тоа се чувствува спремен и сака да го направи тоа ,само напред. Ни јас не сум имала абер за мажење на 23 години ,ама другарка ми на таа возраст имаше 2 деца и сосема е о.к .
    Иако золвата, свекрвата и останатите не ги гледаме прв пат кога се мажиме , не треба да значи дека треба да се помириме со урлањата по дома. Напротив. И да имало урлања кога дошла снаата треба малку самоконтрола.Треба усул!
    Не значи дека ако таа е таква , не треба јас да се мажам за човекот што го сакам.Не сум јас „невестичево “ ако имам 23 години, туку некој кој бил спремен на брак и ги преземал сите обврски ,кога повеќето тоа не го можеле ,не биле спремни.
    Адвокаткава ја сваќам од аспект што ниту вибратор , ниту лексилиум и е потребен. Адвокатската професија е стресна и те полни целодневно со негативана енергија.Никој кај адвокат не оди за арно ,да му се фали ,туку да му се жали.
    Адвокатите цел ден пенат : „Господине Судија...Госпоѓо Судивке....Ве молам, ВИ благодарам, Ве поздравувам .......................................на крајот од денот им иде да се изнавикаат и да се изнапцујат до коска, но во вакви услови ...со снаа дома , со фамилија , со нерешени животни патишта ..тешко . тешко , тешко.....
    Се си мислам дека е работа на време.
    Со време и золвата и снаата ќе се навикнат една на друга и на своето однесување ,а може и работите да се сменат.
    Со среќа на СИТЕ!
     
    На tanja manja, irence88, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Имам еден проблем незнаев каде да го сместам ама оваа тема е најблиску до проблемот кој го имам,би сакала ете некое мислење за проблемот а секој совет е добредојден.
    Јас сум заглавена во МК последниве 5 месеци,поради некои си нови закони неможам да ја напуштам државава и да си се вратам дома во Австралија.Неодамна дознав дека сум бремена(вереникот дојде да ме посети)и сега снаа ми ме напиња сака да им каже на нејзините кои се тука во Ск а јас не сакам на никој од тука да им кажам.Знам дека е малку детињасто моето однесување ама не сакам пред да се видам очи во очи со вереникот и моите никој да ми честита и да се радува,ќе се чувствувам дека ги издавам најблиските.
    Прво не мислев дека волку лесно ќе останам бремена,заради здравствени причини и сакам прво да му го видам лицето на татко ми како му зрачи со радост,бидејќи тој беше покрај мене во најтешките моменти,а не сватот да му кажува како сум и што сум.Нејзе све ово и го објаснувам ама ете едноставно не сфаќа како ми е,сака да им каже и тачка,ако е за кажување си имам и јас огромна фамилија тука во Ск со кој иако сум крвно поврзана со самото тоа што не сум растела со нив не ги чувствувам за блиски,и не сакам ни тие да знаат,а ако знаат нејзините ќе мора и на нив да им кажам.
    Знам дека не е којзнае каков проблем ама ете таа ме замара,а не сакам да ја заколнам во внукот да не кажува,па ако имате некој совет повелете.
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Никако не се согласувам, штом е негова жена, ако не е и нејзин домот-чив е? Па не дошла таа да биде измеќарка...и многу ме изнервираа коментарите од типот „пет месеци си таму а веќе командуваш“. Како да збориме за работно место а не за нов дом. Верувајте, колку побрзо си го завземете местото во домот (кој е и ваш со самото тоа што сте нечија сопруга таму), толку побргу ќе научат да ве почитуваат.

    Е а не ми е јасно зашто одеднаш сите толку сурови коментари за девојчево? Па таа не е ништо крива, си се сакала со мажот, си се зела. Е сега, не е како дома кај мама, но зошто само таа треба да се адаптира, зашто и другите да не се обидат да се адаптираат на неа? Таа е новајлија во семејството, не е некоја која живее таму од милостина, таа заминала од родителскиот дом затоа што си го сакала мажот, тоа од женско дете е и очекувано. Не ми е јасно, на форумов се утепавме оправдувајќи девојки кои прават триста чуда, а девојчево што има згрешено - си отишла да живее кај мажот и што има лошо во тоа; а сеа ако таа некому пречи, нема право да и се истресува затоа што тоа е и нејзин дом и нема зошто да се дели.

    Е сега да не грешам душа, ама факт е дека золвава има проблем со неа кој го искажува директно или индиректно, а точка (за разлика од многу жени кои ги познавам), сосема правилно си ја сфатила улогата во тоа семејство, таа е дел од него и со тоа ги има истите права како сите останати.

    Интересна работа, скоро сите се обидоа да изигруваат “золви“, а никој не се стави во нејзина положба :)

    Немој воопшто да се грижиш, тоа што го носиш во утробата е твое и на вереникот. Не издаваш никого со тоа што прво ќе кажеш на таткото, напротив мене ми изгледа најисправно, а тоа снаата да кажува на некој без ти да сакаш ми личи на нарушување на интимата на некој начин. Твоја работа е кој сакаш прв да дознае...и секако на таткото :) . Инаку не знам дали сум прва која ќе ти честита, но ти посакувам што поспокојна бременост и се најубаво и ако веќе не можеш да ја разубедиш снаата, не се нервирај, мисли си на бебето и на вереникот ;)

    Со среќа! :)
     
    На jacqueline.s, Estelle, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Едноставно кажи и дека таа вест сакаш да ја кажеш со твојот маж а таа нема право да се меша во вашиот живот. Нема потреба да и раздлабаш што и како мислиш туку едноставно дај и до знаење дека тоа е твој проблем и на мажот ти а нејзе не и е тука местото да се меша ;)
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.