Боже Блонд,како би го сфатиле?Крајно непристојно и недолично!!! Како прво и „да те сонувал“-сон било нели,нема потреба тоа да го пласира пред тебе со толку криење од другите. Како второ.....нема второ... Човекот според мене се обидува да ти пушти „болва вгаќи“ и да ви го гледа сеирот дома . Другпат ,ако се обиде нешто пак во тој стил,фино лепо,плесни му муабет во лице,по можност со тон да слушнат и другите(мт и золва ти)дека тебе има кој да те сонува ,а он најверојатно се исплашил нешто од тебе па и на сон си почнала да му одиш. Биди на опрез кога си со него,од таквите се можеш да очекуваш. Немој да му се плашиш,ако треба плесни му една преку очи,па потоа тивко прашај го дали планира пак да те сонува. Е Боже,прости луѓе.....тешко и на золва ти со таков.....
Еднаш пишав на темава ама ми рекоа дека немам проблем , епа сега навистина имам, сите ми го велат тоа . Да чукнам во дрво свекрвата е сега злато спрема мене, муабети , муабети , со саати правиме арно ама золвава А, најлошо е што дечко ми ни малце не ме поддржува иако и сам е свесен за тоа.. ама нејсе ќе се справам јас со неа , со помош на вашите совети Значи она старото си остана, сеуште сме само на здраво, и со неа и со маж и, иако сум во врска со брат и веќе две години и се спремаме да почнеме заедно да живееме, нејзе ништо тоа не и значи, сеуште ме нема додадено на фејсбук,сеуште не не викнале на гости во станот во Скопје, сеуште кога ќе се погодиме заедно ( кога се они на гости кај нејзините и јас сум таму) не не викнале да седнеме некаде на кафе, и ако ги прашаш ќе идете ли на кафе? ќе добиеш само краток одговор аха да.. Повеќе од очигледно е дека девојкава не ме сака, а прашалник е дали го сака и брата си, оти и со него со муабетот не е ништо поарна :geek: Кога сум таму како да ми дава до знаење дека е она газдарица сите шампони , креми што ги понела ќе ги испонареди во бањата моите чевли седат на земја нејзините качени на шкаф Она што ми е најсмешно додека сум јас таму не сака да ми се обрати ни лап топот да го побара за да работи на него, штом отидам јас оп ете го лап топот кај неа, го бара од дечко ми Сакав да се зближам со неа, ама веќе изгубив желба, пробав еднаш бев поштено одј*бана, и веќе не планирам. Ми треба само совет како понатаму зашто ситуацијава а богами и она страшно ме нервираат. Таа постојано доаѓа кај нејзините, и се вака да биде стварно не можам да трпам, од дечко ми немам разбирање, на нејзината страна е Додека се направи спратот и неговите се симнат на долниот спрат искрено мене не ми се оди кај него, зашто знам дека ќе ја начекам неа, и тогаш....
Значи вака,ти планираш да живееш со дечко ти,во куќата на свекор ти и свекрва ти-на посебен ,одделен спрат.Золвата доаѓа и си оди од кај мајка и.Значи немаш гајле,ќе си го направите спратот,клуч на врата и мирна глава.Зближување е широк поим,а пак и не ти треба да се зближуваш.Штом таа со брат и не е блиска што очекуваш тогаш...Свиркај,оди си слободно да го надгледуваш реновирањето на спратот и не му тупи многу на дечко ти за сестра му.Каква -таква нему му е сестра ,иста крв се... Поздрав и без нервози.
^^ Не може сите да те сакаат помири се со тоа Можеби е затворен тип, некомуникативен, срамежлива... можеби чека ти да ја поканеш за кафе и дружба, можеби ти се поставуваш одбивно, можеби е љубоморна по природа, разгалена, на свое си е и сака да се поставува газдарински... Немој да се оптеретуваш, пробај ако можеш нешто да поправиш-арно, ако не-игнорирај ја и гледај си го дечкото...
За мојот проблем- Спојлер Јас само му реков : За арно нека е. И веднаш избегав во соба. Се мислев многу дали да му кажам на мм, си мислев јас да не сфатив погрешно нешто, може не кажал со таа намера, може навстина нема нечисти мисли, ама ако е така би ми кажал пред сите, а не на само!?! И му кажав на мм баш како што ми кажа и он ми рече: Добро и? И откако му кажав дека само толку беше разговорот, нашиот маубет не продолжи. Ниту тој коментираше нешто, ниту пак јас побарав да каже нешто друго. Важно ми беше да му го кажам тоа на него, не сакам утре, другиден да излезе од дотичната особа дека ми кажувал што ми кажувал, а мм не знае ништо. Вака нека си знае. Само малце глупо ми е дека 20 години му е зет, а сега вакви работи да се случуваат... Не сакам да бидам јас виновна за било што До синоќа мислев дека ме гледа како ќерка, зошто и реално можам да му бидам ќерка, 3-4 години само се разлика со татко ми. А сега веќе го гледам со други очи. Сигурна сум дека му немам даденио било каков повод. Жал ми е од друга страна за золва ми, ако навистина е тој таков Како и да е уште не можам да се помирам за тоа што се кажа. Нареден пат ќе настапам по советот на стетоскоп, пред сите ќе му плеснам. Анастасијаки, не се замарај со сестра му, може додека не станеш официјална снаа ќе биде таква, може потоа ќе се промени. Како што свекрвите се променуваат после бракот, така може и она ќе се промени, но на подобро. И добар совет ти дадоа, крвта не е вода, не му збори многу за сестра му, сепак и него го боли. А ти однесувај се како и она со тебе, може не си ти таква, ама нели секој по заслугите
anastasijaki па ти и не си официјална снаа во куќата ‘‘золава ти ‘‘ можда смета дека нема потреба да се зближувате додека не станеш навистина снаа или па во краен случај не и се допаѓаш! Јас незнам зошто на сила скате со некој да се зближите, да и се допаѓате зошто воопшто сакате вештачки работи оставете си се на времето ако даде Бог еден ден да станеш снаа во таа куќа тогаш размислувај за вашиот однос, а не уште од сега! И уште нешто што ми падна во очи а каде сакаш да и стојат работеите во ќеса за на тебе да не ти пречат? И она со чевлите каде да и стојат кога е дојдена на подолг период, а ти на неколку саати. Незнам зошто водите натпревар со ‘‘золвите‘‘ зошто не разберете дека тоа е била нивна куќа, куќа на нејзините родители, куќа каде што е изранала зар и таму треба да се устручава и и да и биде незгодно и што е најтрагично благодарение на некоја што сеуште не е ни снаа во куќата! Да се разбереме не ги бранам сите золви, но во овој случај нерзбирам кој ти е проблемот? Додека со сватови од дома не те земат не си снаа во таа куќа и немаш право да се буниш, одкако ќе станеш тогаш решавај ги проблемите! Блонд според мене што побргу заборави на коментарот од мажот на золва ти и повеќе пред никој не спомнувај го за да не си ти направиш проблеми знаеш каков е народот одма вината ја бара во друг, немој после да испадне дека ти си му давала повод за таков коментар.
И јас сум дојдена на подолго време не на неколку саати, а моите шампони си седат во несесер во соба За месец дена ќе се вериме со дечко ми зашто ќе почнам да работам во неговиот град а со тоа ќе почнам да живеам со него, не сум значи девојка во пролаз и може ако не друго лице да прави а не со пола уста здраво да вика ама таа нема ни почит спрема мене Патем и маж и не и е законски маж само онака живеат заедно па дечко ми секогаш е коректен спрема него и го гледа како дел од семејството MSkorpionka спомна дека можеби е љубоморна и јас мислам дека е тоа, они сметаат дека јас сум од многу богато семејство блага веза нема тоа, ама ете они така си увртеле, и мислам дека заради тоа е таква спрема мене, она не може ни работа да најде, едвај сврзува крај со крај , а ја наводно имам многу Sovrsenstvo да те прашам како би се чуствувала ти кога скоро со секое идење кај твојот иден сопруг, ја начекуваш сестра му ( која како да знае кога си ти таму па намерно доаѓа да те нервира) , и те поздравува и ти се смешка лицемерно, а некогаш нема ни да те поздрави, велиш не и се допаѓам, па и она мене може не ми се допаѓа па секогаш сум имала коректен однос спрема неа, колку пати само сум сакала да искочиме некаде да седнеме заедно, и они се млади и ние, а сум добивала само одбивен поглед Сум ја почитувала и ја почитувам како сестра на идниот сопруг и она мене треба да ме почитува како идна сопруга на брат и , сум и се допаѓала јас или не..Ништо посебно не барам само тоа.. А не да се однесува како разгалено детиште и да ми кажува индиректно моја е куќава, е добро де чудо големо, земи си ја носи си ја
Кога золвата ќе се омажи, родителскиот дом веќе не и' е „дома“. Дом и е местото каде што живее со своето семејство, т.е мажот и детето. Сега, да се разбереме - јас не кажувам тука за проблемот што го има анастасијаки, конкретно се осврнувам на ова што ти го напиша. Јас моментално сум во куќата во која израснав, кај моите - ама тука не ми е дома, и не сум толку слободна, колку што сум била порано, односно немам слобода колку што си имам дома, таму каде што живеам со мажот и детето. Е сега, во оваа тема фала Богу немам што да пишам... ако имав, ќе морав да се преиспитувам, ама од друга страна, и да се прашувам дали би била толкав малер покрај непогодени снаа и свекрва, да не ми се погодеше и золвата. И во случајов е погодено она што го велат - „колку си ми подалеку, толку повеќе те сакам“ Блонд - не е во ред тоа што ти го кажал тој, можеби моментално минува низ средовечна криза, затоа е така. Добро што си му кажала на мажот, барем мирна глава да си имаш. Јас се надевам дека нема да се повтори ниту нешто полошо да се случи.
Не знам што отидов во оваа тема, ама ова што прочитав скро да ме изнервира. Девојка ќе се сели кај дечкото што живее со своите родители и уште не влезена се оптеретува со односот на золвата, зошто золвата не се однесува како што она мисли дека би требало и се мери чии работи каде стојат? Те навредила? ти прави лице? му збори против тебе на дечкото? ви се меша во односите? ја буцка свекрвата против тебе? збори за тебе по улици? Не, може сеуште и е рано да се зближува, па малку те игнорира и ти сега ја направи љуборна, ти си била богата а она не била...бла бла бла. По ова што го изнакажа,ти имаш проблем со неа, не она со тебе. Не очекувај ако си идна снаа дека сите веднаш треба да ти постелат црвен килим. Ако тебе окото ти ситничи да гледаш чии чевли каде стојат, тогаш ти си имаш проблем и тоа голем. Којзнае во иднина кога ќе почнеш таму да живееш што ќе ти смета.
Се сложувам со тебе. Јас не знам што очекуваат снаиве. Дека кога ќе дојдат кај мажите сите треба да им се клањаат и да им простилат црвен тепих?? И јас ќе бидам снаа, ќе имам золва ама нема да очекувам во неа да најдам сестра ни другарка туку само золва. Почит како кон сестра на маж ми и толку.
Јас искрено до вчера не ги распознавав титуливе, ама јас сестра му на дечко ми ја обожавам, многу ми е забавен лик, си се смееме на глупостите што ги правиме, на муабети по стоти пат исти и слично. Јас сум дете од провинција, она е Скопјанче, па што, на почетокот имаше некоја доза на резервираност, сега е ок, супер сме си. Не можам да кажам дека сме најдобри другарки, сепак имаме различни сфаќања, она е помала од мене и е малку поинаку воспитана малку е подетињаста, јас за разлика од неа имам малку поинакви сфаѓања, но тоа е што е, се сложуваме и мислам дека е доволно. Синоќа бев да и ги напрвам ноктите, сабајлево беше пресреќна дури и се изгушкавме, си легна до мене у кревет, се поздравивме и сега да бидам искрена ќе ми недостига 15 дена додека ќе биде на одмор. Истиот однос го воспоставив со сите негови блиски, сите ми се драги, со никого не сум имала проблем, ама тоа не го правам за да им се улизувам, едноставно не сакам да се карам и да делам никого, па ни него, тие од секогаш биле блиски, што сега јас ќе делам ли таму затоа што едноставно сум станала нивна снаа, а сеуште не сум, здравје ќе биде и тоа, јас нема да сменам ништо
Како ќе се понашам? Па исто како неа ќе ја игнорирам ако таа не сака да бидеме пријателки сигурно си има своја причина и така нека остане подобро така одколку да барам лице да ми прави, а задгрб да неможе ни да ме смисли. Си имаме пријатели си имаме друштво со кое ќе си излегуваме. И искрено во твојот случај негледам ни една причина зошто толку се замараш да бидете пријателки си пробала небива и чао пријатно, несака да се дружите, немора! Одрживај коректен однос на дистанца само на здраво како си и доволно е од почит спрема дечко ти. И ти толку не се преоптоварувај со тие глупости оти верувај дека кога навистина ќе станеш снаа во таа куќа многу работи ќе се сменат тогаш ќе имаш право на збор и да си кажеш дека ти пречи што немаш каде да си ги ствиш чевлите, тогаш твојата козметика ќе биде наредена во тоалетот нема да може да го окупира целиот простот, а и самата велиш дека не е во брак што значи тоа сеуште е и незин дом. Анастасија не ме сфакај погрешно немам ништо против тебе само јас вака гледам на тие работи! Јас немам напишано дека тоа сеуште е нејзин дома поточно дека има два дома туку ќе се цитирам самата Убаво имам напишано БИЛА, а не дека сеуште е нивна куќа и сепак јас сакам кога еден ден ќе отидам на госи кај мајка ми и татко ми да си се чувствувам слободно, а не стегнато можеби вака размислувам пошто знам дека ќе е така, нема да имам золва имам сестра! А друго мене многу овие приказни снаи, золви, јатрви ми се смешни и глупи јас живеам во семејство каде што мајка ми има и јатрва и снаа и многу добро го гледам нивниот однос никогаш за ништо се наемат замерено и за ништо си немат преречено, не дека се ептен фини или совршени туку зошто постои едно нешто што се вика компромис и премолчување секогаш во животот неможе да биде по твое и секогаш неможе ти да си во право!
Не се согласувам целосно (делумно се согласувам). Јас не сум ничија золва (и немам золва), но ако се омажам (веќе сум мажена) не значи дека преку ноќ родителскиот дом нема да е мој дом. Тоа е мој дом се‘ додека таму живеат моите родители (и се‘ додека нема нов член во семејството - снаа, зет, кој се обидува да направи свој дом таму). Зошто? Од проста причина, кога се мажиме (особено кога одиме во домот на родителите на сопругот) таму не било наш дом (во повеќето теми има такви коментари), тоа било нивен дом, која била снаата да отиде во нивниот дом и да кажува како треба и како не треба (со други зборови: да се чувствува дома). Од друга страна: „кога ќе се омажи, родителскиот дом веќе не и‘ е „дома“ “. Па добро сега, има ли таа (снаата, золвата -како сакате) дом или нема? Најдобро ќе биде кога една девојка ќе се омажи да и‘ биде дозволено таму каде што ќе живее со сопругот да створи свој дом. Да нема коментари од типот: „Која е таа да кажува што и како во туѓа куќа? Свекрвата 20-30 години живеела без снаа, која е сега таа да и се плетка во домаќинството?“. Период на адаптација МОРА да има. Никој не сака промени преку ноќ. Во горенаведениот случај (кога ниту девојката е омажена а оди повремено во куќата на дечкото, ниту „золвата“ е омажена официјално, па повремено си доаѓа во куќата на родителите), никој нема право на „золвата“ да и‘ забрани да се чувствува како дома - кога таа Е дома. Е, дури од кога девојкава (anastasijaki ) ќе се омажи - официјално, и од кога „золвата“ ќе се омажи официјално, дури тогаш золвата ќе мора да внимава како се однесува, макар тоа порано било родителскиот дом. Сега таму никнува НОВО семејство, чија приватност треба да се почитува.
Анастасијаки, дај и малку време дека сепак врската брат сестра е многу поинаква од онаа само братска или сестринска, па и треба малку време да се адаптира можеби. Дај Боже да е само тоа. Најчесто, еве и јас како сестра, се прашувам дали таа особа што ќе биде со брат ми ќе биде целосно предадена и посветена на љубов,принцип на доследност и верност и нормално да помине некој период кога ќе се отвори целосно срцето(е сега си има и намќорни исклучоци) за да те прифати и дека сега братот има нова личност во животот која моја да ја става пред се(нормално после децата) дека заедно ќе го поминат животот, а и од друга страна, не дај Боже крвна врска која е посилна од се. Не знам зошто деградација на чевли каде што стоеле, козметики, која каде сака нека си ги стави јаката ми ти работа. И неа и е дома и секогаш ќе и е, а и тебе ќе ти биде и тој дом, а и кај твоите. Тоа ми се чисти глупости. Нормално дека на пр кога ќе се ожени брат ми кога би отшла на поседок не сакам да се стегам и да немам слобода на движење,побогу. Спалната, е тоа на секого е свето и интимно место и не ни сакам да влегувам освен ако не сум повикана да видам нешто. Нека си уреди се како што сака, само да можам со цела слобода на пример да користам работи од кујна, кои пак ќе си ги вратам каде што сум ги нашла. Се дури си има граница е убаво. Пробај да ја сфатиш и неа малку, и никогаш, ама никогаш дури не е нешто сериозно, или дури не заживеете подобро не се мешај во брат-сестра врска и зборување лошо доколку нема вистинска потреба да се интервенира. Дајте си време една на друга и покажи и дека си и пријател, а некоја која дошла да командува и да направи раздор во семејството. Биди паметна и зближи ги сите. Во среќа и хармонија поубав е животот