Далеку од тоа дека односи ќе расипам за ова,но јас и мм веќе не ја гледаме со исти очи,таа испадна многу нефер спрема него,јас ете небитна.
А бе гајле ми е што шета по кафани, тоа го кажав дека свекор ми не си гледа свое туку туѓо, он потенцираше дека жена не е за во кафана.Секој нека има таков свекор па да види што е мака.
Како нов филм на Милчо Манчевски. После се прочитано јас золвево ја почитувам. Се што кажала во право е, спратот не е ни нивен. Ваква снаа никој не може да трпи, да ја слушнеме и нејзината страна од приказната сигурно ќе биде друга приказна. Може е монструм снаа, запоседнала цела куќа, ни старите немаат живот од неа, а не е обратно како што сака да претстави. Јас после прочитав дека и женава во странство живеела и 4 пати годишно доаѓала. Веројатно жената е на летен одмор, сака да си ги види родителите и снаава дојде тука да исфрли фрустрациите само и мислеше ќе ја тапшаме по рамо сите. Нешто како бесплатна терапија да и дојде.
Треба да знаеш да се заштитиш и да си го чуваш сопствениот мир, ниедна жена не ти даде совет за да ти наштети. Тие ако се нормални, нема да ви го земат спратот, кога веќе сте реновирале и сте се договориле со нив, ама од кај да знаеме ние, сите фамилии се различни. Помалку замарај се за золвата, повеќе за тоа дека маж ти е крајно незаинтересиран за целата ситуација.
Оф мајко мила.. колку години си ? @crimson само немој по мажето. Златен на мајка, навечер секс со женчето, сабајле мамичка го чека со пржени лепчиња " Добро утро синче мамино" и му спрема се.. Никако по мажот.
Ама и најлоша да е, ќерка му е-крв. Никогаш она нема да е лошата. Секогаш нејзе ќе ја изберат. Што поскоро го сфатиш ова, и прекинеш да се натпреваруваш со неа, тоа подобро.
Еден пример како е решен сличен проблем. Мајка ми се омажила со татко ми, правец у село со свекор и свекрва да живеат, со золва на 5 минути, не се слагале и после 5 години се договориле да се преселат во куќата на мајка и. До ден денес живеат таму, татко ми е "домазет" и ама баш на никој не му е гајле. Ако се замарале што ќе речат у село сите, којзнае кај ќе биле.
Не знам дали направила да се чувствуваш небитна, твое е чувството, не ти го спорам. Само имај предвид дека и понатаму тие деца имаат полно право да идат кај баба и дедо. Може ќе ти пречат, може не, трудете се да бидете разумни и коректни колку што е другата страна.
Кога е немажена го прифаќаш тоа и имаш позната ситуација па си правиш избор. Може и да била мажена па да се разведе и да се врати дома,Боже мој,нормална работа,ќе се бара чаре,ама ова се скроз други ситуации за разлика од типот " абе мене ми е тешко со 2 деца дома ќе се преселам кај вас некое време" и се ова ќе беше ок ако ние немавме бебе,како што доаѓала претходно па никој ништо не рекол,напамет не ми паднало,ама ситуациите се менуваат и ќе си се прилагодуваме на нив. Кога доаѓаше таа со првото дете кога беше бебе,мм кваките од вратите ги подмачкуваше,чкрипеле и им сметале,мува не смееше да прелетат дома,претивки бевме,а кога дојде ние со бебе да сме овде беше лудница. До утре да попувате како била кај нејзините имала право бла бла,ништо не го оправдува чинот на себичност и безосетност.
Да погодиме дека си омажена на 18-19, сега немаш ни повеќе од 24 сигурно. Растена традиционално, омажена во иста таква фамилија и мислиш дека тоа е правилно, полна со фрустрации што золвата и на 40 си има убав брак со мажот, си имаат разбирачка и поддршка, а и своја куќа. Ти го немаш тоа, завидуваш на золвата, зошто маж ти не е како нејзиниот маж, зошто си млада и не шеташ како неа и цело време се споредуваш. Маж ти шета и ужива, а ти си традиционална снаа затворена по дома и љубомориш. Потајно од тебе извира љубомора, се забележува.
Свекорот требало да ти е јасно каков е уште кога ти рекол дека нема што тебе да те прашуваат за твојата свадба, а ти сепак си се омажила и си отишла да живееш кај нив.
Еднаш ќерката оди кај мажот и тој е одговорен за се поврзано со неа, еднаш и она е нечива ќерка. Нека одлучи.
Многу погрешно мислење дадовте.Ни приближно не сум се омажила толку млада, тогаш играв ластик, ме изнасмеавте, јас ако не сум шетана незнам, баш напротив и затоа сега не ми се оди по кафани иживеано ми е тоа, сега ако ја спомнам золвата пак ќе ме испотепате, епа морам за да ви кажам дека она се омажила на 18 год и затоа и е интересно со другарки по кафани, јас додека одев думкала деца она .