Епа тоа е проблемот што колку и да сум лута не можам да бидам како неа,ние функционираме различно,тие порано легнуваат и порано стануваат,ние обратно,навечер кога спиеа на јајца газевме и гледав бесшумно да се спремиме за спиење,можев и јас да урлам како тие сабајле ама ете душата не ми дава,не сум така воспитана. За тоа небитна мислев,ете јас ништо не и сум,барем спрема брат и да имаше повеќе респект.
Ако се омажиш забавата не прекинува, кој те излажал? Маж ти вака ти вика? Се омажи и сега нема шетање? Секако, мислиш дека си сопственост на мажот. Нема кафани, нема одење кај родителите, само послушност кон свекор и свекрва. Секој сака време со пријателки да си помине, не е врзана со мажот ако е омажена. Мајка ми на 50+ си се собира во кафани со колешки и пријателки. Ова сигурно ти е квантна физика за да го разбереш, срамота, каква жена ли е тоа. Да си почнеш живот и ти да си живееш, да си гледаш за твој раат, помалку за золве, подобро ќе ти е, ќе процветаш. Почни со неа во кафана да шеташ, одма ќе видиш позитивна промена кај тебе. После кафана сите сме весели, а после неколку пијачки сите околу нас ги сакаме. Ќе подобрите одма фамилијарни односи.
Шетам алооо, што не ви е јасно незнам, не ми се оди по дискотеки, одиме многу ретко тоа ми е иживеано.
Ах тој филм е култен, ова па меххх... Мислам кога би се снимал филм врз основа на сценарио по темава би се викал што најмалку да очекуваш од живот во заедница со свекор што си планира свадба за која ти немаш право да кажеш мислење, свекрва што си планира роденден на маж и золва со деца гостинка секој ден во домот на нејзините. Долг насловов да скратам би се викал големите очекувања уште и уште поголемите разочарувања А има оправка, не е крај на свет, се вика побрзо реновирање на клозетот тие горе и клуч на врата. Кога има бучни гости или кавги доле затки во уши и зен во душа, што се постигнува со помалку загледување која што правела, чиј деца чувала, готвела... И да заборавање на се тоа во минатото од типот на работи и ги чував децата на золвата и работевме и кречевме, а таа не враќа услуга. Е не враќа де, не прајте и понатаму и раат сите.
Туку, нешто глупава сум јас што не сфаќам или стварно не е веќе јасно кој е проблемот и поентата? Освен раскажан цел живот во детали на золвата, јас друго веќе и не разбирам.
Баш напротив, супер совети ти дадоа тука, те прашуваа да видат што точно е проблемот, која е сржта на проблемот, ти предложија неколку начини како да се справиш со целата ситуација, како бесплатни консултации со психолог, а ти упорно ги тераш чаршискиве муабети.
Е и јас сум обратна ко тебе, ама мајстори ко ќе реновираат станови во зградава во 7 почнуваат, и ги пцујам, не дека не, (во себе) ама па не сме фамилија и забораваме. Сега ми текна. Ко се роди ќерка ми, над нас комшијата имаше внуче, двегодишно. Стално беше тука, стално врескање по скали, во лифт, во ходникот ехо. А моево бебе треба да спие. Си мислев боже, оти не го воспитаат детево. Гудлак со објаснување што значи тивко на мало дете. Мислам, тоа го сватив подоцна. Општество и општествени релации - нешто добиваш, нешто губиш. Тоа е.
Како да не се смее човек после такви легендарни изјави и ставови што ги напиша. Залудно е. Овде проблемот доаѓа од паметот прво. Уште 100 страни може да напишеме, нејзиниот менталитет и сфаќања нема да ги смениме. Пак ќе наоѓа проблем во сите, освен во нејзиниот маж.
Ама кој ти се смее и како од утеха дека има оправка за тоа дека некој ти се потсмева успеа да си искреираш филм еве не знам? И што сакаш друго да ти се пише не те разбирам? На золвата и се може тоа што го прави да си го прави. Дали е во ред и дали е културно така што прави, ете не е, ама и се може и не и е гајле дека пречи и си тера така. Свекрва ти ве ставила под нозе да ви огранизира родендени, свекорот од сам старт за свадбата и сега што ти е чудно, заби се покажуваат на старт. Ама можеш и сега ти пишав не е крај на свет, а ти како сакаш така прави си, твое си е.
Скрос ми е јасно,така си е,ама ако не разбира детето разбираат возрасните,свекор ми се силеше дека ќе го вадел да го шета,аха обавезно,ден,два,три....толку,мака му беше,преку 70 години е човекот. Е сега кај што спомна интересен момент е што золва ми Ск живее во зграда,дуплекс со свекор и свекрва,е таму не урлаше малиов,стариве го караат зашто знаат дека смета,нашиве воопшто не го караа,ниту пробаа да го седнат и да му објаснат,да пробаа барем,ама тоа е веќе друга тема,да не шириме. Сума сумарум сфатив дека секогаш некое проблемче ќе има,дај Боже ова да ми е најголемото
Кога ќе "пораснам" сакам да сум золвата. Жениште. Го брка деверот, ја брка нејзината золва, сите куќа и градат, секаде е закон, сите и се плашат и слугуваат, си ужива. Мажот ја пушта во дискотека, во кафани, заради неа со сите се искарал, братчето ја сака премногу, мајка и душа за неа дава, снаата ручек и готви. Нејзините не се откажале од неа иако е со друго презиме и отидена кај мажот. Родена лидер. Да ја ставиме за премиер, ќе ни ги реши и споровите со Бугарија и ќе влеземе во ЕУ, сите и се плашат и сите ги подредила.
Е а кога кога му текна поинтересно стана Нема везе ај да не испаѓа сме се смееле на туѓа мака, срамота било, а мене па и доцна ми е треба да се спие, работа обврски по сабајле и така. За читање овде се ми личи ќе има и деновиве, а колку е се' едноставно, ама зошто да е едноставно кога може да е комплицирано. Ај да не мудрувам, доста е за вечерва
Биљо нели е мрмот, а не мрморец? Во 1 и пол треба да решавам вакви дилеми. Мрморец е жаба или нешто слично
Потсмевањево за вас говори,знаете нели @Stressed Out Себична и безосетна. До осетот е,а вашава го нема.
Значи жени готово, фајронт, нема проблем за решавање, членката си раскажа, тоа е тоа, гасете светло, скапа е струјата.
Ај порасни ти прво. Па давај совети. Зошто освен глупоштини и потсмевање на женава , ништо друго не напиша .