Леле ќути, јас еднаш во 2 по полноќ се обидував да се сетам на англиски како се вика, па кога почнав одоколу 3 саат ме фати Не се разбирам во животињи, биљарка сум јас
Женава мисли дека жената го зема презимето од мажот и оди во туѓа фамилија, а нашето потсмевање за нас зборело. Таа па освен споредба со золвата и изјави од 18 век за жените што напиша, што паметно кажа. На женски форум такво потценување за цел женски род е трагично.
Ова исто како роди деца па коментирај? Како да не се смее човек на ова еве не знам. Утре не чека работа, доста беше забава за вечерва, утре ќе продолжиме со новата епизода од животот на золвата и љубомората на снаата. Лека ноќ.
Ќе порасне она и ќе се омажи, туку маж ти недораснат што се женел што праиме.. Ако не тролаш, господ нека ти е на помош со вакви размислувања.
Епа треба можеби во “мажи и жени” да се обратиш, зошто проблемот ти е со мажот. Или можеби во “проблеми со сама себе” , или пак “завист”. Во тие теми можеби ќе имаш повеќе среќа за решавање на проблемот.
А зошто мислиш дека и љубоморам? Сите тука се жалеле од золвата, јас еднаш ме убивте еј, да ги имавте моите проблеми или да знаете низ се што сум поминала немаше вака да пишувате , вие сте недораснати што се смеете на туѓа мака.
БАШ! Тоа ми е поентата цело време,таа и 100 квадрати стан да имаше пак тука ќе седеше,и да беше препишана куќава на мм да речиме таа пак ќе си дојдеше,потпис и имотен лист не менуваат многу,треба да си човек,да согледаш ситуација и да не гледаш само за свој интерес,и сето ова нема врска со титулата што ја имаме,золва,снаа,јатрва,до карактерот е.
И уште ова,кога ќе се потсмевате за мајката дека го чекала синко со пржени лепчиња на сабајле дека исто би било и со ќерката На нашава и спремаа 3 оброци,ја переа,чистеа,дадилки и беа,се по ред...или за ќерка е ок,за син не Кај мајка ми ден денес одам и се осеќам како гостинка,расфаќам набрзина се што растурила ќерка ми и си одам,некако тоа си е нејзин дом и ми е глупаво да се однесувам без осет,имам комоција секако ама се во граници на нормалата.
Сите проблеми во оваа и темата со свекрвите се од причина шо, засегнатите страни премногу си се величат себе, а имаат премалку осет и разбирање за другиот. Многу его, недостиг на искреност, а со тоа и 0 компромис. Мислам дека некои во брак влегуваат со предрасуди. Како да мора да ти пречи свекрва/золва/снаа, па расправии и стрес без потреба. И за битните работи гледам дека мора убо да се зборни пред брак и да се отворат очите 16. Туку сигурна сум дека на женава одморот и заврши, дома ќе се врати, а ние уште ќе пишиме. Во најмала рака в кафана е си лабави, нервирајте се вие.
Не е вистина. Твој е и таму не смее да ти смета. И не ти смета, доле те викаат. Те посоветувавме на маж ти име да биде спратот, ама ти си знаеш.
@Stressed Out еве живеам во зграда, буквално под балкон дење-ноќе деца урлаат, одма под балконов мој е предвидено да си играат. Мислам, не едно дете, барем 15 се. А сега дека распуст, уште повеќе него нормално. На комшииве до мене им се внуците на распуст дојдени, цел ден цртани можам да слушам. Има бебе 1 кат над мене, бебе како бебе, плаче. Плус лето, се' отворено, како во собава да ми е. Имам и забегани двајца, маж и жена, од 6 сабајле почнуваат со урлање, се вреѓаат, на детето му се дерат, детето пишти... И? Чаре? Да донесам бебе овде нешто ќе се смени? Потполна контрола на мир само во куќа со простор меѓу куќата на комшиите. И патем, ако не живеам кај моите, тоа секогаш ќе ми биде втор дом. Џабе нервозата, кога и ти веројатно некому сметаш. Ни јас не уживам бебе да ме буди бар 2 пати ноќе, ни попладне да не можам раат да одморам од пискотници, ама тоа е. Едит Кога си доаѓа братучетка ми од странство, на 2 недели или 2 месеци, кај мајка и' со детето си седи. Тоа е одма над моите кат. Сигурно ни тие не уживаат, ама тоа е тоа. Толеранција.
Тоа било само 2 ипол месеци, за 2 ипол месеци што се пржеле лепчиња на ќерката толкава драма, а маж ти што цел живот ќе живее со нив и ќе му пржат лепчиња? Да гледаме и од овој аспект кога толку против золви се пишува. И двете им се исто деца, едново цел живот со нив во иста куќа ќе остане, другото повремено на гости ќе доаѓа и ќе нема мира од жената на братот што ќе ја гледа попреку зошто доаѓа да си ги види родителите. Колку одвратно, во домот на родителите, домот каде си израснал да си како странец заради снаи. Снаите први да ги напаѓаат золвите, а колку им сметаат золвите и свекрвите што им се плеткаат толку и вие на нив им сметате. Ако ви дадат спрат, не значи дека треба на глава да им се качувате и вие да им давате правила кој се може дома да им доаѓа, па за ќерката на гости што доаѓа да хејтате. Нели на посебни спратови се било како во зграда да си. Епа на комшиите во зграда не им се мешаме за гостите. Не знаеме пола ни како изгледаат, ни кој им доаѓа. Во иста куќа е проблем што сте блиски и роднини, затоа се ви засметува. Никако не сум засегната од темава ама толку омраза од снаи за золви преселени во куќите каде што золвите пораснале е многу глупаво за читање.
Ехе, колку пати ќе прочиташ, се омажиле и им смета золвата немажена, 30 години начукала, уште со мајка и татко. Свашта.
Читам и се чудам. Многу ме нанервира темава, премногу. Како може уште некаде жените, ќерките да се множени со нула Се ова јас мислам почнува од воспитување од мали. Родителите прават проблем со тоа оставање куќи и цело наследство на синот, учење и воспитување дека жената оди кај мажот, од нив не треба да очекува ништо, а синот дека ќе носи снаа кај нив дома и дека тие спрат ќе им обезбедат, а синот и снаата ќе ги чуваат на старост. Па младиве се нервираат додека не умрат старите и не им ја остават куќата. Ќерката цело време зезната, непожелна и пред и по смрт на родителите, ништо не и оставаат неа, а братот откако ќе се ожени непожелна и за на гости.
Испуштате еден многу битен момент,на комшиите и други трети не им е гајле за вас,на блиските треба да им е,може до утре да си правите споредби и оправдувања,воопшто не е исто,ниту е во ред. На мм не му пржат лепчиња,тоа прво,второ,сите го изземате фактот дека за тие стари ние сме секогаш тука за помош,апсолутно за се,золвата си е настрана и не би да ситничирам. Уствари овде на форум најмногу ќе те навредат и ќе ти кажуваат правила луѓе што не биле во таква ситуација и уживаат да кажуваат правила и теории,често и да навредуваат и да се потсмеваат. Форум е,секој има право на мислење,само работите не се црно бели како што си ги куцкате.
Сите се фативте за тоа золвата што одела кај мајка и, дека вие не одите кога ќе ви текне. И јас не одам кај мајка ми без да се јавам. Е сеа тука има битна разлика. Самава пиша дека свекрвата си ја вика ќерка и. Мајка ми кај баба ми оди 2 пати неделно, над нив е вујко ми и вујна ми спратот си е на нивно име сами го направија. Ние никогаш не сме се качиле горе без да бидеме договорени со неа, ниту па она се симнала доле. Од старт си постави граница. А по-патријахален човек од баба ми не постои. Ама вујнава од старт си пресече, си вложија заедно имаат посебен влез и скали. Мајка ми ако дели ќе дели по пола делот од баба ми. Затоа што нема што да бара на спратот кога е на друго име. Е вујко ми не ќутел никогаш, се расправал и карал за се што сметало и не чинело. Како што ти пишаа проблемот е прво кај маж ти, а после кај тебе. Што не знаеш да пресечеш. И што инвестираш кај што не е заедничко под дифолт дека се ќе остане на машкото. Уште да додадам золвава доаѓа секој ден затоа што 4 пати годишно е во државава како штп си пиша сама. Значи не е пва 365 дена во годината и затоа мајката си ја кани секој ден на ручеци и кафиња. А секако снаата дека ќе ги прави пошто така и свекрвата правела пред 50г
Е тука има една работа. Ако има договор за доживотна издршка и им се остава куќата на синот и снаата, а ќерката е откажана од својот дел, тогаш може да се даваш 100 посто. Додека не е се така средено буквално можеш да и се јавиш на золвата или деверот да кажеш да си дојдат родителите им се болни вие немате време да ги гледате. И да мажот на снашкава е таков, зашто не знае да каже на нивните Доста редите кој како ќе живее ако сака ќе слегува доле ако не не, ако сака ќе готви ако не не и готово. Мажот е тој што треба да си ја заштити жената во заедница. Ама се додека им се клањате на мажите и ги прадате - таков е- ќе постои темава.
Членката има проблем со маж и,не навлегувам,кажувам за кај нас,кај мас да буквално има таков договор и золвата знае за тоа само што не се препишани на папир,таа добива стан ние куќата,нејсе како шо кажав тоа е најмалку битно,барав само емпатија за одреден период од животов што никогаш нема да ми се врати. И да не испадне само снашката лоша,мм ми беше прв што рече ова не го очекував од ХХХ,свекрва ми исто знаеше да искоментира дека е премногу време и дека ќерка и нема осет дека реално е терет голем,луѓе во години се.