Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.382
    Допаѓања:
    114.403
    Пол:
    Женски
    Ставете си вие се на папир уште од сега. Верувај ќе си имаш мирна глава.
     
    На Stressed Out и buba4e89 им се допаѓа ова.
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.929
    Можеби Анушка е трол, веројатно и е, има прилично застарени сфаќања и се тоа стои, ама благодарение на темава уште еднаш се покажа колку себични луѓенца сме Македончињава. Затоа и така тонеме и само назад одиме.

    И како можете да споредувате зграда и куќа? Комшии и брат/сестра? Реков јас, за да поентирате, не знаете кај терате. Ама мислам, длабоко во свеста треба сите да знаеме дека на комшијата не му е гајле за мене оти можеби ни здраво не си викаме во влез (па и да си викаме) , ама на брат ми/сестра ми и те како треба да им е гајле ако имаат две чисти.

    Јас немам ни брат, ни сестра, живеам во друг град, моите за мене постојат, дали тоа значи дека сега треба да се кренам со детето и да седам до бескрај таму? 65+ годишни луѓе да стануваат во 05 оти на ќерка ми и се игра и вика? Па они да ја оправаат дури јас не се изнаспијам? Глупости.
     
    Последна измена: 11 август 2022
    На IRBBB, Luna91, M.B. и 11 други им се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Во темата 40+- пред некое време читав како сме станале ладен народ, одтуѓен, за никој не го гајле и слично. Не знам само зошто се чудат, со оглед на советиве што се даваат во оваа и слични теми
     
    На IRBBB, Luna91, snegulkata и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.929
    Епа да, затоа што веќе ни брат, ни сестра постои во најголем број од случаите. Сите гледаат само на нив како им одговара. Другите нека патат и трпат, гајле ми е! Јас и само јас!

    Затоа многу пати кога гледам што се случува во таквите односи, си велам можеби и поарно што сум сама, барем знам сама сум. А не да имам родена крв за само сплетки да ми прави.
     
    На IRBBB, Oneo, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Значи да ги резимираме последните 100тина страни.

    Членката пред брак, на време видела какви се неговите дома. Ама, свекорот рекол нема што таа да се прашува и иако не сакала брак...се венчала?
    Тоа укажува дека за неа мислењата на мажи/постари луѓе се битни, а и според мислењата е скроз патријархално воспитана.

    Е сега наидува на проблеми каде што реално и сметаат (и со причина, бидејќи и наметнуваат обврски кои што не се нејзина грижа) и одеднаш не знае како да се справи. Свекор и свекрва мора да слуша, на мажот може да се пожали, ама не може друго да бара од него, пошто е нели маж. И останува само золвата, како безосетната злоба која и го нарушува мирот.

    А реалноста е всушност дека членката има проблеми исклучиво самата со себе. На страна тоа што направила катастрофална грешка, вложувајќи се што има во нешто што не е свое. Ама, золвата не гледам како и го нарушува мирот.
    Да, вложила во спратот, ама сепак има цел спрат. Од друга страна золвата оди кај мајка и. Да претпоставиме значи дека свекорот и свекрвата живеат доле, а членката со маж и на горниот спрат. Значи золвата оди доле кај мајка и и татко и. Не се качува горе кај нив. А и да се качува....постои клуч?
    Претпоставувам има автономија врз своите нозе за да ги контролира да не одат каде што не сака да оди.
    Ако ја викаат има уста за да може да каже не. Ако уште напињаат, исто така може да ги отера кај што не им е местото. Ама, не може тоа да го направи....јер патријархално воспитување. Мора да ќути и почитува. Мажот е стажист во приказнава, никако тој да има некаква одговорност. Колку и да е одговорен да ги отера и тој кај што не им е место, претпоставувам сепак не ја држи во заложништво.

    Ако и е толку прелошо и ако толку не може да издржи, нема сила што би ја задржало таму. Има секакви услови да се тргне од таму. Како викаат, мирот нема цена. Да и беше толку проблем, ќе го подбереше мажот да се преселат кај мајка и. И тој самиот го спомнал тоа. Мислам дека ако вистина го седне маж и, да му објасни дека не може да трпи веќе и да го притисне да ја решат ситуацијата, би ја послушал.
    Ама ова е од наше гледиште тука, дека мажот и жената си се возрасни луѓе, засебно семејство и треба да си се одделат.

    Од нејзино гледиште, не може да живеат кај мајка и, затоа што кај се видело кај жената да се живее дома. Тоа е за само пу, пу, скраја да е. За сами скроз посебно, касно е, отишле парите. Останува золвата да е разумна и да сфати дека веќе не припаѓа во тоа семејство и нема што да бара таму. Спратот е на маж и, а со тоа секако и нејзин. И сега не може да сфати како во свој дом и го реметат мирот и треба од своето да се оддели поради золвата, која одбива да живее според нејзините патријархални размислувања.

    Членкава има проблем исклучиво самата со себе. Проблемот, ако воопшто и го има, ќе го реши кога ќе заржи и ќе постави некакви граници. Ама за да го направи тоа ќе треба да излезе од тој менталитет. И се што и останува е само да си се пожали на форум и да се издува. Јас мислам дека таа воопшто не ни бара совет. Така да не гледам поента да се продолжи со давање совети за неа.
     
    На Glowy, unearthlysarah, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.941
    Допаѓања:
    35.023
    Пол:
    Женски
    Неполна година не е во државата, и за таа неполна година дојде 4 пати и проблеми направи, кога свекрвата сака да не собере мора нив кога им одговарало, а не на нас, па ние работиме неможеме преку недела, а за викенд неможеле не им одговарало на нив, ама јас пишав дека и кога беше тука кога живеевме во заедница седеше од сабајле до вечер кај мајка, не е она во странство цел живот отиде пред неколку месеци и еве сега нема да одела, неможела да издржи, и кај мајка 100пати пишав нека спие ако сака, не да не напнуваат нас, мм морало со дада се види, ако можеме ќе се видиме, ако не друг пат кога нема да сме на работа.Не сте прочитале се, кога беа мали децата ги оставаше кај мајка и тоа е во ред мене тоа не ми сметало, ама да ги чувала баба им не јас и уште да ме обврзува што јадење да сум им правела не јаделе сешто, а кај мајка и баба неможам да им забранам да доаѓаат кога сакаат, ние тогаш живеевме во заедница и замисли секој ден 8 души, а само што сме се вериле со мм, никогаш не сме биле сами, а она никогаш на 1 кафе не не викнала, немора мене туку мм брат и е.Ние сега брзо се одвоивме на спрат, до брзо живеевме во заедница
     
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    А уствари која ти е поентата на тебе сега, што сакаш да постигнеш? Неколку дена едно исто верглаш, а во живо што имаш направено да се смени тоа што ти смета?
     
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Не треба тоа да значи дека сега проблемот е решен? Ако не е, зошто не е?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.941
    Допаѓања:
    35.023
    Пол:
    Женски
    Значи ние сега се одвоивме брзо, пишав дека золвата доаѓаше и кога бевме во заедница и тоа е во ред дошла кај мајка, ама свекрвата напнуваше да мора да седиме со неа, тогаш не ни беше странство отидена, 100 пати пишав дека неколку месеци е странство и сега дојде пред некој месец и нема да оди, а сите се запнсле странство па странство е, читајте, јас мислев дошла да поседи некој месец и пак ќе оди, пред некој ден дознав дека нема да оди и тоа е нејзин проблем, ама ако неможеме да се видиме со неа нека не замара.Се видовме неколку пати, ги викнавме и горе неколку пати на ручек и свекрвата кажува повеќе месо биле по месото, па мене ако ме викне некој неможам да кажувам што да спрема, тоа што има, а зошто они не не викнат некогаш ?
     
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Иронично, со оглед на тоа што ти ништо не читаш ко што треба. :D
     
    На Glowy, Mantub, Oneo и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.941
    Допаѓања:
    35.023
    Пол:
    Женски
    Затоа што морало и ние да седиме со нив ете затоа, незнам колку пати се објаснив.
     
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Абе ако не ти се седе,не седи. Што е толку комплицирано не знам.
     
    На Discovery, Oneo, Directioner005 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Зошто зборот на свекор и свекрва е Алфа и Омега. Кај смее да не ги послуша. :D
     
    На Glowy, Oneo, unearthlysarah и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.941
    Допаѓања:
    35.023
    Пол:
    Женски
    Вие не читате, се објаснувам беше странство само неколку месеци вие сте запнале странство е и затоа седела кај мајка толку .И мислев е дојдена на гости само ама дознав пред некој ден ќе останела во мк, значи има време да се гледа со мајка .
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Ама ништо апсолутно ништо НЕ МОРАШ!
    Никој не може против твоја волја и на сила да те тера.
     
    На Glowy, CameliaMiller, Mikha4 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Пусто турско
    Ќе видат дека не ја фермат и ќе се откаже. Само игнор на таквите
     
    На nena2010, Milkiway и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Да читаше, ќе видеше дека буквално никаде не напишав ама баш ништо за странство.
     
    На Mantub и buba4e89 им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.941
    Допаѓања:
    35.023
    Пол:
    Женски
    Со самото тоа што не напнуваат се нервирам .
     
  19. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.941
    Допаѓања:
    35.023
    Пол:
    Женски
    Не се однесуваше само на вас.
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Какви проблеми ти прави лично тебе тоа што она доаѓа кај мајка си?

    Си имаш спрат што сакаш повеќе?
    Да се откажат од неа во весник?