Баш. Јас уште не можам да сфатам како на мојата не и фалеше маж и,и како него му беше сеедно толку време да не си ги гледа децата,туку само за викенд. Кај мајка ми сум седела со спиење само еден ден досега,едвај чекав да си одам дома,со маж ми,значи ДОМА,кај што си имам се прилагодено за нас и за ќерка ми,за нашите навики.
Не седам, некогаш, ама не се разбираат од збор, и на свекрва ми 100 пати и имам кажано она пак напнува.Се собравме оваа недела 2 пати ете и ние ги викнавме на ручек иако дома сме хаос уште реновираме.И не само золвата кога ќе дојде туку и други гости или комшии кога ќе дојдат и мм кога не бил во мк мене ме викала они се патријархални, незнам што сакаат со тоа демек да каже народот еве снаата седи со свекрвава добро се сложуваат.И сум и кажувала неможам имам работа, после неколку дена исто па исто и како да и објаснам дека со нејзини гости или комшии не ми се седи?И горе кога доаѓале наши пријатели седела и золвата ако била доле и она ќе дојде и си седеле со наши гости .
Исто досега имам само еднаш спиено кај мајка ми со бебе од 6 месеци без маж ми и тоа кога почина свекор ми бидејќи во куќата имаше многу народ и маж ми рече земи облека за тебе и бебе и ќе ве носам кај мајка ти, бебе да не е тука. Едвај заспав и едвај чекав да си дојдам дома кај маж ми. Инаку мајка ми до ден денес вели тоа е ваш дом кога сакате можете да дојдете. Тоа важи и за мене и за сестра ми.
Ти имаш проблем со поставување граници,кај вас изгледа се е многу токсично,премногу,мораш да си почнеш по твое ако сакаш мир,од нив не очекувај дека ќе се сменат.
Ти си прави тебе како ти одговара и не мора да им објаснуваш многу. Ако се лутат нека им стои. Не се нервирај, игнорирај и ќе видиш дека тие ќе почнат да се нервираат не ти.
И јас кога сум кај мајка одвај чекам да си одам, зошто спратот си го направивме по наш вкус, иако кај мајка ми куќава е на мене и можам да седам колку сакам, дом е оној кој го создаваме со мм.Еве пример дојдеме да живееме кај мајка ми, немам брат( починат е), и мм е домазет и треба ли мајка ми да го понижува?Тоа би било исто наш дом доколку сме направиле кај мајка ми
Па шо ако ти вели? Ти не мора да ја послушаш. Речи и': Неќам гости - и заклучи си се на спратот. Насила не ќе ти ги дојси.
И тебе не те разбирам. Бараш совет или дојде да си ја олесниш душата? Бидејќи ако бараш совет, решението е да си правиш по свое. Не знам каде ја гледаш пречката. Ќе те истепа свекрвата, ќе те напушти мажот, золвата ќе те оговара? Не може некој да ме тера да правам работи што јас не ги сакам. Нема да готвам за сите, нема да чувам туѓи деца, нема да правам кафе и да седам со некој што не сакам. Не знам каде ја гледаш пречката и зошто не кажеш не, макар и сто пати. Додуша јас после третиот пат не ни кажувам, игнорирам. Затоа те прашав, сакаш совет или дојде само да се искажеш дека не можеш вака да функционираш. Човек кога не може да функционира, променува. Затоа размисли што сакаш.
Си има клуч свекрвица и кога одиме негде си буричка во кујна јас имам приметено зошто се ми е под конец наредено, исто и во спалната во плакарот, и некои ситни работи ми фалат како марами, долен веш, сега кога одиме негде ја заклучувам дневната, но немам клуч од спалната дека вратите не ни се сменети и како налутена зошто заклучувам.
@Anyshka, значи те сфаќам дека не е проблемот зошто золвата доаѓа кај мајка си, туку зошто ти спуштаат муабети ти да си нон-стоп со нив. Јасно е и дека свекорот не се однесува добро со тебе. Јасно е дека сѐ ова те фрустрира. Значи јасни се тие работи, веќе 3738338 пати ги напомена, иако сфаќам дека некои членки не ти ја сфатиле поентата. Ама навистина се вртиш во круг веќе со пишаново. Значи, за тоа што зависи од тебе, ти одлучуваш како ќе реагираш. Не може да слегуваш долу и после да се жалиш зошто слегуваш долу. Ти избираш како ќе реагираш и прави си како ти е тебе најлесно, без оглед дали некој ќе се навредува. Се согласивме скоро сите дека се без осет што ти го бараат тоа. Сѐ ова ти е кажано 733839 пати, не знам што очекуваш друго да ти се каже, не можеме ние да го решиме ова наместо тебе. Е сега, кога се однесува за маж ти, некако избегнуваш да бараш одговорност кај него. Значи маж ти не е безмозочно суштество, па сега свекрва ти му го пере мозокот, за ти само во неа да ја бараш вината. Ако утре мајка ти почне да ти вели убиј го маж ти и ти го направиш тоа, ти не си виновна за убиството?? Следствено на тоа, ако не ти се допаѓаат реакциите и постапките на маж ти, во него е кривицата, не во свекрва ти. Или тоа, или маж ти е со потпросечна интелигенција, па не може сам да размислува. Во двата случаи, тој е проблемот. Тоа е она што цело време се обидуваат сите да ти го објаснат, ти си се запнала свекрвата така, золвата така. Океј, може не се во ред тие како луѓе, ама маж ти е тој што треба да го согледа тоа и да реагира. Ако не го прави тоа и тебе ти смета, тогаш барај чаре - преселете се заедно или барај си друг маж. Буквално бескорисно се вртиш во круг во темава наместо да размислиш малку пообјективно и да делуваш некако.
Да, ама некои се разбрани, еднаш, два пати да им кажеш не и да ги игнорираш ќе разберат, овие не разбираат.
Мора ли да бидеш културна и фина? Искрено те прашувам. Претпоставувам дека се уште се воздржуваш пред неа и за коментирање и за се нешто. Кој мислиш да зборува во твое име, ако не ти самата? Очигледно што и да применуваш, не функционира. Друг не можеш и да сакаш да промениш, можеш самата да се промениш какви односи градиш. Ако не сакаш ти да се промениш во однос на другите, не очекувај друг да се промени во однос на тебе.
@Anyshka еј дај речи и на золва ти нека дојде на форумов да и речиме да не те бара кога оди кај мајка и, и да се заврши праисторискиов мухаббет.
Јас имам неразбрана свекрва, си тера по свое. Разликата е во тоа што јас од оној момент кога сфатив дека имам еден живот и треба да си го живеам јас како сакам а не да бидам добра на некој , а тоа го сфатив кога од нервози почнав да се гушам да неможам да дишам си реков јас моите две деца ќе си ги оставам без мајка ако продолжам така. И почнав да правам мене како ми одговара. Последно беше зошто мојата мајка ги гледа децата а не таа. Многу пати преќутувам и си правам јас како што сакам. Таа продолжи пак што ќе кажел народот, ќе ни се смееле. Јас и реков јас и маж ми така одлучивме не ми е гајле што кој ќе каже. А многу убаво знаеш зошто е тоа така. И децата си ги зедов и се качив горе.
Се заклучувам и додека сум дома од други причини, она упорно ѕвони на врата да и отворам.Може се бањам или одмарам.
Е ако де, нека ѕвони. Не и' отворај. Ако се научи дека не и' отвораш секој пат кога ѕвони, ќе и' биди мрза за џабе да се качва.
Ова е стварно чувај Боже. Никако немој да си одела на истиот гинеколог ниту пак да си полагала сметки дали одиш и што правиш!