Точно кажано, ама на крај краева на готово да земе некој е целиот спрат да е опремен, а во нашиот случај се изрушивме и на ново правевме, полесно ќе беше на ново куќа отколку од старо на ново да голтам куп прашина, со мајстори неколку месеци, струја на ново, вода на ново.
Посреќна ќе бев да беше жива мајка му и да беше мамино синче дечко ми отколку да гледав колку му недостига и колку тоа оставило траги на него. Ете затоа сакам да сум блиска со нив се додека се живи. Нема вечно да се живи... Се ми дале во животот, ме израснале и зошто ќе сум се омажила да ги заборавам? 3/7 дена неделно ако ги посетиш на час-два што ќе изгубиш во животот? Мене фамилијарните односи ми се важни, сакам и со брат, со снаа, со свекор, со родители, со сите да си живееме. Децата секаде да ми се добредојдени, да се собереме и за убаво и за лошо. Немаме проблеми, добро си е се, сакам така да си остане. 24/7 сакам со мажот и децата во иднина да сум да, но ако се омажам не можам на сите да заборавам и да ги снема од мојот живот само поради мажот. И пред брак може да ја видат мојата близина со домашните, на некој ако му смета нека ме остави и тоа е.
A кој пиша да не се гледаш и да ги заборавиш. Ај те молам не измислувај. Не знаете како да си го оправдате детското понашање па ставате зборови кај штоне треба
Синот ако неможе да се одвои од мајка да се разведеме одма, а ќерка што неможе да се одвои од мајка тоа е нормс Лоша снсака, многу сте дволични, убаво ви кажаа, па золвите се удираат во гради не му оставаат на братот, ти што жена ќе беше, еве ќе кажам сите золви се да земат од кај мајка, братот се ќе им остави цццццц, па што ми вреди мене тоа кога останав без брат, камо среќа да беше жив, многу сте безобразни, да сте на мое место нема вака да мислите.За парче земја се карате срамота, да се засрамите .
Немало потреба да купувам, свекорот се ќе ни оставел. Од темава научив да си земам се на готово, јас па глупава ќе се замарам, уште го терам и дечко ми да работи и дипломи да зема. Земи се од родителите, што ќе се замараш. Фала фемина, сите проблеми ни ги реши.
Си имам кај мајка ми, нема што да купувам, се ќе и оставиме на золвата и мебелот, нека се радува на туѓа несреќа, сите божем имате стан купено со свои пари па се удирате во гради, самостални сте биле, самостални значи и сметки да плаќате не само да седите кај мама и тато .
Не само себичлук, ами и немање поим оти љубов спрема дете, партнер, родители никако не се споредуваат и не се мерат. Ама од многу образование се помешуваат лончињата изгледа И како бе така сакате некој заради вас да се оддели од своите, да биде блиску до вашите, вие не мрдате а тој да летне накај вас оти така ви прднало? Епа да сум машко, златна да и е, нема да е така. Може да живееме било каде, ама не во таа и таа населба или град, оти пази молим те, НЕЈЗИНИТЕ биле таму.
Јас никого не посоветував да се разведе, освен некој што е несреќен во бракот. Тоа е целата поента. Ниту бившиот, ниту идниот имам намера да го лажам за мојот однос со моето семејство. Може да не му чини и да не е со мене, нели? Тоа се бара и од мажињата. Не ја лажи дека можеш без мама, ако не можеш Па сама нека си одлучи дали сака или не сака таков живот. И интересно е што го правиш муабетот, знаејќи дека сепак во иста куќа со старите живееш, кат на име на свекорот. Мислам, ај да сте двајцата на страна некаде па ок, ама овака, очигледно со маме и тате се сите
Па би требало да се засрамиш од сопственото однесување кон членки што не те тапшаат по рамо. Јас веќе имам наследство,обезбедена сум со кого би се карала?! И не знам како е битно моево во темава. @forumce па дадов доволно,што сака повеќе. Кажува дека иде на работа не спие по цел ден, а цел ден ја окапа на темава. Убаво не трола.
Од километар се гледа кој се пронајде и живее на спратови дадени, па едвај чека прилика да се закачи за нешто. Да не им биле свекорот и свекрвата ништо немало да добијат. Им смета блискост на ќерки со родителите зошто нивните ништо не им дале и ги оставиле на милоста на родителите на мажот.
Оти Еме не ме цитираш? Да, немам намера да се отселам од овде, освен ако не се отселам од државава. И така е. И тоа не го кријам. И бившиот го знаеше и идниот ќе го знае. Морам да бидам со некого по секоја цена, макар несреќна? Не. Не мора ни со мене никој. За секое лонче има капаче, ќе се најде таков што вака ќе му одговара Како што кажав, на бившиот и тоа како му одговараше, ги обожаваше моите, и ден денес е со нив во комуникација, нашите проблеми врска немаа со моето дружење со моите (сам беше иницијатор на многу од тие дружења).
Пофални зборови за мојата золва, од срце и благодарам , на секој посакувам личност ко неа ,голема поддршка на сопругот и на мене,човек со планина срце.