А мислеш навреда е ако некој живее кај маж? Еве навреди пола форум, задоволна ли си? Очигледно имаш некои нерешливи проблеми сама со себе. Не беше ваква
Да не беше навреда немаше исти членки со денови на сите да пробувате да им вратите со нешто и да ги нападнете зошто не ви викаат браво што живеете така.
Ниту пробав да навредам лол. Туку муабетиве - ама си имате дом свој, кој маж така ќе ве сака, што е со тоа? Мислам, прво пред да почнеш да тресеш кој ќе ме трпи оти се гледам со моите, де прво види си ја својата ситуација.
Се слушаш ли, епа еве јас ќе ти кажам ако не си прочитала до сега, не сум оставена на милост и немилост туку имам куќа од мајка ми, татко ми и брат ми се починати, што не ви е јасно?Сте запнале за мене верглам едно исто а вие од прееска сте запнале сум немала каде да одам.
Среќа сме нашле мирни дечки и не трпат. Стварно мојов е бубачка, само неамбициозен дека е проблем имав. Ајде небитно сега, ќе му земеме на татко му, немало проблем. Да имавме золва голем проблем ќе беше, вака немам гајле. Просветлено се чувствувам.
Може ми одговара, сакам да сум доминантна и главна. Имате среќа што не сум ви ја золва, добри се вашите.
Кога ќе се соочите со проблем како мојов, ќе почнете да верувате мамини мази што сакате до мајка блиску да живеете да ви готви, пере и чисти.Тоа е незрелост откако ќе се омажи некој да чека од мајка .
Аман кога едитираш мислење, напиши дека ти е едитирано, која ти е поентата вака? Ова ти е мислењето, веќе го цитрав еднаш, ајде втор пат Јас нема да бидам со некој што не може да се оддели од мама, ако мама ми влијае како да го живеам животот и како да се однесувам. Ако неговата мама е како мојата мама, и не ме масира, нема да имаме проблем. Никого не сум советувала да се разведе, освен каде што членката изричито напишала дека маж ѝ ја вреѓа, тепа, и слично. Тоа се ситуации каде што секоја треба да се разведе затоа што се насилство, а проблемот од овој тип како што почна дискусијава овде, не е проблем за развод ниту пак едно такво мислење немам кажано на жената. И не, не навредив никој што живее кај маж, мојот иден може слободно свој стан да купи во населбава, ќе му се доселам јас на него, ама не, нема да одам на друго место да живеам, да потенцирам, освен ако не сум во државава. И тоа е мој избор за мојот живот, ниту некој мора да е со мене, ниту па јас морам со некого да бидам.
Какво перење, готвење и чистење жено. Мајка ми е, не слугинка. Само сакам да ја гледам, не да чекам нешто од неа. Ти од свекрвата тоа ако чекаш е друга работа. И јас зборам саркастично ама вие ме сфаќате сериозно. Ме изнасмеавте.
Хмм возрасни луѓе што не се одделиле од родитeлите е повеќе знак на codependency отколку нормална блискост , ама ај да не навлагаме сега и во тоа.Би пишувала и лични примери кои го докажуваат тоа нооо приватноста ми е побитна. Не реков дека лажеш туку го кажав како пример да видиш колку е апсурдно да тврдиш дека членката измислува.
Однапред се извинивам на админ за забегувањето од темата. Ако треба преместете, јас не најдов соодветна тема. Убави совети напиша навистина околу самопочитта и самодовербата. Многу пати истото сум го кажувала и самата. Ценам самоиницијативност и вредна работа и мислам дека на многумина им недостига. А таквите после се чудат зашто некој добива повеќе од нив и крив им е некој друг, не превземаат одговорност. И точно е сето тоа во однос на тоа како се поставуваме и презентираме самите на пазарот на трудот. Немам поинаков став од твојот во однос на професионалниот живот, но во однос на приватниот дел од животот сепак со некои работи не се согласувам. Можеби моето животно искуство било поразлично од твоето, а можеби и не верувам во генерализации. Прво: Убаво би било прво да се средиш финансиски и стамбено, па после да се влезе во брак и да се формира семејство. Тоа би било идеално. За жал многу луѓе немаат такви животни патеки и ја немаат таа можност. И тоа не е така само затоа што лично не се посветиле доволно, не учеле, не работеле вредно или затоа што не знаеле како треба да се постават кон фирмите, туку заради некои други фактори кои апсолутно не зависеле од нив самите. Дури ни стартната линија не е започнува за сите од истото место. Ти, на пример, си имала добро образование, си учела и си се трудела (и треба да бидеш горда на тоа), но не треба да забораваш дека некој ти ги создал тие услови за да ти дадеш максимум на тоа поле. Значи зависело и од нешто што е надвор од тебе. Некои деца немаат поддршка од дома да учат, немаат нормални услови дома или се во нефункционални семејства. И неможат да си ги сменат родителите. Утре може ќе си заминат од нив, ама дотогаш... Второ велиш дека само твоето е сигурно. Јас мислам дека ништо мое не е сигурно. Материјалните работи па најмалку. Сум гледала како мои блиски луѓе губат се што створиле во една ноќ заради природни непогоди и вонредни ситуации. Можам да речам дека способен човек, вреден човек и тоа ќе го надмине и го надминале, ама во првиот момент и на нив им требаше некој да им подаде рака. И многу е лесно е да се силиш додека си млад и здрав. Кога ќе почнат да поминуваат годините ќе сфатиш дека ниту телото ниту разумот не ти се сигурни. Луѓето стареат и се менуваат физички и психички. Конечно, нема гаранција ниту дека утре ќе си жив, здрав, способен да работиш, способен да раѓаш, способен да гледаш деца, да се движиш, да помниш добро, да бидеш психички здрав. Сето ова за мене се променливи а не константи... Мојот план беше дека да ако треба да си го ставам на hold приватниот живот додека се самореализирам на професионален план, тоа значи дека свесно треба да одлучам да се лишам и од еден голем дел од својот живот, кој може да е и најбитниот, најубавиот, највредниот. Можеби лишувањето ќе е за одреден период, може и да е доживотно. Кој го знае.. Јас одбрав да се остварувам и на двата плана паралелно. Во 20-те стапив во брак, бевме млади и двајцата, со една плата живеевме, родив две деца пред да наполнам 30. Паралелно со растењето на децата завршував факултет и дипломирав, потоа барав работа, работев се трудев и се изградував на професионален план. Вложувавме во врската и во децата, паралелно како што вложувавме во наш дом. Од сегашна перспектива не се каам воопшто и гледам дека правилно сум одлучила. Не знам дали ако се одлучев да створам прво работа, стан и добра плата, па семејство, дали денес ќе бев кај што сум. Можеби немаше да бидам со човекот кој го сакам само зошто не бил тајмингот за брак. Можеби немаше да имам деца (што е многу веројатно со оглед на тоа дека после 38-та веќе не можев да раѓам). Можеби ќе имав деца на постара возраст ама ќе бев физички и психички поизморена да трчам по нив... Така да вистина е дека ништо не паѓа од небо. Споредбите може да се прават од различни аспекти и сосема се непотребни. Можеби тебе некои жени ти завидуват дека имаш кариера на 30-ти и не думкаш деца, можеби мене некои ми завидуваат што во рани 40-ти веќе имам израснати деца. Не ме разбирај погрешно те молам. Никој никому не треба да му завидува, суди или да го етикетира. Но никој не треба ниту да кажува што е погрешно, а што е правилно, како треба а како не. Не викам дека не треба да се планира и да се поставуваат цели, но побитно е адаптирањето (а не ригидното придржување до некои принципи) и да научиш да се носиш со тековите што ти ги носи животот. И јас правам планови ама лично повеќе преферирам во моите долгорочни планови да го вклучам и елементот на изненадување или на хаос, затоа што животот многу пати ми докажал дека е таков - полн со изненадувања, непланирани работи и хаотичен. Научив дека има работи кои не зависат ниту тронка од мене лично а може да ми го превртат наглавачки животот. Треба да се научи човек и на спонтаност и флексибилност.
@Angie1432 да не можев да се одделам од нив немаше на неполни 19 години да одам со месеци во Америка сама и успешно да се снајдам. Се вратив зошто тука сакам да живеам, не ми се допаѓа таму начин на живот. Не реков дека ќе живеам со нив, само често сакам да сме си во контакт. Никој ништо не сфаќа, сите си толкувате како сакате. Сосем поинаков модел од живот како снаа или домазет. Тука сите нешто испревртуваат, каша попара стана ова. @Cosmic Girl и да не се сложував со тебе ќе се сложев. Прекрасно напишано мислење и одличен вокабулар. Вака да дискутираа сите ќе беше подобро. Убаво си тргнав ја за нормална дискусија ама почнаа тука да ми мешаат некои глупости, па возвратив како што се заслужи.
Не е вистина. Како можам јас кому било да набијам комплекс, која сум? Небитна личност на форум. Прашањето е колку кога ќе изгасиш овде си среќен со своите одлуки? Онака, во огледало кога се гледаш? Не те прашувам тебе, и не барам никој да ми одговори Јас гледам што посреќна да живеам, а мојата и твојата среќа не се исти. Ти си знаеш што те радува тебе, јас си знам за мене. Односно, ако ти, Трпана, Петрана сте среќни и задоволни со својот избор во животот, јас сум апсолутно небитна. Не јас, кој сака нека е.