Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.060
    Пол:
    Женски
    Блонд,мислам знаеш дека буквално не те сонувал како на сон,туку СОНУВА да те има,која дрскост ,несвест :tmi:
    Те имам читано многу,во очи ми падна тоа дека золва ти не ти дошла на роденден,таа ти љубомори ,и таа знае сигурно дека маж и те посакува -гарант ти давам,иако во нашава Струмица простотијата си е на големо ниво :rofl: ,се надевам ќе се сложиш со мене .
    Држи се подалеку од него,и никако немој насамо да остануваш со него,тој ќе отиде подалеку ,сака да те оцрни за нешто да те обвини тоа е некоја гадна сплетка ,демек да претстави дека ти му се нафрлаш,го заведуваш ,со извинение -струмички изопачености :@ .
    Тој мисли ти си наивна и ќе отрчаш да го кажеш на золвата,кој идиот.
    Држи се настрана и само остро со такви говеда како него :!: .
    Секое добро Блонд,поздрав од мене :hai: :hug:
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.094
    Пол:
    Женски
    Таа нема ни да се омажи, живеат со години така, само верени , не сакат да прават свадба од не знам кои причини не ме ни интересира, ама таа си има веќе дом каде што живее со невенчаниот сопруг, и фала богу дека ќе доаѓа да ги гледа мајка и и татко и, јас не реков ништо за тоа, ама кога нејзиниот партнер добива коректен однос од дечко ми тогаш заслужувам и јас, ако е така треба дечко ми исто да постапува со него како она со мене зашто уште не ја венчал, м? :?: Тоа наскоро ќе биде мој дом :!: иако не сум официјална снаа сепак не сум никој и ништо :)


    Micika80 Сигурно зборуваш од аспект на золва ;) јас не реков дека сум богата, не сум, ама они мислат дека ја спијам дома на пари , аман побогу, како зборите тука како золвиве да се светици, па и тие се луѓе кај кои што може да се развие љубомора, го кажувам ова дека MSkorpionka спомна дека можеби е љубоморна..Не барам ја црвени килими, барам почит, а дали збори она за мене од кај да знам не сум со неа 24 часа , ама знам дека во неделата кога си одев од кај дечко ми, свекрва ми не искочи да се поздрави со мене зашто седеше со неа во соба, значи само си кажувам не алудирам ништо :wasntme: Исто така ја имам еднаш слушнато како и кажува зашто ми направила едни компирчиња, у стил како "Па ти викам ја седи не прави" и тоа не само она туку и "маж и " си даде за право да коментира, али нема врска преќутев како и за други нешта, али ете јас сум лошата тука |( Туку ајде што да очекувам па јас од неа не знам, кога таа не го честита роденденот на брата си па за мене ли :tmi:

    Како и да е фала ви на сите за советите, ќе ја игнорирам колку можам, сепак се работи за уште месец дена , после ќе имаме спрат само за нас, а она кај нејзините што сака нека прави после :wasntme:
     
  3. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.782
    Што се замарате толку со золвите?
    Пуштете ги нека обрќаат очи,нека провоцираат,нека бегаат во друга соба кога ќе дојдете кај дечкото -вие само намонтирајте насмевка и трепкајте си со очињата пред свекорот и свекрвата.
    Тие чувствуваат дека во нивното семејство влегува нов член и потајно стравуваат дека ќе земете дел од вниманието на нивниот брат и родителите нивни.Едноставно-женска суета....
    Ќе се споредуваат со вас во секој поглед-образование,килажа,облека,обувки идр.и нормално да се јави љубомора која ќе ја манифестираат на начин кој ви е познат.
    Исто и јас се чувствував така -како вас сега,ама ден по ден,си имав свои обврски па не ја марев веќе .Золва ми ,виде -не виде,наведна глава ,се помири со фактот дека јас сум сега во „нејзината куќа“ и тоа е.Сега е „супер “со мене-се слушаме на 2-3 дена,ама вртиме бош муабети-ама тоа е .....
    На крајот на краиштата ,сфатете дека ви е битен сопругот,со него треба да делите добро и лошо,а сите други се споредни.
     
    На imelda, blond, midnight.flower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Не сум золва ;) во неколку теми имам спомнато дека имам сестра, напротив снаа сум и имам и јас золва. Само за разлика од тебе, јас од моја страна ги почитувам сите и не очекувам ништо за возврат, доволно ми е што сум си сакана и почитувана од мојот маж. Кога одам на кафе кај неговите, одам за да ги видам и да си направам муабет, не одам за да се споредувам со золва ми и да бројам каде и стојат работите и каде стојат моите чевли, јас дури и не соблекувам чевли воопшто.
    Кај моите дома, пола купатило е со моја козметика што сум ја оставила од времето, бидејќи кога се селев си купив се ново и кога одам, гледам дека мајка ми се чува. Што требаше мајка ми во случај да имав снаа? да ми ги спакува и да ми ги прати по пошта или да ми исфли се?
    Уште не си се преселила а веќе очите ти се во золвата и единствено кај тебе се гледа љубомора и тоа за најнебитни работи. Твојата козметика во соба, нејзината во купатило, твоите чевли во ходник, нејзините во плакар...Побогу девојче уште не преселена, како снаа во најава, веќе се споредуваш за глупости со нивното родено дете. Утре ако се разведете, ти ќе бидеш персона нон грата, а она ќе си биде нивно дете.
    Золвата е исто дете како твојот маж и има целосно право колку и твојот маж. Како тоа, твојот иден маж останува дома, ќе добие спрат и ќе си донесе во домот невеста, а нејзе ќе и ги брои и шампоните во купатило.Кога цел живот исто растеле.
    Девојче, правно гледано, золвата има право половина од твојот спрат што го збориш! Се што поседуваат родителите е подеднакво на двете деца. Ти како регуларна снаа во иднина имаш право на половина од половината на мажот, ако неговите решат да делат братска делба.
    Биди среќна што золвата си заминала да живее вонбрачно и оставила братот да биде газда,ама тоа не ти дава тебе право уште сега да и броиш каде и стојат работите, колку пати дошла кај мајка и и каде ги остава чевлите. Гледај си го мажот и не ситничи за небитни работи, оти ако вака цепидлачиш, допрва ќе имаш проблем кога ќе се преселиш.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Леле исто и јас, дома одам еднаш до два пати во годината ама се ми стои на исто место.
     
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.094
    Пол:
    Женски
    Има он уште еден брат така да она нема ништо од куќата, ако сака нешто делба за неа следува нешто друго, така ми кажа дечко ми :) Јас не сакам ништо од таа куќа фала богу дедо ми и баба ми оставиле стан кој ќе биде за мене :) Не бев сфатена од твоја страна, па таа цело време попреку ме гледа, ме сретнаа тука во Скопје со маж и ме одминаа здраво не ми кажаа :o аман девојка сум на брат и зар едно здраво не заслужувам? Ни сум се карала со неа ни ништо, баш напротив, секогаш сум била ок спрема неа. Зашто да и вика на свеки зашто ми направила компирчиња? Јас не сум ни барала ни ништо, жената сакала да ми направи и направила, ама ете неа и смета па и пререкуваше за тоа, иако знае дека може да ја слушнам и слушнав :!: па пак продолжив да бидам ок спрема неа. Поентата ми беше дека , кога он(маж и ) добива коректен однос од дечко ми, треба да добивам и јас. Не знам што сфати ти дека очекувам од неа, само сакав да се зближам колку толку, од едно кафе нема да ни биде ништо, ама тие кога ќе дојдат се сами искачаат |( немаат никој и се сами одат секаде, дружељубивост на ниво :rock: А кога јас ќе се преселам во тој спрат ќе вложиме и јас и дечко ми и фала богу дека нема никој да ми спие на спална што ќе ми ја купат моите , и тогаш тоа ќе биде мој спрат и на дечко ми, без оглед кој живеел пред тоа, а она ќе си оди на гости на другиот спрат, па тогаш ако сака и нека ги обеси на врата чевлите :rofl:
    Инаку и јас ќе бидам золва, ама има време за тоа брат ми е многу мал сега (10годинки) и кога он ќе се реши да се жени и ќе донесе дома снаа ( венчани/невенчани ) небитно они си решаваат за тоа, и ако сум оставила јас нешто мое дома, ќе си го земам, или ако не ми треба ќе го фрлам, што треба да ги оставам сите шампони наредени у купатило за да знае снаата дека тоа е моја куќа? За да нема кутрата каде да си ги нареди нејзините? :x Не, не сум злобна јас како некои :worried: Ама јас сум јас, никогаш и да не е женет брат ми не би дошла со недели заедно со сопругот да спијам и јадам на готово, додека мајка ми жена од 60 и кусур години ме служи, би дошла на некој саат и би си отишла, евентуално детето можеби би го оставила на некој ден онака на гости, ама јас да седам нема шанси :|
     
    На savana и majafimceva им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Од досегашново мое искуство а и од разгледаниве мислења на темата, дојдов до следниве заклучоци:

    1. Доколку золвата е безобразна со снаата (а таа нема никаква вина) и мажот си ја поддржува жената, тогаш треба да се игра к**вински, со финта, стапицата која ви ја поставила да ја свртите накај неа. Победа и олеснување, загарантирано!

    2. Доколку во истава ситуација како во 1. немате поддршка од мажот, вие немате проблем со золвата, туку со мажот.

    И третиов заклучок е инспириран од најновите гурабии золва ми шо почнала да ги јаде за мене

    3. Доколку си го сакаш и почитуваш братот и неговиот избор, ниедна снаа не може да ве скара. А инаку лесно е цел живот да си се` освен сестра и да чекаш невина жртва за да ја обвиниш за проблемот кој е веќе со години продлабочен и закоравен.

    И запомнете, никогаш не му давајте до знаење на вашиот непријател со кого си има работа. И јас така млада и неискусна, обидувај се со искрен разговор, трт мрт, угодувај и`, врти ги нејзините цинични коментари на шега само за да нема конфликт и немир во семејството и си го добив. Само стратегија му е мајката (ако сакате трајно решение).
     
    На girl.23, eli25, Palchica и 3 други им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.472
    Анастасијаки,јас не би се многу замарала на твое место,бидејќи уште не си официјална снаа,а кога ќе бидеш,верувам дека се ќе се смени.
    Очигледно е дека е разгалена девојка,која не може да се помири дека сега ти ќе бидеш на нејзино место што се вика.Може нема против тене лично,туку ми личи дека би се понашала исто и спрема која и дае девојка на брат и.Изгледа таков карактер е.Со тоа сакала да ти покаже демек она е главна,што е за мене многу простачка работа ,ама ете нека и биде |(
    Одите 2 години,а да ти кажам ли дека јас одев 8,9 години со маж ми ,пред да се земеме,па некогаш ако и текнеше на госпожата ќе ја дигнеше главата и во град ни на брат и не кажуваше здраво,рамо до рамо на разминување.Кога одев на гости добивав само здраво,а не пак кафе.И сега кога ќе дојде,знае да оди во кујна,да раскрева,да мести,ама полека полека ја ставам на место.Еднаш јасно и дадов до знаење дека е гостинка,да не се мачи,што и да и треба јас ќе и дадам :lol: Ама тоа на фин начин :!:

    Инаку,ете и јас се ставам на нејзино место,да имам брат и снаа.Сеуште сум си слободна во мојата бивша дома,сама си варам кафенце,мијам садови,правам ручек и се останато како што беше порано.Би ми било тешко и би требал голем период на адаптација,кога би имала снаа би ми било тешко да се чувствувам како гостинка :(

    Како и да,премногу замарање-не е на арно.
    Како што ви кажав трудна е,а ни нема кажано.Знаат сите,ни честитаа на неколку пати,а таа молчи,молчат сите.Којзнае колку ги има строено за да молчат и свекорот и свекрвата и да неможат да се порадуваат за внучето.
    Потајно си се радувам,зошто ми е ќеф,прва принова во фамилијата,си велам ејјјј ќе станам вујна :wasntme: ,ама ми е криво зошто крие? Зарем мисли дека и љубоморам,дека одма и јас ќе останам трудна да не останам покуса-зошто она фунционира на тој начин..........
    И се познава малку стомак,сигурно е накај 3 месец,носи широки туники,и само коментира меѓу редови....Јас прочитав се,ама си молчам.
    Мислев да и речам сите знаат зошто не кажувате на нас,ама мајка ми ми рече да си молчам,и да си ја гледам мојата работа.
    И во право е.
    Ако некогаш каже-ќе и речам само Знам,сите ни честитаа веќе оддамна,само незнам зошто барем на брат ти не му кажа да се порадува оти ќе стане вујко...
    Абе мизерии :puke:
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    ^^Да и е мм брат има да ја заплеска директно во лице дека знае и дека е ќурка што таква убава вест крие од најблиските. |(
    Aj некако да разберам да криела 3 месеци ако се водела по старинскиот обичај да не се кажува додека не зацврсне плодот и додека не е сигурна работата, ама да доаѓаат луѓе и да Ви честитаат, а Вие пред неа демек ништо не знаете... :x
    Немам зборови до каде може да оди човековата глупост, сите да знаат, а на братот да не му се кажува....свАшта.
    Јас да сум на твое место би и` честитала на свеки....онака -ајде бабо да ти биде живо и здраво внучето , цмок, цмок, цмок со ваква ]:) фаца, демек знам :!: и би ја гледала какви фаци прави, како евентуално се препотува и какви изговори ќе најде :lol: .... баш би ми било онака :devil: :D

    А за Анастасијаки една финта од мене практикувана, онаму каде што Ви стојат чевлите на сите, најди си едно ќоше и нареди ги сите твои чевли ама ставени во кутии, една врз друга, онака како Ајфелова кула....да видиш како одма ќе ти најдат место. Исто и во купатило, нареди си ја козметиката и ич да не ти е гајле...потурни си и направи си сама место ;) :D
     
    На anastasijaki и tessie им се допаѓа ова.
  10. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Кога золвата ќе се омажи, родителскиот дом веќе не и' е „дома“. Дом и е местото каде што живее со своето семејство, т.е мажот и детето. Сега, да се разбереме - јас не кажувам тука за проблемот што го има анастасијаки, конкретно се осврнувам на ова што ти го напиша. Јас моментално сум во куќата во која израснав, кај моите - ама тука не ми е дома, и не сум толку слободна, колку што сум била порано, односно немам слобода колку што си имам дома, таму каде што живеам со мажот и детето.

    Така е! Потполно се сложувам со ова, јас не сум долго мажена а брат ми е многу помал (не е женет) ама има девојка супер - и паметна и убава..комплет и си се сакаат...замисли како би и било јас да доагам и да се правам газда :^) прво моите не би дозволиле такво нешто, сега јас мажена па ќе одам таму да се растртам, разготвам, расчистам и сл - као она не е доволно кадарна :^) а второ знам мајка ми како се нервирала со золвите нејзини кога ќе дојдат па ќе влезат со обувки (бидејќи нивен дом било па што сакаат ќе прават) а брат ми уште лазеше..... секој треба да си го знае своето место. Можеби па и така реагираат золвите зашто не се добро прифатени таму каде што отишле.....
     
    На anastasijaki и Annath им се допаѓа ова.
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Ели,јас да ти речам да не се лутиш.
    Може оди по она старинското дека 3 месеца не се кажува додека плодот не се уцврсти.Ете јас како што знаете,еднаш имав спонтан,и после неможев никако да останам бремена,веќе 7,8 месеци по бракот.Кога се случи тоа,до денес веќе 3 месеци се наближуваат немам кажанао на никој освен мајка ми и сестра ми.И секако маж ми.Не знаат ни свекорот ни свекрвата,ма да мислам претпоставуваат,пошто ми се познава мешенце,иако се трудев да носам широко.Не знам едноставно ме фати страв,после толку прегледи и обиди,и кога конечно останав,ај си реков да молчам,може е глупо ама така одлучив.
    Ама ете читам дека и други знаеле,ама можеби не е кажала она,туку ако има меше како што велиш почнале муабети,па така ви честитале и вас. Сепак не ја знам причината,ама убаво е и не требда да е молчи,јас кога првпат останав одма кажав на сите.Ако нема причина глупо е да молчи :^) :^)
    Едноставно несфатливо.
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ве молам совет за тазе невеста: Девојчево живее во стан, таму ќе биде 3-4 години, додека не се средат, живее со мажот, свекор и свекрва.
    Золвата е мажена, ама повеќе од половина од работите и се во станот и не сака да ги земе, а свекрвата не остава да се преместат или фрлат.

    Значи станува збор за цело веце е окупирано со стари козметики, ормарите преполни со разни алишта од кои 90% се стари и демоде, во ормарчето за чевли само за золвините има место итн.

    Мој совет беше прво да разговара (нели разговорот е пред се), но не успеа, па потоа наскришно расчистила некои од работите, ама свекрва и (и свекорот со нејзе) ја направиле големата.

    Проблемот да е поголем, золвата уште си носи работи кои не и требаат во моментот за нејзиниот стан да биде ненатрупан и среден (таа си живее во поголем стан само со мажот и децата).

    Мажот од девојчево е типичен македонски маж: не смее и не сака да и преречи на мајка си. |(
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Полошо здравје од ,,мамин син,,.

    Јас не би пипнувала ниту расчистувала буквално ништо, нека и стои се како што оставила, али мојата соба во која спијам со него би ја пренатрупала со мои ствари. Низ цела соба би поставила кеси, гардероба, чевли, козметика па нека се сопне ,,МАЖОТ,, и нека извади очи па можеби ќе му светне некоја сијаличка во мозочето.

    Банално е да се разговара кога се подразбира.
     
    На lolyta777, maca99 и girl.23 им се допаѓа ова.
  14. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Girl23 не сакам да ме сфатиш погрешно со оглед а тоа дека јас и ти добро се согласувавме на форумот но ќе го поставам прашањето Дали е пречката што нема навистина место во станот или дека се тоа стварите на золвата и дека таа седи во поголем стан сама со сопругот и децата а снаата седи во помал стан па кај се стега во толку мал простор па и пренатупан со ствари? Малку ќе го свртам проблемот од друг агол оти според мене се работи за чиста љубомора. Снаата е пресно дојдена и работите на золвата не може туку така лесно да се исфрлат и да се стават вон употреба. Прво ќе ја праша дали тие работи и се навистина потребни и доколку не и се сигурно ќе се фрлат. А тоа да ги фрла скришно не мие малку добра идеја. Нормално е родителите да реагираат. И со оглед на тоа дека снаата тука нема да живее за стално ќе се преселува подобро е да остави како што е и привремено за тој период нека се снајде некако. Не е добар впечатокот што ќе го остави како нов член. Пред да дојде таа и золвата имала место во тој дом. Таа не е и туѓинец. Со добар разговор се се решава. А какви непотребни работи може да носи золвата во домот на нејзните? И таа треба да е свесна за просторот во кој тие живеат. Непотребното се фрла во канта а не се влечка по куќи. Не е добро уште од почетокот да се замеруваат за не битни работи кога тоа лесно се решава. Доволно е само да се праша и да се замоли, дали додека е снаата тука дали ќе може да се ослободи простор за неа, нешто што не се употребува моментално да се стави во кутии и да се складира на некое друго место. Според мене е така не дека јас сум золва а не сум снаа и не знам како е да си нов член туку дека не е убаво тоа ни за едната ни за другата.
     
  15. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Колку реално ги гледаш работите. Се најде некој тука да каже точно кој и какво место има во еден дом. Премногу ме бендиса како размислуваш за сето ова. И јас сум золва и јас наидов на ваков проблем но тука сите се нафрлија врз мене како демек тешко на снаата со тебе. Токму овие работи на денешните снаии не им се познати и повеќето од нив кои имаат золви треба да го прочитаат ова.
     
  16. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    До некаде сте во право до некаде и не! незнам како да ви по објасна што ако ете таа девојка ќе се пресели и ќе чека золвата да си ги земе својте работи, арно ама на золвата не му текнува да си ги земе а во куќата или станот нема место, а мајката не му вика ништо на ќерката нормално да не се навреди така? А тогаш што е должна сната да трпи такви неправди? И да нема место кај да си ги донесе својте работи основни. Велам основни само алишта а незборам за некој чеиз (работи алишта и сл) нејзин што ке си му ги дадат од кај мајката, а ако и она утре задутре стане золва тогаш кај ќе си ги носи алиштата за нормално на нејзината снаа да не му сметаат оти знае како е да ти сметаат туѓи алишта. Незнам колку ме разбравте ама мислам дека ако се мажиш и си одиш нормално кај мажот дома, тоа ти е веќе тебе дом, ти веќе нема што да бараш кај мајката па и алишта да носиш или да оставаш, таа куќа веќе ќе остане на друг, ти можиш таму да одиш на гости како кај мајка и толку, ако тој некогаш ти бил дом. Но сепак е тоа и воспитание на родителот.
    П.С. Замислете да има во регалот работи на золвата и на сната и сната е излезена некаде па се враќа и ја наоѓа золвата како претура алишта демек си ги бара нејзините. Тогаш замислетеа сликата на сната (нормално ке мисли дека му претура по нејзините ствари) сето ова го зборам нормално ако се нема место, а доколку има место кај сната а кај золвата не, живее во тесно во ред е да се помогне :) ама не за цел живот!!!!
     
  17. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    јас сеуште не сум мажена, ниту пак брат ми е женет, ама утре јас ке бидам золва на мојата снашка,
    кога ке се омажам нема да ја дадам мојата соба која ја користам сега во домот, брат ми си има посебна соба и цел спрат на располагање во кој ке живее со жена му и децата, оваа соба е моја и ке биде за мене кога ке доаѓам кај мајками и моите деца кога ке преспиваат тука и нормално дека ке има мои најосновни алишта тука и на децата, пижами и сл, нема да пакувам куфери за да дојдам кај мајка ми и татко ми.

    а на снашката ако и треба простор + ке дојде и мене ке ме праша, а не да ми фрла работи од дома, па заедно ке седнеме и ке видам што може да остане што не за да и направам простор, нема ништо да биде ако има работи кои не и требаат, во таа соба.
    за тоа нема да кажува ни на мајка ми, ни на братми, туку мене, сепак се тоа мои работи.

    затоа и ти нема што да се расправаш со свекрва ти и маж ти, викни ја золвата на кафе, по можност и свекрвата нека е присутна и прашај ај ако е слободна да види што нема да и треба да изнесете од станот и да ти ослободи простор, а не ти сама да и фрлаш работи
     
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    мој совет она да си каже на сопругот дека така не оди тоа или барем да ги стават на едно место може некој куферЧе или цлиЧно...нека си разговара со него за таа работа и за тоа како неговите родители реагират на тоа.
     
  19. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    38
    Со некои луѓе нема разбирачка,али јас сметам дека и мажот и е виновен тука.Тој е тој што треба да ги среди некои работи за да биде побезболно за сите и да нема кавги......Секогаш велам,колку и да е добар човек некои луѓе го тераат да биде лош :@
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Така ке имаш соба, а почита од своите блиски ке ја изгубиш.Се додека не се подели имотот од родителите "ти"немаш ништо .Поради вакви карактери како тебе многу браќа-сестри не се сакаат.Зарем можес да паднеш на такво ниво да им ја ускратиш слободата и комфорноста на живеалиштето на своите знаејќи дека ти не си веќе од таа куќа?.Само знам дека никој никогаш нема да го извиси ,ти многу повеќе ке бидеш почитувана ценета и сакана доколку малце размислиш дали ти значат тие 20тина м2 или почита и љубовта .
     
    На anule88, Angel.girl и girl.23 им се допаѓа ова.