Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Мажот ѝ вика гости после два смртни случаи кај неа дома, ама гостите и золвата криви и без осет... шта речи
     
    Последна измена: 11 август 2022
    На Glowy, Oneo, S.W.A.G и 7 други им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    Среќна сум. Имам семејство, има љубов и слога меѓу нас. Да имав повеќе пари да си шетам кај сакам посреќна ќе бев. Живеам кај маж ми, и што ако? Мене не ми е комплекс тоа.
     
    На Alexandrite, snegulkata, MarijaMi90 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    Језиво. Да бев на нејзино место, ќе го отерав. Луѓе без чувство
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.905
    Допаѓања:
    267.384
    Па не ни треба да ти биде, како не разбираш?
    Ако си ти среќна така, мораат ли сите исто да чувствуваат како тебе среќа?

    Ни мене не ми е комплекс да живеам кај мажот, немам со тоа проблем, ама имам проблем да се објаснувам и да поднесувам отчет. Значи, мајка ми ми е мајка и можам да ѝ кажам да ме остави на мира, ама свекрва да учам дека јас животот само по мое го живеам, нема потреба. И не би си ставила трн во здрава нога од таа причина.

    Ако веќе се нафатам на таков чекор, ќе треба да знам дека јаки живци и многу толеранција ми треба.

    Ете не сакам тоа да жртвувам, мислам дека ќе сум несреќна така, и тоа е тоа.

    Како што кажав, сите различни работи не' усреќуваат.

    Чим си ти среќна и задоволна од својот живот, апсолутно никој не може да те убеди дека треба поинаку да правиш, оти, не треба.
     
    На bittersweet, Inna♡, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.195
    Допаѓања:
    180.943
    Пол:
    Женски
    Каме, јас се прибирам од работа накај 14-15, некогаш и 16ч. Доаѓам дома, ручаме, обврски и игри со децата, пазариме со маж, и просто сакам да сум дома, во нашиот дом каде што се осеќам најслободно и најкомотно. За кратко, доаѓа време за спиење. Кај тебе е така како што е, затоа што сѐ уште немаш деца и немаш дополнителни обврски. Со моите 24 часа кои ги имам на располагање за сѐ, не гледам поента, а ниту пак имам време секој ден да одам кај моите и да седам по неколку саати. Ги сакам најмногу на свет, ама дел од животот го поминав со нив, а сега е време да го поминам со моите деца, кои кога ќе бидат возрасни треба и се надевам дека ќе го поминуваат со нивните фамилии. По текот на нештата, пилето одлетува од гнездото, станува птица и гради свое гнездо.
    Инаку за болдов. Ова на пример кај нас дома, а под "кај нас" мислам на мене и маж ми, не важи. На двајцата треба да ни е убаво. И сметам дека никој не треба да трпи. Не може јас и моите да сме на прво место, пред јас и тој. Или па тој и неговите, пред тој и јас. Ние стан купувавме да ни одговара на нас и нашите лични потреби, односно градинки, училишта, маркети, паркови, добра сообраќајна поврзаност со нашите работни места. Близината со живеалиштата на родителите не ни беше воопшто ставено на список. Ама сепак тоа сме ние, наша зедничка одлука. И покрај сѐ, и покрај тоа што ние се ставаме на прво место, се гледаме и со едните и со другите родители, и секогаш сме биле тука и ние за нив, и тие за нас. Љубовта ама никако не значи гледање секој ден. Не е ова "далеку од очите, далеку од срцето". Родители се, секогаш ќе ги сакам и ќе ги почитувам најмногу од сѐ, макар и на крај од светот да сум. Ама маж и деца, на прво место.
     
    На WhiteCat33, H.VAGA, Lizi и 23 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.905
    Допаѓања:
    267.384
    Се согласувам делумно. И наша заедничка одлука беше да сме тука кај што сум сега јас :)
    Дел од заедничките причини и беа моите родители, а и други.
    И да имам деца, сакам овде да растат. Од многу причини, од кои дел родителите мои.
     
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.407
    Допаѓања:
    60.131
    Пол:
    Женски
    Ме боли мозокот од темава. Наравоучение што е?

    Никако, во никој случај, најголемо НЕ, не на секој можен јазик на брак каде претходно не е решено јасно и гласно станбеното прашање, документи за имот, кој колку вложува и чии пари за што се.

    Седнуваш, се договараш за тоа, за однос спрема родители и спрема браќа и сестри.

    Најголем број на бракови пропаѓаат ради фамилии и ради неверства. Да си размислите со каков човек сакате да го поминете животот, каде ќе живеете со тој човек и како ќе живеете.

    Да не ви биде после кукала ми мајка по фемина.
     
    На Glowy, Oneo, S.W.A.G и 15 други им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.753
    Пол:
    Женски
    Aма зошто мислиш дека сите се објаснуват со свекрвите и дават отчет. Не разбирам стварно. Ние не сме деца да им даваме отчет на родителите.
    Еве ќе ти кажам со свекрва ми се гледам насабајле кога одеме заедно на работа, успат ѝ е и ме остават на работа. Во колата само добро утро,добар ден и толку. Попладне сме си дома со децата, навечер излеземе и тоа е. Некогаш ги видам кога ќе излеземе и тоа е се. Кафе немаме пиено заедно не знам од кога, пред некој ден ги викнав на ручек,а пред тоа се немаа качено којзнае од кога, во двор се симнувам ретко најчесто они да си поиграт со децата. Ни отчет давам,ни барам. Не знам зошто така мислиш. Еве знам снаа што е по цел ден со свекор и свекрва. Јас не би можела така.

    Едит: не зборам само за мене. Многу има вака што не даваат отчет.
     
    На Glowy, Oneo, Alexandrite и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.975
    Допаѓања:
    134.987
    Пол:
    Женски
    Доста постови надвор од темата плус "збогатени" со навреди се избришани. Ве молиме држете се до темата, ако имате конкретен совет, дадете и на членката да го реши, ако не изберете некоја од другите теми за дискусија.
    Секое наредно несоодветно однесување ќе биде санкционирано.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.905
    Допаѓања:
    267.384
    Не мислам бе Форумче, пак ти викам, за себе си зборам. Се познавам себе, растена сум во таков тип на куќа како ти што живееш, знам што е толеранција.

    Поентата е дека се полнат темиве од очекувања кои фала Богу не се исполнети, оти имаат луѓето проблеми поради многу неискреност и реални и нереални очекувања.

    Сите со отворени карти да играат, 80% од проблемиве ќе ги снема. Ама не, очекуваме сите да ги имаат нашите вредности, ставови, карактер, па се разочаруваме.

    Ниту ти треба да бидеш како јас, ниту јас како ти, се' додека сме задоволни со изборите.
     
    На Glowy, Inna♡, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Inna♡

    Inna♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2022
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Цело време неколку тоа и го збориме ама кој да слуша и сфати, други приказни си вртат тие.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.568
    Допаѓања:
    8.159
    Пол:
    Женски
    Брат ми на пример има девојка. Девојка,не жена.
    И он додека си реновираше во куката и средуваше му помагаше на девојката татко и ,дење ноќе.
    И покрај тоа што не е женет она е таму нонстоп,со него. Ниту еднаш не ми паднало на памет да пререекувам зашто е нонстоп таму или па она да се лути кога јас одам ..
    Премногу се замарате за ситници.
    Фамилија сте.
    Секој треба да прави компромис.
    Нашите имале ли се кога се земале? Не.
    Моите живееле во две соби а во долните две соби живееле баба ми к дедо ми.
    Мајка ми знаете какви тешкотии имала со нив?! Охооооо перипетии ....ама ете некогаш ти ке направиш компромис некогаш они и така се одржува фамилијата.
    Едит ..многу е лесно да се омажиш/ожениш..тешкото е да ја одржиш фамилијата на куп.
    Секогаш некој и нешто ке ти смета .
    Од мене на пример по приврзан човек со мајка и татко нема. Ама сепак сум свесна дека имам веќе моја фамилија и приоритетите во животот се менуваат
     
    Последна измена: 11 август 2022
    На Мамичка и buba4e89 им се допаѓа ова.
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.195
    Допаѓања:
    180.943
    Пол:
    Женски
    Ќе растат бе Каме. Моиве секој викенд се гледаат со бабите и дедовците. Ги испративме и неколку дена на поседок. Преку недела сега за летен распуст, си играат со другарчињата на лулашки, нели, и тоа е дел од детството. За сѐ и сите има време, и ништо не им е скратено.
     
    На Yowannty, Luna91, Emy867 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.072
    Пол:
    Женски
    Патолошката симбиоза со родител особено на возрасни години,треба да се решава.
    Тој симбиотски однос со време се разрешува кога родителот го потикнува детето да тргне во правец на автономија.Ако не го направи тоа имаме патолошката поврзаност со родителите,кој ги пореметува емотивните врски со партнерите и емоционалните врски.

    Родителска задача на сите нас е децата да ни бидат автономни личности .
    А тоа не е ако се држиме за сукњата за мама.
    Било да е золва или син.
     
    На H.VAGA, Glowy, zuto и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.536
    Пол:
    Женски
    Ма ти се молам,како заборави така,ќерката е секогаш греотичка и омразена од снаата,а синот е мамина маза ако е таков :)
     
    На Oneo, forumce, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Мене само не ми е јасно какви снаи ќе бидат золвите што се навредија.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.827
    Допаѓања:
    34.731
    Пол:
    Женски
    Жално но вистинито.
     
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.236
    Допаѓања:
    170.283
    Мене едно нешто ми е во глава
    Што ако золвата отишла странство видела не оди и се вратила дома?
    Што ако е разведена па затоа седи тука?
     
  19. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    5.317
    Сите брзини ги измешавте на темава.
    Една тема се права, скроз друга тема е осет.
    Дали золвата има осет да се тупнува со петнаес деца кај брат кој живее во заедница? Не. Логично дека никој нема да трпи такво нешто и секој ќе се фрустрира.
    Ама дали има право да доаѓа и седи колку сака доколку ја вика мајка и’?
    Апсолутно да.
    И ако родителите се во ред со истото, ако золвата е океј, па и зетот, ќе си се гледаат до миле воље.
    Ти смета, не можеш повеќе? Збориш со мажот и ако не бидува никако поинаку и тоа трае до бесконечност се иселуваш оттаму. Или трпиш, друго чаре не гледам.

    Иначе зборете ми за осет ако утре му текне на свекорот да ја препише целата куќа на ќерката. Знам таков пример.
    Знам и пример кај што таткото го избрка синот од дома со тоа што му смени брава бидејќи го погледнал накриво.
    Живот е бре луѓе, се дур не се направи поделба на имот правно, ништо не е сигурно, како се ослободувате да кажете дека нештото е ваше еве не знам. Па и од маж ми тоа што е не се дрзнувам да кажам дека е мое.

    Инаку жално е какви мислења читам и тоа од жени што е најтрагично. Голем дел од вас сигурно имате ќерки.
    На што личело тоа идење, домот и бил кај мажот, како не и фалел мажот?
    Ја знаете другата страна од приказната?
    Што правиме ако нема поддршка за ху работа од истиот, ако минува низ криза во бракот?
    Да седи и да го трпи?
    Да се разведе? Кај да оди?
    Не сте изгледа свесни дека во уста земате друга жена и дека утре може да се најдете на нејзино место. Или вашата ќерка.
    Можда доаѓа од ќејф, можда од мака.
    Ради ова остануваат жени во несреќни бракови, бидејќи уште не сме излезени од 19 век очигледно.
     
    На Glowy, IRBBB, Oneo и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.536
    Пол:
    Женски
    Не знам искрено,еве јас и снаа и золва сум,фала му на Бога што ме воспитале да имам обзири спрема другите и никогаш да не се доведам во вакви ситуации.

    Да,ја знаеме другата страна на приказната.
    Ако читаше добро ќе видеше дека пишав и на нас да е препишана куќата таа пак ќе дојдеше кај нејзините,ама па и научете се да не испревртувате муабети,никој нема проблем со доаѓањето во посета,туку со заседување во куќа во која многу добро и се познати околностите.
     
    Последна измена од модератор: 11 август 2022
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.