Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.905
    Допаѓања:
    267.384
    Да резимираме.
    Не треба да ни' викате дека сме без осет, уствари патолошки проблеми имаме. Покажете разбирање и сочувство.

    Што е патолошко? Очигледно бракот на дотичната золва не страда, и маж и' доаѓа кај нејзините. Нив на сите им е арно.

    Тоа што некој не знае да каже не за нешто што не сака; е друг муабет.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.827
    Допаѓања:
    34.731
    Пол:
    Женски
    Со мажот заедно се тука и до децата.
     
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.257
    Допаѓања:
    112.385
    Пол:
    Женски
    Зошто?
     
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.236
    Допаѓања:
    170.283
    Ја мислев сама дека е дојдена кај вас па ми удри умот на развод
    Остај кој шо сака нека зборува ти терај си ја твојата како тебе ти одговара и ке нема никој проблем
     
    На Anyshka и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.827
    Допаѓања:
    34.731
    Пол:
    Женски
    И јас знам пример каде снаата кога се разведе се им зема покуќнина освен ѕидови, прозори, врсти и паркет, а станот се водеше на свекорот, дури и парично и платија за тоа што вложила во ѕидови, врати и прозори, она имаше золва, значи ако се сака се може да се докаже на суд кој колку вложил, може спратот не ми следува ама покуќнината да доколку дојде до тоа ако сакам можам да докажам на суд, за тоа треба многу време и нерви ама се докажува.
     
  6. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    5.317
    Јас пишав генерално, што ако, не знам зошто се најде повикана, не те цитирав. Ако ја знаете сигуацијата како е во туѓа куќа и кревет, супер, еве се сложуваме сите дека золва ти е без осет.
    Ама, болдот :).
    Си дошла кај нејзините и крај на прича. Ако нејќела мајка и’ да ја прими, немало и тоа е тоа.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.536
    Пол:
    Женски
    Какво мизерно мислење..... еве јас имам цела куќа на располагање кај мајка ми па не и висам над глава секој ден. Опрајте се сериозно со коментариве.
     
    На IRBBB, forumce, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.827
    Допаѓања:
    34.731
    Пол:
    Женски
    Мажот и работеше странство, неколку години сам беше и пред некој месец ги повлече сите, ама ете сега золвава не сакала да се врати тешко и било, и само мажот и ќе оди она тука ќе остане, да не ме нападнат другите дека ја оговарам, да не се објаснувам членката ме праша зошто и и кажав.
     
    На Мамичка му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    5.317
    Браво за жената што успеала да се докаже.
     
  10. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.536
    Пол:
    Женски
    Ама ако беше веќе препишана куќата на нас,како што цело време се зборува за тоа парче хартија таа ќе дојдеше кај нас а не кај нејзините,а ние сигурно по препишувањето немаше стариве да ги третираме како гости.
    А и толку ми е одвратно ова коментирање за имотни односи,не сум таков тип,цела дискусија ја отворив заради немање осет,значи за меѓучовечки односи....
     
    На IRBBB, Luna91, Мамичка и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.827
    Допаѓања:
    34.731
    Пол:
    Женски
    Кога се сака се се може, она имаше нерви траеше долго процесот, се влечеше по судови ама успеа, дури и теписите им ги зема и ги даде на сиромашно семејство.Станот си остана на бившиот маж дека беше на име на татко му ама друго се си зема.Од покуќнина нешто ситно му остана на мажот .
     
  12. Inna♡

    Inna♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2022
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Тоа што толку се зафативте да ме цитирате докажа колку сте тригернати и колку се тоа е само вистина. (hollest)
     
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.827
    Допаѓања:
    34.731
    Пол:
    Женски
    Си дошла кај нејзините?Кое размислување, па зошто не примиле нас снаите во таа куќа ако е на золвата само ?
     
  14. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.536
    Пол:
    Женски
    Обавезно...хахахах а ти зошто не цитираш цело време? По твојата логика де....
     
    На Luna91, Мамичка и Anyshka им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.827
    Допаѓања:
    34.731
    Пол:
    Женски
    Неможам да сфатам, снаава е гостинка или што? Или за едно е гостинка, а кога ќе дојде золва или други гости слугинка да ги служи, ако е на золвата куќата она нека служи ние снаите гостинки.
     
    На Мамичка му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.536
    Пол:
    Женски
    Ај вака да кажеме ситуација....да дојде членка и на форумов да пише дека маж и ги зел децата и заминал кај неговите во друг град да седи 2 и пол месеци,какви коментари и совети ќе дававте?
    И во едно сум сигурна,дека скоро сите од вас што се буните сега,кога ќе сте во брак со деца нема да сте вака силни и либерални.
     
    На IRBBB, Luna91, Мамичка и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Јас со мајка ми се гледам еднаш месечно на ручек.
    Повеќе од тоа не можам и не сакам искрено, долги седенки со мама да правам, а ме чекаат обавези или просто сакам да си легнам на мојот кревет дома.
    Ова го потенцирам во однос на муабетот за двојни аршини.
    Не мислам дека е нормално ќерка да се влечка со родителите, а возрасна, мажена, со деца.
    Да дојде мажот на золвата и да рече Жена ми многу поминува со мајка и - исто ќе му речев што им го велам на жени со сопрузи што се мамини мази.
    Јас скрос го сфаќам моментот со осет и јас сум таква, барем мислам дека сум осетлива, никој никогаш не се пожалил од мене за вакви работи.
    Живеам во зграда и музика немам пуштено ни еднаш за да не им пречи на комшиите.
    И да живеев на спрат, исто ќе пазев на секој чекор да не го афектира другиот долу.
    Само кај да се повлече границата?
    За мене лично, на спрат од свекор и свекрва, да им доаѓа золвата повеќе одколку што јас сметам дека е нормално, не би се лутела.
    Нивна дома си е, не е мое да кажувам.
    Од другата страна на золвата и јас нејзе можам да и личам на снаа што кај родителите ништо не бара, а кај свекрвата кажува правила.
    И такви снаи има, доминантни, со тешки карактери, низ темава колку пати имало снаи да се жалат дека *золвата е немажена на 35 години, никој не ја сака и затоа уште е тука и ни смета*, а нејзините со прст не се помрднале да им помогнат во однос на станбеното прашање и снаава ништо погрешно не гледа околу тоа.
    Мислам...
    Работата можеш секако да ја гледаш.
    Дури не се слушне другата страна, тешко е да се каже кој е тој што е безосетен.
    Не сум золва, ниту имам золва, имам девер.
    Со свекрва не сум живеела, освен 2 недели кога нашиот стан имаше дефект со вода.
    Во куќата бевме свекор, свекрва, ние, плус девер и јатрва.
    Да кажам дека не ми беше "тесно" не можам да кажам.
    Фрустрирачко и тесно и гласно.
    Ама збор не сум кажала, ниту сум помислила дека некој ми е крив.
    Баш напротив, благодарни бевме што не моравме да одиме во хотел 2 недели.
    Така јас го сфаќам секакво долгорочно живеење во куќа што некој ти ја одстапил.
    Да, има фрустрации, ама треба да се подсетиш која ќе ти била другата алтернатива.
    Или станбен кредит или кирии, пари во магла фрлени.
    И одма ќе станеш потолерантен и кон свекрва и кон золва.
    А овде јас уште не гледам проблем.
    Посебен спрат имаш, се што треба е да се научиш кафињата да ги одбиваш на свекрвата.
    Навистина маки големи.
     
    На winnie02, Glowy, Milobebence и 11 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.905
    Допаѓања:
    267.384
    Мене ми е страв дека некоја ќе проба да ни ебе раатот да ти кажам.

    Пример со душа ја чекаме братучетка ми на поседок, сега замисли на третиот кат (на братучед ми) на жена му да и' смета братучетка ми кога ќе дојде (на вториот кат, нејзин си е) и да прави драми.

    Сите сме научиле да се почитуваме покрај тоа што сите имаме маани, и некој да си земе за право нов ред да прави :x
     
    На nextredstyle, buba4e89 и Inna♡ им се допаѓа ова.
  19. Inna♡

    Inna♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2022
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Зошто е форум и сакам да дискутирам.
    Немажена и без деца сум била нели рече некоја вчера, па еве немам што да правам после работа и сакам време да си утепам тука пред да залади и да излеземе со друштвото вечер у кафич.

    Туку за главната во темава јасно е сега зошто золвата доаѓала цело време. Маж и го нема, во странство е, сама е со децата и потребно и е некој да има и да си прави муабет. Си доаѓа со родителите да си седи и да си се гледа. Затоа и излегува често, што да прави жената, сама е, мажот во странство. Не може никој да и забрани да си доаѓа кај родителите.

    За оваа другата што запоседнала куќата и золвата од гости на 2 месеци што дошла кај родителите еднаш и засметала, е од вакви снаи што мислат многу права имаат во туѓа куќа мрчам. Среќа не ни се погоди нас таква снаа, јас и моите не би трпеле ваква. Добра куќа ти се погодило, те толерираат да мрчиш за ќерка им. Други да беа охо... Дојдоа дивите, ги избркаа питомиве работава.

    Кај сакам во брак ќе си одам, тоа меѓу мене и мажот ќе си биде. Ниедна снаа не може да одлучува тука и да ме коментира уште на јавни форуми.

    Се надевам некако ќе се препознаат жениве, да видат што фамилија имале и да си знаат кого да одбегнуваат. Сигурно пред нив лице правите, тука силни глумите само.
     
    На nextredstyle, buba4e89 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.905
    Допаѓања:
    267.384
    Сега нешто ти пропушташ :)

    На маживе им смета или не?

    На членкава што ја отвори дискусијата, не му смета, и тој оди таму.

    На мажот на золва ти, му сметаше ли?

    Исто и за хипотетичка членка, зависно како се осеќа таа во врска со поседокот на маж и'.
     
    На buba4e89 и Inna♡ им се допаѓа ова.