Можеби золва ќе ти се погоди таква.За тебе најголем успех ти е излегувањето со друштво во кафич?А за золва ми што ја браниш нема врска што маж работи во странство, и кога е тука си излегува, он гоблен везе со баба му(свекрва ми).
Не може да ми се погоди во моменталнава ситуација кога сегашниот дечко е само едно дете. И како золвата ќе ми сметала дури и да ја имаше кога нема да живееме со татко му во куќа? Колку сака нека си оди кај татко и, хипотетички. Пак золвата, пак за жената муабет...
Што ти е толку криво што излегува? Што да не треба робинка да биде. Ако сака да излезе - камшикување. Не е најголем успех брак и дете.
Ај те молам кажи, пошто прочитав наназад те прашавме едно 10тина души, што е проблемот сега, во моментов, а не што се дешавало порано, ручеци, чистења, сега што проблем имаш за решавање освен - не напињаат за кафе да се симнеме - зошто тоа не е проблем? И ако сакаш да не се фаќаш за едно зборче од цел коментар туку да одговориш убаво на прашањето, фала.
Па ти ја спомна била сама затоа излегувала, јас само се надоврзав. Многу сте силни, ама како што пиша една членка ништо неможе да биде сигурно во животот. Се што ке се стекне може и да се изгуби.
И бракот денес го има, утре може и да го нема. Затоа си треба секогаш поддршка од родители да си имаш, а не од туѓи родители и сам да си способен за се.
Кажи што мака имаш со свекрвата и золвата моментално за да ти понудиме решенија. Или немаш веќе мака па ги игнорираш прашањата на сите што прашаа? Која е поентата да се збори за нешто што се десило и нема назад, си правела ручеци, веќе не правиш, си чувала внуци веќе не чуваш, си чистела, сега си имаш свој спрат, сега само проблем е што ве викаат за кафиња долу и бараат малку повеќе месо да има манџата кога ги викате да ви дојдат на гости?
И пак не сфативте зошто го пишав тоа за излегувањето, треба да ви нацртам, еве уште еднаш затоа што свекор ми кажа жена не била за во кафана, јасно ли е сега?Што не си гледа за своето .
Не се, ама кој како сака така ќе си прави. Нејзе и е убаво,си живее. Така сака. И како тебе ова ти менува нешто во животот? Ништо не ти менува. Не го играј ти орото на свекорот,искочи си.
Неа не и е гајле што мисли татко и, маж и, си живее живот на максимум. Ти повеќе се замараш за свекорот и нејзиниот живот отколку она самата.
Не, треба да ни нацрташ што мака имаш сега со свекрвата и золвата пошто не сфаќаме, што рекол свекорот за излегувањето пред 100 години е мање битно, рекол, ти си му вратила на реченото и поминало и уште да се збори за тоа до недоглед?
Според мене, ти со золвата немаш проблем. Имаш досадна свекрва и напорна, таа ви мрси работи. И' вика на ќерка и' дека ќе и' чува деца, ама тебе ти ги бапнува. Не го замара маж ти сестра му, туку мајка му. Свекор ти е тежок сељак. Само пак, овој проблем ти е толку лесно решлив, имаш поддршка од маж ти да ги откачиш, едноставно не им се замарај бе чоек. Нека се лутат, нека им стои. Не се твој проблем, не треба и не мора ништо да правиш ако не сакаш. Глеј си го раатчето, не си троши нерви на глупости.
Ама па стварно. Освен нокти прави, во кафани оди, не прочитав друго за золвата. Седи си на твојот спрат и колку сака нека прави нокти. Ако не каже што е маката ВО МОМЕНТОВ мислам редно е да се резимира темава.
Никаде женава не спомна за нејзино друштво, нејзин живот, само ја оговара золвата и кажува права жена и сопруга како треба да живее во фамилијата. Мажот како да ја отуѓел од се и сите, ја манипулира со се неговите и цела занимација и живот и се золвата па золвата.
И оти золвата го скарала маж и' со брат му. Не знам кој кажа, што жениште ќе беше, 10 души на мал прст врти.