Како да ти кажам, можеби требало. Јас за золва ти не знам, за себе си зборам. Не мислам на никој кога одам кај моите или баба ми, ако нив им чинам, тоа е. Или еве ти исто мој конкретен пример. Спратот на баба ми е мој, горе на братучетка ми. Браќа немаме. Ете двете може ќе родиме у исто време, да се договориме која да не седи во таа куќа или? И пак ти кажувам, две бебиња не' растеа под ист покрив, плус 5 годишно дете, па супер се гледаат нашиве мајки До луѓето е.
Од горе ќе им урла, како што тебе од доле ти урлале. @Stressed Out или прифати "зграда" менталитет, или нервирај се засекогаш, опциите се тие, како да ти кажам.
Сигурно нема да ја оставам да им урла во 7 сабајле,имам ОСЕТ,не сум либерална како сите вас овде што баш ви е гајле нели за другите
Добро јас вака немајка па знам дека дете коа има тантрум нишо не го смирува, може ти или супер моќи имаш, или јас сум претолерантна на децава околу
Само твоето бебе совршено и не плаче, не урла. Време за плачење да не има испрограмирано. Мојава кога плаче мислам сите комшии ги буди, некогаш ништо живо не ја смирува. Изгледа утнав со воспитување.
Уште ниедна золва не прочитав да ја збори снаата во темава, само снаи читаме со денови како се реметени од золвите. Едната пелени не фрлала, другата скитала цели ноќи во кафани и дискотеки, деца не си чувала... Подобро да се преименува темата во "оговаралница за золвите".
И ќерките имаат два дома, кај мажот (кај неговите родители уствари) и кај нејзините родители, и мажот по таа логика има два дома, кај неговите родители и кај жената (кај родителите на жената), ама ретко кој оди домазет. Тоа ни е маката во Македонија, што не се исти работите за син и ќерка, што се делат децата.
Ама стварно. Малиот од братучетка ми како бебе кога ќе зајдеше, мислам и комшии го слушаа. А ноќеска ќе им речам на овие горе оти нарушуваат јавен ред и мир. Мислам сфаќам под/над тебе да урлаат, да се караат, да трештат музики, тоа возрасни луѓе се, фала Богу и ќе се налутиш и ќе речеш и ако нема разбирачка полиција ќе викнеш, ама дете плачело бе. И детето плачеше, и кучињата мое и нивно лаеа, уште не се мразиме.
Не е веќе бебе...а можеби и си утнала,ти си знаеш. Така што поголемото дете од 7 сабајле куќава во вис ја креваше.
Тетка се сака повеќе од вујна , а сестра братот речиси највеќе...поради тоа снаиве вродено отпор имаат...
Првпат те читам на темава, од кај да знам колкави деца имаш? Не истражив кои сте, што сте... Сеедно, совршено бебе/дете совршено воспитување не постојат. Децата се деца, не може да ги сопреш некогаш да плачат.
Така е,затоа со децата ќе си седиш дома,децата не ни можат да бидат совршени,возрасните што се одговорни за нив треба да го стават прстот на чело.
Е ако де...јас вујна и тетка споредив....тетка е тетка , кај поголемиот дел од семејствата...се надоврзав на мислење нечие дека на снаите се нешто им смета
Неам тетка, стрина и вујна само, двете многу ги сакам стварно. Можеби зошто од кога знам за себе кај двете сум била максимално прифатена како да сум дома.