Па и детето на золвата не било кај вас оставено туку на друг спрат, па ако тоа ви било неиздржливо на 2 месеца можеш да замислиш како им е на свекор ти и свекрвата со твоите деца постојано.
Избришани се навредите. Може ли да дискутирате и да искажете мислење без навредливи додатоци кои само ја пореметуваат дискусијата? Мислењето може да се испрати без тешко на вас таквите, вие глупавите, вие простите, сигурно си проста... Едноставно кажете мислење, ако не ви се дискутира или сметате дека не е вредно за дискусија не испраќајте навредливи мислења, ќе следуваат банови.
Па ќерките, поточно снаите немаат. Нели не се во нивно и се тупнати кај свекорот и свекрвата. Поточно Проблемот е што жената воопшто е полошо третирана во споредба со мажот, без разлика дали е снаа или золва. Тоа ни е проблемот во општествово.
Да го пуштам ако не мм да продолжи со коментирање бидејќи го делиме истото мислење,за да не потекувате со тоа "вие снаите".
Јас кај свеки сум се осеќала тупната. Никој не ми рекол. Ама ламба не палам не гасам без дозвола. Е да имам брат и да му препишат се моите, се гледаме на суд. Не знам па може јас грешам.
Најискрено, кого би тужела и на кој основ? Настрана дали е етички наследството да оди само кај синот. Тоа било желба на родителот. Во други теми се дискутира како ние не треба ништо да очекуваме од нашите родители, од друга страна ќе одиме на суд ако ништо не ни препишат. Двојни стандарди.
А на пример, дали родителите може да доаѓаат во станот ние кај што живееме, иако тој е наш, ама тие ни се родители. И пошто, ние имаме право да одиме кај нив колку сакаме, дека нивниот дом е и наш, дали технички и нашиот дом станува нивни? И што кога и едните, и другите родители сакаат да дојдат истовремено? Ама тоа е сосем друга ситуација. Јас имам брат, кај нас е сѐ на пола. Сите си живееме башка од моите, ама пак не мислам дека на моите станот е мој. Моментално станот во кој живееме со маж ми е мој, односно наш.
Наместо тоа може и да се јавите на золвата да ѝ кажете сѐ што мислите за неа и колку ви згрешила, подобро од вас лично да чуе отколку да се најде овде да прочита како ја оговарате.
Нашата дневна е преку 2 спраата од нивната дневна,не ги ремети сигурно,а и не се споредува возрасни луѓе со мајка со бебе што едвај чека да поспие наутро. И мене ич не ми сметаа кога немав дете,тропале тропале,ама кога бев хронично уморна и те како ми сметаше.
Па како ви сметало бебето од золвата преку два спрата тогаш, или звукот во таа куќа еднонасочно само се движи?
Па може и грешиш малку, ама не си ти темата. Со твоите ќе се судиш или со хипотетичкиот брат? Како и да е, со сила убавина не бидува.
Важи ајде,згаснете ја темава ако не и многу како оваа. Таа си знае дека згреши,свесна беше и во моментите ама баш и беше гајле,кога си одеа ни рече извинете на гужва,јас само се насмеав.
Тебе мака ти е што не си можела да отспиеш 2 месеци, а каде ти е ОСЕТОТ за ќерката нивна тазе породена што може и требало навистина помош, била исплашена за бебето, прво бебе ако и било, постпородилна депресија. Вие само за вас си мислите, а барате осет од другите. Вие немате осет.
Еден дом имаат,кај што им е мажот и децата. Другиот е дом на нивните родители. Е сега тука на темава владее некој примитивен феминизам. Снаата е на последно место на шупелка, дојденка , се тупнала во туѓа куќа, неспособна, не купила свој стан. Ние што имаме ќерки тешко нас ако не успееме да им купиме станови пред да се омажат. @CameliaMiller Еве една ситуација. Се омажи сестра ти и го земе зетот кај твоите ,домазет. Се раѓаат деца. Ти доаѓаш утре со твоите деца кај мајка секој ден,нели што ти е гајле одиш кај мама,твојот зет се нервира што си секој ден тука, доаѓа до кавги со сестра ти,им стануваат односите затегнати со твоите и ти без гајле ке доаѓаш секој ден на кафенце кај мајка ти зошто тука си пораснала? Нема да ти биде жал што на сестра ти и се руши бракот поради тоа што им нарушуваш комодитет?
Не очекувам ништо од родителите, ако не му даваат ни на брат ми. Ако сакаат све нека продадат и нека подарат во хуманитарни цели. Или нека одат на крстарење по Медитеранот. Ама ако на еден дадат, а на друг не, ќе го земам нужниот дел по закон и ќе ги запалам парите пред нив. Пошто го фаворизирале брат ми да не се секира за станбено прашање, додека јас треба да трпам потенцијално лош брак зошто нема кај да одам и зошто жената на брат ми ќе ме збори по форуми дека и сметам, заборавајќи дека се вселила во мојата бивша соба што требала да ми припадне мене. Или па децата нема да можам да ги однесам до Дојран пошто плаќам 200 евра станбен кредит. Нокти ќе пуштам и ќе го земам тоа од кое што ме двоеле. Ама кај свекрва, чаша ако и скршам, утредента ќе одам и ќе и однесам цел сет нов. Зошто колку и да ме нервира, таа си знае како ја изградила таа куќа. Таа е газдата и јас тоа не го заборавам ниту во еден момент и не и кажувам кој смее, кој не смее да доаѓа. Моите ако ме оштетиле, не е обврска од свекрвата да ги пополнува дупките.