Мајка ми и тетка ми не добија ништо, со тестамент, баш како што вели @Mikha4 Може е нешто сменето во меѓувреме, али пред 20 години така беше.
За други не знам, кај нас беше отворена вратата и за моите и за мајка му. На сите им се јавувам дали се дома, толку и очекував. И се јавуваа.
Можеш да тужиш и ќе добиеш. Буквално можеш да тужиш маж/свекор кај што си живеела 20 години пример, си придонесувала, ама сметка да имаш нели, дека од твои пари си вложувала. Или ќе треба да те исплатат, или дел соодветен да ти дадат. Од наследство не можеш да бидеш лишена, има нужен дел, а ако фаворизираниот наследник сам не подели еднакво, тури пепел, не треба таков лик.
Да. Уште 5 деца да имаат, треба еднакво да поделат. Тоа бабите и дедовците ми знаеле, моиве да не знаат
Многу информирани вака за поделба на имот Не е ни чудо зошто се води толкава вжештена дискусија за снаите. Ќе се потепате за кој колку да земе. Типично за македонизмот. Ако за имот не се скараш, скини си го државјанството.
Тешко на тој брак ако сестра и што ќе дојде да се види со мајка и на кафе па ако сакани секој ден може да го поремети. Ако решил да е домазет ќе си прифати "правила" на игра и начин на живот во таа куќа. Ако не, нека се делат. Живот во заедница е многу тежок и треба многу нерви да не речам ортоми, и да треба да се прават компромиси од двете страни, ама има едно големо АМА, не може ни снаа ни зет да кажува кога, колку, како да доаѓа брат/сестра кај неговите. Освен ако не прави проблеми што се неподносливи. Кој сака раат и мир и воспоставување на свои правила - посебно. Што се вели да можеш на раат по гаќи да се прошеташ низ дома. Е во заедница па и на 10 спрата нека е тоа нема.
Биљо, у фамилија имав случај, баш брат сестра момент. Братов се' наследи, а сестрава му понуди да и' исплати 50% од вредноста и ај со здравје. Не прифати, таа го тужеше. Доби 2 соби од цела куќа (нужен дел) од инат, нит ги користи нит оди, е тој мака има ама... дебил беше, тоа му е.
Е добро де, и јас и Нарцис имаме случаи, ваљда не збориме на памет. Нужен дел е повеќе урбан мит отколку реалност. Никој да не спие со таа приказна, оти лесно се заобиколува.
Абе гадно е вака да стигне до тужење работава. Не дека родителите се должни да дадат на било кое дете, но треба апсолутна фер делба ако решиле да даваат. Но, не само физички, треба така и да се воспитуваат и растат децата. Џабе ако некоја е растена како членкава погоре, дека она не треба да МУ зема на братот, значи од старт се е само негово, а она е туѓа. После до тужачки и глупости се стицнува, брат со брат/ сестра очи да вадат е*а го...
Прво што е лошо да си информиран, ај да седиме смотани ко пред 100 години. Второ леле да срамота е да се тепаш за наследство, за мажот не е срамота, само за жената е срамота. Јас знам за нужен дел се тужеа, доби, ама пошто куќата не беше можно да се продаде, во пари му го исплатија нужниот дел.
А зошто ти треба наследството? Нели треба сами да си создадеме свој дом, вон оној што сме израснале? Со наши пари, морам да напоменам. Како и снаите де, што се тупосуваат.
Скини си го државјанството и ако двете деца ти се еднакво мили без разлика што имале меѓу нозе. Ако нив не им е срам да ми плескаат дека брат ми им е помил, мене па ич не ми е срам да се мкнам по судови. Нивен е срамот, не мој ако така испадне.
Абе снаа да не си во темава, по дифолт си крива за се Имоти, поделби попара сте ја направиле темава. Уште родителите живи, се поделите и на суд отидовте Јас не знам како не ви забоде очи делот жена со бебче, 2 месеци клепната кај родителите без мажот. Тој не е родител? Нека си спие 2 месеци мирно, а баба и дедо по 70 год нека им излегува душа. Со нив го правела детето или со него? Ако сметам дека не можам сама не правам второ дете, не направи го и малтретиран 70 год луѓе. Родителите не ја избркале, ама сам треба да имаш осет,да забележиш дека им е тешко и да ги поштедиш. Или најбитно е на себе да си олесниш? Па и синот бил горе со децата и они замарале... Да ама тие се семејство горе си го гледаат бебето, не им го тупнале на старите. Инаку жена на жена очи ќе си извадиме. Секоја мајка знае каква фаза е подтпородилниот период, ама своето дупе да си го олесниш за другиот баш те брига. Што не си ја зела мајка и кај неа и така сите би имале мир? Колку себичност чудо...
Ама што се докажуваш. Не можеш да им смениш мајндсет. Сфаќаш? Золвата боде очи. Јас сум золва на братучед ми жена му. А бре ко моја ја сакам. Секогаш кога вујна ми ќе спомнела нешто наопаку сум и враќала - Не зборувај лошо и ти имаш ќерка. Не давам на женското. Крај! Ама и она како снаа и према мене и према мајка ми била крајно коректна. Дури поблиска е со мајка ми него со свекрва и. Со мајка и татко и, сестра и живееме одлично. Во секој момент сме тука едни за други. Ама тоа е. Не се сите исти и не можат тоа да го сфатат.