Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Во случајов се работи за 60% стари алишта, предмети, кои не се користат, и кои дури ако ги дадеш некому нема да ги сака. :^)
    Другите 40% биле предмети од децата (дубаче, количка, корито за капење, нокширчиња и сл.) кои не сакала да и фаќаат место кај нејзе, па ги остава во стариот стан. :!:

    Извини на чекањето одговор, ама не бев видена со другарката, за да ја препрашам поточно. ;)
     
  2. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    До некаде се согласувам, но не во целост.
    Мене целава оваа работа ми изгледа како синџир. На едно место да зачкрипе (една алка да не функционира) и ете ти конфликти. Еве, хипотетички, убаво би било кога ќерката ќе се омажи да си ги собере „парталите“ и да си отиде од родителскиот дом.
    што некако и не се согласувам во 21 век, кога на сите страни се труби за полова рамноправност- но ете да речеме, таква поделба на имот е договорена (на синот куќа, а на ќерката „клоца в газ“)
    И сега таа (ќерката) е снаа во нечија друга куќа, арно ама ако таму нема место за нејзините ствари (од Х причини) каде треба да ги стави таа своите ствари? Ваму ако ги врати во татковата куќа, ќе и направи проблем на нејзината снаа, а на тој начин (ни крива ни должна) проблем ќе почувствува и снаата на снаата (ако ме разбирате). И тоа така може во недоглед (се дури не се деси некое семејство каде се само ќерки - па нема снаи, а и да нема домазет). И каде сега човек да ја бара вината? Што е постаро: кокошката или јајцето??? Секој родител го боли за своето чедо, па ќе ослободи дел од својот животен простор ако треба, само за да не му страда детето.
    Јас среќа имам сестри, не сум золва, а нема ни домазет кај моите дома, па моите работи не му сметаат никому. А зошто се моите ствари кај моите дома? Бидејќи свекрвата не ми ослободи доволно место за моите ствари во нејзината куќа. Бидејќи се изјаснивме дека нема засекогаш да живееме овде со нив, туку ќе побараме наш дом (што како тргнало, изгледа ќе трае со години), таа нам ни отстапи една соба во која има еден гардеробер кој половина е полн со нејзини ствари. Но, мене не ми сметаат нејзините ствари, туку фактот дека доколку се потруди убаво да ги спакува/здипли, тие ствари ќе ги собере во другите соби, а јас нема да морам своето палто, и палтото на сопругот да ги носам во татковата куќа. Среќа што таму нема ни снаа, ни домазет, па не пречат никому. Затоа мудро си молчам за овој проблем и чекам да ни се насмевне среќата. ;)
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    бидејки живееме сами во стан многу од моите непотребни работи одат или во подрум или кај татко ми на таван имам брат кој не е женет но куката е на 2 ката он си има спрат од 150 квадрати а моите работи сто ми требаа од кај мајка ми се си земав она чува некои стари јакни оти не и се фрлале скапи бле купени а свесна е дека никој не ги носи ама изгледа има висок простор нели ги чува хаххах
     
  4. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    се додека не се подели имотот не само јас и брат ми НЕМА ништо, а утре може да се разведам или да дојдам со мажот кај моите бидејки никогаш не се знае што може да се случи, а снашката ако се лути што јас имам ЕДНА соба и ствари во куќа од ТРИ спрата, можам да замислам што ке се случува да се вратам во таа куќа, а ако добивам почит и љубов само за да сум што подалеку од моите, воопшто не ми е ни потребна.
    Каква почит да очекувам од снашка или фамилија ако таа е само за да ми се земе правото кое го имам во домот во кој сум израсната? Да не можам на раат да ги оставам децата по неколку дена кај мајками, за снашката да има комфор?
    Можеби никот ти е во права смисла ставен, па си спремен спрема сопствената сестра да покажеш дволичност, од една страна да глумиш дека ја почитуваш, позади грб да ја оставиш без дом во кој може да се врати.
    Токму за ова многу жени трпат насилство и понижување бидејки нема каде да се вратат, кога од сопствениот брат биле измамни и почуствувале лажна почит, она што го добиваат од сопругот им изгледа како нормална работа.
     
    На Bibko, sesilija, MSkorpionka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    По ова што читам, испаѓа дека снаите имаат генерално проблем со имотното прашање на мажот и комфорот, па затоа золвата им смета. Не ми е јасно, како некои жени како сопруги очекуваат дека нивниот маж треба по правило да добие се, а сестрата поради фактот што е женско( исто како снаата) по можност да се омажи побрзо и да се откаже од се во корист на братот, во спротивно нема да биде почитувана од семејството???
    Па внучињата утре кога ќе се родат, бабата и дедото ќе треба да ги двојат? за едните да остане се, за другите внучиња оти се од женско дете да нема ништо?
    Извинете ама јас како женско дете растена со сестра, каде што се се дели на пола, не можам да разберам која е логиката да очекувам утре родителите на маж ми да му дадат се на маж ми и да чекаат золвата убаво да се омажи и да доаѓа дома за морална и емотивна поддршка.
    Затоа и немам проблем со золвата, затоа што знам и си го почитувам тоа што пола е на маж ми, пола е нејзино, исто како што јас утре ќе делам со сестра ми и немам што да и ги бројам работите и просторот што го има во домот со своите родители.
    Ниедна снаа што не е засегната од станбеното прашање и комфорот во домот, не се пожали од золвата, само тие што имаат проблем со имотот, комфорот и м2 во истиот стан си имаат проблем. Барем тоа е мојот заклучок. Поправете ме ако грешам.
     
    На mimiiiii, baby-star, Nati.P и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Мислам дека намерно не се разбираме.Со тоа што сакаш да бидеш и да докажуваш доминација не те прави лоша личност само глупава .Како што ти пишав еве ке повторам и сигурен сум дека е така ,дека никој нема да те остави на цедило .. без разлика на текот на " твојот " живот.Место да гледаш позитивно на успеси и среќа ти имаш мисли за разводи :x .Сепак можам да казам дека мојот ник е НАМЕРНО ставен за луѓе како тебе .Паѓаш како презреана круса на 1от муабет некој што нема исто мислење како тебе .Среќен сум што немам сестра како тебе .поз
     
    На anule88 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Со дедо ми често си разговарав за тоа како било во нивни времиња, мажачки, делби и сл. ствари општо животот во тоа време, и знам дека тогаш бидејќи имале повеќе деца, работеле многу за да на машките им се остави некаква куќа макар и нешто налик куќа со една соба или две, и ниви, а за женските се спремал чеиз, руба, бовчи, плетено, везено, ќебиња, килими и дарови за сватовите на денот на свадбата и тоа е се. Ковчегот со алишта на коњот и бај бај девојко, на враќање немој ни да помислуваш...А кој мислел тогаш на разводи? Никој, не постоеле, како и да е ќе си седеш и ќе си трпиш...
    Па оттаму очигледно е тоа правило да на машките им се остави се а на женските ништо само што сега се други времиња и паметни родители не би ја оставиле ќерката апсолутно без ништо...
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ние живееме во куќа.
    Но не сакам утре да ми дадат ниту една соба. Јас треба да поминувам низ дворот, вратата, ходникот од брат ми за да влезам во таа соба.
    Да им го реметам мирот, заради една соба.

    Мене ми е потребна љубов и подршка. Ако утре ми се случи нешто да сакаат да ме примат и да ми помогнат. А, собата ништо не би ми значела.
    Како и што ме примија назад. (тие кои ме читале знаат).

    Не сакам ништо да оставам дома. Немам јас цел камион работи. Можам да се спакувам. Да направам ред, што не е битно да се фрли, да се даде, а најбитното да го земам.
    Сакам да оставам чист простор на снашката дома, за да може на чисто да си стане своја домаќинка.

    Исто така сакам и да најдам чист простор.
    За тоа е задолжен мажот. Кога веќе ме бара дома му, да ми обезбеди простор за моите работи.

    А, за золвата, ако е мажена и има кров над глава што има да бара назад имот? Не барам јас, нека не бара таа, и сите така во круг... И сите би биле среќни и задоволни. Кој со помалку, кој со повеќе, тоа е животот, ништо не е еднакво...

    Порано огромен срам беше сестрата да бара имот, ама денеска познавам многу раскарани семејства поради имотот.
    За најголема жал, се работи за сестри кои се богати мажени, ама пак незадоволни.

    Ова си е мое мислење. :)
     
    На Nati.P, stetoskop и anule88 им се допаѓа ова.
  9. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    За истото зборам и јас, едната снаа има работи од золвата, а и самата таа е золва па има работи кај мајката а неможи да си ги земе оти нема место :worried: Имам срека сто и јас имам сестри и сега за сега не е никој и домазет така да мојте работи се кај мајка ми а работите на золвами се кај мене дома само има разлика што ако неа му требат да си ги земе можи одма да дојди оти е од исти град, а мене ако ми требаат треба да одам во друг град за да си ги земам оти сум од друг град ете тука е разликата. Па ке речат што си се мажела далеку да си била до мајката оти еднаш ми имат речено :( а плус тоа нема место куќата е на еден спрат. А искрено ivinakit си нашла па си зашла да ти кажам искрено ако мислиш да се разведеш тогаш немажи се залудно, а дека брати ќе ти помогне можи и не ако му командоваш дома оти родителите нема да ти бидат вечни па можи да си ги најдеш парталите надвор па да си се скараш со твојот брат ако се мажиш во друг град нормално дека ке има кај да спиеш нема да те остават на улица, а ако се мажиш во исти град нема ни да помислиш на спиење само што ќе му ја држиш собата затворена Сепак воспитување од родителот е тоа !!!
     
  10. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    :D тоа што не размислуваме исто на една тема, не значи дека јас сум глупава, ниту дека ти си паметен! само си го кажав ставот и останувам на мислењето, сигурна сум дека 99% од снашките кои се силат и сакаат да ја исфрлат золвата од куќата, само за да можат да се шират, кога ке дојде време со задоволство ке бараат дел од тоа што им следува од куќата на татко им и нема да остават се на снашките.
    јас сум реална и отворено кажувам што и како е, да се знае, да не биде утре па вака па така. пролистај низ темава ке видиш мислења кога сакаат и немажена да ја отселат само за им ослободи простор, па по золвата доаѓаат и старите па што не одат под кирија или кога ке умрат бидејки нели сметаат, неможат снашките да се чуствуваат удобно.
    тука е проблем што повеке снаи се жалат, ретко се наоѓа по некоја золва, па макар и идна како мене да даде мислење и секако веднаш е нападната, таа е таа која не неваља, само зата што работите се гледаат од една страна. ретки се тие кои ја разгледаат ситуацијата од сите страни па пишат.
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.277
    Допаѓања:
    113.714
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со твојот став во врска со ова прашање. Еве зашто. Мајка ми е по потекло од друг град но живее во Скопје. Куќата каде што растела со договор припаднал на вујко ми. Но, од кога знам, и додека беа живи баба ми и дедо ми и сега иако се покојни мајка ми си има соба во таа куќа. Таму е за кога ќе одиме на гости. Секако собата не е под клуч, си ја користат домашните кога не сме таму, но кога одам јас или мајка ми на гости знам дека имам каде да спијам, дека никого не деранжирам со спуштање кревети во дневна соба, или не дај боже да треба да ми остапува спална соба. Инаку во таа куќа сега има и снаа, со братучед ми имаат две деца и кога братучетка ми се омажи, се одделија на горниот спрат за да може братучетка ми да си доаѓа слободно кај мајка и и татко и и да и го чуваат малото. И има слога, има почит има се.

    Шокирана сум од размислувањата кои овде ги слушнав. Синот добива се, ќерката ништо. :x :fubar: Аферим, ашколсун многу убаво делуваат турскиве серии на луѓево, не вратија со размислувањата во турско. А снашките кои кога ќе влезат во куќата на мажот одма гледаат имотен лист пред себе малку треба да си се подзапрашаат до каде оди нивното право на такво размислување. И золвите и деверите си имаат права на секој сантиметар од имотот како и мажите, освен ако дополнително сами не се откажат своеволно.
     
  12. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    не мислам да се разведам, го пишав тоа затоа што не се знае утре што може да се случи, ниедна девојка не се омажила, за да се разведува, не се знае по кој пат ке не однесе животот. убаво нагласив дека имаме доволно место во куќата и за моите и за стварите на брат ми и снашка ми, тоа што ке земам една соба не значи дека ке им кажувам како да го водат бракот, си имаат два слободни спрата па нека прават што сакаат, едниот и така ке остане да го користат моите родители, да живеам во стан или мала куќа размислувањето би ми било друго, незнам од каде го извади муабетот дека јас ке му комадувам на братот дома :fubar: брат ми уште сега е одделен на втор спрат, јас со моите сум на прв, третиот е слободен, уште сега се знае кое чиво е и е многу правилно воспитување од страна на моите родители, според мене погрешно е кога не се оделат децата на време, па после кога ке умрат, децата се караат на кој да се препише и се влечат по судови.
     
  13. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    И кај нас е така чиста сметка долга љубов татко ми има и стан и кука куката е огромна на два спрата куката припага на брат ми а мене ми припага станот отпрвин мислев дека не ми треба кога мајка ми викаше тебе ти припага станот а јас е зошто ми е она стално ми одговарашсе денес си мажена и имаш каде а утре ако се оставиш ???? што ке дозволам брат ти да се шири во стан и кука а ти со децата под кирија и да си играат со тебе може друго да немаш ама кров над глава ке имаш
    и после 7 години свекорот и свекрвата не избркаа од кај нив и јас си седам во мојот дел во станот а за брат ми има кука од два спрата од по 150 квадрата плус викендица
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    Сеуште не сум снаа, ниту золва можам да бидам, ниту пак официјално имам снаа. Работите стојат вака, во врска сум скоро 6 години и стојам супер со домашните на дечко ми, со мајка му, со татко му и со сестра му, па и со подалечните роднини. Не сум го направила тоа за да ме засакаат дека ете јас од провинција па сеа ќе останам во Скопје така што ќе им се додворувам на неговите, никако, едноставно така сум воспитувана да бидам фина кон сите, можеби не е во ред секогаш, но таква сум. Муабетот е оставање на ствари кај родителите, јас сум речиси 10 години во Скопје, средно, факултет, сега и работа, значи во Скопје имам створено свој живот, можеби не во стан ко можам да кажам е само мој, постојано под кирии, но и тоа е начин на живот. Кога си одев секое лето за Валандово мајка ми ми викаше остави ги овде книгите и работите кои не ти требаат, да не ги носиш насекаде по тебе. Секоја среќа што не ја послушав, јас си се водам по принципот се свое со себе си носам. Значи јас имам одвај некое стварче во Валандово, што ми е мало или што не се носи веќе, сите вредни работи се со мене, книги, украси, гардероба, лични предмети за кои моите можеби не сметаат дека ми се потребни, кај мајка ми значи имам само неколку работи кои никогаш нема ни да ги земам бидејќи не ми требаат и секако чеизот што викаат старите, она што ми носеле на матурите за подарок. Поука, без оглед на тоа дали се работи за брат сестра, најдобро е вашите лични работи да останат лични, не се должни нашите родители на секое кречење или генерално чистење да ги преместуваат и да ги бараат по соби, ако се чисти генерално во куќата ќе се исчисти и таа соба, не ќе се остави неисчистена, и замислете ако вашата мајка треба се од собата да изнесе, да исчисти и да врати, па нели ви е жал. Со самото тоа што растеме, се осамостојуваме, треба да знаеме да се грижиме за сопствените работи, кој ќар од нашето созревање ако не знаеме да си го организираме животот или да си ги собереме сите лични работи на едно место. На крајот на краиштата, ќе си ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата, сите детски пошти од пред 30 години ќе ги фрлиме бидејќи малку е веројатно дека нашите керќи ќе си играат со нив, мечињата се стари и прашинливи, и ним рокот им поминал одамна, количката ќе ја продадеме на пазар3, непотребните работи се непотребни и за нас и за нашите родители :!:
     
  15. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Убаво реков, темава треба да се промени, наместо снаи и золви, да биде имотното прашање помеѓу браќата и сестрите, бидејќи тоа ги мачи снаите, инаку не би имале никаков проблем со золвите.

    А да бидеме реални и современи, снаата иако е засегната од ова прашање, сепак братот, сестрата и родителите се тие кои треба да ја договорат поделбата на време, а не снаата да очекува да стане газдарица на чифлигот и да се натпреварува со золвата. Снаата треба да си го гледа мажот и воопшто да не се меша во нешто што нема право да се меша.Ако снаата со своите родители се договорила во интерес на брат, не значи дека треба и другиве родители да постапат како нејзините родители.
    Сите семејства се различни по се, по воспитување на деца, однесување во семеството, размислувањата, традиционалноста,пожртвуваноста, потеклото, степенот на образование итн... жената кога ќе се мажи, треба убаво да си види во која куќа влегува и какви се односите во неа, и да ги прифати како такви или воопшто да не влегува со нив во заедница. Не може да очекува дека ако стане член на семејтвото преку ноќ, дека семејтвото на мажот треба да размислува исто како нејзиното семејство и после золвата да биде крива.
    Штом снаата си решила да дојде да живее заедно со свекор, свекрва и золва, не треба да очекува дека золвата треба што поскоро да го направи истото во друго семејство, туку ќе се прилагодува на домот во кои свесно решила да влезе, па свои правила и ред ќе си воведува кај своите деца, не кај возрасни возрасни луѓе што цел живот си живееле по свое.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Многу сте ми чудни.
    Абе имотот ќе биде ТВОЈ кога ќе си го купиш со свои пари.
    После никој нема да ти се шири внатре.
    Се додека очекувате на готово се золвите ќе ви бидат криви. Пази те молам таа само на гости доаѓала.
    Па плус и се фрлате со примери како сите тие имаат огромни куќи кај мажите а дома од брат и бараат. Више во Македонија сите во огромни куќи живеат :^)
    Дури и татко ми кога ја наследи куќата од татко му на сестра му и даде кеш. Си подигна човекот кредит и ја исплати сестра му. Ми рече кога таа куќа се градеше и јас не јадев но и таа беше гладна. И јас одев со скинати кондури исто и таа. Затоа неможам да ја оставам без ништо дури и да беше тоа желбата на дедо ти. Со тоа докажа колку ја сака и почитува сестра му
    Јас брат немам ама маж ми има сестра значи јас сум снаата ама во туѓа куќа сопственичка не изигравам. Таа куќа е на неговите родители и ќе се дели кога ќе починат за едно 25 до 30 години а не од сега. Човече кое право си земате кај ви отвориле врата да живеете кај нив па и една соба помалце ви смета.
     
    На friendy, An-na, blond и 3 други им се допаѓа ова.
  17. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Јас сум била секогаш за тоа да се подели имотот на пола но ако се има, а ако нема па и сестрата не јо личи да го остави братот на цедило или да трча пред него да му вели јас ова ке змам јас она тоа што ке решат родителите тоа. Како Во случај кај eva11 имале па му дале ама има и за братот и секогаш е убаво пред да умрат да го решат тоа прашање да нема во иднина проблеми. А за соба ете и мајками кај нејзините оти е од друг град си имаше соба но не нејзина :!: тоа беше соба ко ке одевме кај бабами да има кај да преспиеме а не мајками да му ја затвора собата и да се прави газдарица иако вуња ми си го имаше спратот горе, а долниот беше на баба ми, затоа што вуња ми има двајца синови и треба да мисли во иднина за својте деца а како ке му мисли кога нејзината золва си задржала соба за себе а куката е на два спрата така? Еве и случај кај мојте комшии сестрата е разведена повеќе од 10 год и си живее кај братот не ја има оставено сама си има една соба колку толку, но жената сепак свесна си зеде едно малечко место и си направи куќа за неа после 10 год за да не му смета на братот оти си има тој син и можи да се жени и после ќе има во кучата две снаи не една а и ќерка што можи ке си сака и она соба и што ке биди во куќата сестрата соба, ќерката соба, синот со сната и баш турска серија :o
     
  18. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    Барате соба од куќата за да имате каде да спиете кога ќе одите кај родителите? :^) а брат ви?
    Искрено чудно ми е вашето размислување, како ако немате соба нема да можете на гости да им отидете и слично? Јас мислам дека никогаш не би барала од куќата на брат ми за да имам каде 1 у месецот да отидам да преспијам, СЕКОГАШ, сигурна сум дека секогаш ќе бидам добродојдена во таа куќа. Ако имам соба не значи дека и сум добродојден гостин ;)
     
    На lackygirl, stetoskop, blond и 2 други им се допаѓа ова.
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.541
    Пол:
    Женски
    Немам брака и сестри па да се секирам за вакви поделби,но ке зборам за станот во кој што живеам моментално со мајка ми и татко ми.Имено,татко ми има 2ца брака и една сестра.Кога настанала поделбата на станот додека дедо ми и баба ми беа уште живи,културно фино се договорија сите заедно и млади и стари станот да остане на нас бидејки браката и сестрата на татко ми веке си живееа одделно во свои станови и немаа потреба од овој стан.Условот беше мегу татко ми и старите да се напраи договор за доживотна издршка и со тоа тие до смрт да си седат тука ,а кога ке починат да нема тестаментална поделба на соби(грубо кажано) туку се да остане на татко ми.Со ова се сложија неговите брака и сестрата со тоа што ние цел живот за се што треба се грижевме за баба ми дедо ми (0д лекови,болници ,нервози со стари раздразливи луге сите знаеме какви се нели),па сметаа дека ете справедливо е татко ми да наследи се.Така да никој не се ценкаше и не се расправаше за соба или за вц или шпајз.И ден денес нешто дома коа реновираме доагаат одма и се гледа дека се радуваат со нас ,мерак им е за нас па макар и за една чаша нова ако ја купиме .(иако старите се веке 10 год умрени)
    Е сега прашањето дали е станот под еднакво на мајками или е само на татко ми.
    Бидејки коа беше оставен во наследство сеуште небеше докупен у целост ,обврската за плаќање им остана на моите ,па бидејки заеднички МАЈКА ми и ТАТКО ми го плаќаа тој припага 50/50 на двајцата ,бидејки како имот е платен заеднички.
    Вистина е дека една снаа коа ке отиде во друга куќа односно ке се омажи тоа станува нејзин дом,но навистина не ми е сфатливо како сакаат преку нок да се понашаат како небаре тие самите да ја граделе таа кукја или тој стан.Тој имот станува твој со тек на време коа ке почнеш да вложуваш во него (не мислам на една гарнитура и една машина за садови) ,него кога навистина што би се рекло ке почнеш да рушиш стари зидови и да градиш нови(фигуративно кажано).И крај краева тоа е кукќа или стан на старите не е ни твоја не е ни на мажот твој.Тие на кого сакаат на тој ке ја остават.Само за тоа што снаата отишла таму не значи дека цел живот ке остане таму.Може да седи година дена и на крај старите да кажат ние се сакаме да оставиме на другото дете,од било кои причини.
    Затоа според мене тоа треба да се реши уште пред да се стапи во брак.Кај ке се живее,каков им е планот на старите во поглед на имотните оставини и сл. работи кои би биле значајни во понатамошниот живот.
     
  20. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    во ниеден пост не пишав дека таа соба ке е заклучена и ке се држи во најголема тајност, затоа ве молам да не ми ги испревтрувате зборовите, ниту дека ке ја командувам снашка ми, брат ми, ниту пак моите, јасно нагласив дека куќата голема и има место за сите, кога ке дојде време да се препишува, мене немора да ми се даде спрат од куќата, туку може и пари, а се да остане на име на брат ми, исто како што се е делело на 3 од кај мајками, тие се 3 сестри, и исто како што се купени станови за чичко ми и тетка ми од кај татко ми.

    на оваа тема е разговарано во присуство на моето цело семејство и е донесено решение во присуство на сите, затоа и го дадов мислењето тука, а не на мене да ми текнало и готово така ке биде, крај краева куќата е сеуште на таткоми и мајками, утре тие може да одлучат да ја дадат во добротворни цели, никој неможе да им забрани ниту да ги оспори тоа е нивно право.
    за да има слога во една куќа немора да се подели имот или да се препише, на секој начин ке ја има, ако некој сака да се скара со брат, сестра, снашка, золва, јатрва... ке најде за што да се скара, немора да биде имотот во прашање

    немие сватливо мислењето дека ако се две сестри или два брата имотот се дели на пола, а ако се брат и сестра тогаш се оди на братот