Точно. Ама ако нема сестрата кај да живее, а братот има жално е и тој да и земе. Мислам нема машки женски во муабетов, само човечност.
Тоа ти е мислењето зошто живееш во заедница и не сакаш да ви делат и земаат. Да живееше посебно немаше толку да ти биде гајле и ќе беше на страна на муабетов се да се дели на пола секаде.
Починати се или може и тие живеат во куќата. На тетка ми, татко и кажа Таков си го одбрала, трпи си го. Божем таа знаеше каков е. Тој мажот и неа ја тепаше и бебето го фрлаше од паркет на 2 месеци. Тетка ми дури му рече, сакаш ли утре убиена да ме најдат. И ни тоа не допре до него. Потоа и телефонот и беше забранет да го користи и да излегува од дома кога разбра мажот и дека се жали по луѓе. Само да не ја враќаат снаата дома, да не зборат луѓето. Еее, приказна една од многуте. Жени тепани, навредувани, ние некогаш живееме во меур, убав ни е бракот и забораваме во каква дупка од држава живееме. Ќе се праиме сега дека ова е Данска, прв пат слушаме за игнорирано семејно насилство, само на нетфликс има, да. Таа се разведе, крв поплука, ама татко и не го погледна на 80 години кога доби мозочен удар и корона. Тој ја остави во средина кај што можат да ја убијат, ама кога таа беше недостапна пак луѓето збореа за неа што го оставила. Зошто никој не знаеше што се дешава зад затворени врати.
Хахахахаха Боже Господе,еве бре имам за делба од кај моите и не барам ништо и што сега? И не живеам во заедница,научете да разликувате заедница од посебни спратови.
Нема да ви е мило ако нивниот спрат кај што сега живеат по смрт на родителите се даде на золвата, а не на вас, тоа е целиот проблем и затоа вака залагање и глумење добри сестри. Овој муабет го продавате и пред маж и пред старите веројатно, за да ви остават се само на вас.
Глумица сум,ме фати...честито. На старите овде стварно им е многу битно дали ќе барам јас од кај моите хахаха,па ќе си речат види ја оваа не бара ништо од брат и па и ние нема да и дадеме на ќерка ни хахахаха
Fokus08.08.2022 14:32 Дури 22 жени во Македонија биле убиени од 2017 до 2020 година, и речиси сите со убиецот биле во блиска врска – сопружници, вонбрачни партнери, поранешни партнери, а во повеќе случаи имале и заеднички деца. Од 2008 пак, до 2016 година, биле убиени 70 жени, од кои речиси сите биле жртви на семејно насилство. Според податоците од публикацијата „ Анализа на случаи на Фемициди – убиства на жени во Република Македонија” издадена од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, жените најчесто се убивани таму каде што треба да се чувствуваат најбезбедно, во семејниот дом. Околу 50 проценти од убиствата се случиле во семејниот дом, околу 25 проценти во дом во кој жртвата живеела сама или пак со родители или други блиски роднини. Мотивот најчесто бил конфликтен однос помеѓу партнерите, љубоморно однесување, сомнежи, а неретко и прекин на врската или развод на бракот, со кој убиецот не можел да се помири. Според повеќе анализи на случаите, на сторителите им се изречени затворски казни од десет до четириесет години, а во три случаи од минатото, биле изречени казни доживотен затвор. Од достапни податоци од Државниот завод за статистика и други институции, семејниот дом е најнебезбедното место за жените жртви на семејно, односно родово насилство, а загрижувачки е фактот што голем број од жртвите не го пријавувале насилството кое го преживувале. На црната листа на жени од Македонија, чиј живот бил скратен од раката на партнерот во семејниот дом, од завчера е и името на Љ.Г. (46) од Неготино. За случајот кој ја вознемири јавноста, од СВР Велес за ,,Фокус” изјавија дека обвинетиот П.Н. (51) никогаш во минатото не бил пријавен поради закани или пак насилство, ниту од страна на жртвата, ниту пак од страна на поранешни партнерки. Стравот од осуда од околината, предрасудите, изгубената доверба во институциите, финансиската зависност од партнерот, но и фактот што многу мал број од жените во Македонија имаат имот на свое име, е една од најголемите причини поради кои голем број на жени остануваат под ист кров со насилникот. Напуштањето на заедничкото живеалиште најчесто значи враќање кај родителите, или пак изнајмување на на стан или куќа под кирија, што е недозволиво во повеќето случаи, со оглед на нискиот буџет. Обезбедувањето на шелтер центри за жените жртви на насилство никогаш не може да биде доволен чекор за надминување на ситуацијата, туку е потребен конкретен сервис на поддршка, односно социјални мерки во првите години по напуштањето на насилната средина, со цел жртвата да се реинтегрира. Финансиска поддршка, материјална помош, вработување, здравствена заштита, е она кое е вистинскиот чекор кон трајно решавање на проблемите на жртвите на семејно и родово насилство, кои собрале храброст да го напуштат насилникот. -Поради тешката финансиска ситуација бев принудена во повеќе наврати да се враќам кај насилникот. Средствата кои мајките ги добиваат како издршка за децата се исто така приказна за себе. Или не се исплаќаат навремено, или пак се прениски. Спасот го најдов кога заминав на работа во странство – раскажува наша соговорничка која со години трпела физичко и психичко насилство од стана на сега веќе поранешниот сопруг. Појаснува дека ниту еднаш не го пријавила насилството во полиција, бидејќи била свесна дека со тоа уште повеќе ќе го разгневи насилникот, а додека и било мало детето, немала каде да оди. Вакви и слични приказни, кои ретко се раскажуваат, се секојдневие за многу жени во земјава. Според истражување на Националната мрежа против насилство и семејно насилство, во Македонија секоја трета жена е жртва на семејно насилство. Како уште една причина поради која жените во земјава се многу често оставени на милост и немилост на насилниот партнер поради тоа што немаат свој кров над глава, многу често е и исклучувањето од имотното наследство, како дел од традицијата имотот од родителите да им припадне на синовите. Најголемиот дел од жените не го оствариле своето право на имот и наследување од родителите и се откажуваат од семејното наследство во корист на нивните браќа, како што велат, поради традиција, но и мир во куќа. И додека кај нас уште останува на сила изреката – Женско дете, туѓа стреа, барем според статистиките, немањето своја стреа за десетици жени се покажало како фатално. Жртвите на семејно и родово насилство, кои се секојдневна мета на насилниците поради тоа што се оставени без конкретна заштита и поддршка, не смеат да останат само статистички бројки, за што се потребни квалитетни родово одговорни политики
Се е кажано во болдираново. Пак ќе речам, замижуваме, зошто не ни се дешава нас. Најголемата штета жена на жена што ја прави е да ја посрамотува зошто се дрзнала да побара тоа што и следува. Наместо да се охрабруваме. Некоја ќе има убав брак можеби, ама некоја ќе заврши фатално.
Битно е на бате да не му се земат две соби, кои патем кажано не ни ги заработил. Па после аналогно на тоа се очекува и золвата да се откаже од нејзиниот дел и да си бара кај мажот. И никако да ја чукнат главата и да сфатат колку е погубна за жените оваа мизогина шовинистичка пракса според која само мажи (браќата и сопрузите)се носители на имотот, а жените се на ниво на закрепостени селани кои можат во секое време да бидат исфрлени ко партали или да трпат се и сешто пошо нема кај да идат, нели греота е од бате да се бара еднаква поделба на имот.
А тука се најкриви мама и тате што на децата од старт не им кажуваат што ќе биде нивно и дали воопшто ќе е нивно.Па најчесто после смрт на родителите оди тоа пола пола,и децата очи си вадат како да поделат и што да земат.Нормален родител ги средува тие нешта дур е жив.
Кај моите уште од сега се е поделено. Среќа имаат и поголем имот па подеднакво поделија. Иако е многу рано за тоа, браќата уште имаат до женење и делење ,едниот е дури 16 год јас и сестра ми сме обезбедени. Дури повеќе него моите браќа. Мајка ми и ден денес не збори со нејзините оти жива ја отпишаа само за да не бара дел. Тс, на нотар не ја пријавиле дека им е сестра кога го делеле имотот. Зема некои 10к евра а ним им останаа фирма станови.. Неправда. Поучени од тоа моите се си поделија на време и ние децата тоа си го знаеме..
Исто е и кај мене, точно знаеме што јас, а што сестра ми има И братучед ми и братучетка ми својот дел си го имаат поделено, а таа во др земја живее, тој не е женет. Машко или женско, се' на пола
Уште појак филм е кај што старите живеат вечно, а не постои жена која е физички малтретирана или на било кој друг начин понижувана пошо мажулето знае дека нема кај да му избега. Жанр научна фантастика би бил филмот
Абе знаење меѓусебе е едно,дали спратот од твоите ви е поделен црно на бело додека се твоиве живи? Плаќате данок на имотот,на ваше име е односно вашите родители повеќе немаат имот?
Не, но постои тестамент ако сакаат црно на бело. Или пак, по нивната смрт, ако не постои тестамент кој гласи поинаку, се сѐ дели на пола.
Нема потреба спратот да го делиме, повеќе имот е во прашање, и да, поделен е. Сестра ми има некаква клаузула од кога ќе може да располага, сега стана полнолетна.
Не правете споредби на многу имотно способни родители,со станови и фирми и на родители со една куќа. Темава замина за никаде. Доволно се кажавте со муабетот,гајле ми е за другите јас сум си кај мама и тате,таква себичност е одвратна и тоа е она што требаше да се дискутира,меѓучовечки односи а не имотно правни.