Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    67.537
    Додека не почнав да читам вакви теми, не ни знаев колку многу работи можеле на другите да им сметаат.

    За мене е сосема нормално ќерка да доаѓа кај родителите секој ден на кафе или што и да е. Имам другарки со снаи и внуци кои ова го прават, и никој збор не рекол, никој не прави драми од ова.

    Луѓе сме, сите со разни карактери и навики, а толеранцијата треба да доаѓа од сите страни.

    Ако сакате да не гледате роднини и ви пречат, единствена опција е одделно да живеете. Се друго ќе вклучува потенцијални недоразбирања и губење нерви.
     
    На H.VAGA, Glowy, Mantub и 5 други им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.627
    Допаѓања:
    39.748
    Пол:
    Женски
    Остај роднини, туку да ти пречат свекор и свекрва, а си отишол во нивна куќа да живееш и ти плаќат сметки? Или да им направеш една соба, а за таа цел они да ти отстапат цел спрат и да јадеш трици по народот дека таа соба ти си ја направил и е твоја и кога сакаш можеш да ги избркаш. Има и такви,еве во фамилијава. Зборува како синот кога ќе се ожене, родителите треба да му ја отстапат куќата и да се снаваѓат како умеат. Себичлук до бескрај. Вакви ништо не заслужуват
     
    На Oneo, CameliaMiller и nena2010 им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.573
    Ама нигде немаш во права и обврски да добиеш наследство од родители. Ниту да ти помагаат, ниту деца да ти гледаат.
    Во тема за комплицирани семејни односи сме, кои не се регулирани со закон.

    Ај модератор нека ги префрли последните х страни во тема за поделба на имот,знам дека имаше таква...
     
    На IRBBB, Мамичка и Stressed Out им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.277
    Допаѓања:
    113.716
    Пол:
    Женски
    И јас исто така. Кај нас бе е празник кога беше полна куќа! Деца, радост, луѓе, смеа уживање. Па благодарение на тие собирања јас сум блиска со братучедите до тој степен да нема ден да не се слушнеме, со нивните жени/мажи сум во одлични односи.. Многу бе диви луѓево што им стана.. И сега еве постарите со редот си заминаа, ние младите го продолжуваме редот си се дружиме се собираме.
     
    На CameliaMiller, Mikha4, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.230
    Допаѓања:
    170.232
    Ја еве ако даде Господ ке бидам свекрва за некоа година или поскоро
    Ако по некоја случајност живееме заедно со син снаа еднаш да чујам оти им смета керка ми има секундарно двајцата да ја фанат вратата
    Толку на оваа тема
     
    На H.VAGA, Glowy, baby-star и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.565
    Допаѓања:
    8.154
    Пол:
    Женски
    Не само што им сметаат свекор свекрва него гледам омраза кон од луѓето.
    Мал милион примери знам ,им плакаат сметки ,свекрвата секој ден готви ,чува внуци , снаата си доага од работа ,ке си се најаде и ке си се заклучи у соба . И после тоа никој не и треба. Каква неблагодарност.
    Па ако не можам еден атер да напраам и да седнам да пијам бар едно кафе кусо да сум. И јас и тој што ме воспитал
    Имам едни подалечни роднини.
    Свекор свекрва золва маж сите работат .
    Снаата по цел ден е дома. Децата не ги чува пошто се големи. Само јаде и спие . Буквално денгуби. Откако се земаа 14 годинј еден ден нема работено. И никој збор не и рекол.
    Па ја да си ми таква снаа...ке леташ со се партали
    Кај не работи па и ручек не праи
    Не сте свесни какви снаи има. Пук жолчка.
    Бељата на господ.
    Еве ме мене . Неам свекор и свекрва.
    И многу ми е жал ама стварно.
    Зашто знам колку е убаво куќата да е полна и да има кој да ти дава подршка ,да чува деца,да помага за јадење.
     
    Последна измена: 12 август 2022
  7. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    14.523
    Пол:
    Женски
    Полна куќа било ден,два,три нека се,не со месеци.
     
    На Emy867 и Мамичка им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.277
    Допаѓања:
    113.716
    Пол:
    Женски
    Цело лето!!! Од јуни до крај на август! Во лето 8 деца имало во еден покрив. И возрасни плус додај. Зима исто. Роднини доаѓале, сме се собирале. Имендиени, родендени тоа не се пропуштало! Ама имало слога и од снаи и од золви и од сите. Мајка ми кога се породила бидејки имала олош свекрва, а татко ми бил во војска отишла со 2 недели бебе кај нејзините. А таму замисли била и вујна ми со 2 годишно машко дете. 6 месеци била таму додека да си дојде татко ми и да си се вратат во Скопје. И што требала вујна ми да крене нос, не смее мајка ми да дојде? И тоа што се откажала мајка ми од делот за да вујко ми и вујна ми кренат спрат и да ги догледаат баба ми и дедо ми. И вујко ми беше хирург ортопед!! Захтевна работа, дежурства се.
     
    Последна измена: 12 август 2022
    На CameliaMiller, SV1911, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.230
    Допаѓања:
    170.232
    А си помислила ли ако се разведе како би било?
    И тогаш би ти сметале гужви?
     
    На CameliaMiller, Nausicaa, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Може и тоа да се оспори. Кажано од адвокат. Само што е долга процедура, судови,вештачења… кој има толку пари за тоа.
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.277
    Допаѓања:
    113.716
    Пол:
    Женски
    А тогаш нема да има што да бара кај мајка и. Нема назад. Не примаме рекламации.
     
    На baby-star, CameliaMiller, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    5.434
    Пол:
    Женски
    Ako e so dogovor za dozivotna izdrska ne moze:)
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    14.523
    Пол:
    Женски
    Кој е тој што не му сметаат гужви?
    Инаку ќе и купат стан :)
     
    На Мамичка му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ништо од ова нема да е проблем, ако одлуката за тоа каде и како ќе живеете ја донесете со брачниот партнер.
    И се разбира, ако поставите јасни граници.

    Цел проблем го гледам во односот меѓу брачните другари, недостатокот на комуникација и/или непочитувањето на партнерот.
    Ни мајки, ни татковци, ни сестри, ни браќа... никој не е виновен за вашите проблеми, освен вие двајца.
     
    На crimson и Ygritte им се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.230
    Допаѓања:
    170.232
    Ај вашиве имаат финансии ке купат стан
    Некои немаат и неможат
    Да препоставиме дека немаат да и купат и сакала некела ке се врати со плус 2 члена
    Ке биде гужва и ке си сметате и вие ним и они вас и тоа е нормално
    Само некој може да живее у таква средина некој неможе
    Тој шо може ке остане таму и ке јаде кикиритки по форум а тој шо неможе ке испадне од таму и ке си го најде мирот
    Едноставно е
     
    На CameliaMiller, SV1911, An-na и 6 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Доживотна издршка е друго, таа ставка треба да стои во документот и не може точно,меѓутоа ако ја нема -може.
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.565
    Допаѓања:
    8.154
    Пол:
    Женски
    Сосема едно е да гледам дека имаат и за мене и за брат ми ,а му остават се само него

    И друго е да гледам дека нема, а јас да барам дел и да го оставам него жена и деца на улица
     
    На Мамичка и Stressed Out им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.277
    Допаѓања:
    113.716
    Пол:
    Женски
    ама дали приметуваш дека овде се жалат тие што живеат во заедница на посебни спратови. А замисли ги тие што живеат во заедница во стан!! А бе се збеснато викам ја.
     
    На ALISA0000 и Misskirova им се допаѓа ова.
  19. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    14.523
    Пол:
    Женски
    Ај вака,пишав еднаш ќе пишам пак и веќе се изморив од објаснувања.
    Еве куќата да беше веќе препишана на име од мм како што е договорено да биде а на золва ми стан купен,таа пак ќе дојдеше во нашата куќа кај родителите бидејќи и требало помош.
    Дали ќе беше во ред ние да и речеме ааа извини куќава е сега на наше име не може да седиш тука?
    Дали серозно мислите дека би и рекле такво нешто? Никогаш не сме се тупале во гради дека тоа ќе биде наше и слично,небитен е потписот,многу побитно е да имаш осет кога на некого му го реметиш мирот и животот,и ја знаеме многу добра целата ситуација не беше ни толку воопшто за жалење,имаше помош и дома и во Ск,ама кај мама е послатко бидејќи ни алишта не требаше да спружи,бетер хотел од 5 ѕвезди.
    Никогаш нема да имам разбирање за такви себични особи,а гледам многу ве има такви,живи и здрави да сте само.
     
    На DoubleK, maculencence, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    14.523
    Пол:
    Женски
    Подобро од мене си објаснила,скроз вака беше,СКРОЗ!
    Дури и свекрва ми тоа го рече за зетот,тој нека си ужива,ни бебе ни дете виде дали плачело.
     
    На IRBBB, Luna91, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.