Себични, really? А вие што сте? Упс, заборавив, твоето дете е пренајвоспитано, пред да плаче прашува дали може. Ти си мајка и пол, не ти треба помош, се можеш сама. На брат ти се си му оставила, оти греота од децата негови да кратиш. Тоа што од твоето кратиш, небитно. Особено ако се разведеш и останеш со прстот во уста на улица, оти знаеш нели дека тоа што ЌЕ биде препишано на маж ти не е твое? Дајте плс, бидете си вие вакви конзервативни ако сакате, ама не очекувајте сите да бидат како вас. Плс
Не сум мајка и пол,имам помош ама од МАЖ ми,ти текнува? Туку кај е мојата себичност те молам кажи ми? Моите деца ќе имат кај да живеат,ништо нема да им скаратам. Брат ми живее во странство,куќата не му ни треба,на памет не ми паѓа да му земам дел,сигурно на улица нема да останам ако недај Боже ми затреба. Моето дете нема да го носам кај брат ми со бебе таму да им урла со месеци,моето дете ќе си плаче дома.
Ама овој проблем почнува од моментот кога жената е неработач. Неке да работи,да заработува. Неке да се мачи . Сака денот да го поминува на маникир и масажа. На крајот се разведува . Нема еден ден стаж. Нема плата. Не може ни една кирија да си дозволи а не па стан. Не се должни моите родители да ми купуваат станови. Ако имаат ке ми дадат ако не Нема што да се лутам или да праам драми. Само кај нас на балканот останало мислење дека родителите се должни да ми купуваат станови и куќи. Не не се должни. Работи и купи си
Не ми се веруваше дека во 2022 година уште има фамилии со вакви размислувања и фрлања на ќерките “ бриго моја преџи на другога“. @Misskirova а од кога те молам маникирот и масажата се луксузи?
Да пишеше некоја дека 2м седе кај мама без мажот со бебе, ќе го отеравте мажот упм. Ама не ме чуде оти темите се полни со лицемерие и двојни аршини. Од млади жени има вакви размислувања, а не па од родители што им велат на ќерките кога ќе се мажат дека можат да се вратат само во сандак.
А цело време се збореше сами да си спечалиме за куќа или стан, дека родителите не биле должни.А сега како родителите пола пола ќе поделеле, нели не се должни родителите ?
Па, нивна одлука е дали ќе продадат имот или ќе го поделат на децата. Поентата е некој кој нема право да кажува кој колку треба да добие, да не кажува.
Подобар пример. Да дојдеше мажот со двете деца кај мама,мама да го ранеше и му гледаше деца ќе беше многу интересно на темава. Не само што ке го отераа у пм,тој немаше да биде принц туку мамин размазен син,неспособен да биде татко. Ама двојните аршини Тоа е ,туку ние да земеме да градиме куќи на ќеркиве наши, да не им речат золвите, снаата требало да обезбеди дом ,ако не ќе лета ,дојденка една. Толку од феминизмот и напредноста денес.
Абе знаете што ми текна сега,па требаше и мм со ќерка ми да слезе долу кај стариве на спратот,па и него му треба помош околу детето и него му се родители,бреј прости,како не ни текна на ова.... Ама тогаш мм ќе беше "тупнат" а золва ми е греота.
Вашата? На ваше име? Ти ќерка си им на свекорот и свекрвата или снаа? На маж ти.Неговата. Жена нема право на наследството на мажот.
Каков себичен народ сме станале. Наследство те наследство. Да ве прашам сите што упорно барате наследство од родителите дали имате љубов спрема вашите родители или само ги гледате низ призмата на парите, наследството. Јас до сега ниту еднаш не сум помислила, ниту на крај памет не ми дошло за поделба на имот. Моите родители нека се здрави и живи повеќе од тоа не барам. Стварно сум запрепастена од се што прочитав. Човечност немате. Каде се изгуби човечноста, љубовта спрема ближниот. Имам пример каде зборот вреди повеќе од се напишано на хартија. Куќата припадна на чичко ми, и знаете што секогаш ама баш секогаш ние кога ќе одиме кај него имаме соба каде да спиеме. Никогаш не ни е преречено, дури и тој и стрина ми се иницијатори да одиме кај нив на викенди. Ама има разбирање. На чичко ми му е потребно нешто татко ми е тука во секое време и обратно, на татко ми ако му треба нешто тој е тука во секое време. Имотот не е повреден од братот, сестрата. Во какви луѓе сме се претвориле стварно не ми е јасно.
Ти ли си таа што треба да кажува кој од каде да зема пари и на што да ги троши??? Ако маж ми ми дава, јас ако сакам и на газ ќе си ги мачкам, што има да им е гајле на душегрижниците како тебе??? Колку просто. А ако ти фалат свекор и свекрва, вдоми си, не чекај. Ама гледај да се од оние подосадните и попрости што си мислат дека снаата треба да им слугува, за да можеш да разбереш кога некои членки се жалат од ваков живот. Ама вака, јас немам, АМА МНОГУ САКАМ... Сите така ќе сакаат кога ќе се на мир и нема потенцијална шанса да ги замара некоја свекрва со нејзините сваќања од 15ти век. Стварно да не се знаело што се зборува. Очај.
Многу ме интересира какво размислување ќе имаш, доколку утре наидеш на некој, немате доволно финансии за стан, кирија ти е фрлена пара во воздух, се сакате, има мажот куќа слободен простор колку сакаш, и доаѓаш да живееш кај него со неговите родители. Притоа од твоите родители, пари од свадба, ако имаш заштедено нешто, го вложуваш во спрат, зарем немаш право да се мешаш за твоја инвестиција? И те молам, не реплицирај ако одговорот е, јас нема да си дозволам да живеам со свекор и свекрва, затоа што едно е што сакаш, друго е реалност и што животот има испланирано за тебе. Да речеме, ако е полесно, зборуваме хипотетички. Исто би рекла, ако снаата живее 40 години во таа куќа, расте деца, носи финансии, се грижи за домот, зарем нема право на тој дом? Нејзината единствена вина е што немала стартен капитал, толку.
Јас пишав за познаничка, станот на свекорот беше, покуќнина се им зема, се докажува на суд, а и не е таа темата за имотно поделби .
Ја стварно го правам ова Станот здравје боже на синот на ќерката ке остане куќата што ја градиме сега Сакам и можам да си ги обезбедам двете деца да си имаат свој кров над главата и никој да не се подјебава со нив за кров над глава Незнам шо да речам за темава не е се црно и бело има сивило Осетот е сивилото Кај и да си шо и да си треба да си роден со осет Ако се нема осетот е лошо и за тебе и за твојата околина