Да се по пола на хартија прво Е после на добра волја поимотниот брат ако сака ке му ја даде на братот на користење
Би го кажала и ова. Интересно е како зборувате за сопствената фамилија, колку ја сакате и почитувате, се би дале за неа, никој нема право лош збор да каже. Епа таа снаа, во стапување во брак со брат ви, ви станува исто фамилија. Нивните деца, се ваши внуци. Повторно, ваша фамилија. Премногу работи се измешаа. Наједноставно е и брат и сестра да се осамостојат, и имотот на родителите да се подели на пола. Тоа е во најдобар случај. Но, најинтересни ми се оние кои коментираат од домовите на нивните родители и кажуваат што е правилно и пожелно. Сите знаеме што е правилно и пожелно, само некој веќе чекори над хипотетичките ситуации, а некој се уште е заглавен во бајковит идеализам на животот. И кога ситуацијата ти налага да живееш на ист имот со свекорот и свекрвата, обете страни треба да се приспособат на тој живот. Ни золвата да зајдува и да има очекувања од снаата да и биде куќна помошничка, ни снаата да мисли дека ја запоседнала куќата.
Ааа си се заебала Јас си живеам у лично мој дом кај што на имотен лист стое моето име Немам ја ни мои ни негови ни ојле ни дојле
Истите тие родители ти кажат во секое време може да се вратиш овде да живееш, овој дом е твој секогаш било што да се случи и ти знаејќи го тоа упорно за наследство зборите. Не ми е јасно.
Не не ,чисто пример дадов,не за тебе . Еве тие што немаат ИЛ на нивно име. Дојденци се. Не е нивен дом
Не е Коа ке ги стаат у имотен лист ко сопственици тогаш ке биде нивен До тогаш стенд бај или или Или ке биде ок и ке остариш таму или ке се развефиш и нема да ти следува ништо
Бог да чува. Вие едноставно немате љубов спрема вашите родители, браќа, сестри а камоли за снаи да не правам муабет. Со ова се е кажано.
Ама зашто толку материјално се гледаат работите? Мајка ми никогаш не беше ставена на ИЛ на куката па тоа е нејзин дом веќе 34 години. Јас не сум на ИЛ на маж ми ама тоа е и мој дом.
На што нема право? Зошто нема право ако живее во заедница со старите? На братучетка ми свекор и куќа и остави,неа на нејзино име и презиме. А знаеш зошто ?! Зошто ќерка му еднаш го посети за 5 год. додека не беше арен. А братучетка ми го носеше на лекар,му мереше притисок секој ден,го ранеше го негуваше ,додека золва и се јавуваше на телефон. И такви обврски носи заедница. Па затоа кога старите се луѓе оставаат и на снаа/зет. Има секакви примери и ситуации . Старите не мора да им го остават имотот ниту на синовите ниту на ќерките. Па тоа збориме Алиса,настрана имотно правни заврзлами ,осетот и почитот е најбитен. Еве ти правиш,ние исто сакаме да ги обезбедиме двете ама зар тој што нема да може и што неговата ќерка ете ќе биде снаа во заедничка куќа треба да ја множат со нула,немала право на ништо немала право на мир,комодитет,на било што зошто е снаа/дојденка во таа куќа?! Треба да гувее и да клима со глава да не се побуни на ништо? А золвата со своја куќа мора и има право на глава да се качува. Не ,нема право никој не и го дал тоа право. кога децата станат возрасни и ќе формираат свој дом,таа дома е на родителите. Домот на моите родители е нивна дома. Моја дома е мојата куќа со моето семејство,маж и деца. Дом каде живее заедница е на сите кои живеат таму. Дојденци можат да бидат комшии и разни гости.
Апсолутно ја промени приказната сега. Еве немам брат, 2 сестри сме. Да се водам по твојот пример еве. Ако јас имам стан, лично свој, сум целосно обезбедена....не, нема да барам поделба, ќе оставам (ќе оставам свој дел е клучен збор) на неа. На моја добра волја. Ама ако е како во примериве што ги читаме тука, ако се омажам и отидам да живеам во заедница, немам апсолутно ништо свое и сум практично на милост и немилост оставена, зависно каков ќе испадне бракот нели. Затоа обично "се запнати" по тој нужен дел. Братот се туткал во 2 соби, зарем сестрата да му зимала сега една соба? А таа кај да оди ако нема друго и се разведе? Под мост да се всели ако не, само братот да има комфорт. Ако бракот испадне дека и е хармоничен, братот слободно нека си живее и нека ги користи двете соби како сака. Мислам дека никоја не би се замарала тогаш. Ама се додека на братот му е јасно дека и сестрата има дел за да може каде да се врати ако е потребно, а не тој се да си присвои и да и мавне клоци. Ете, затоа не се откажуваат од делот, (а не дека "земаат" од братот нешто). До сега не сум сретнала случај каде сестрата земала од братот. Ама и те како има мал милион случаи каде братот лабаво си земал од сестрата или сестрите и тука на никој око не му трепнува. Повторно, двосмерна улица е. Ако родителите си ги сакаат децата, пожелно подеднакво да ги сакаат, ќе поделат се на време. Баш ради тоа, после очи да не си копаат меѓу себе за имот.
Е па тое е Ако си имаш работа со луѓе со осет и да си во заедница нема да биде проблем Ке се постават граници и правила на старт и ке немате проблеми Проблемите настануваат коа си имаш работа со ПРОСТИ луѓе независно мајка свекрва золва јатрва Ако веке си имаш работа до вторите едноставно не се гледаш таму не можеш да функционираш со се тргаш од таму
Се слагам. Али,Брат ми ко брат , ке ми рече океј врати се назад. И јас ке седнам у две соби на брат ми ,со снаа и со дете/деца. Незнам ,мене би ми било незгодно. Не би можела.
Јас затоа реков човечност, љубов спрема ближниот, разговор и договор помеѓу сестрите и браќата. Јас искрено не сум секогаш да се гледа на вага. Ако гледам дека сестра ми нема а јас имам свое , го поклонувам мојот дел ама ќе зборувам сестро што правиме во случај да ми треба мене една соба, може ли да дојдам кај тебе. Исто така очекувам и од нејзе. Незнам што не е јасно.
Затоа реков. Недај боже жена да се најде у ваква ситуација. Ако немаш и ако не можеш да работиш ке си трпиш и ке си седиш у две соби со 20 луѓе. А ако се стегнеш да работиш може и ке можеш да си плакаш кирија