Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.260
    Допаѓања:
    113.614
    Пол:
    Женски
    А да не е препишана ни на мажот ти и утре свекор се наљути и рече не ви давам ништо, се на зет ми и ќерка ми? Нека препише на син му, па после давај пари и средувај.
     
  2. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Ти два месеца не ја трпеше золва ти преку два различни спрата а сеа си сигурна дека снаа ти ќе прифати да се вратиш таму, во куќа која според тебе нели, е нејзина, за цел живот? :D
    Лепо чеш се провести богами.
     
    Последна измена: 12 август 2022
    На baby-star и buba4e89 им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.205
    Допаѓања:
    125.429
    Пол:
    Женски
    Снаа нема право да кажува кој дали и колку да седи во куќа која не е нејзина.Нема право ни на наследството на мажот.
    Друго е ако е ставена во имотниот лист.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.196
    Па збориме за куќата од нашите родители, не од родителите на мажот.
    Дека ако не сме со мажот, таму ќе се вратиме, оти нели, се' сме вложиле во тој кат што на бившиот маж му останува.

    Ама кај мајка сме золвите, тупнатите, домот таму не ни е.

    Уствари пошто сме жени, дом нигде не ни е. Или на брат или на маж, трето нема.

    И не е исто прозори да смениш и плочки, и од 0 да изградиш, да вложиш многу сериозни пари, и можеби за 2 години се разведеш. А уште 15 треба да плаќаш кредит пример.

    Таков пример во на бившиот фамилија има, жената ден денес плаќа за вложеното кај маж и', а децата не и' живеат таму, со неа се. Таму си е бившиот маж со новата.

    И не зборам за 2 000 евра, туку за 40 000+ вложи во таа куќа.
     
    На H.VAGA, crimson, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Има право да каже, ако инвестира во свој спрат и конкретно за спратот. Золвата нема право да го окупира тој простор. Золвата може да команда во просторот од мама и тато. Иако зборуваме за возрасни единки, кои треба првенствено да гледаат за доброто на фамилијата, а не која соба на кого ќе припадне.
    Снаата има целосно право на просторот во кој инвестира и подеднакво припаѓа на двајцата сопружници.
    И ќе се вртиме во круг.

    И зошто секогаш се гледаат црните сценарија дека некој ќе биде тепан или некој ќе се разведува. Да не дојде тоа, имотот е најмал проблем во изобилството на пост ефекти од такви ситуации.
     
    На Anyshka, Мамичка и Misskirova им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.939
    Допаѓања:
    179.504
    :D
    Или на син после |(
    :(
    Затоа темата од @Srckata28 да се прекрсти во Посебна гарсоњера, и раат да видиме.:|
     
    На Glowy, ALISA0000, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.196
    Верувам е најмал, освен што жени трпат насилство и не се разведуваат оти немаат каде, најголема причина што доаѓа до фемицид е што немаат каде.
     
    На crimson, ALISA0000 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.205
    Допаѓања:
    125.429
    Пол:
    Женски
    Снаата џабе инвестирала во нешто што е наследство на мажот.Нема право на неговото наследство.
    Како што реков ако ја пишат во имотниот лист е друго.Само ако ја пишат.
    Дур не ја стават во имотниот лист нема право да кажува.И маж ѝ нема право дур не го стават во имотниот лист.
    Прво документ, после командање.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.196
    Нормално, ќерката шо има тука на синот проблеми у брак да му прави. Нека си бара кај мажот и'...
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.559
    Допаѓања:
    8.142
    Пол:
    Женски
    Вака. ..имам најдобра другарка ,жив пример. Има брат. Имаат кука на село со нива и имаат стан во град.
    Брат и со жена и со мало бебе.
    Кога дојде ред да се дели имотот она се искара со сите само за да и го дадат нејзе станот во градот зашто била женско.
    Со триста молења и плачки и го дадоа станот. Пазете ,она во тоа време НЕМАЖЕНА ,девојче.
    Брат и со снаата и со бебето мораше да се иселат и да живеат под кирија.
    Пројде време. Се искараа ,нека очи да си видат.
    Она се омажи,има деца и маж.
    Знаете кој живее во станот за кој се тепаше?! НИКОЈ . мајка и.
    Брат и си ја работи нивата на село и живее домазет со невестата која има плус две сестри немажени.
    Ама битно она со истера своето ,го остави Брат и на улица со бебе мало ,не живее веке со никој,па плачеше зашто Брат и не и дошол на свадба.
    Ете краток пример колку луѓето можат да бидат злобни.
     
    На Miss666, anggell, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    А што ако имаат каде, а се тепани. Што зборуваме воопшто на темава?
    Јас мислам дека бев јасна. Сум за еднаква поделба, но на оној простор изграден од родителите. Не сум за еднаква поделба на простор кој родителите не го изградиле, туку е инвестиција од синот и снаата. И снаата треба да има целосно право на тој простор како свој, без да биде наречена тупосана.
    Сум за золвата да може непречно кога сака да го посетува родителот, но не сум да се нема осет и да се однесува како и некој друг да не живее во таа куќа.
    Не може секој пат да ги обвинуваме снаите, што сметам да имаат избор и они би покажале среден прст на живеење на исто место и имот.
     
    На Anyshka, Cosmi и Мамичка им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.196
    Има решение, продаваш се', делиш пари на пола, нека кршат глава двајцата.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.196
    Нормално, 200 пати се повтори дека просторот што снаава со маж и' си го правела, нема што таму никој неповикан да иде и да се меша итн. Никој баш не го рече тоа.

    Ама дури и тогаш трпение си треба, оти старите во нивниот дел кого сакаат ќе викаат, колку и да смета на другиве.

    Само е совет за секого да си ги заштити парите, за не дај Боже. Ни една од убиениве и тепаниве не мислела дека до таму ќе дојде.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.068
    Пол:
    Женски
    А не треба да се биде праведен во животот?
    Или треба да ги толерирам сите каприци и размазености ако ми е ќерка ?!
    Па и да ја малтретира сестра и и зетот?
    Јас треба зетот да го набркам.
    Не,со безоосетната ќерка ќе се справувам.

    Јас моите деца прво ги воспитувам да имаат осет.
    Исто ко што додека едната спие во соба,а другата излегува од соба за да џавка со другарка и на телефон за да не ја рљзбиди сестрата така и утре ќе треба да имаат осет да не си се качуваат на глава една на друга.
    Ама каква врска има ова со темава?
    Што си дала клуч на фамилија кога не си дома за да не се влечкаат по аеродроми.
    Си дала клуч кога не си дома,а кога би била дома со маж и две деца би има дала клуч?
    Малку морген.
    Ај здравје што вика Камелија живи били па видели.
    Има право да кажува што и смета ако живее во иста заедница со старите и придонесува во семејството чиј член е.
    Жена на синот,член на семејство соѓподеднакви права да не и се нарушува мирот.
    Не е ни на золвата куќата.Ниту има право да одлучува за нешто во неа,ако е полнолетна и има свој дом.
    Ако е малолетна е нејзин дом.
    А старите единствено имаат право да дадат кому сакаат.
     
    На Oneo, Anyshka, Мамичка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.559
    Допаѓања:
    8.142
    Пол:
    Женски
    Така е . Ама луѓето се злобни. Од инат сакаат да истераат до крај.
    И што си направил.? Си добил стан ама си изгубил брат . Внуците си ги нема видено. Едно кафе со брат да не можеш да се напиеш. Незнам за другите ама мене би ме болела душа.
     
    На anggell, Anyshka и Мамичка им се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.819
    Допаѓања:
    23.409
    Пол:
    Женски
    Ццц ве пцујам секој ден што не можам форум да отворам без да видам Снаи и золви во Најнови мислења, ко видов тагнато мислев дека се подјебавате со мене. :D Се плашам да отворам фрижидер да не ми излезат снаи и золви.
     
    На Glowy, Corika, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.205
    Допаѓања:
    125.429
    Пол:
    Женски
    @Misskirova Она се карала, ама родителите се криви.Не она.
    Они можеле да ѝ речат не и можеле да го поделат имотот по пола на двете деца.
    Они го оставиле синот на улица.
     
    На baby-star, crimson, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.559
    Допаѓања:
    8.142
    Пол:
    Женски
    Нејсе ...еден свој заклучок вака ке дадам и бегам од темава.
    Премногу се осврнуваме на материјалното луѓе . Се изгубивме со најблиските. Се замараме за непотребни работи.
    Мене озбилно ми фали времето кога братучетки мои две доагаа секое лето кај нас и седеа по 3 месеца. Па спиевме сите распослани ко сардини . Имаше домот убавина, детска смеа,народ ,чистота.
    Може немавме пари многу и соби ама бевме среќни.
    Мајка ми си знаела . Сигурно не и било лесно да не расправа нас четворица ама сепак не расправаше и живеевме многу посреќно.
     
    На Anyshka и Мамичка им се допаѓа ова.
  19. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Јас колку што сфатив, и целата дискусија започна, затоа што свекрвата е таа што нема осет за јасна граница. Едно е да живееш во две соби со нив, друго е да изградиш свој спрат. Не може да очекуваш бидејќи си го дала дворното место на користење и темелите на куќата, да ја третираш снаата како слугинка да готви за цело село. И не може да ја малтретираш да доаѓа да вари кафе за сите, оти золвата дошла на поседок, како и секој минат и следен ден.
     
    На Luna91, Anyshka, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Исто. Никогаш за имот не би се скарала.
     
    На Anyshka и Alexandrite им се допаѓа ова.