Зборуваш за екстреми. За мене е нормално тоа што било кај Стресд. Не и' отишле горе, доле си седеле Ниту на Анушка золва и' не иде горе, доле седи. Свекрва и' ја замара и она да се симне. Еве не знам, може кај вас и' кажувате на свекрва ви и таа на вас кој смее кој не да доаѓа и кога, ние не функционираме така и добро ни е.
А мор, заедно да си ги трошите вашите пари. И твоја и негова плата. А за само пари негови да трошиш, аК најдеш кажи, не дека нема, ама треба да се допре до таков
Абе да не работам малце ако може, по маникир да си одам да ме оговараат овде по форум, онаа снашкана, сите 4 во воздух, сине јајца до колена му паднаа, жими еден ручек му прави Иначе знаеш, не бевме во брак, се' што купивме се знаеше чие е, ама се' користевме заедно без прашања и делби, имавме заедничка сметка. Тоа што знаевме што е чие, беше олеснителна околност на крајот, и продажбата на имотот беше без проблем, бидејќи двајцата стоевме на имотен лист со по 50%.
Тешко на тие шо сѐ мерат на кантар во брак. На таков брак, пишете пропало. Толку примитивни мислења прочитав, на женски форум, од жени за жени. Од жени, кои имаат и ќерки. Сѐ ќе се заработи и спечали, и ќе се купи, или ќе се отиде под кирија, ама гадното чувство дека некој те третира ко улично куче, само затоа што си снаа, не се заборава. Нека биде и золва, исто третирана од нејзините родители. Одам да ѝ пишам на снаа ми колку ја сакам и почитувам што го прави брат ми среќна. И да, кога раскинаа, живи се изедовме по дома, иако не беше тогаш официјално жена. Оти е човек, оти и ние сме луѓе, и знаевме колку и неа ѝ е тешко. @CameliaMiller И не Каме, ако е курвар и коцкар, и наркоман твоето дете, за негово добро ќе му одржиш животна лекција. Дека или ќе се смени, или нека се снаоѓа сам. Затоа државава ни е полна паразити, неспособни да одржат фамилија, оти "ако мама, треба машко да оди по други жени, за тоа е машко." @Emy867 ова не беше за тебе, само се надоврзав на твојот пост.
Ама не би го исфрлила на улица него, тоа го кажав. Дека не можеш друго како свое да сакаш. Бар така мислам. И да е ќерката сеедно, да сум јас растурачот, нема мајка грб да ми сврти. Ќе ми одржи лекции зад затворени врати, ама пак ќе и' бидам на прво место, пред било каков зет.
Заеднички стекнат имот и наследство од родители не се исто.Наследството не се дели на човек кој не е крв.
Имам ваков пример кај што го исфрлија синот а снаата си ја чуваат дома.Си зема жената кредит 30000 е за да го направи спратот кај што живеат.Е арно ама на него тогаш му текна дека не ја сака веќе и почна да ја брка од дома.И фино лепо му ги спакуваат работите и му рекоа да си оди.Му рекоа дека може да се врати тогаш кога ќе и ги исплати тие 30000 е.Е за мене тоа е родител.Не е девојчето најдено на улица некој да се иживљава со неа.
Пријател го исфрли син му на улица, пошто не му доаѓаше памет со години. Тежок наркоман, го испрати 100 пати на лечење, овој бега од таму. На крај му прекипе на човекот, го избрка од дома. Не е ни тој должен да толерира наркоман шо му прави стресови постојано и се занимава со криминал, без разлика шо му е син и му дал 1000 шанси. Син му сега е женет и има дете. Ни ронка среќа немаше да доживее, ако татко му не го научи на лекција. Љубовта кон детето не е само сакање и физичка грижа. Од мали ги учиме што е добро, што не е. Да, срце ќе ме боли ако скршнат од добар пат, ама нема по секоја цена да бидам на нивна страна. И тоа се вика воспитување.
Да, спомнав прееска во мислење за во случај ако свекорот сам одлучи да ѝ го препише на снаата. Ама, мислев на тоа дека снаата не може да очекува и да бара дел од наследството на мажот. Различни ситуации се. Не може да бара, не ѝ следува.Може да ѝ дадат ако така сакаат и одлучат.
Зборувам за различна ситуација, ама ајде. Пример синов се вљубил у друга, сака да се разведе, живее со сегашната жена во дом на име на неговите родители. Кои се реално шансите да речат - марш ти надвор, снаата ќе остане? Не е невозможно, ама таков пример - не знам.
Во друг пост пиша дека и да е курвар, родителите ќе дадат предност на нивното дете. И така ќе биде, за жал. Затоа имаме проблем во цело општество.
Нене нема да си ја носи во гроб,ќерка му живее со години во странство, они гледаат (долен дел) да средат за да не ни пречат. Си имам работа со свесни. Не се сите случаи и исти и не е се црно бело.
Леле ама сте запнале со тоа наследство аман веќе, снаата немала право, снаата ова, снаата она, а има ли снаата право да придонесува во туѓа куќа каде што е дојдена за јадење и да плаќа сметки? Како тогаш има право а за друго нема.Инаку постои начин каде се докажува колку придонела додека се во брак .
Пак, различни ситуации. Курвар на себе и на партнерката/жената штети повеќе.На родителите само угледот им страда кај комшиите. Наркоманот е поопасен.Може и живототите да им ги загрози. И двата типа на синови не чинат, ама јасно е зошто на едниот сепак би му дале, а на другиот не.