Само ке додадам дека не се знае животот што се носи и кога најмалце можеш позитивно да се изненадиш од оние што не им го згорчуваш животот со 1 соба ... Не станува збор само за метри квадратни да не бидам погрешно сватен ,тука спаѓа и начинот на живот ,сметките, одржувањето.Замислете таа соба да е во стан од 70тина м/2 .Зарем ке се чувствуате како дома кога ќе дојдете и се биде средено бидејќи така мора а вас не ве засега ништо друго освен тоа дека тоа е ваше ?.. Секогаш може да се најде решение па (макар и неопходна да е собата, има компромис кога има фер плеј игра и проблемите се разрешуваат кога не постои алчноста )
Глупости. Сите се фатија за собата. А што правиме ако и братот си купи стан, а и сестрата! Тогаш родителите ќе треба да ви ги испразнат собите и да Ви кажат да си земете се што е ваше! Како би се чуствувале тогаш? Некоја девојка погоре рече -куката е на три спрата и јас би сакала да имам соба бидејќи и онака има премногу место за сите. Не ми е јасно зошто сите рипнавте против тоа! Чудно е чуството кога местото во кое сте седеле 20-30 години, одеднаш припаѓа на друг! Еве и јас ќе кажам, да-сакав да си ја задржам мојата соба, но бидејки стануваше збор за стан од 90 квадрати, јас се откажав за другите да имаа комодитет. И тоа е ок за мене! Но и моето доагање дома сега ( фала богу-знам дека сум добредојдена) е исто како да сум на гости. Имам и снаа, се почитуваме, но факт е дека ваквите преселби беа емотивно болни и за мене и за неа! Јас се навикнував на фактот дека друг живее во мојата дома, а таа дека треба да се адаптира на новите услови и на животот во заедница. Затоа, пред да рипнете со осудување, погледнете ја и другата страна! Некаде погоре напишав, би било идеално ако сите можеме да живееме сами, а не во заедница, ама во земјава ( па и покрај проектот купи куќа-куппи стан ...тешко!
Ке се обидам во најкратки црти...Значи имам 5годишна врска и со дечко ми правиме планови за брак, фамилија и сл.Мојот проблем е тоа што сестрата на дечко ми има маж кој е болен и тука значи почнува цела приказна...Фирмата која ја има дечко ми на чело на директор е таа, по иницијатива на мајка му.Ај нема везе тоа.Значи сите потреби и ги врши тој! Не дека сум бесчуствителна, ама дечко ми се трудеше да го убеди маж и да оди на лекување (не може да се движи и незнам точно од шо боледува) ама овој не сака. Језиво ама таа мислам дека брат и го доживува на некој начин како маж На почетокот на нашата врска дури се обидоа сестра му со мајка и да не разделат, ама не им успеа.Сега веќе мајка му кога гледа шо се дешава, упорно секој ден ми зборува за поштовање, за брак, за фамилија да се сака..ми нагласува дека сестра му е директор на фирмата .Значи се што сакам јас е да ми се тргнат и двете кога веке се изглупираа на почеток и да си почнам јас од почеток со дечко ми, да градам дом, фамилија и да си живеам среќно, без туѓи проблеми. Јас мислам дека двајца стапуваат во брак и градат иднина! Не е фер мајка му што ни дава таков товар од старт Треба ли јас цел живот да сочувствувам со неа? А најкриво ми е што дечко ми се убива од работа од сабајле до вечер, а таа само се вртка низ фирма и пак ја жалат! Мајка ми уште на почеток ме советуваше да ја прекинам таа врска, кога се обидоа да ни ја саботират врската мајка му и сестра му, ама премногу го засакав. Ова мислев дека го има само во шпанскиве серии искрено. Ве молам девојки дајте ми некој совет! Сакам да стапам во брак само со дечко ми! ....а не со се сестра му, мајка му...Овие усте на страт ми направија проблеми а тек допрва! Ве молам за најискрен совет!
Најискрено? Тој е крив. Како тоа господинот се спрема младоженец да стане, а уште е слуга на семејството, 'ргач и тргач, алтернативен маж на сестра му (на некој начин). Тој е крив, тој е тој кој дозволува. Свекрва ти и золва ти се тешки манипулаторки, особено со тие муабети за фамилија и сожалување. Совет? Уште сега разговарај си со мт за тоа што ти смета. Па мт сеа ќе си има своја фамилија за која треба да трча ако се земете и таа фамилија (ти и вашите деца во иднина) треба да биде на прво место. Но, тој тоа ако не го сфаќа, би ти препорачала уште еднаш да размислиш за тоа дали воопшто вреди брак со него.
Што и да решиш или направиш имај зацртано дека сакаш посебно да живееш. Ако во старт не се одвоиш од ,,поширокото семејство,, тогаш ништо не си направила освен што ќе си направиш дополнителни нервози поради кои ќе си ја трескаш главата од зид. Од старт си ги издефинирај односите и не им давај за право да ти се мешаат. Се` ќе постигнеш ако имаш подршка од маж ти, а ако немаш и тој повеќе влече накај неговите е тогаш ништо не правиш.
Јас вака гледам: Тоа што сестра му е директор во неговата фирма, логично дека ќе си ја пријави сопствената сестра да и тече стаж и здравствено осигурување, кога веќе има своја фирма. Исто кај татко ми во фирма, тетка ми стои на хартија како директор и не работи скоро ништо, он си ја брка работата и одлучува за сите работи, а сестрата е административна фигура во фирмата,на која и треба социјално и здравствено осигурување и минимална плата. Така што тоа нема потреба да ти пара очи. Второ, ако има болен човек во семејството, за кој не си запознаена ни што точно боледува е многу осетлива тема и мора многу внимаваш да не испаднеш бесчувствителна ставајќи ги своите желби и потреби на прво место, кога некој се бори за здравје и живот. Гледај да си направиш свој живот со својот маж без да му се мешаш во неговиот однос со роденото семејството. Доколку он смета дека треба да биде заштитник на својата мајка и сестра, освен ако тоа не те занемарува тебе, не му забалежувај што премногу се грижи за нив(пред да те сретне, тие му биле се). Пробај да живееш со него одвоено, пред брак без да се замараш со неговото семејство и види како се одвиваат работите на лице место, немој да размислуваш негативно на памет за нешто што би можело да биде. Најверојатно кога ќе основате прописно семејство со дом и дете, ќе си го знае добро приоритетот и кој треба да биде на прво место, меѓутоа сега за сега има само девојка за озбилно и мајка и сестра кои зависат од него, заедно со болен зет кои не сака да ги остави на цедило.Штом е толку грижлив кон нив, сигурно убаво ќе се грижи за своето семејство во иднина. Можеби и него не му е по ќеиф моменталната ситуација, меѓутоа сепак работите ќе почнат да доаѓаат на место откако ќе почнат да се случуваат, не само да се замислуваат лошо.
Пред некое време пишував на темава дека се водам по онаа старата, се свое со себе си носам. Но не е така и во обратниот случај, да речеме сестра му, не можам јас нејзе да и воведувам нови правила затоа што сум дошла да живеам кај нив, значи сум дошла, по своја воља и шретходно добро запознаена со ситуацијата. На пример доколку сестра му на дечко ми сака таа соба да си ја задржи за себе јас нема да се бунам, ќе бидам задоволна со тоа што го има во домот и ќе се обидам сама да создадам семејство, доколку можам. Во мојов случај сестра му на дечко ми на неколку пати има напоменето дека сака дел од куќата во која живее, нејзино право, јас искрено не би постапила можеби така но секој со сопствените сфаќања, зошто јас би се карала со мажот ми кога и нему сигурно не му е сеедно. Сакам таа да биде добредојдена во својата куќа како што сакам и јас еден ден да бида добредојдена во мојата куќа, не сакам да се чувствува како странец, доколку и двете малку се симнеме на земја се ќе се реши многу лесно, а ако и двете од почеток почнеме со замерки и карања, со делење и парчење, нема да има убав крај таа приказна. А за оние кои сметаат дека мажињата им се мамини синови, во случајов последен со девојкава која се буни за вниманието кое дечко и го посветува на мајка му, замисли ако во иднина син ти те запостави заради девојка, нема да ти биде сеедно. Немам син, не сум снаа, немам золва, сеуште, но размислувам од две страни, сакам моето идно семејство да биде градено во убава атмосфера, да има роднини, да има тетка, да има баба и дедо, јас нема да му го одземам тоа право правејќи компликации во семејството на мојот иден сопруг. Да тргнеме од сопствените семејства, идеални ли се. Оној пост кој оној дечко во темата Труднички муабети го пиша, треба да го прочитате сите, навистина дава една слика и прилика на современа снаа, свекрвата која бара да и работиш е лоша а мајка ти која ја малтретира снаата да работи е добра, двоен аршин а?
А зошто во секој проблем што го имаат феминките криви се нивните дечковци и мажи? Затоа што не им ја знаеме точната ситуација. Знаеме само една страна од приказната, а како што некоја феминка има пишано: секоја приказна има три страни - нејзината, неговата и вистината. И кога некоја ќе излезе на форумов со ваков проблем нека ги пише сите три страни за да знаеме каков совет да дадеме. Инаку ниту сум золва, ниту сум снаа, ниту пак ќе бидам (барем засега ), ама од искуство на мајка ми можам да кажам дека се е до човекот. Со вујна ми се, па можам да кажам како сестри. Се почитуваат, се дружат и никогаш не си пререкле ништо, а не пак да се скараат. Е за разлика од мајка ми, тетка ми (сестрата на мајка ми) е друг тип, со вујна ми баш и не се мирисаат многу многу. Се зависи од тоа како ќе се постават на почеток двете страни. Зошто да се гледа на снаата или на золвата како на конкуренција? Па тоа ти е семејство, во добро и лошо. Друго немаш. А во поглед на стамбеното прашање кое беше наметнато претходно, мајка ми никогаш нема изразено желба за дел од куќата во која живеела пред да се омажи. Таа секогаш вели: „Не ми треба куќата, ми треба братот. Друг брат јас немам. А ако го имам братот, куќата ќе ми биде како втор дом, бидејќи знам дека таму секогаш ќе бидам добредојдена.“ Значи не секогаш материјалното е богатството и не секогаш материјалното ја прави убавината на животот. Нема поголемо богатство од самото семејство.
Ѓи ценам вашите искрени одговори, НО... мене не ми е проблем мајка му! Зарем јас не сум свесна дека исто како мене и тој си ја сака најмногу сопствената мајка.Мене ме иритира тоа што (веќе напоменав) свекрвава идна ми ја наметнува сестрата! Дечко ми и дава плата, осигурена, плус кеш пари, ја носи кај со треба ( дури и скришно во Солун на шопинг, ваљда свесен е дека не е во ред тоа што го прави), на внукава облека, пари, телефони...па луѓе малце ли е тоа?? Па нели секаде читаме дека пред да стапиме во брак да се осигураме каде одиме, со кого и отприлика да знаеме што не очекува, за да после нема несогласувања! Како да не ме занимат овие работи кога очекувам дечко ми секој момент да ме побара за жена! Па и јас имам брат ама таков однос немаме. Верувајте сестрава е искомплексирана огорчена и љубоморна.По мое неспособна за ништо и без карактер.Мажот и е болен, ама дечко ми самиот го носеше по доктори за да му помогне нему а и на сестрава. А оваа? Не се замара бре.Ниту еднаш не отиде со нив на доктор.Ми зборува само за облека и кога ке сме ја носеле на шопинг. Во ред ли е тоа? Ја знам дека до сега тие му биле се, ама мене не ми се ништо! Јас можам само да ги почитувам како негова сестра, мајка, татко и т.н. ама неможам јас да ја носам цел живот на плеќи.Шо прајме ако и јас вака го гледам мојот брат? До кај ќе стигнеме јас и мојата фамилија? Едноставно НЕ ЈА САКАМ на тој начин во мојот живот!! и не се осеќам криво.Од самиот старт не ме сака. Е ај кажете ми зошто не ме сака? Што сум и згрешила? Или свесна е дека некои работи ќе се променат на нејзина штета, па кутрава за жива глава неможе да ме засака! А свекрвава ако сака слободно може да и дава пари и да ја гледа, не ми смета мене, ама нејќам мене да ми ја наметнува.Во секој муабет ја претставува како жртвено јагне, а верувајте не е така. Како и да е, несакам јас таков живот, дали сум во право или не, незнам.Едноставно несакам! И како да знам како ќе биде кога ќе се земеме со дечко ми??
Можеби таа се уште не може да го прифати фактот дека маж и е болен и дека брат и мора да ја издржува, па бега од реалноста и не се замара, а времето си го исполнува со тоа што оди на шопинг. Можеби за неа тоа е болна тема, па се однесуваат на тој начин. Не знам, постојат шанси и да е така. Сепак, кажав и претходно, не можеш да расудиш правилно ако не си точно запознат со целата ситуација. Мое мислење Едит: разговарај со дечко ти, олесни си ја душичката, а на идната свекрва кажи и отворено дека нема потреба да ти ја наметнува золвата, дека ти и онака ја сметаш за семејство и нема потреба да те гледа како закана. Играј на таа карта. Размисли.
Не знам како би ме сфатила, сфаќам дека имаш причина и повод да го напишеш сето ова но не си баш целосно во право. Како прво ти си му се уште девојка имаш планови за во иднина но никогаш ништо не се знае како ќе биде понатаму се додека не му станеш сопруга. Тоа што сестра му е на чело на фирмата не треба да ти прави тебе грижи. Таа му е сестра не е некоја непозната. И таа си има проблеми со сопругот, кога се работи за здравје сигурно и неа не и лесно. Кога дечко ти ти нагласува дека треба да ја почитуваш неговата фамилија сигурно нешто сеќава дека не е во ред. Немој да го ставаш во незгодна ситуација да бира помеѓу тебе и неговите. А татко имаат или дечко ти се грижи за мајка му и сестра му? По твоите коментари гледам дека си премногу огорчена спрема нив двете. Како да чувствуваш некој гнев и омраза во себе и како длабоко во тебе да се крие некоја љубомора. Тоа што твојот однос со братот е поинаков не значи дека кај сите е така. Тоа е братска и сестринска љубов и грев е да помислуваш на нешто друго. Значи сопругот нејзин е болен. Сигурно тој не оди на работа треба тие од нешто да се издржуваат. Наметнуваш мислење дека неа не ја интересира болеста на нејзиниот сопруг јас не верувам дека тоа е така. До сега ако било така ако е таа толку бесчувствителна ќе го напуштела него. На кој начин таа ти покажала дека не те сака тебе уште од страт не знам. Мислам дека нема потреба од тоа да го загрижуваш дечкото со вакви работи. Далеку од тоа тој има веќе проблеми каде сигурно му треба твојата поддршка и разбирање. Обиди се да го сфатиш ако навистина го сакаш како што кажуваш.
Jas sum vo brak skoro 10 godini i moram da vi kazam deka zolva mi mi e kako vtora sestra. Znam deka na povekjeto lugje im e cudno, no jas so mazenjeto dobiv uste edno semejstvo, ne zagubiv nisto... Namerno pisuvam, ne za da stavam nekomu sol na rani ili da se pravam pametna, tuku na idnite nevesti da im sugeriram deka treba malku popozitivno da se postavat uste od start za da imaat dobri odnosi so semejstvoto na soprugot. Jas od pocetok bev pozitivna iako, sekako, bev vo nova sredina, novi lugje i, da ne se lazeme, na SITE ni trebashe vreme da se 'nauchime' i da se navikneme edni na drugi, no ete, 10 god podocna jas so zolva mi si spodeluvam i dobro i zlo, prvo edna na druga se javuvame za sto bilo i razmenuvame mislenja, soveti i si pomagame... Nie ziveeme so svekor mi i svekrva mi, imame dobri odnosi i se nadevam deka taka kje prodolzi, ama jas sepak pred toa go stavam odnosot so zolva mi so koja se slusam kolku i so sestra mi, a ponekogash i pocesto. Gi sakam i dvete, razlicno sekako, no se postaviv pozitivno so misla deka toa e majkata/tatkoto/sestrata na mojot soprug i so toa sega se i moi bliski, trebashe vreme da se 'izgradi' soodnos i doverba, no ete nie uspeavme i mnogu se raduvam zaradi toa. Nekoi lugje ni zaviduvaat i me 'predupreduvaat' deka kje mi zabodela zolva mi noz vo grb koga kje se delela kukjata, no jas smetam deka sekako treba bratot i sestrata da dobijat del, taka da ne e problem, a plus se nadevam deka svekor mi i svekrva mi kje ostavat se napismeno i da si imame cisti odnosi od start za da i ne dojdeme vo situacija nekoj nekomu nesto da prerece... Mnogu mi velat deka treba da drzam distanca, ne cinela bliskost so zolvata, ama jas uzivam vo imanjeto dve sestri so koi kje spodeluvam i radost i taga, za se si se naogjame edni na drugi i se nadevam deka taka kje prodolzi... Ednostavno, odnesuvajte se so novoto semejstvo kako sto sakate da se odnesuvaat so vas i NE pravete nisto nikomu, sto ne sakate da vi bide napraveno /receno na vas! Za mene ova funkcionira, a ne e teshko i nekoja od vas da se obide Izvinete za dolgiot post, samo sakav da vi vleam malku vedrina Pozdrav
milicka, јас мислам дека според тоа што го објасни melanija, мајка му и сестра му се тие кои го тераат да избира помеѓу неа и нив. Убаво си кажа девојчето дека еднаш и се обиделе да и` ја саботираат врската што ни најмалку не е убаво. Тука не ни станува збор за бирање. Ако мажот има малку памет во тоа главата ќе знае откако ќе даде збор или ќе стапи во брак, кој ќе му е на прво место. Е сеа, не е нешто погрешно или неправилно шо ја стаил сестра му директор, ама боде очи тоа што таа нема никакви одговорности, а тој трча за сите освен за таа за која треба најмногу да трча. Не е убаво. И за тоа, тој е крив, сестра му да ужива, а жена му да се мачи...да бе, шо не и` најде и на жена му некое место со помалку одговорности во фирмата...или не, таа е туѓинка, уште прстени не си стаиле...таа ќе биде покрај него, кога друг нема да биде, таа ќе му роди деца, ако некој треба да му е прв на листата на приоритети, тоа е жената која ја избрал. Се` останато ми е манијакално, инцестуозно и во секој случај ПОГРЕШНО.
Ние не ја знаеме другата страна на приказната така да судиме само по едно нешто. Тие му се семејство нема да исчезнат од неговиот живот. Значи кога таа го прифатила него треба да се обиде да ги прифати и нив. Нема таква мајка и сестра која би сакала да ја попречи среќата на своето чедо и брат. Секој си има свое место во животот никој не се става во предност. Не знаме ни дали сестра му ужива со тоа што се случува, бидејќи има и таа проблем. Потребна и е помош од семејството а тоа не значи дека вечно ќе биде така. Можеби на чело на фирмата е само така формално точно ние не знаеме тука за што се работи. Период е и таа како девојка треба да го сфати. Тука значи пак ќе потенцирам нема предност во однос жена, мајка, сестра, брат, татко. Секој си има посебно место. Девојката јас не ја напаѓам туку ја советувам да има малку рабирање и стрпување дека се ќе се среди само треба време.
^Како нема предност? Не може местото да остане исто цел живот. На почетокот сестрата и братот си биле се` на светот (заедно со родителите). Животот носи промени кои треба да ги сменат приоритетите. Сестрата си има свое семејство, родителите еден ден ќе ги нема. И сега? Таа што ќе остане покрај него, со која ќе оформи семејство кое ќе го следи во добро и зло да не е на прво место? Јас ги гледам и двете страни, ама барем во едно мислење стави се во кожа на снаата, затоа што еден убав сончев ден, тоа и ќе бидеш. Па нека ти се погоди некој таков сопруг за кој сега викаш дека е правилен, кој ќе те стави на “златна резерва“ место во животот и маме и даде ќе му бидат ист приоритет како и пред да дојдеш, па да те видам дали така ќе размислуваш. Не викам сеа да не ги сака и почитува, ама малце почит и предност на новиот член нема да е на одмет.
Конкретно во животот на мојот сопруг јас сум единствена во листата на приоритети а останатите членови од неговото семејство се во друга листа која се вика everyone else. Истото важи и за мене.
според мене е вака-се додека го сакаме сопругот само за нас и се однесуваме егоистички секогаш ќе настануваат проблеми. секој си има свое место и треба да се има почит ако ние како снаи не ги почитуваме родителите на нашите сопрузи или неговите браќа,сестри не можеме да очекуваме дека тие добро ќе не прифатат. ZA еден човек да биде среќен му се потребни и родители и сестра,брат и жена глупаво од наша страна е да го принудиме да бира... кога и ние имаме родители и никогаш не би се откажале од нив па зошто тогаш мора тој да се откаже од неговите ..
Јас немам золва, ама сум золва, и можам само ова да го кажам: Ја почитувам снаа ми затоа што го сака, чува и прави среќен брат ми, и затоа што кон мојата фамилија се однесува со почит. Се` додека тој е среќен, мене ми е повеќе од доволно. Не барам никаков приоритет да сум му, ниту барам да ме става директор на неговата фирма - не патам од тоа дека сум му родена крв и дека треба да припаѓа по мене. За него се` би дала, ама не по цена на мојата фамилија.
За Болдот: Кога се влегува во брак, на прво место е жената! Тоа да е јасно и галсно. Мама, тато, дада , бато се тука, но тие се веќе друга фамилија. Математички да се изразам бракот ти е како единката X и единката Y излегуваат од две множества за да создадат свое ново множество. Во тоа ново множество главни се X i Y а за другите две множества може почит, помагање и слично. Нема мешање. Кој си ја става дада, бате , тате мама пред жената не треба ни да се жени. Исто важи и за таа што се мажила а не може да се одели од суќната на мама па за се трча кај мамичка и татенце.