Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.065
    Пол:
    Женски
    Па велиш е инстинкт .
    Детето нели мора да се трпи крв ти е,зетот/снаата не е,нека кршат глава.
    и ако кисне секој ден кај мама и притоа знае дека нарушува комодитет на други луѓе во таа куќа.
    И ако ја малтретира снаата,дете ти е.
    И ако керката ја малтретира цела фамилија,дете ти е, ке ја трпиш.
    Само не е така секогаш.

    Никогаш нема да одбранам дете ако не е во ред тоа што го прави.
    А зошто се тинтраат мамини керки и синови ,а снаи и зетови се натрапници затоа имаме проблем,има право Нарциса.
    Не мора да кажуваме ние дома во наша куќа,сите сме со осет фала богу да не се осети другиот дека му се нарушува комодитетот.
     
    На Mnik, Chantal, Oneo и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.816
    Допаѓања:
    34.712
    Пол:
    Женски
    А вие снаа ли сте негде?Замислете имате ќерка и во куќата на мажот да ја помножст до 0?100 пати снаата нема право па нема .
     
    На Alexandrite и Мамичка им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.195
    Па добро, ете и во нашава куќа сите мислиме дека никому комодитет не е нарушен. :)
    А сите се добредојдени, секогаш, без потпрашања.
     
  4. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    14.523
    Пол:
    Женски
    Па ние не и забранивме да доаѓа,таа многу добро знае колку се се слуша во куќата бидејќи кога тодлерот и беше бебе коментираше дека е галама,како што кажав чкрипеле кваките од вратите и дај ве молам доволно ја правдавте,и не е нормално без маж со две деца да одиш некаде и да седиш толку време ама тој момент иако повеќе членки ве прашаа го преќутевте.
    Ама тебе мајка ти секогаш ќе ти била прибежиште,нормално ако ти остави наследство ако не да не те барале,така се изјасна.
     
    На Mnik, Anyshka и Мамичка им се допаѓа ова.
  5. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    14.523
    Пол:
    Женски
    Јас знам пример кај што мажот сам си замина и го отстапи домот на жена му и децата.
     
    На Mnik, Luna91, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.816
    Допаѓања:
    34.712
    Пол:
    Женски
    Имаме договор направено ние, што правиме сега ?
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.195
    Поентата е дека и јас да сум изневерувач, мајка ми ќе ми одржи лекција, ама нема јас да останам на улица.

    Зборам живееме со неа јас и мажот нели.
    Пак во тој случај ќе ме одбере мене, не маж ми.

    И во реалноста е дека можеме да филозофираме колку сакаме, не во државава, природно си го браниме нашето, и да не е во право. Не дека нема зад затворени врати да држиме лекции, туку повеќе место за прошка имаме за своите.

    Од таа причина и многу побенигна ситуација се сфаќа различно од мајка и свекрва, не знам, сто примери има по темите, кажано од мајка се простува полесно него кажано од свекрва.

    Мене лично тоа не ми е чудно, крвта вода не бидува.
     
    На Asparagus му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.195
    Знам и јас.
    Збориме за ситуација кај што домот не е ни негов, туку на татко му. И тој не сака да и' го отстапи на жената.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.195
    Напротив, не изигнорирав, баш те прашав што мисли маж и' за ситуацијата, не ми одговори.

    Ако двајцата се ок, ко сам ја да судим? :)
     
  10. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Добар родител нема така да постапи. Мојата мајка ми има кажано ако те тепа, те изневерува или било што, нешто не штима во бракот слободно да знаеш дека вратата е секогаш отворена, ама да слушнам дека го изневеруваш маж ти во тој случај не си ми ќерка. Што го и оправдувам.
    едит: Јас сум воспитана на тој начин зад грб на никој ништо да не правам. Тоа што не сакам мене да ми го прават да не го правам јас на друг.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.195
    Ете јас не го оправдувам :)
    Различни луѓе, различни мненија :)
    Мајка ми друкше ми вика, што и да праваш, мое дете си прво.
    Секој со свои ставови за воспитување.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.170
    Допаѓања:
    180.667
    Пол:
    Женски
    Каме, лекција се учи со дела, не со зборење. Ако на 30 и кусур години не нѐ научиле дека неверство не е добро, после џабе е зборење.
     
    На Mnik, Anyshka и Мамичка им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.382
    Допаѓања:
    20.554
    Не ги читав последниве мислења многу многу ама стварно сте наивни ако сметате дека секој родител би ја примил ќерката дома по развод. Или секој брат сестрата. Онака ептен наивни.
    Има гомна од родители што пре би мажот да ја млати ќерката него комшиката Стојне од трети да ги праша оти Трајанка се врати со детето.
    А братот нема мака, он си има имотче на име.

    Инаку никогаш нема да очекувам свекрвата да ме стави мене пред синот. Дури и она да ми рече, ќе ја препрашам трипати дали е сигурна.
     
    На Unread и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.195
    Што сака нека е Нарциске.
    Таман во затвор да завршам, нема грб да ми свртат. Тоа го знам.

    И еве уште се чудам зошто теми золви, свекрви се полнат, а теми проблеми со мајка, брат, сестра не баш.

    Оти повеќе простуваме на своите. Ниту можеме да сакаме друг како што можеме свое да сакаме.
     
    На An-na, Ygritte и Mikha4 им се допаѓа ова.
  15. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    8.177
    Пол:
    Женски
    Еве мојава золва и покрај тоа што се обидувам да ја почитувам, докажува дека не заслужува. Се вмешува во секоја дискусија. Денеска мм ја ранеше малата, и потоа уз муабет нешто му забележав, и таа ми вика наместо мани да му најдуваш, треба фала да му речиш што ти го нахрани детето. Извини и викам, кого нахрани? Па ти го нахрани детето, а ти наместо да му најдуваш забелешки треба фала да му речиш. А и викам, извини, не МИ го нахрани детето, оти тоа не е само мое дете, туку и негово. Да го нахранеше некој од комшиите, ќе му речев фала, ама на таткото од детето нема потреба да му се заблагодарувам секојпат кога ќе го нахрани своето дете, нити пак тој треба да ми се заблагодарува кога јас ќе ја нахранам.
     
    На cresa-jagoda, Glowy, Clear и 20 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.607
    Допаѓања:
    39.713
    Пол:
    Женски
    Посебен тип на золвички се овие како твојата
     
    На cresa-jagoda, Mnik, Oneo и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    14.523
    Пол:
    Женски
    Спрат од семејна куќа беше,на другиот спрат живееа мајка му и татко му,и не само тоа,жена му си остана осигурана да зема плата во неговата фирма,тој си тера живот настрана,ама не и го загорчи животот на мајката на неговите деца.
     
    На Mnik и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.195
    @Stressed Out можда истите луѓе ги знаеме :D

    Ама тоа е исклучок од правило.

    Ене го правилото наназад, официјална статистика на фемицид во земјава, како и причините.

    На форумов во неколку теми има кај што пишуваат дека ги нападнал, вреѓал мажот итн. им пишуваме бегај, оди; немаат каде.

    Не е наивен проблем тоа што женските деца не добиваат имот и стварно не треба да се релативизира.

    Мислам, твојот проблем е наивен или моите од типот реновирале горе па ме буделе и сл, ама баш сериозни проблеми постојат кога жената нема каде, ако си отиде од кај мажот ни финансии, ни дом има.

    Никој не треба да се осеќа заробен и должен према маж или брат, туку еднакво да си ги третираме децата, посебно жените. Многу повеќе насилство трпат жените него мажите.

    Затоа и е битно да им даваме на ќерките свое, макар сме родиле 3 сина и 1 ќерка.
     
    На cresa-jagoda, Biljarkata, An-na и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.816
    Допаѓања:
    34.712
    Пол:
    Женски
    Па може и мм направил договор со свекор ми .Исто знам многу што си направиле договор на нотар со родителите.
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.195
    Добро Анушка, може свашта.
    Ама де факто тебе свекрва ти ти дреме со другарките твои кај тебе на спрат.
    Ќе почнеш да ја испраќаш доле или ќе си ја оговараме до понатаму?
     
    На cresa-jagoda, bittersweet, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.