Кажал, ама свекрва ми не се разбира, па он не седи многу со нив, ќе поседи малце и одма горе, само што јас ако станам да одам горе одма проблем.
Ама нивен проблем, не твој. Научи се дека не треба да седиш ако не ти се седи. Ни золва, ни свекрва може да ти нареди каде да седиш.
Ааа, не така. Ако е во нивна куќа, ќе прави како шо ќе ѝ кажат. Кога ќе си биде во нејзино, тогаш ќе си прави шо сака.
Па и ти ко маж ти, стани. Измисли нешто, де.Ми се иде во веце, глава ме боли, ми се пријаде сончоглед(или друго)и ќе одам да си купам.
Анушка, па почни да пиеш кафиња по цел ден кај свекрвата, кога ќе дојде маж тк, ни заметено ни ручек направен, ќе му кажеш на маж ти, цел ден кафиња пиев со мајка ти, ќе почне после некое време да му сметаат пајажини низ дома и ќе и рече на мајка ти да престане да те замара. Ем кафиња ем нема да работиш ништо, има ли поубаво
Многу пати сум ги игнорирала, не сум се ни карала игнор само, и знаете што направија? Ни беше заклучено горе, свекор ми и свекрва ми упорно ѕвонат на врата, отвараме и сакале муабет со нас зошто не сме седеле со нив .И ова не било прв пат, они не знаат за игнор.Мора со нив.Пример ако не излегувам да седам во двор или на тераса одма го прашуваат мм зошто муабет не им правам, може не ми е добро еве овие 2 дена ич не ми е добро кај мајка ми сум цело време внатре.Мене некогаш ни со мајка ми ни со мм не ми се прави муабет, пиеме кафе и ќутам.
Јас ти кажав,не очекувај оправање во таа куќа,премногу токсичност,што и да направиш мислам ќе ти е џабе,тие ќе си тераат,единствено да не се замараш,ако можеш.
Нареден пат отвори и гола кажи и секс имавме затоа,не прекинавте. Никад више нема да ти се качат горе. Trust me.
Сметало бебето од золвата де преку два различни спрата а нејзините деца не им сметаат на свекорот и свекрвата. Нејзините не биле ни бебиња ни тодлери ни грчеви имале, ни заоѓале од плачење у 3 саат ноќе, ни заби ваделе, ни тантруми имале ни трчале по дома, се родиле фини и воспитани со манири на француски благородници.
Уште не научи ни кој ни сметаше? На стари луѓе деца не им сметаат многу,на тазе мајка со мало бебе и те како. Многу си очајна со коментариве мајке ми,прочитај се,се доведуваш во ситуација да делиш цинични и грозни епитети за деца. Ама со кого сум зела јас да се објаснувам....
Секако дека не им сметаат, просто уживаат во плачење и урлање на деца, ама само ако се работи за твоите деца, пошо веќе се изјасни дека тоа на золва ти им сметало ама глупо им било да и речат. Е па разбери дека и твоите им пречат ама ги толерираат. И не знам како си замислуваш како би било во зграда да живееш, дека ти коа ќе имаш бебе, сите во околните станови со деца ќе треба да се иселат или како? Пошо во зграда и повеќе се слуша него ли преку два спрата во куќа како што била твојата ситуација
Децата од золва ми не им сметаа како што ни сметаа нас,туку им беше претешка целата одговорност околу децата и золва ми. Доста веќе со тоа преку два спрата,дневните ни се преку два спрата,спалната ни е над дневната нивна и секој нормален знае дека плочата во зграда и куќа не е иста,башка и исти ходници делиме ние,не се дрзнувај да измислуваш и додаваш детали за ситуацијата само за да се докажеш во дискусијава.
Не измислувам јас ништо, туку ти посочувам дека штом ти си го слушала бебето од золва ти, и свекорите твои ги слушаат твоите деца и тоа не само два месеца туку постојано, и смешно е да веруваш дека тоа никогаш не им пречи, без разлика што си ги сакаат внуците. Уште па аргументот дека на стари луѓе тоа не им пречело А во зграда колку се слуша и каква е изолацијата, особено во новите ми е мене многу јасно, само тебе изглеа не ти е.
Епа кај нас премногу се слуша,башка на комшијата го заболе за мене,не е исто со твоите. На старите не им смета детето мое,плус од старт е прифатено дека тука ќе има деца со самото наше вселување на спратот и не е исто со тоа,јас се пораѓам и спремна дома да уживам со бебето и ти велат ејј ќе дојде ХХХ со бебето и тодлерот на неколку месеци. Прво ми беше сеедно ама кога почна тодлерот пред 7 сабајле да пишти по ходници,да трча долу како да е на маратон секој ден почна да ми е пекол,на никого не му посакувам такво чувство.