Верувам дека не е убаво. И знам дека не е исто зграда куќа, ама ако почнеш така да го гледаш ќе сфатиш дека тоа е. Мојте кај што се над нив се деца, до нив 25г девојка. Децата урлаат 24/7 тропааѕ гребат уште што не го изеле подот. Дури се извинуваат кај мојте, само на мојве не им пречи т.е. и да пречи тоа е деца се. Девојкава дп нив обавезно журки прај до 1 смее музика да пушта и тоа е си трпат. Ние исто. Детево наше е бесно вришти, трча, куче лае, ние нервозни ќе се разурламе мислиш не им пречиме. И викам добро штп не сме во заедница пошо на секое ќе не прашуваа зашто вришти и плаче малиот Сакам да кажам тоа ако ти е пекол, зграда па дабетер зошто може 10 такви деца да има
Оти форумов е женски Колку жени во брак живеат со мајка или не можат да се договорат со сестра? А од пред иљадници години е познат феномен дека сестра повеќе сака брат, отколку брат сестра, да ме убиеш не ми текнува кај го имам читано. Извинете за епп, продолжете со програмата
Епа тоа е грешката емпатија од никого веќе не можеш да очекуваш. А ако не сте и кажале, може не ни знае дека пречи. И во зграда очекувам комшијава да има емпатија па еве турбо фолк пишти детево 100 пати стана. Не знам, имам внучиња едното е бебе. Големово и повеќе е чувано од моето дете од страна на мојте, ама пак не ме тера да замерам. И урла и се дере и гласен е такви му се годините ама тоа е.
Ама сите тоа разбравме, и таа од мајка и' емпатија очекувала, итн. Сите очекуваме нешто, за жал живееме чопоративно сите и тоа ни е менталитетот, затоа вакви нервози. За твое добро за понатаму е кажано едноставно баш така да ја гледаш, како гостинка на комшиите во зграда, за ти да не си редиш јадови на душа. А иначе изолацијата е очајна (во нова зграда сум), и ист ходник имаме, едвај пола метро меѓу влезните врати со комшииве. Јасна е поентата дека си очекувала да си седи со свекрва и' (ако те разбрав живее со свекор и свекрва), ама ете, мајка и' била потребна. Можеби да живеела сама со маж и' свекрва ти ќе отишла. Без оглед, од мое искуство на чопоративен живот, час поскоро прифати си "зграда менталитет". Иначе до недоглед ќе се живцираш.
Мм секое утро и велеше да бидат потивки дека ние горе спиеме,џабе,буквално џабе,само аха добро и толку,наредниот ден иста песна и така
Во дуплекс е со старите таа,а оделе стариве таму не дека не оделе и тоа многу пати,неа нон стоп и треба помош
Абе ако они си ја толерираат така, тоа е. Нема да се смени. Ако сакаш раат, ти смени перцепција. Што дека со други очи ја гледате, ако се нервираш? Јас сум захтевно дете, и да се мажам, и 3 деца да имам, мајка ќе барам. Некои ете сами тераат, никој не им треба.
Милион пати ова по темиве сум го спомнала. Најубо е сами да живеете. Ама не можат сите. И ние немаше, да не беа парите од моите и неговите. Ако веќе си во ситуација да живееш во заедница и немаш друг избор, тогаш мора сите во таа заедница да прават компромиси. Па и со мајка ти да си, ќе се испокараш, нема да се сложиш за се'... море сама со себе нема да си погодиш некогаш, не пак на други, па и тие тебе. Тешко е во заедница, комплицирано е. Ама ако се караме меѓу нас, нема тоа да се смени. Прво треба да има доволно финансии за сите да можат да живеат самостојно. Второ, малку треба да се намали со 'правилниците' од типот на: Мажот зема-Жената си оди. И на крајот-на краиштата, сите се трудиме да обезбедиме најудобен живот, во рамки на можностите.
Ако сакаш да промениш нешто прво почни од себеси, ама таа промена е најтешка, а нејлесно е вината да се бара секогаш во друг или други. И сега не дека некогаш не е основано да се впери прст во друг, ама еве во нејзиниов случај што фајде и кажале да се потивки сабајлето, таа вели аха аха и пак по старо. Мислам опциите ти се да си пукнеш од маки и изедеш од нервоза или да си направиш концепт како го кажа зграда менталитет така? Друго што сакав да пишам е во врска со очекувањата, нормално е сите да имаме некакви очекувања, ама проблемите настануваат кога не се совпаѓаат очекувањата помеѓу личностите, а тоа е многу честа појава во ваквиве денешни времиња со брзо темпо, работа, деца, обврски па додај и заедница со стари. И ете ако нема како што спомна толераниција за сето ова, многу компромиси и разбрања најдобро решение е или промена на перцепција или промена на локација на живеалиште.
И онда живот проџе.Налет тој живот ако треба од свекор и свекрва да чекам да ни препишат нешто или да чекам да умрат за да почнам да живеам пошто животот е непредвидлив и никогаш не иде по ред.Затоа ако си во заедница само компромис е разумно решение.Некогаш ќе ја свиткаш опашката и ќе голташ кнедли од нервози ама така е во 99 % од заедниците или собирај парталите и оди под кирија трето нема.Ниедни луѓе нема да се сменат зашто снаа им дошла во куќа ако такви си се карактерно .Башка веќе во тие години и нервите им попуштаат и сакаат да тераат по нивно демек сеа ќе види снаава каков е редот во куќава и кој е газда.Примери колку сакаш имам за живот во заедница а да глумам добра снаа и да си го трошам времето на седенка со нив и да се расправам со золви јатрви со надеж дека ќе ни остават нешто а животот и младоста поминува -не фала,не сакам таков живот. п.с ги цитирав вашите мислења за да се надоврзам.
Еве ви една перспектива од некој што помина 3 месеци поседок со тодлер кај мајка (татко ми е починат) и зошто нема пак да го напраам тоа. Работата беше ваква, се селевме од една држава во друга, го откажавме станот таму кај што до тогаш бевме и додека маж најде стан во новата земја, јас со дете кај мајка ми во Македонија преседав. Божем месец, излегоа 3. Божем ќе си го гледам сама детето, излезе да останам бремена и тие 3 месеци да преседам над шоља повраќајќи, па ги презема и најголем дел од обврските околу детето за да ми помогне. Со мајка ми сме на чисто од многу одамна. Ми има кажано дека деца не сака да ми гледа. Да ми се најде кога ќе имам потреба во секое време, ама секојдневно не. Прво, во различни држави живееме па и да сака да е поинаку не може, друго, дете гледав сама иако свекрва ми беше во ист град со нас, ниеднаш не беше однесено на чување. Со маж заедно сами си го пораснавме. И плус ја разбирам. Не и беше лесен животот. На работена и преморена е. Ниту е должна. Претходно, секогаш кога доаѓавме за Македонија да ја видиме, седевме по 1 до 2 недели кога вадев пасош и едвај чекавме да си заминеме. Како што си го сакам мојот мир и раат, така ги почитувам и нејзините. Да знам дека има уште едно бебе таму, сигурно немаше да отидам и јас со моето. Може да не ми биде гајле за браќа, сестри, снаи, ама и те како ќе ми биде гајле за неа. И од таа причина што знам колку беше уморна кога заминавме, не би и го направила тоа пак. Се надевам дека нема да имаме таква потреба повеќе, а ако има, ќе се организирам поинаку, иако знам дека секогаш можам да сметам на неа и дека никогаш не би ме оставила на цедило. А од чисто извољевање па ич не би и се стаила така. Според мене и секојдневно идење кај мајка со децата е претерано. Тоа што тој стан останува на мене, и слични романтизирања од типот детството таму ми помина, не поминуваат кај мене. Во тој стан сега живее човек во години, во кои и е потребно да си одмара кога ќе посака. Да си биде раат и да ужива во својот личен простор и комодитет. Тие врати се секогаш отворени за мене меѓутоа, мојот моментален дом е маж ми и секаде каде патот ќе не навее заедно со децата. Пред некое време, во една друга тема се дискутираше околу тоа дали примате гости без најава, првенствено се работеше за мајката. Запрепастена бев од тоа колку одговори беа како мајката ( значи, онаа жена што ме родила и гледала од кило месо, а сама сум мајка и знам која жртва се дава за деца) останува зад врата оти не се најавила. Или и се спушта телефон или се одбива. Во друга тема, сосем во ред е да и речеш на мајка ти дека ти смета оти си тазе породена и сакаш да си сама со бебето. И колку таа мајка е без осет. А овде поддршка за золвичка кога ќе и прдне да се плесне на 2 месеца кај мајка и со две деца тотално без осет за сите останати луѓе што живеат во таа куќа само оти таму пораснала. Ама затоа за мајката да дојде кај ќерката на 2 саати на кафе да го види чедото што го родила и внуците, потребно е да се исполнат специфични критериуми, мора да има висока свест и осет за време, место, луѓе, да се најави 2 месеца унапред, да се разгледува најавата, да помине милион процесирања, на крај може и да не се одобри пошто ќерче уморна. Уште на почеток рече некој и таму требаше да заврши дискусијава. Себични сме до немај каде станати и без осет. А да и полни со двојни накај тројни аршини. Не знам само како Реин ви дозволи толку да ја издолжите. Па меѓусебни хехенца види колку сум паметна што и кажав. Хехехе потсмевања што ве направија… па ништо повеќе од членката со проблемот. Па носење на темата во други теми. Замирање од потсмев се 90% од коментариве. Па супер глупи гифчиња кои треба да се смешни нешто?! Као види ме мрзи да ти коментирам, ама затоа 2 саати барав гифче што ќе одговара. Не знам ни кога ќе научите, совет се дава добронамерно, ако сте паметни ќе сфатите дека нема секогаш да биде применет и тоа е во ред. Не се напињајте и не напињајте. Ако толку ви боде очи што некој не праи онака вие како сте замислиле дека треба, чувајте си ги презлатните совети за себе.
Убаво срочено, на место ти е сѐ, сепак темата е за односи на релација снаи и золви, а не мајки и ќерки, така да кога се качуваш на high horse, и сакаш да излезеш над ситуација спрема другите кои беа дел од дискусијата и даваа всушност совети имај на ум дека истата произлезе од коментари дека на снаите им пречат золви кои отишле на гости кај нивните мајки, не кај нив лично во нивните делови од куќите, притоа се дискутираат ситуации каде не се пишаа реални проблеми туку желба да се каже и изговара другата колку е несвесна со одењето на гости кај нејзините родители. Така и ти исто не кажа никаков совет или нешто конкретно на темата како и другиве кои ти лајкнале, дојдоа само да коментираат еееејјј колку е размажанка золвата, несвесна, види ја, на мајка ѝ и смета, не си седи при мажот... Сакам да кажам не се напињај де, ти и така не даде совет, а кој сака може да даде, нели јавен форум е, не е на мајка ти.
Ух. Ми го кажа сеа. У срце ме дирна. Па уште ми ги прегледа и преброи лајковите Популарна сум сеа? Абе некогаш стварно се прашувам дали сте реални со коментариве. Не можам да сфатам дали толку не сфаќате или од ќеиф си вадите муабети од контекст. Ќе да е второво. Ај со ред. Муабетот е за снаи и золви. Ако вие можевте да го направите за снаи и свекрви, односно да ги убедувате снаите дека нивните деца им сметаат на свекрвите и да им се закачите нив, дека се љубоморни, ништо не е нивно, валда и јас смеам да дадам еден супер добар пример што тотално ви ги издига двојните аршини, а е за свекрвите и ќерките нивни. Ноуп. Дискусијата, вие драги мои ја однесовте во тој правец поради претпоставувам потреба од драма?! Дискусијата не произлезе за золви кои се кај мајките, туку требаше да се движи во правец дека сметаат луѓе без осет. Золви без осет, замисли и такви има, како и снаи без осет и баџанаци без осет и внуци без осет. Осет не се локализира на една територија. Или го имаш или го немаш. Вие ја направивте голема од само вас познати причини. И испозалепивте епитети на девојката, се надевам супер спиевте откако се истрестресовте и пониживте рандом личност на форум. Пак Не. Девојчето си кажа дека и смета што золвата нема осет. Вие, прво ја советувавте ама тоа не траеше долго. Брзо потоа ја нападнавте, ја извреѓавте, а потоа ги исповреѓавте и сите со различно мислење од вас, ја пониживте, ја натеравте да ви се правда на сите страници, а потоа и рековте оти ви се правдала и секој збор што го пиша успеавте да го извадите од контекст и да го свртите против неа. И уште се праите дека не сфаќате кој бучкуруш го напраивте. Девојчето пиша дека се применило од совети. Вие продолживте да дрвите, па реков имам малку слободно време да подрвам и ја на темава нели не е на мајка ти, а при тоа да го потенцирам очигледното. Целиот твој коментар со испревртени работи само ми го потврди постот, ама овој дел најмногу. Да форумов е јавен, нигде не реков да не давате коментари божеееее. Ви дадов совет да не напињате ако не ви се применети истите. За да не ги трошите узалуд, сфаќаш? Чим тоа нели толку ве нервира пошто милион пати беше потенцирано. И вака за крај, дигам бело знаменце и признавам пораз уште ненавлезена во дискусија. Чисто ради фактот што со луѓе што единствено што знаат е да извртуваат муабети не се излага на крај, бар така легендата вели па толку од мене. Одам да го зауздам мојот хај хорс и да одјашам од темава кон попаметни работи. Бацки.