Фала ви на сите на поддршката, многу ми значи. Се надевам дека следнава недела конечно ќе имам решение и тогаш ќе бидам помоќна, дека конечно сум на крај да се разреши целата ситуација. Денеска сакав да споделам само дека помина точно еден месец од еден од најстрашните денови од мојот живот од кои за среќа спасив жива глава. Фала ви на сите
Сѐ може. Ги изнесоа и вратија без проблем, без никаква согласност беа на одмор надвор од Македонија. Никој не знае (или "не знае") каде се става времена забрана за излез од државата. Буквално те играат како пинг-понг топче од институција до институција.
Дали поднесе барање за развод? Додека не сте разведени сте во сива зона и е работа на посилниот, побрзо дефинирајте ги односите за да се додели старателство, кога ќе дојдете до судска разрешница не може да ти ги земе. Ти праќам среќа се надевам се брзо ќе се реши ова е незамисливо што ти го прават.
Го добив решението. Сега почнувам нова битка, можеби и потешка... Можеби не ми беше најубав роденденот, ама дефинитивно го добив најубавиот подарок.
Си ги зеде дечињата? Баш ми е мило мама Уживај со нив и нивната љубов, после толку голем стрес , таква траума тешко се заборава
Немам појма како ми промакнало ова и не сум те прочитала до сега Можам да ти помогнам и правно и медиумски и со адвокат и со финасии и со се шо ти треба Ова не смее да биде вака пиши ми лп
Многу ми е мака што проаѓаш низ ова зошто си ми еден од подрагите ликови на форумов. Те молам биди силна за себе и за деците. Јас треба следна недела да се делам со синко во друга соба па ме фати синоќа паника а камоли да не ги видам толку време. Гушкам и што може да помогнеме ќе помагаме, немој да се сеќираш.
Ако има некоја слично вакво искуство нека ми пише што да правам. Золва ми е бремена со второ дете. Ние со сопругот живее Ск, а тие живеат во внатрешноста. Секој месец идат на контроли, а понекогаш и двапати во месецот. А, ако е прегледот е во понеделникот, знаат да дојдат уште во петок. Детево не го остава на свекрва и го носи и него. Е, тука почнува да станува хаотично. Детево е толку разлигавено и допуштено в крај. Си јаде пие кај што ќе стаса. Се брише од гарнитурата, мајката си гледа во телефонот не реагира. Смоки, чипс гази по тепихот. Мене коса ми се крева. Отвара плакари, префаќа сегде. Јаде чоколадо се брише од што ќе најде. Двапати изреагирав, да се свести нешто да му рече мува не ја лази. Мажот ми, исто ја искара, на тоа одговор добив,, Ќе ве видам кога ќе си имате ваше'' дали нема да му допуштате.
А маж и?Како тој реагира?Пробај и со свекорот и свекрвата да разговараш поготово ако сте во добри односи ,тоа дете сега стекнува навики
Мажот и се јавува по другари си седнува во кафана не го ни гледа што прави. А, и кога е кај нас ништо не е поразличен од неа. Со другиве не се во добри односи.
Поразговарајте со неа со остар тон. Кажете ѝ дека нема да толерирате такво однесување. И немојте. Или нека си го превоспитаат или не ги примајте повеќе.
Тогаш кажи на маж ти дека ти сметаат. Твој дом, твои правила. Не дозволувај да те е**т у мозок. Ако сега дозволиш, утре ке земат замав, на глава ке ти се качат.